À propos de la propriété intellectuelle Formation en propriété intellectuelle Respect de la propriété intellectuelle Sensibilisation à la propriété intellectuelle La propriété intellectuelle pour… Propriété intellectuelle et… Propriété intellectuelle et… Information relative aux brevets et à la technologie Information en matière de marques Information en matière de dessins et modèles industriels Information en matière d’indications géographiques Information en matière de protection des obtentions végétales (UPOV) Lois, traités et jugements dans le domaine de la propriété intellectuelle Ressources relatives à la propriété intellectuelle Rapports sur la propriété intellectuelle Protection des brevets Protection des marques Protection des dessins et modèles industriels Protection des indications géographiques Protection des obtentions végétales (UPOV) Règlement extrajudiciaire des litiges Solutions opérationnelles à l’intention des offices de propriété intellectuelle Paiement de services de propriété intellectuelle Décisions et négociations Coopération en matière de développement Appui à l’innovation Partenariats public-privé Outils et services en matière d’intelligence artificielle L’Organisation Travailler avec nous Responsabilité Brevets Marques Dessins et modèles industriels Indications géographiques Droit d’auteur Secrets d’affaires Académie de l’OMPI Ateliers et séminaires Application des droits de propriété intellectuelle WIPO ALERT Sensibilisation Journée mondiale de la propriété intellectuelle Magazine de l’OMPI Études de cas et exemples de réussite Actualités dans le domaine de la propriété intellectuelle Prix de l’OMPI Entreprises Universités Peuples autochtones Instances judiciaires Ressources génétiques, savoirs traditionnels et expressions culturelles traditionnelles Économie Financement Actifs incorporels Égalité des genres Santé mondiale Changement climatique Politique en matière de concurrence Objectifs de développement durable Technologies de pointe Applications mobiles Sport Tourisme PATENTSCOPE Analyse de brevets Classification internationale des brevets Programme ARDI – Recherche pour l’innovation Programme ASPI – Information spécialisée en matière de brevets Base de données mondiale sur les marques Madrid Monitor Base de données Article 6ter Express Classification de Nice Classification de Vienne Base de données mondiale sur les dessins et modèles Bulletin des dessins et modèles internationaux Base de données Hague Express Classification de Locarno Base de données Lisbon Express Base de données mondiale sur les marques relative aux indications géographiques Base de données PLUTO sur les variétés végétales Base de données GENIE Traités administrés par l’OMPI WIPO Lex – lois, traités et jugements en matière de propriété intellectuelle Normes de l’OMPI Statistiques de propriété intellectuelle WIPO Pearl (Terminologie) Publications de l’OMPI Profils nationaux Centre de connaissances de l’OMPI Série de rapports de l’OMPI consacrés aux tendances technologiques Indice mondial de l’innovation Rapport sur la propriété intellectuelle dans le monde PCT – Le système international des brevets ePCT Budapest – Le système international de dépôt des micro-organismes Madrid – Le système international des marques eMadrid Article 6ter (armoiries, drapeaux, emblèmes nationaux) La Haye – Le système international des dessins et modèles industriels eHague Lisbonne – Le système d’enregistrement international des indications géographiques eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Médiation Arbitrage Procédure d’expertise Litiges relatifs aux noms de domaine Accès centralisé aux résultats de la recherche et de l’examen (WIPO CASE) Service d’accès numérique aux documents de priorité (DAS) WIPO Pay Compte courant auprès de l’OMPI Assemblées de l’OMPI Comités permanents Calendrier des réunions WIPO Webcast Documents officiels de l’OMPI Plan d’action de l’OMPI pour le développement Assistance technique Institutions de formation en matière de propriété intellectuelle Mesures d’appui concernant la COVID-19 Stratégies nationales de propriété intellectuelle Assistance en matière d’élaboration des politiques et de formulation de la législation Pôle de coopération Centres d’appui à la technologie et à l’innovation (CATI) Transfert de technologie Programme d’aide aux inventeurs WIPO GREEN Initiative PAT-INFORMED de l’OMPI Consortium pour des livres accessibles L’OMPI pour les créateurs WIPO Translate Speech-to-Text Assistant de classification États membres Observateurs Directeur général Activités par unité administrative Bureaux extérieurs Avis de vacance d’emploi Achats Résultats et budget Rapports financiers Audit et supervision
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Lois Traités Jugements Recherche par ressort juridique

Loi sur la propriété industrielle, Macédoine du Nord

Retour
Texte remplacé.  Accéder à la dernière version dans WIPO Lex
Détails Détails Année de version 2002 Dates Entrée en vigueur: 8 juillet 2002 Adopté/e: 20 juin 2002 Type de texte Principales lois de propriété intellectuelle Sujet Brevets (Inventions), Dessins et modèles industriels, Marques, Indications géographiques, Concurrence, Protection des obtentions végétales, Mise en application des droits, Organe de réglementation de la PI, Propriété industrielle

Documents disponibles

Texte(s) principal(aux) Textes connexe(s)
Texte(s) princip(al)(aux) Texte(s) princip(al)(aux) Macédonien Закон за индустриска сопственост        
 
Télécharger le PDF open_in_new
Закон за индустриска сопственост (Службен весник на Република Македонија број 47/02)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН

ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

“Сл. весник на Р Македонија” бр.47 од 30.06.2002 год.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Содржина на законот

Член 1

Со овој закон се уредува стекнувањето, остварувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.

Права од индустриска сопственост

Член 2

(1) Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака.
(2) Со патент се штити пронајдок.
(3) Со индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика,
цртеж, контура, композиција на бои или нивна комбинација- дизајн. (4) Со трговска марка се штити трговски знак.
(5) Со ознака на потеклото и географска ознака се штити географскиот назив.

Дефиниции

Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
- “права од индустриска сопственост” се права од интелектуални творби и економски врски од областа на индустријата и трговијата, вклучително и земјоделството, во смисла на членот 2 став 1 од овој закон;
- “патент” е право од индустриска сопственост со кое се штити пронајдок во постапка утврдена во овој закон;
- “индустриски дизајн” е право од индустриска сопственост стекнато во постапка според овој закон со кое се штити дизајнот;
- “трговска марка” (стоковна, услужна, колективна и сертификатна марка) е право од индустриска сопственост стекнато во постапка според овој закон со кое се штити трговскиот знак;
- “географска ознака” е право од индустриска сопственост стекнато според овој закон со кое се штити географски назив;
- “ознака на потекло” е право од индустриска сопственост стекнато според овој закон со кое се штити географски назив;

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- “пронајдок” е решение на технички проблем во смисла на членот 19 од овој закон што се однесува на производ, постапка или материја сама по себе, која е резултат на одредена постапка;
- “дизајн” е нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација во смисла на членот 82 на овој закон;
- “трговски знак” е знак кој може графички да се прикаже и ги исполнува условите од членот 124 на овој закон;
- “географски назив” во смисла на овој закон е назив и/или обележје на земјата, регионот или местото со кои се означува дека производот потекнува од тоа подрачје;
- “субјекти на правата од индустриска сопственост” се домашни и странски правни и физички лица кои во постапка утврдена со овој закон се стекнале со права од индустриска сопственост;
- “Париска конвенција за заштита на индустриската сопственост” донесена во 1883 година, како и изменета и дополнета (во натамошниот текст: “Париска конвенција”);
- “Договор за соработка во областа на патентите” е Договорот од 19
јуни 1970 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: ПСТ);
- “Мадридски договор за меѓународно регистрирање на трговски марки” (во натамошниот текст: Мадридски договор);
- “Ничански договор за меѓународна класификација на производите и услугите заради регистрирање на трговски марки” од 1957 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: Ничански договор) и
- “Локарнски договор за меѓународна класификација на индустриски дизајн” од 1968 година (во натамошниот текст: Локарнски договор).

Начело на законитост

Член 4

Правата признаени врз основа на овој закон не можат да се користат спротивно на Уставот, законите и на добрите деловни обичаи.

Субјекти на правата од индустриска сопственост

Член 5

(1) Субјекти на правата од индустриска сопственост се домашни и странски правни и физички лица.
(2) Странските правни и физички лица, согласно со овој закон, во поглед на заштитата на правата од индустриска сопственост во Република Македонија ги уживаат истите права како и домашните правни и физички лица, ако тоа произлегува од меѓународните договори и конвенции или од применувањето на начелото на реципроцитет.
(3) Постоењето на реципроцитет од ставот (2) на овој член го утврдува министерот за правда, под услови и во постапка утврдени со закон.

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Права на субјектите на правата од индустриска сопственост

Член 6

(1) Пронајдувачот на патентот и авторот на индустрискиот дизајн имаат морални и материјални права на своите творби утврдени со закон.
(2) Субјектите од ставот (1) на овој член, како и носителот на трговска марка, овластениот корисник на ознака на потеклото и овластениот корисник на ознака на потеклото и овластениот корисник на географска ознака, имаат и други права утврдени со меѓународни договори и конвенции, друг закон, општи акти и договор.

Морално право

Член 7

(1) Морално право на пронајдувачот и авторот е да бидат назначени во пријавата и исправите, што се однесуваат на патентот и индустрискиот дизајн.
(2) Ако пронајдокот или дизајнот е резултат на творечкиот труд на повеќе лица, тие го уживаат правото од ставот 1 на овој член.

Материјално право

Член 8

(1) Материјалното право на носителот на патентот, индустрискиот дизајн и трговската марка го опфаќа правото на користење, на располагање, правото на надоместок и правото да забрани на трети лица неовластено користење во случаите и на начин што се предвидени, со меѓународни договори и конвенции, со овој закон, со друг закон и со договор.
(2) Носителите на колективната трговска марка и овластените корисници на ознака на потеклото и географска ознака ги уживаат правата од ставот 1 на овој член освен правото на располагање.

Биро за заштита на индустриската сопственост

Член 9

(1) Работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост ги врши Бирото за заштита на индустриската сопственост (во натамошниот текст: Биро).
(2) Бирото е орган во состав на Министерството за економија со својство на правно лице.

Регистри и гласило на Бирото

Член 10

(1) Бирото води регистри на пријави, регистри на признаени права од индустриска сопственост и регистар на застапници во областа на

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


индустриската сопственост.
(2) Регистрите од ставот (1) на овој член се јавни.
(3) Податоците за поднесените пријави и признаените права од индустриска сопственост се објавуваат во службеното гласило кое го издава Бирото согласно со одредбите на овој закон.

Видови пријави за заштита на правата од индустриска сопственост

Член 11

(1) Заштита на правата од индустриска сопственост во Република
Македонија се бара со поднесување соодветна пријава во Бирото.
(2) Бирото прима и пријави со кои се бара заштита на правата од индустриска сопственост во странство, ако тоа е во согласност со меѓународни договори и конвенции кои ги ратификувала Република Македонија.
(3) Заштита на правата од индустриска сопственост во Република Македонија може да се бара и со пријава поднесена во странство ако таа е во согласност со меѓународни договори и конвенции кои ги ратификувала Република Македонија.
(4) Подносителот на пријавата од ставот (3) на овој член ги има истите права како и подносителот на национална пријава, освен ако со одделен договор или конвенција не е поинаку определено.

Начин на поднесување на пријава

Член 12

(1) Пријавата за стекнување права од индустриска сопственост се поднесува во писмена форма, лично, по пошта или по електронски пат.
(2) Пријавата за стекнување право од индустриска сопственост може да се поднесе и на странски јазик доколку содржи назначување на видот на заштитата која се бара и податоци за контакт со подносителот на македонски јазик.
(3) Ако пријавата е поднесена на странски јазик подносителот мора, во рок од 90 дена од денот на поднесување на пријавата на странски јазик, да достави превод на пријавата на македонски јазик, во спротивно ќе се смета дека пријавата е повлечена.

Управна постапка

Член 13

Во управната постапка што се однесува на стекнување, остварување, одржување и заштитата на правата од индустриска сопственост во прв степен решава Бирото.

4

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Жалба против првостепено решение

Член 14

(1) Против првостепеното решение донесено од страна на Бирото, странката има право на жалба до комисијата на Владата на Република Македонија.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член, брои пет члена, кои ги именува Владата на Република Македонија од редот на научните и стручни лица од областа на правото на индустриска сопственост.
(3) Членови на Комисијата од ставот (1) на овој член не можат да бидат лица кои се: регистрирани застапници од областа на индустриската сопственост, адвокати, законски застапници на трговски друштва и други лица кои можат да имаат било каков интерес за стекнување, остварување и заштита на права на индустриска сопственост.

Постапување согласно со меѓународните договори

Член 15

Постапката која се однесува на пријавите од членот 11 ставови (2) и (3) на овој закон, Бирото ќе ја спроведува согласноста со меѓународните договори кои ги ратификувала Република Македонија.

Остварување на правата преку полномошник

Член 16

Во постапката пред Бирото и пред органите на државната управа, странските правни и физички лица ги остваруваат правата од овој закон преку полномошник кој е домашно правно или физичко лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост.

Достапност на документацијата и информациите на Бирото

Член 17

(1) Бирото е должно на заинтересираните правни и физички лица да им овозможи достапност до својата документација и информациите за пријавените и признаените права од индустриска сопственост, со исклучок на онаа документација која не е објавена во службеното гласило на Бирото.
(2) За пријавените права од индустриска сопственост достапни се само информациите содржани во регистарот на пријави.
(3) Увид во необјавена пријава може да се има само со дозвола на подносителот на пријавата.
(4) Документацијата и информациите од ставот (1) на овој член, како и другите услуги што се во врска со заштитата на индустриската сопственост, се достапни доколку се платат определени трошоци.

5

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Такси и трошоци

Член 18

(1) За стекнување и одржување на правата од индустриска сопственост се плаќаат такси согласно со Законот за административни такси, како и посебни трошоци на постапката за признавање на правото.
(2) Владата ја пропишува висината на посебните трошоци на постапката од ставот (1) на овој член и на трошоците за давање информациони услуги од членот 17 став (4) на овој закон.

I. ПАТЕНТ

Предмет на заштита

Член 19

(1) Со патент се штити пронајдок во сите области на техниката и технологијата, кој е нов, кој содржи инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата.
(2) Не се смета за пронајдок во смисла на ставот (1) од овој член:
1) откритие, научна теорија и математичка метода;
2) естетска творба;
3) план, правило и постапка за вршење интелектуална дејност, за игри или за вршење на деловни или бизнис активности, како и компјутерска програма и
4) прикажување на информации.
(3) Исклучок на предметот на заштита од ставот (2) на овој член е можен единствено ако пријавата на патент не се однесува на некој од тие предмети, сам по себе.

Исклучоци од патентна заштита

Член 20

(1) Со патент не може да се заштити пронајдок:
- кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто биолошките постапки за добивање на животни и растенија, освен пронајдоците за микробиолошките процеси и производите добиени од таквите процеси;
- за хируршка и дијагностичка постапка или постапка за третман на живо човечко или животинско тело, со исклучок на пронајдок, кој се однесува на производ, особено материја или соединение, кои служат за примена на една од овие постапки и
- чие објавување или примена е спротивно на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може да се смета како таква единствено заради фактот што е забранета со закон.

6

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Новост на пронајдокот

Член 21

(1) Пронајдокот е нов ако не е опфатен со состојбата на техниката. (2) Под состојба на техниката се подразбира се што е достапно на
светската јавност, со опишување на пронајдокот по писмен или усмен пат, со употреба или на било кој друг начин пред датумот на поднесување на пријавата за патент, на начин кој на експерти од соодветната област им овозможува да го применуваат.
(3) Во состојбата на техниката од ставот (2) на овој член влегува и:
- содржината на националните пријави на патент, такви какви што се поднесени во Бирото, освен оние патентни пријави кои се отфрлени или повлечени пред датумот на објавување;
- европските пријави на патент, онака како што се поднесени во Европскиот патентен завод, во согласност со Европската патентна конвенција, за коишто е побарана заштита на територијата на Република Македонија и
- меѓународните пријави, поднесени според Договорот за соработка во областа на патентите, доставени до Бирото како избрана институција.
(4) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, нема да претставуваат исклучок од патентибилноста за било која материја или соединение опфатено со состојбата на техниката, ако истите треба да се употребат во метода или третман од членот 20 алинеја 2 на овој закон, доколку таквата употреба не е содржана во состојбата на техниката.

Откривање на пронајдок без правни последици

Член 22

(1) При оценувањето дали пријавениот пронајдок е нов во смисла на членот 21 од овој закон, нема да влијае фактот дека пронајдокот станал достапен на јавноста пред истекот на шест месеци од датата на поднесувањето на пријавата, на следниов начин:
- со очигледна злоупотреба спрема подносителот или неговиот правен претходник или
- со изложување на пронајдокот на официјална или официјално призната изложба во согласност со Конвенцијата за меѓународни изложби потпишана во Париз на 22 ноември 1928 година, последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година од подносителот или од неговиот правен претходник.
(2) Одредбата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, ќе се применува само доколку подносителот при поднесувањето на пријавата се повика на фактот дека пронајдокот бил изложуван и при тоа достави писмен доказ издаден од овластена институција на земјата во која бил изложен.

7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Инвентивен придонес

Член 23

(1) Пронајдокот содржи инвентивен придонес ако за стручњак од областа предметот на пронајдокот очигледно не произлегува од состојбата на техниката содржана во членот 21 ставови (2) и (3) од овој закон.
(2) Подносителот на пријавата може да се откаже од првобитната пријава и за истиот пронајдок да поднесе нова пријава, при што првата пријава нема да биде предмет на разгледување при одлучувањето за постоењето на инвентивниот придонес кај пријавата со подоцнежен датум на поднесување.

Индустриска применливост

Член 24

Пронајдокот ќе се смета за индустриски применлив ако предметот на заштита може да се произведе или употреби во било која гранка на индустријата вклучително и земјоделството.

Субјекти на правото на патент

Член 25

(1) Постапка за признавање на правото на патент може да поведе пронајдувачот и неговиот правен следбеник.
(2) Ако пронајдокот е производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на постапка за признавање на право на патент им припаѓа на сите пронајдувачи или на нивните правни следбеници.

Пронајдувач

Член 26

(1) Пронајдувач е физичко лице кое го создало пронајдокот со својот пронајдувачки труд.
(2) Не се смета за пронајдувач оној кој во создавањето на пронајдокот пружал само техничка помош.

Правен следбеник на пронајдувачот

Член 27

(1) Правниот следбеник на пронајдувачот е правно или физичко лице чие признавање на правото на патент се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука.
(2) Работодавецот се смета за правен следбеник на пронајдувачот кога врз основа на закон или договор за работа му припаѓа правото на стекнување патент за пронајдок создаден во рамките на работниот однос на пронајдувачот.

8

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Поведување на постапка

Член 28

(1) Постапката за признавање на патент се поведува со поднесување пријава на патент до Бирото.
(2) Постапка за признавање на патент може да се поведе и со поднесување на европски патентни пријави и пријави поднесени во согласност со Договорот за соработка во областа на патентите (ПСТ).
(3) Постапката по пријавите од ставот (2) на овој член се утврдува со пропис кој го донесува министерот за економија.

Единство на пронајдокот

Член 29

(1) За секој пронајдок се поднесува посебна пријава.
(2) Една пријава на патент може да содржи и повеќе пронајдоци кои се така меѓусебно поврзани што остваруваат единствена пронајдувачка замисла.

Право на првенство

Член 30

(1) Од денот на приемот на уредна пријава на патент во Бирото, подносителот на пријавата на патент има право на првенство спрема секое друго лице кое за истиот пронајдок подоцна ќе поднесе пријава.
(2) Исклучок од ставот 1 на овој член е кога се исполнети условите за признавање на униско и саемско право на првенството, предвидени со членовите 31 и 32 од овој закон.

Саемско право на првенство

Член 31

(1) Лицето кое на официјално призната изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија, или во некоја земја членка на Париската унија, изложи пронајдок, може во рок од 90 дена од денот на затворањето на изложбата (саемот) со пријава да побара право на првенство од првиот ден на излагањето, односно од денот на употребата.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија дека е во прашање официјално признаена изложба (саем) во смисла на Конвенцијата за меѓународни изложби, со назначување на податоците за видот на изложбата или саемот, местото на нејзиното изложување, денот на отворањето и денот на затворањето, односно за денот на употребата.

9

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Униско право на првенство

Член 32

(1) На правно или физичко лице кое во некоја од земјите членки на унијата заснована на Париската конвенција (во натамошниот текст: Париска унија) или на Светската трговска организација поднело уредна пријава за патент, ќе му се признае право на првенство во Република Македонија од денот на поднесувањето на првата пријава, ако тоа го побара во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на првата пријава.
(2) За уредна пријава од ставот (1) на овој член се смета пријавата чиј датум на поднесување е утврден согласно со националното законодавство на земјата членка на Париската унија или на Светската трговска организација во која е поднесена, или согласно со меѓународните договори склучено меѓу земјите членки на унијата, без оглед на подоцнежната правна судбина на пријавата.

Обврски на подносителот на пријавата на патент со униско првенство

Член 33

(1) Подносителот на пријавата на патент што е со намера да го користи правото на првенство од членот 32 на овој закон, должен е во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на која се повикува и во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на пријавата да приложи документ за приоритетот, заверен од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија, во која е поднесена првата пријава.

Повеќекратно право на првенство

Член 34

(1) Подносителот на пријавата на патент може во барањето за признавање да се повика на повеќекратно право на првенство врз основа на повеќе претходно поднесени пријави во една или повеќе земји членки на Париската унија.
(2) Ако подносителот се повика на повеќекратно право на првенство, роковите според овој закон течат од датумот на признаеното право на првенство, сметајќи од најраниот датум на повеќекратното право на првенство.

Опфат на побараното право на првенство

Член 35

(1) Барањето за признавање на правото на првенство ги опфаќа само оние елементи од пријавата што се содржани во првата пријава или првите пријави, врз основа на кои подносителот на пријавата се повикува на правото на првенство.

10

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(2) Ако во патентното барање, наведено во првата пријава, не се дадени некои од карактеристиките на пронајдокот за кој е побарано право на првенство, за признавање на правото на првенство е доволно сите други состојки од пријавата детално да ги откриваат тие карактеристики.

Документ за приоритет

Член 36

(1) Бирото, на барање на подносителот на пријавата, издава документ за приоритетот кој се смета од датумот утврден како датум на поднесување на пријавата на патент.
(2) Условите, постапката и содржината на документот за приоритет од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Промени во пријавата на патент

Член 37

Пријавата на патент на која е утврден датумот на поднесување не може дополнително да се менува со проширување на предметот за кој се бара заштита.

Содржина на пријавата на патент

Член 38

(1) Пријавата на патент мора да содржи:
1) барање за признавање на патентот;
2) опис на пронајдокот;
3) едно или повеќе патентни барања;
4) кратка содржина на суштината на пронајдокот (апстракт);
5) нацрт (ако е потребен) на кој се повикува описот и патентното барање;
6) доказ за платена такса за пријавување и
7) превод на македонски јазик доколку пријавата е поднесена на странски јазик.
(2) Другите состојки и прилози кон пријавата мораат да бидат поднесени на начин и во соодветен број на примероци, како што е утврдено со прописот кој го донесува министерот за економија.

Содржина на барањето за признавање на патент

Член 39

(1) Барањето за признавање на патент мора да содржи:
- јасна назнака дека се бара признавање на патент;
- назив на пронајдокот кој ја одразува суштината на пронајдокот и
- податоци за подносителот на пријавата и за пронајдувачот.
(2) Писмена изјава дека пронајдувачот не сака да биде наведен во пријавата мора да се поднесе во Бирото во рок од два месеци од датумот

11

на поднесувањето на пријавата.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Опис на пронајдокот

Член 40

(1) Описот на пронајдокот треба да биде јасен и прецизен, така што стручњак од определена област ќе може да го примени.
(2) Ако пронајдокот се однесува на жив биолошки или микробиолошки материјал којшто не може да се опише, кон пријавата мора да се приложи доказ дека примерок од тој материјал бил депониран во овластена депозитна установа најдоцна до денот на поднесувањето на пријавата на патент.
(3) За овластена депозитна установа од ставот (2) на овој член, се
(1) Со патентни барања се определува предметот за кој се бара заштита.
(2) Патентните барања треба да се јасни и во целост содржани во описот на пронајдокот.
(3) Патентните барања можат да бидат независни и зависни.
(4) Независните патентни барања содржат нови, битни карактеристики на пронајдокот.
(5) Зависните патентни барања ги содржат специфичните карактеристики определени со независно или некое друго зависно патентно барање.

Апстракт

Член 42

Апстрактот е кратка содржина на пронајдокот со исклучива намена да даде информации за пронајдокот.

Уредна пријава

Член 43

(1) За признавање на датумот на поднесување на пријавата на патент потребно е пријавата на тој датум да содржи:
1) барање за признавање на патентот;
2) име односно назив и живеалиште, односно седиште на подносителот на пријавата и
3) опис на пронајдокот и едно или повеќе патентни барања.

12

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Утврдување на датумот на поднесување на пријавата

Член 44

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во член 43 на овој закон, Бирото ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесувањето.
(2) Бирото ќе го повика подносителот во рок од 60 дена од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Ако подносителот на пријавата ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Бирото ќе донесе заклучок за утврдување на датумот на поднесувањето.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која постапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на член 43 од овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок, не ги отстрани недостатоците, пријавата ќе се отфрли со заклучок.

Регистар на пријави на патенти

Член 45

(1) Пријавата на патент на која со заклучок е утврден датумот на поднесување, се впишува во регистарот на пријави на патенти.
(2) Содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на патенти, се утврдува со прописот кој го донесува министерот за економија.

Поделба на пријавата на патент

Член 46

(1) Подносителот може да го подели предметот на пријавата на патент на која и е утврден датумот на поднесување (првобитна пријава), на две или повеќе пријави и врз основа на секоја од нив да се продолжи со посебна постапка.
(2) Поделбата на пријавата на патент е дозволена до донесување на решението за признавање на правото на патент.
(3) Пријавата на патент настаната со поделба на првобитната пријава на патент (разделена пријава), го задржува датумот на поднесувањето на првобитната пријава и првенството од првобитната пријава на патент.

Уредно поднесена пријава

Член 47

(1) По уписот на пријавата на патент во Регистарот на пријави на патенти, Бирото испитува:
1) дали е платена потребната такса;
2) дали е поднесен превод на пријавата на македонски јазик, ако

13

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


пријавата е составена на странски јазик;
3) дали се поднесени нацртите од членот 38 став (1) точка 5) на овој закон и
4) дали е приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.
(2) Ако пријавата на патент не ги содржи состојките од ставот (1) на овој член, Бирото ќе го повика подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 90 дена, сметајќи од денот на приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот 2 на овој член, може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за 60 дена.
(4) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани недостатоците од ставот (2) на овој член, Бирото ќе ја отфрли пријавата со заклучок.
(5) Кога во пријавата се повикува на нацрти кои не се содржани во пријавата, Бирото го повикува подносителот на пријавата да ги достави нацртите во предвидениот рок.
(6) Ако поднесителот не постапи по известувањето на Бирото од ставот 5 на овој член, при испитувањето на пријавата ќе се смета дека нацртите не постојат.
(7) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата ќе се смета дека пријавата била уредно поднесена.

Барање пријавата да се земе во постапка веднаш

Член 48

(1) Во случај на спор во врска со правото од пријавата, подносителот на пријавата може да бара Бирото да ја земе пријавата во постапка веднаш.
(2) Барање пријавата да се земе во постапка веднаш, не може да се поднесе пред истекот на 12 месеци од денот на поднесувањето на пријавата на патент.
(3) Подносителот на пријавата на патент мора во случај на спор од ставот 1 на овој член да достави доказ од потполното испитување, спроведено во еден од избраните заводи, согласно со овој закон.

Испитување на пријавата

Член 49

При испитување на пријавата на патент се испитува дали пријавата ги исполнува следниве услови:
1) дали е назначен пронајдувачот;
2) дали е поднесено уредно барање за признавање на правото на првенство во смисла на членовите 31 и 32 од овој закон, ако е побарано право на првенство;
3) доколку поднесителот има застапник, дали застапникот е запишан во регистарот на застапници кој се води при Бирото;

14

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


4) дали пријавата е во согласност со правилото на единство на пронајдокот предвидено во членот 29 од овој закон;
5) дали одделните состојки на пријавата се во согласност со членот
38 став (2) на овој закон и
6) дали предметот на пријавата е пронајдок, кој на прв поглед може да се заштити со патент во смисла на членот 19 ставовите (2) и (3), членот
20, членот 21 став (3), членот 22 и членот 24 од овој закон.

Недостатоци на пријавата

Член 50

(1) Бирото писмено ќе го извести подносителот на пријавата, ако по испитувањето се утврди дека не се исполнети условите од членот 49 на овој закон и ќе го повика во рок од 60 дена од приемот на известувањето да ги отстрани утврдените недостатоци.
(2) Врз основа на образложено барање на подносителот на пријавата, Бирото може да го продолжи рокот од ставот (1) на овој член најмногу за 60 дена.
(3) Бирото донесува заклучок за отфрлање на пријавата на патент, ако подносителот во определениот рок не ги отстрани недостатоците од известувањето од ставот (1) на овој член.

Плаќање на трошоци и такси

Член 51

(1) Ако Бирото утврди дека се исполнети условите од членот 49 на овој закон, ќе донесе заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на патент и ќе го повика подносителот во рок од 30 дена да ги плати трошоците за објавување на патентот во гласилото на Бирото, трошоците за издавање исправи и патентен спис и таксата за одржување во важност.
(2) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член, Бирото ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.

Решение за признавање на патент

Член 52

(1) Ако подносителот на пријавата во определениот рок постапи по заклучокот од членот 51 став (1) на овој закон, односно ги плати трошоците и таксите, Бирото ќе донесе решение за признавање на патент за првите десет години на важност и ќе го повика носителот на патентот до истекот на деветтата година да достави доказ за потполно испитување издаден од институции овластени за потполно испитување.
(2) Податоците од решението за признавање на патент се запишуваат во регистарот на патенти на денот на донесувањето и се објавуваат во службеното гласило на Бирото во рок од 90 дена од денот на донесувањето.

15

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Решение за одбивање на пријавата на патент

Член 53

(1) Бирото донесува решение за одбивање на пријавата на патент ако пријавата е поднесена за пронајдок кој не може да се заштити со патент во смисла на членот 19 ставови (2) и (3), членот 20 и членот 24 од овој закон.
(2) Решение за одбивање на пријавата на патент, Бирото не може да донесе ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата за причините поради кои не може да се признае бараното право и ако не го повикал подносителот во примерен рок да се изјасни за тие причини.

Доказ од потполното испитување

Член 54

(1) Носителот на патент или сопственикот на исклучителното право е должен да достави превод на македонски јазик од доказот од потполното испитување спроведено во една од избраните институции најдоцна до истекот на деветтата година од датата на поднесувањето на пријавата во Бирото.
(2) Ако подносителот на пријавата на патент поднел пријава за заштита на идентичен пронајдок и до патентните заводи на други земји, може до Бирото како доказ да го достави преводот на резултатите од потполното испитување или признаениот патент.
(3) Ако носителот на патент или сопственикот на исклучителното право не постапи согласно со ставот (1) на овој член, важноста на патентот престанува најдоцна по денот на истекот на десеттата година на важноста.
(4) Носителот на патент или сопственикот на исклучителното право на патентот, доказите од ставот (1) на овој член е должен да ги достави и кога трето лице ќе тужи поради повредата на правата на патент.
(5) Кога има случај од ставот (4) на овој член, Бирото ќе издаде по итна постапка решение за признавање, или за одбивање на барањето за признавање на патент.

Институции за потполно испитување

Член 55

(1) Потполното испитување на пријавата на патентот од членот 52 се спроведува во една од избраните институции.
(2) Избрани институции од ставот (1) на овој член по правило се државни и меѓудржавни заводи, кои врз основа на Договорот за соработка на полето на патентите (ПЦТ) имаат статус на овластени институции за меѓународно пребарување, односно меѓународно претходно испитување на меѓународните пријави на патенти.

16

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Потполно испитување

Член 56

(1) Со потполното испитување се утврдува дали пронајдокот ги исполнува сите услови за признавање на правото на патент, односно дали предметот на пријавата е:
- пронајдок кој може да се заштити со патент согласно со членовите
19 и 20 од овој закон;
- пронајдок кој е опишан на начин што стручњак од областа може да го примени согласно со членот 40 од овој закон;
- пронајдок кој е во согласност со правилото за единство на пронајдокот од членот 29 на овој закон и,
- пронајдок кој е нов согласно со членот 21 ставови (1), (2) и (4) и членот 22 од овој закон, кој има инвентивен придонес согласно со членот
23 на овој закон и кој е индустриски применлив согласно со членот 24 на овој закон.

Дополнително испитување

Член 57

(1) Бирото донесува решение за признавање на патентот врз основа на доставените докази од потполното испитување од членот 54 став (1) на овој закон и врз основа на дополнителните испитувања од овој член.
(2) Со дополнителното испитување на пријавата на патентот се утврдува дали се задоволени следниве услови за признавање, односно дали предметот на пријавата е :
1) пронајдок кој може да се заштити со патент согласно членот 19
став (2) на овој закон и,
2) пронајдок кој е нов во однос на сите пријави на патенти порано поднесени во Бирото во согласност со членот 21 став (3) на овој закон.

Видови решенија

Член 58

(1) Врз основа на доставениот доказ, Бирото утврдува во која мерка содржината и обемот на патентното барање за соодветниот пронајдок ги исполнува сите услови од членовите 19, 20 и 21 на овој закон и ќе издаде едно од следниве решенија:
1) решение дека пронајдокот по бараниот патент ги исполнува сите услови од членовите 19, 20, 21 и 22 на овој закон и дека на тие услови во целост одговара патентното барање, или патентните барања;
2) решение дека пронајдокот само делумно ги исполнува условите од членовите 19, 21 и 22 на овој закон и со кое се дава ограничена понатамошна важност на патентното барање, или патентните барања во обем во кој ги исполнува условите и
3) решение за огласување на ништовност кога пронајдокот од денот на поднесувањето на патентната пријава не ги исполнува условите за

17

патентна заштита.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Упис во регистар

Член 59

(1) Податоците од решението за право на патент, со датумот на донесување на тоа решение, се запишуваат во регистарот на патенти кој го води Бирото.
(2) Податоците од решението за отфрлање на пријавата и одбивање на барањето за признавање на патентот се запишуваат во регистарот на пријави на патенти.
(3) Содржината и начинот на водење на регистарот на патенти се уредуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Објавување

Член 60

(1) Податоците од решението за патентот се објавуваат во службеното гласило на Бирото, најдоцна во рок од 90 дена од денот на донесувањето на решението за признавање.
(2) Содржината на податоците на признат патент кои се објавуваат во службеното гласило на Бирото, се утврдуваат со прописот донесен од министерот за економија.

Исправа за патент

Член 61

(1) Бирото на носителот на правото на патент му издава исправа за патент најдоцна во рок од шест месеци од денот на донесувањето на решението за признавање на правото на патент.
(2) Кон исправата за патент се приложува и патентен спис.
(3) Содржината и формата на исправата за патент и патентниот спис се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Доверлив патент

Член 62

(1) Пријавите за признавање на патент што се однесуваат на одбраната се сметаат за доверливи и се поднесуваат до министерот за одбрана.
(2) Одредбите од членовите 46, 47, 49, 50 и 51 на овој закон се применуваат и во постапката за признавање на патент за доверлив пронајдок, освен ако со одредбите на овој закон поинаку не е определено.
(3) Ако министерот за одбрана во постапката на испитување на поднесената пријава утврди дека пронајдокот не е доверлив, пријавата ќе ја достави до Бирото.
(4) Ако Бирото во текот на постапката на испитувањето на пријавата оцени дека се работи за доверлив пронајдок, пријавата ќе ја отстапи на

18

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


министерот за одбрана.
(5) Ако министерот за одбрана утврди дека пронајдокот престанал да биде доверлив, целиот предмет ќе го достави до Бирото.
(6) По приемот на предметот Бирото го запишува патентот во регистарот на патенти и на носителот на патентот му издава патентна исправа и спис и ги објавува податоците во смисла на членот 60 од овој закон.

Особености на доверливиот патент

Член 63

(1) Патентот за доверлив пронајдок не се објавува.
(2) Заштита на доверлив пронајдок во странство, домашните правни и физички лица можат да бараат само врз основа на писмено одобрение на министерот за одбрана.
(3) Одредбите од членовите 58 и 59 на овој закон сообразно се применуваат на пријавите на патент за признавање на пронајдоци кои се од интерес за безбедноста на државата.
(4) За решавање на пријавите од ставот (3) на овој член е надлежен министерот за внатрешни работи.
(5) Владата на Република Македонија, со уредба пропишува кои пронајдоци се сметаат за доверливи во смисла на членовите 62 и 63 на овој закон, како и начинот за признавање на патент за таквите пронајдоци.

Користење на доверлив пронајдок

Член 64

(1) Министерството за одбрана има исклучително право да го користи доверливиот пронајдок и да располага со тој пронајдок.
(2) За доверлив пронајдок заштитен со патент, на носителот на правото му припаѓа еднократен надоместок, без оглед на тоа дали пронајдокот се искористува за потребите на одбраната и во кој обем.
(3) Висината на надоместок од ставот (2) на овој член спогодбено ја утврдуваат подносителот на пријавата и министерот за одбрана.
(4) Ако не се постигне спогодба, подносителот на пријавата на патентот може според правилата на вонпроцесната постапка да бара од судот тој да ја утврди висината на надоместокот.

Траење на патент

Член 65

(1) Правото на патентот трае 20 години, сметајќи од денот на поднесување на пријавата.
(2) Важноста на правото на патентот од ставот (1) на овој член, може да се продолжи преку 20 години, но не повеќе од пет години, во случај кога предметот на патентот е медицински производ, производ за заштита на растенија или постапка за нивно добивање, за кои преку пуштањето во

19

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


промет е потребно да се изведе со закон пропишана управна постапка за одобрување.

Дополнителен сертификат за заштита

Член 66

(1) Важноста на правото на патент според членот 65 став (2) од овој закон, може да биде продолжена со издавање дополнителен сертификат за заштита.
(2) Постапката за издавање на дополнителниот сертификат за заштита се утврдува со прописот кој го донесува министерот за економија.

Плаќање на такси

Член 67

(1) Пред донесувањето решение за признавање на правото на патент, Бирото го повикува носителот на правото да ги плати сите пристигнати такси за одржување на важност на правото на патент од датумот на поднесувањето на пријавата за патент до денот на признавање на правото на патент.
(2) Годишната такса за одржување на правото од пријавата, односно од патентот се уплатува до почетокот на годината за која се уплатува таксата, односно до денот на поднесувањето на пријавата.

Престанок на патентот пред истекот на важноста

Член 68

(1) Правото на патентот престанува да важи пред истекот на рокот на важење и тоа во следниве случаи:
1) ако не се платат пропишаните такси и трошоци - наредниот ден од истекот на дополнителните рокови за нивно плаќање;
2) ако носителот се откаже од правото - наредниот ден од денот на поднесувањето на поднесокот за откажување до Бирото;
3) врз основа на судска одлука, односно акт на Бирото во случаите предвидени со овој закон - со денот определен во таа одлука односно во актот;
4) ако правното лице кое е носител на правото на патент престанало да работи - со денот на престанувањето, односно ако физичкото лице кое е носител на правото на патент умрело - со денот на смртта, или ако исчезнато лице кое е носител на правото на патент е прогласено за умрено
- со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници на правното лице, односно врз наследниците на физичкото лице и
5) ако носителот на правото на патент или сопственикот на исклучителното право на патент не постапи согласно со членот 52 став 1 и членот 54 од овој закон, важноста на патентот престанува најдоцна со истекот на десеттата година на важноста.

20

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Права на трети лица

Член 69

(1) Ако во регистарот на патенти е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на патент, не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2) Ако носителот на патент во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, Бирото ќе го извести тоа лице дека таксата не е платена и дека може да ја плати во рок од шест месеци од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.
(3) Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице, судот може, ако тоа е неопходно за обезбедување на тие права, да донесе решение со кое правото на патентот ќе се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.
(4) Во случајот од ставот 3 на овој член, лицето на кое со решение на судот му е пренесено правото на патент ќе се смета за фидуцијарен носител на правото.

Материјални права

Член 70

(1) Носителот на патентот има:
1) исклучително право да го користи во производство заштитениот пронајдок;
2) исклучително право да пушти во промет предмети изработени според заштитениот пронајдок;
3) право да располага со патентот и
4) право да забрани користење на заштитениот пронајдок во производство или во прометот на трети лица кои за тоа користење немаат негова дозвола.
(2) Правото од ставот (1) на овој член се однесува на патент за постапка и на производот добиен директно од таа постапка.

Слободно користење

Член 71

Правото на носителот на патентот од членот 70 на овој закон за исклучително искористување на пронајдокот не се однесува на:
1) искористување на пронајдокот во лични и некомерцијални цели;
2) преземање на активности за истражување и развој на предметот на заштитениот пронајдок, а особено: изработка, употреба, нудење на продажба, извоз или увоз на заштитениот пронајдок кога тие активности разумно се поврзани со испитувања и тестови потребни за регистрација на лекови за хумана и ветеринарна медицина, медицински и ветеринарни

21

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


производи или средства за заштита на растенијата и
3) непосредна и поединечна подготовка на лекот во аптека врз основа на единечен лекарски рецепт и на постапки кои се однесуваат на така подготвениот лек.

Патент за постапка

Член 72

(1) Ако патентот е издаден за постапка, неговото дејство се простира и врз производите и материите непосредно добиени со таа постапка.
(2) Во недостиг на спротивни докази ќе се смета дека производот е добиен со заштитена постапка и тоа ако производот е нов или ако постои основано сомневање дека производот е добиен со заштитената постапка и дека носителот на патент не бил во состојба и покрај разумно вложениот труд да ја утврди постапката која е навистина користена.
(3) Постои основано сомнение дека производот е добиен со заштитената постапка, доколку заштитената постапка е единствената позната постапка.
(4) Товарот на докажување од ставот (1) ќе падне врз наводниот прекршител само доколку е исполнет еден од условите од ставот (2).

Обем на исклучително право

Член 73

Обемот на исклучителните права на носителот на патент е определен со текстот на патентните барања кои се конечно прифатени во постапката за признавање на патент, при што описот и цртежите служат за толкување на патентните барања.

Право врз основа на претходно користење

Член 74

(1) Правото на патентот не дејствува врз лицето, кое пред датумот на поднесувањето на пријавата за патент или пред датумот на признаеното право на првенство пронајдокот совесно и не јавно го користело во Република Македонија, или подготвило се што е потребно за негово користење.
(2) Лицето од ставот (1) на овој член има право, без одобрение од носителот на патентот, да продолжи со искористувањето на пронајдокот во обем во кој го искористувало или подготвувало од датумот на поднесувањето на пријавата на патент за бараниот пронајдок.

Исклучок од повреда на правото на патент

Член 75

Исклучивите права од правото на патент не се однесуваат на употребата на производи изработени според патент во конструкција или опрема за бродови, авиони, или копнени возила, кои припаѓаат на некоја

22

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


од државите членки на Париската унија, не се смета за повреда на правото на патент кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.

Присилна лиценца

Член 76

(1) Ако носителот на патентот не го користи пронајдокот заштитен со патент или го користи во обем недоволен за задоволување на потребите на македонскиот пазар, и одбива да склучи договор за лиценца или поставува непазарни услови за склучување на тој договор, правото на користење на пронајдокот може да му се даде на друго лице, со обврска за плаќање на надоместок на носителот на патентот.
(2) Присилна лиценца нема да се даде ако носителот на патентот докаже дека постојат законски пречки кои го оправдуваат некористењето на пронајдокот заштитен со патент.

Постапка по барање за присилна лиценца

Член 77

По барањето за давање присилна лиценца решава судот во парнична постапка, врз основа на претходно прибавено мислење од орган на државната управа надлежна за работите од областа за која се однесува лиценцата.

Кога се поднесува барање за присилна лиценца

Член 78

(1) Барање за давање присилна лиценца не може да се поднесе пред истекот на рокот од четири години од денот на поднесувањето на пријавата на патент, односно пред истекот на рокот од три години од денот на признавањето на патент, ако овој рок истекува подоцна.
(2) Ако ползата од заштитениот пронајдок е од јавен интерес, како на пример: здравство, одбрана, заштита, унапредување на човековата околина, или е од особен интерес за одделна гранка на стопанството, присилната лиценца може да се додели и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член.

Надоместок

Член 79

(1) Во случај на давање присилна лиценца, носителот на патентот има право на соодветен надоместок.
(2) Висината на надоместокот ја утврдуваат спогодбено носителот на патентот и корисникот на кој му е дадена лиценцата, односно кој го користи пронајдокот заштитен со патент.
(3) Ако не се постигне спогодба, надлежниот суд ја утврдува

23

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


висината на тој надоместок.
(4) Непостоењето спогодба од ставот (3) на овој член, односно решение на судот, не го спречува корисникот на кој му е дадена лиценцата да го користи тој пронајдок.

Траење на присилната лиценца

Член 80

(1) Присилната лиценца не може да биде исклучителна.
(2) Траењето на присилната лиценца е врзано исклучително со траењето на причината поради која е и дадена.
(3) Присилната лиценца не може да се пренесува.

Присилна лиценца на зависен патент

Член 81

(1) Присилна лиценца може да се даде и ако пронајдокот заштитен со патент не може да се користи во целина или делумно без користење на некој пронајдок заштитен со поранешен патент, а подоцнежниот пронајдок, кој претставува позначаен технички напредок, е од особено значење за стопанството или за задоволување на општите потреби.
(2) Ако присилната лиценца се дава според одредбата од ставот (1) на овој член, носителот на поранешниот патент може да бара присилна лиценца за користење на пронајдокот по подоцнежниот патент за соодветен надомест.

II. ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН

Предмет на заштита

Член 82

(1) Со право на индустриски дизајн се штити надворешна форма, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација, што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ, или на негов дел, колку што е потребно да ги задоволи условите на новост и особеност.
(2) За потребите на овој закон, за надворешна форма, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација, што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ, или на негов дел, колку што е потребно да ги задоволи условите на новост и особеност, во натамошниот текст ќе се употребува зборот - дизајн.

Производ и делови на производ

Член 83

(1) Производот од членот 82 став (1) на овој закон, е било кој индустриски или занаетчиски изработен предмет, вклучително и делови

24

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


кои се наменети да формираат сложен производ.
(2) Производот е сложен, во смисла на овој закон, кога е составен од различни физички делови соединети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни делови кои ја сочинуваат таа целина.
(3) Новата надворешна форма, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација пренесена на производ, што е наменет да се вклопи во сложен производ, може да се штити како индустриски дизајн ако вградениот дел за кој се бара заштита останува видлив при нормална употреба на сложениот производ и кога видливата нова надворешна форма, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација на вградениот дел, самостојно ги задоволува барањата за новост и особеност.
(4) Нормална употреба во смисла на ставот (3) од овој член, значи наменска употреба од страна на корисникот и не ги вклучува одржувањето и поправката на производот.

Новост на дизајнот

Член 84

(1) Дизајнот е нов во смисла на овој закон ако суштествено се разликува од оној што порано е пријавен и од оној што пред поднесувањето на пријавата и бил достапен на јавноста, освен ако пријавата е повлечена пред објавувањето на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн.
(2) Дизајнот се смета дека и станал достапен на јавноста, ако е објавен како пријава или како признаено право на индустриски дизајн, ако е изложен или користен на пазарот или кога во вообичаени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
(3) При оценувањето дали пријавениот дизајн е нов не влијае фактот што тој и станал достапен на јавноста во период најмногу шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата без согласност на подносителот на пријавата.

Различност

Член 85

(1) Дизајните се идентични кога нивните карактеристики се разликуваат само во небитни детали.
(2) Дизајнот е различен ако на прв поглед стручно лице може да ја забележи разликата од дизајните што и станале достапни на јавноста.
(3) Дизајнот нема да се смета за различен единствено заради фактот што неговата примена се однесува на други индустриски и занаетчиски производи, односно нивни делови.

25

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Апсолутни причини за одбивање

кој:

Член 86

(1) Со право на индустриски дизајн не може да се заштити дизајн
1) е спротивен на законот или на моралот;
2) претставува технички план или скица;
3) претставува исклучиво картографско или фотографско дело;
4) содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или
кратенка на називот на некоја земја или меѓународна организација, освен со дозвола од надлежниот орган на односната земја или организација;
5) содржи или имитира лик на знаменита личност, освен со одобрение на таа личност, а доколку се однесува за лик на умрена знаменита личност, со дозвола од органот на државната управа надлежен за работите на општата управа;
6) содржи или имитира лик на личност, освен со дозвола на таа личност и
7) содржи или имитира лик на умрена личност освен со согласност на сите наследници од првиот законски ред.

Релативни причини за одбивање

Член 87

(1) Со право на индустриски дизајн не може да се заштити дизајн:
1) кој не е нов во смисла на членот 84 од овој закон;
2) кој не е особен во смисла на членот 85 од овој закон;
3) кој исклучиво е одреден од видот на производот или од производот во кој се вградува, односно од техничките и функционалните карактеристики потребни за постигнување одредени технички резултати или при нормално функционирање на било кој од тие производи и
4) со кој се повредуваат претходно стекнатите права на носителот.
(2) Причини за исклучување од заштитата на правото на индустриски дизајн согласно со ставот (1) точка 4) од овој член, може да побара само подносителот на порано поднесена пријава или носителот на порано стекнатото право на индустриски дизајн.

Подносител на пријавата

Член 88

(1) Постапка за стекнување на правото на индустриски дизајн, може да поведе авторот или неговиот правен следбеник.
(2) Ако дизајнот е креација на повеќе автори тогаш правото на поведување на постапка од ставот (1) на овој член имаат сите автори или нивните правни следбеници.

26

Автор

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

труд.

Член 89

(1) Автор е физичко лице кое го создало дизајнот со својот креативен
(2) Не се смета за автор оној кој во создавањето на дизајнот пружал
само техничка помош.

Правен следбеник

Член 90

(1) Правен следбеник на авторот е правно или физичко лице чие стекнување на правото на индустриски дизајн се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука.
(2) Работодавецот се смета за правен следбеник на авторот кога врз основа на закон, или договор за работа му припаѓа правото на стекнување на индустриски дизајн создаден во рамките на работниот однос на авторот.

Поведување постапка

Член 91

(1) Постапката за признавање на правото на индустриски дизајн се поведува со поднесување пријава за индустриски дизајн до Бирото.
(2) Постапката за признавање на правото на индустриски дизајн може да се поведе и со поднесување пријава согласно со Хашкиот договор за меѓународно пријавување на мостри и модели (Хашки документ од 28 ноември 1960 година) и Дополнителниот акт од Стокхолм од 14 јули 1967 година (изменет и дополнет на 28 септември 1979 година).

Единственост на дизајнот

Член 92

(1) За секоја форма на тело, слика или цртеж, односно нивна комбинација се поднесува одделна пријава.
(2) Една пријава за признавање на право на индустриски дизајн,
може да се однесува на повеќе производи (повеќекратна пријава).
(3) Повеќекратна пријава мора да се однесува на производи распоредени во иста класа според Локарнскиот договор воспоставен за меѓународна класификација на индустриски дизајн (во натамошниот текст: Меѓународна класификација).

Право на првенство

Член 93

(1) Од денот на приемот на уредна пријава на индустриски дизајн во Бирото, подносителот на пријавата на индустриски дизајн има право на првенство спрема секое друго лице кое за истиот дизајн ќе поднесе

27

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


пријава.
(2) Исклучок од ставот (1) на овој член е кога се исполнети условите за поднесување пријава за индустриски дизајн предвидени во членовите
88 и 90 на овој закон.

Саемско право на првенство

Член 94

(1) Лицето кое на официјално признаена изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија или во друга земја членка на Париската унија изложи дизајн, може во рок од три месеци од денот на затворањето на изложбата (саемот) со пријава да побара право на првенство од првиот ден на излагањето, односно од денот на употребата.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија дека е во прашање официјално признаена изложба (саем) во смисла на Меѓународната конвенција за меѓународни изложби склучена во Париз на 28 ноември 1928 година и последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година со назначување на податоците за видот на изложбата или саемот, местото на нејзиното одржување, денот на отворањето и денот на затворањето, односно за денот на употребата.

Униско право на првенство

Член 95

(1) На правно или физичко лице кое во некоја во земјите членки на унијата заснована на Париската конвенција (во натамошниот текст: Париска унија) или на Светската трговска организација, поднело уредна пријава за индустриски дизајн, ќе му се признае право на првенство во Република Македонија од денот на поднесувањето на првата пријава ако тоа го побара во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на првата пријава.
(2) За уредна пријава од ставот (1) на овој член се смета пријавата чиј датум на поднесување е утврден согласно со националното законодавство на земјата членка на Париската унија во која е поднесена или во согласност со меѓународните договори склучени меѓу земјите членки на унијата, без оглед на подоцнежната правна судбина на пријавата.

Обврски на подносителот на пријавата со униско првенство

Член 96

(1) Подносителот на пријавата на индустриски дизајн што е со намера да го користи правото на првенство од членот 95 на овој закон, е должен во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на која се повикува и во рок од три месеци од денот на поднесувањето на барањето за признавање на правото на првенство да приложи препис на првата пријава, заверена од надлежниот

28

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


орган на земјата членка на Париската унија во која е поднесена првата пријава.

Повеќекратно право на првенство

Член 97

(1) Подносителот на пријавата на индустриски дизајн може да се повика на повеќекратно право на првенство врз основа на повеќе претходно поднесени пријави во една или повеќе земји членки на Париската унија.
(2) Ако подносителот на пријавата се повикува на повеќекратно право на првенство, роковите кои според овој закон почнуваат да течат од датумот на признаеното право на првенство, се сметаат од најраниот датум на повеќекратното право на првенство.

Уверение за право на првенство

Член 98

(1) Бирото на барање на подносителот на пријавата издава уверение за право на првенство кое се смета од датумот утврден како датум на поднесување на пријавата на индустриски дизајн.
(2) Условите, постапката и содржината на уверението од ставот (1) на овој член се уредуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Содржина на пријавата на индустриски дизајн

Член 99

(1) Пријавата на индустриски дизајн мора да содржи:
1) барање за признавање на правото на индустриски дизајн;
2) податоци за подносителот на пријавата;
3) приказ на дизајнот за кој се бара заштита и
4) опис на дизајнот, доколку е неопходен за утврдување на новоста; (2) Се смета дека пријавата на индустриски дизајн е поднесена ако
ги задоволува барањата од ставот (1) на овој член.
(3) Другите состојки и прилози кон пријавата мораат да бидат поднесени на начин и во соодветен број на примероци, како што е утврдено со прописот кој го донесува министерот за економија.

Датумот на поднесување на пријавата

Член 100

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во членот 99 став (1) на овој закон, Бирото ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесувањето.
(2) Ако за пријавата на индустриски дизајн не може да се признае датумот на поднесувањето, Бирото ќе го повика подносителот во рок од 30

29

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


дена, од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со членот 99 став (1) од овој закон.
(3) Ако подносителот на пријавата ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Бирото ќе донесе заклучок за утврдување на датумот на поднесување.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која постапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на членот 99 став (1) на овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок не ги отстрани недостатоците, пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Регистар на пријави на индустриски дизајн

Член 101

(1) Пријавата на индустриски дизајн на која со заклучок и е утврден датумот на поднесување се впишува во Регистарот на пријави на индустриски дизајни.
(2) Содржината и начинот на водење на Регистарот на пријави за индустриски дизајн се утврдува со прописот кој го донесува министерот за економија.

Поделба на пријавата на индустриски дизајн

Член 102

(1) Повеќекратната пријава на индустриски дизајн може, на барање на подносителот на пријавата, во текот на постапката за признавање на правото на индустриски дизајн да се подели во две или повеќе пријави.
(2) Поделбата на пријавата на индустриски дизајн е дозволена до донесувањето на решението за признавање на правото на индустриски дизајн.
(3) Пријавата на индустриски дизајн настаната со поделба на првобитната пријава на индустриски дизајн (разделена пријава) го задржува датумот на поднесување на првобитната пријава и првенството од првобитната пријава на индустриски дизајн.

Барање пријавата да се земе во постапка веднаш

Член 103

(1) Во случај на спор во врска со повреда на правото од пријавата, подносителот на пријавата може да бара Бирото да ја земе пријавата во постапка веднаш.
(2) Барањето пријавата за индустриски дизајн да се земе во постапка веднаш, не може да се поднесе пред истекот на 90 дена од денот на поднесувањето на пријавата.

30

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Уредна пријава

Член 104

(1) По уписот на пријавата на индустриски дизајн во Регистарот на пријави на индустриски дизајн, Бирото испитува:
1) дали е платена потребната такса;
2) дали е поднесен превод на пријавата на македонски јазик, ако пријавата е составена на странски јазик;
3) дали се содржани состојките и прилозите од членот 99 на овој закон и
4) дали е приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.
(2) Ако пријавата на индустриски дизајн не ги исполнува условите од ставот (1) на овој член, Бирото ќе го повика подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 60 дена, сметајќи од денот на приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот (2) на овој член може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за два месеци.
(4) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани недостатоците од ставот (2) на овој член, Бирото пријавата со заклучок ќе ја отфрли.
(5) Кога во пријавата се повикува на прилози кои не се содржани во пријавата, Бирото го повикува подносителот на пријавата да ги достави во предвидениот рок. Доколку подносителот не постапи по известувањето на Бирото, при испитувањето на пријавата ќе се смета како тие да не постојат.
(6) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата, ќе се смета дека пријавата била уредно поднесена.

Испитување на пријавата

Член 105

(1) Ако пријавата е уредна во смисла на членот 104 од овој закон, се испитува дали се исполнети условите за признавање на правото на индустриски дизајн од членовите 84 и 85 на овој закон.
(2) Ако пријавениот индустриски дизајн не може да се признае поради некои од причините наведени во членовите 86 и 87 на овој закон, Бирото донесува решение за целосно или делумно одбивање на барањето за признавање на правото на индустриски дизајн.
(3) Решение за одбивање на барањето за признавање на правото на индустриски дизајн, Бирото не може да донесе ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата за причините поради кои не може да се признае бараното право, односно не може да го признае правото во бараниот обем и ако не го повикал подносителот на пријавата во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(4) Подносителот на пријавата има право во рок од 90 дена од денот

31

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


на приемот на известувањето да се изјасни за причините поради кои не може да се признае бараното право и да достави докази за можните нови податоци кои би влијаеле на конечната одлука на Бирото.
(5) Подносителот на пријавата при изјаснувањето не може дополнително да го менува дизајнот.
(6) Рокот од ставот 4 на овој член може на образложено барање од подносителот на пријавата, да се продолжи најмногу уште за 90 дена.

Плаќање трошоци

Член 106

(1) Ако бирото утврди дека се исполнети условите од членот 99 ставови (1) и (3) на овој закон, ќе донесе заклучок дека се исполнети условите за објавување на податоците од пријавата за индустриски дизајн и ќе го повика подносителот во рок од 30 дена да ги плати трошоците за објавување на индустрискиот дизајн во гласилото на Бирото.
(2) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член, Бирото ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.
(3) Објавата назначена во ставот (1), на барање на подносителот на пријавата, може да биде одложена за периодот што го бара. Овој период не може да биде подолг од 12 месеци од датумот на поднесувањето на пријавата, ако е барано право на првенство, датумот од кога овој период се пресметува е датумот на правото на првенство.

Објавување на пријавата на индустриски дизајн

Член 107

(1) Ако подносителот постапи согласно со членот 106 став (1) на овој закон, Бирото најдоцна во рок од 90 дена ќе ја објави содржината на пријавата во службеното гласило на Бирото.

Приговор

Член 108

(1) Приговор на објавената пријава за индустриски дизајн, во рок од
90 дена, сметајќи од денот на објавувањето на пријавата, до Бирото, може да поднесе:
1) подносителот на првата пријава за индустриски дизајн;
2) лицето кое во времето на поднесувањето на пријавата за индустриски дизајн имало фирма, под услов називот на фирмата или некој нејзин дел да е идентичен или сличен со објавениот дизајн или со некој негов дел;
3) физичко лице чие име, презиме или лик е еднаков со објавениот индустриски дизајн или објавениот индустриски дизајн претставува негово имитирање;
4) носител на поранешното право на индустриски дизајн, ако предметот на тоа право е ист со објавениот индустриски дизајн, или објавениот индустриски дизајн е сличен на него;

32

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


5) секое лице кое има авторско право на дело кое е исто со објавениот индустриски дизајн или објавениот индустриски дизајн е сличен на него и
6) секое заинтересирано лице кое смета дека објавениот индустриски дизајн не ги исполнува барањата за новоста на надворешниот изглед или е условено од функционалните карактеристики на производот во смисла на членот 87 на овој закон.
(2) Рокот за поднесување на приговорот пропишан во ставот (1) од овој член не може да се продолжи.
Приговорот мора да биде поднесен на начин како што е утврдено со прописот кој го донесува министерот за економија.

Испитување на приговорот

Член 109

(1) Бирото проверува дали приговорот е поднесен од лице кое има право на поднесување на приговор во смисла на членот 108 став (1) на овој закон и дали приговорот е поднесен во пропишаниот рок.
(2) Ако не се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Бирото донесува заклучок за отфрлање на приговорот.
(3) Ако се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Бирото го известува подносителот на пријавата на индустриски дизајн за причините наведени во приговорот и го повикува во определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена да се изјасни за наведените причини.
(4) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок од ставот (3) на овој член не се изјасни за причините наведени во приговорот, Бирото ќе одлучи врз основа на наводите во приговорот.

Одлучување по приговорот

Член 110

(1) Ако подносителот на пријавата на индустриски дизајн се изјасни за причините наведени во приговорот и достави одговор по приговорот, Бирото ја испитува оправданоста на приговорот, земајќи ги предвид причините по приговорот и одговорот по приговорот.
(2) Ако Бирото утврди дека приговорот е неоснован, приговорот со решение се одбива.
(3) Решението од ставот (2) на овој член се доставува до подносителот на пријавата и до подносителот на приговорот.
(4) Ако Бирото во постапката на испитување на приговорот утврди дека приговорот е основан, ја одбива пријавата на индустриски дизајн и за тоа му доставува решение на подносителот на пријавата и на подносителот на приговорот.

33

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Донесување на одлука и упис во Регистарот на индустриски дизајн

Член 111

(1) Ако се исполнети условите предвидени во членовите 86 и 87 од овој закон, Бирото ќе донесе заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на индустриски дизајн и ќе го повика подносителот во рок од 30 дена ја плати таксата за одржување во првиот петгодишен период на важењето на индустрискиот дизајн, трошоците за објавување на индустриски дизајн во гласилото на Бирото и трошоците за издавање исправа за индустриски дизајн.
(2) Ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати таксите и трошоците од ставот (1) на овој член, Бирото ќе донесе решение за признавање на правото на индустриски дизајн и признаеното право ќе го запише во Регистарот за индустриски дизајн.
(3) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок не ги плати пропишаните такси и трошоци од ставот (1) на овој член, Бирото ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.

Обем на заштита

Член 112

Со решението од членот 111 на овој закон се определува обемот на признаената заштита за индустрискиот дизајн, прикажан со усвоениот опис и на приказот.

Стекнување на право на индустриски дизајн

Член 113

(1) Правото на индустриски дизајн се стекнува со денот на донесувањето на решението за признавање на правото и со упис на индустрискиот дизајн во регистарот.
(2) Датумот за упис на индустрискиот дизајн во регистар е ист со датумот на донесувањето на решението за признавање на индустрискиот дизајн.

Објавување на индустрискиот дизајн

Член 114

(1) Податоците за индустрискиот дизајн се објавуваат во службеното гласило на Бирото најдоцна во рок од 90 дена од датумот на запишување на индустрискиот дизајн во регистарот за дизајни.
(2) Податоците кои се објавуваат во службеното гласило на Бирото,
се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

34

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Исправа за индустриски дизајн

Член 115

(1) На носителот на индустрискиот дизајн, Бирото му издава исправа најдоцна во рок од шест месеци од датумот на донесувањето на решението за признавање на правото на индустриски дизајн.
(2) Податоците кои ги содржи исправата за индустриски дизајн се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Морални права на авторот на индустрискиот дизајн

Член 116

(1) Авторот, независно од тоа дали е подносител на пријавата или носител на правото, секогаш има право да биде наведен како автор на индустрискиот дизајн во сите документи и јавни објавувања.
(2) Преносот или откажувањето од правото од ставот (1) на овој член се смета за ништовно.
(3) Ако повеќе автори учествувале во креацијата на индустрискиот дизајн, сите автори имаат еднакви права независно од придонесот во изработката на индустрискиот дизајн, така што сите мораат да бидат наведени.

Материјални права

Член 117

(1) Носителот на правото на индустрискиот дизајн има исклучиво право да го користи индустрискиот дизајн на производи и да пушта во промет производи кои го содржат заштитениот индустриски дизајн.
(2) Ако трето лице го користи индустрискиот дизајн без согласност од носителот на правото на индустрискиот дизајн, носителот има право тоа да го забрани.
(3) Трето лице не може без согласност на носителот на индустрискиот дизајн да изработува, нуди, става во промет, увезува, извезува или користи производ кој содржи, или го имитира заштитениот индустриски дизајн, ниту да складира таков производ за наведените цели.
(4) Носителот на правото на индустрискиот дизајн има право да бара податоци за потеклото на производот и транспортниот пат на производот или документација за тој производ од секое лице кое неовластено користи или има намера неовластено да го стави во промет производот кој го содржи или го имитира заштитениот индустриски дизајн.

Слободно користење

Член 118

(1) Исклучивите права од индустрискиот дизајн од членот 116 на овој закон, не влијаат на употребата на производот кој содржи или на кој е применет заштитениот индустриски дизајн:

35

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


1) во приватни и нетрговски цели;
2) за цели на известување на јавноста или за цели на образованието, ако е тоа во согласност со добрите деловни обичаи и не им нанесува штета на интересите на носителот на правото и авторот и
3) за експериментални и научни цели.

Исклучок од повреда на правото на индустриски дизајн

Член 119

(1) Исклучивите права од индустрискиот дизајн не се однесуваат на употребата на производи изработени според индустрискиот дизајн во конструкција или опрема за бродови, авиони или копнени возила, кои припаѓаат на некоја од државите членки на Париската унија, не се смета за повреда на правото на индустриски дизајн кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.

Право по основа на претходно користење

Член 120

(1) Носителот на правото не може да се повика на исклучиви права спрема трето лице кое го користело истиот дизајн на производот или ги извршило сите подготовки за користење на истиот дизајн на производот пред денот на поднесувањето на пријавата во Бирото или пред стекнатото право на првенство, ако е побарано, под услов третото лице да го изработило производот без знаење за постоење на индустриски дизајн кој во тоа време не и бил достапен на јавноста.
(2) Трето лице не може да го користи дизајнот од ставот (1) на овој член на начин кој ги преминува границите на редовни производствени дејности.

Неможност за поништување и забрана

Член 121

(1) Носителот на порано признаениот индустриски дизајн нема право:
1) да бара поништување на подоцна признаениот индустриски дизајн врз основа на своето право на првенство и
2) да забрани употреба на подоцна признаениот ист или сличен индустриски дизајн, ако за време од пет години свесно ја трпел таа употреба, освен ако подоцна регистрираниот индустриски дизајн е заштитен со злоупотреба.
(2) Носителот на подоцна признаениот индустриски дизајн нема право да му забрани употреба на носителот на претходно признаениот индустриски дизајн.
(3) Трпењето на употребата на индустриски дизајн во смисла на ставот (1) на овој член не може да биде причина за негово бришење од

36

регистарот.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Важење и одржување на правото на индустриски дизајн

Член 122

(1) Индустрискиот дизајн важи пет години, сметајќи од денот на поднесувањето на уредна пријава за индустриски дизајн.
(2) Важењето на правото на индустрискиот дизајн може да се продолжи и тоа за период од по пет години, но не подолго од 25 години, под услов носителот на индустрискиот дизајн во текот на последната година на важењето на заштитата или најдоцна по шест месеци од истекот на тој период до бирото да поднесе барање за продолжување на важењето на индустрискиот дизајн и да ги уплати потребните такси и трошоци за постапката на одржување.
(3) Новиот период на заштита започнува со истекот на последниот ден на претходниот период на заштита.
(4) Податоците кои треба да ги содржи барањето за продолжувањето на важењето на индустрискиот дизајн се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Престанок на важење на правото на индустриски дизајн

Член 123

(1) Правото на индустриски дизајн престанува да важи:
1) ако истече рокот на важење на индустрискиот дизајн согласно со членот 122 на овој закон;
2) врз основа на писмена изјава на носителот на правото со која се одрекува од правото на индустрискиот дизајн и тоа наредниот ден од денот на поднесувањето до Бирото и
3) ако правното лице кое е носител на правото на индустриски дизајн престанало да работи - со денот на престанувањето, односно ако физичкото лице кое е носител на правото на индустриски дизајн умрело - со денот на смртта или ако исчезнатото лице кое е носител на правото на индустриски дизајн е прогласено за умрено - со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници на правното лице, односно врз наследниците на физичкото лице.
(2) Изјавата од ставот (1) точка 2) на овој член е без правно дејство, ако во регистарот е запишано определено право во корист на трети лица, а носителот на правото претходно не обезбедил писмена согласност од тие лица.
(3) Престанувањето на траењето на правото на индустрискиот дизајн се запишува во Регистарот за индустриски дизајни.

37

III. ТРГОВСКА МАРКА

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Предмет на заштита

Член 124

(1) Со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е подобен за разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките или услугите на друг учесник во прометот.
(2) Со трговска марка се штитат знаци подобни за разликување како што се: зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми, вклучително и форми на стоките или нивните пакувања, како и комбинациите на сите напред наведени знаци.
(3) Зборовите и буквите од ставот (2) на овој член можат да се напишат на било кој јазик и со било кое писмо.

Дистинктивност

Член 125

(1) Знакот е подобен за разликување доколку на стоките или услугите во споредба со истовидни или слични стоки или услуги им дава посебен, дистинктивен карактер.
(2) При оценувањето дали некој знак е подобен за разликување, се земаат предвид сите околности, а особено времето и обемот на неговата дотогашна употреба во прометот.

Апсолутни причини за одбивање

Член 126

(1) Со трговска марка не може да се заштити знак:
1) чие објавување или употреба е спротивна на законот или на моралот;
2) кој не може графички да се прикаже;
3) кој не е дистинктивен, односно подобен за разликување на стоките и услугите во прометот;
4) кој го означува само видот на стоките, односно услугите, нивната намена, времето или начинот на производство, географското потекло, квалитетот, цената, количеството и тежината;
5) кој е вообичаен за означување на определен вид стоки, односно услуги;
6) кој се состои исклучиво од форма која произлегува од видот на стоките или форма на стоките потребна за постигнување на определен технички резултат, или форма која им дава суштествена вредност на стоките;
7) кој со својот изглед може да создаде забуна во прометот, а особено да го доведе во заблуда просечниот потрошувач во поглед на

38

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


географското потекло, видот, квалитетот или другите својства на стоките или услугите;
8) кој содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратенка на називот на некоја држава или меѓународна организација, како и нивна имитација, освен со дозвола на надлежниот орган на односната држава или организација;
9) содржи или имитира лик или име на знаменита личност, освен со одобрение на таа личност, а доколку се однесува на лик или име на умрена знаменита личност, со дозвола од органот на државната управа надлежен за работите на општата управа;
10) кој содржи печат или штембил, официјални знаци или пунци за контрола и гаранција на квалитетот или ги имитира и
11) кој содржи религиозни симболи или ги имитира.
(2) Знаците наведени под точките 3) 4) и 5) од ставот (1) на овој член, можат да се заштитат како трговска марка, само доколку подносителот на пријавата докаже дека знакот стекнал дистинктивност со текот на долгогодишната употреба.

Релативни причини за одбивање

Член 127

(1) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак:
1) кој е идентичен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист вид на стоки или услуги и
2) кој е идентичен или сличен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист или сличен вид на стоки, односно услуги, доколку таа сличност може да го доведе во заблуда просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација со порано пријавената или порано регистрираната трговска марка.
(2) Порано пријавената трговска марка ќе биде причина за одбивање во смисла на ставот (1) од овој член само доколку биде регистрирана.
(3) Под поимот “порано пријавена или регистрирана трговска марка”
се подразбираат:
1) трговските марки кои уживаат право на првенство според одредбите на овој закон;
2) порано меѓународно регистрираните трговски марки со дејство во
Република Македонија и
3) трговските марки кои во време на поднесувањето на пријавата на трговска марка за знакот од ставот (1) на овој член се добро познати во Република Македонија во рамките на значењето на членот 6-бис од Париската конвенција, односно членот 16(3) од ТРИПс Договорот.
(4) За добро познати трговски марки од ставот (3) точка 3) на овој закон, се сметаат особено трговските марки кои му се познати на релевантниот сектор на јавноста, како и трговски марки што се добро познати како резултат на претставувањето, огласувањето и рекламирањето во широката јавност.
(5) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак со кој се повредуваат порано стекнатите права на:

39

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


1) лицето кое во време на поднесувањето на пријавата за признавање на трговска марка имало фирма, под услови фирмата или битниот дел на фирмата да е идентичен или сличен со објавениот знак и под услов да произведува идентични или слични производи, односно да дава идентични или слични услуги на тие на кои објавениот знак се однесува, или кога тие стоки или услуги се предмет на дејноста на фирмата;
2) физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен со објавениот знак;
3) носителот на порано заштитено право од индустриска сопственост,
ако предметот на тоа право е идентичен или сличен со објавениот знак и
4) лицето кое има авторско право на дело кое е идентично или слично со објавениот знак.
(6) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак кој е идентичен или сличен со трговската марка чија важност престанала поради поминатиот рок на важење, а носителот на правото во предвидениот рок не поднел барање за продолжување на важењето и не го платил пропишаниот надоместок, доколку пријавата на трговска марка е поднесена пред истекот на девет месеци, сметајќи од денот на престанокот на важноста на трговската марка, освен ако заштитата на тој знак не бара носителот на чие име трговската марка била регистрирана, или неговиот правен следбеник.
(7) На причините за исклучување од заштитата со трговска марка според овој член, може да се повикува само подносителот на порано поднесената пријава или носителот на порано заштитеното право.

Подносител на пријава

Член 128

Постапка за стекнување на право на трговска марка може да поведе правно и физичко лице.

Поведување на постапка

Член 129

(1) Постапката за признавање на трговска марка се поведува со пријава која содржи барање за признавање на трговска марка и други битни состојки пропишани со овој закон.
(2) За секој знак за кој се бара заштита со трговска марка, се поднесува посебна пријава.
(3) Со една иста пријава на трговска марка за знак може да се бара заштита за повеќе производи и услуги.

Содржина на пријавата

Член 130

(1) Пријавата на трговска марка мора да содржи:
1) барање за признавање на трговска марка;

40

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


2) изглед на знакот за кој се бара заштита и
3) список на стоките и услугите за кои се бара заштита.
(2) Другите состојки на пријавата и прилозите што се доставуваат со пријавата, мораат да бидат поднесени на начин утврден со прописот кој го донесува министерот за економија.

Датум на поднесување на пријавата

Член 131

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во членот 130 став (1) на овој закон, Бирото ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесување.
(2) Ако за пријавата на трговска марка не може да се признае датумот на поднесување, Бирото ќе го повика подносителот во рок од 30 дена, од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со членот 130 став (1) од овој закон.
(3) Ако подносителот на пријавата ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Бирото ќе донесе заклучок за утврдување на датумот на поднесување.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која настапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на членот 130 став (1) на овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок не ги отстрани недостатоците, пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Поделба на пријавата на трговска марка

Член 132

(1) Секоја пријава на трговска марка, на барање на подносителот на пријавата, во текот на постапката за признавање на правото на трговска марка, може да се подели на две или повеќе пријави во однос на предложениот список на производи и услуги.
(2) Поделените пријави го задржуваат правото на првенство од првата пријава.
(3) Барањето за поделба на пријавата е дозволено во случај кога подносителот во првата пријава има поднесено барање за заштита на еден знак за повеќе стоки или услуги од Меѓународната класификација на производи и услуги.
(4) Кон барањето за поделба на пријавата, подносителот е должен да достави нови пријави на трговска марка.
(5) Барањето за поделба на пријавата може да се поднесе најдоцна до донесувањето на решението за признавање на правото на трговска марка.

41

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Право на првенство

Член 133

(1) Ако пријавата на трговска марка е поднесена во согласност со членот 130 став (1) од овој закон, подносителот на пријавата стекнува право на првенство од датумот на поднесување на пријавата во однос на секој друг кој за идентичен или сличен знак и за идентични или слични производи или услуги подоцна ќе поднесе пријава.

Униско право на првенство

Член 134

(1) На државјанин на земја членка на Париската унија, кој во некоја земја членка на таа унија или на Светската трговска организација уредно поднел пријава, во Република Македонија ќе му се признае правото на првенство од денот на поднесувањето на првата пријава, ако тоа го побара во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на првата пријава.
(2) Тој што е со намера да го користи правото на првенство од ставот (1) на овој член, должен е во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на која се повикува (држава, датум и број на пријавата) и во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на пријавата да приложи препис на првата пријава заверена од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на Светската трговска организација во која е поднесена првата пријава, како и превод на првата пријава на македонски јазик.

Саемско право на првенство

Член 135

(1) Лицето кое на официјално признаена изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија или во некоја земја членка на Париската унија изложи производи или услуги одбележани со определен знак, може во рок од три месеци од денот на затворањето на изложбата (саемот), со пријавата да побара право на првенство од првиот ден на излагањето на производите, односно давањето на услугите.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија дека е во прашање официјално признаена изложба (саем), во смисла на Конвенцијата за меѓународни изложби со назначување на податоците за видот на изложбата (саемот), местото на нејзиното одржување, денот на отворањето и денот на затворањето и за првиот ден на излагањето на производите или услугите наведени во пријавата.

42

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Кога не се продолжуваат роковите

Член 136

Со признавањето на правото на првенство според членот 135 на овој закон, не се продолжуваат роковите од членот 134 на овој закон.

Редослед на постапување по пријавите

Член 137

(1) Пријавите на трговска марка се земаат во постапка според редоследот определен со датумот на нивното поднесување.
(2) По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, пријавата може да се земе во постапка веднаш:
1) кога е поднесено барање за меѓународно регистрирање на трговска марка;
2) кога постои спор во врска со повреда на правото од пријавата и
3) кога согласно со други прописи е неопходно да се изврши предвремена регистрација на трговската марка.
(3) Во случаите од ставот (2) точки 2) и 3) на овој член, се поднесува барање за земање на пријавата во постапка веднаш и се плаќа такса.
(4) Барањето пријавата да се земе во постапка веднаш не може да се поднесе пред истекот на 90 дена од денот на поднесувањето на пријавата.

Уредна пријава

Член 138

(1) По уписот на пријавата на трговска марка во регистарот на пријави, Бирото испитува дали е таа уредна, односно дали се исполнети сите услови пропишани со овој закон и прописот кој го донесува министерот за економија.
(2) Пријавата на трговска марка е уредна, доколку е:
1) поднесена посебна пријава во смисла на членот 129 став (2) на овој закон;
2) уплатена пропишаната такса за пријава и доставен доказ за извршената уплата;
3) составена така што ги содржи сите потребни состојки предвидени во членот 130 ставови (1) и (2) на овој закон и
4) приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.

Неуредна пријава

Член 139

(1) Ако пријавата ги содржи суштествените состојки во смисла на членот 130 став (1) на овој закон, но не ги содржи сите потребни состојки

43

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


и прилози согласно со овој закон и прописот кој го донесува министерот за економија, Бирото го повикува подносителот на пријавата, во рок кој не може да биде подолг од 90 дена сметајќи од денот на приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.
(2) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот (1) на овој член може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за 90 дена.
(3) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата, ќе се смета дека пријавата била уредно поднесена.
(4) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани сите недостатоци што бил должен да ги отстрани според ставот 1 на овој член, пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Решение за одбивање на пријавата

Член 140

(1) Ако пријавениот знак не може да се признае во однос на сите или во однос на некои од наведените производи или услуги од причините наведени во членот 126 од овој закон, Бирото донесува решение за одбивање на пријавата.
(2) Решение за одбивање на пријавата Бирото не може да донесе ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата со причините поради кои не може да се признае бараното право, односно не може да го признае правото во бараниот обем и ако не го повикал подносителот на пријавата во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(3) Подносителот на пријавата има право во рок од 90 дена од денот на приемот на известувањето да се изјасни за причините поради кои не може да се признае бараното право и да достави докази за можните нови податоци кои би влијаеле на конечната одлука на Бирото.

Објавување на пријавата

Член 141

(1) Ако пријавата на трговска марка ги задоволува сите услови во смисла на членот 138 на овој закон, ако знакот не е исклучен од заштита во смисла на членот 126 на овој закон и ако се платени трошоците за објава, податоците од пријавата се објавуваат во службеното гласило на Бирото.
(2) Податоците од пријавата кои се објавуваат во службеното гласило на Бирото се утврдуваат со пропис кој го донесува министерот за економија.

Приговор

Член 142

(1) Приговор на објавената пријава на трговска марка до Бирото, во рок од 90 дена од денот на објавата, може да поднесе:
1) подносител на порано пријавената трговска марка и носителот на

44

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


порано регистрирана трговска марка во смисла на членот 127 ставови (1)
до (4) на овој закон;
2) лицето кое во време на поднесувањето на пријавата за признавање на трговска марка имала фирма, под услов фирмата или битниот дел на фирмата да е идентичен или сличен со објавениот знак и под услов да произведува идентични или слични производи, односно да дава идентични или слични услуги на тие на кои објавениот знак се однесува, или кога тие стоки или услуги се предмет на дејноста на фирмата;
3) физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен со објавениот знак;
4) носител на порано заштитено право од индустриска сопственост,
ако предмет на тоа право е идентичен или сличен со објавениот знак и
5) лицето кое има авторско право на дело кое е идентично или слично со објавениот знак.
(2) Рокот за поднесување приговор од ставот 1 на овој член не може да се продолжува.
(3) Приговорот мора да биде поднесен на начин како што е утврдено со прописот кој го донесува министерот за економија.

Испитување на приговорот

Член 143

(1) Бирото проверува дали приговорот е поднесен од лицето кое има право на поднесување приговор во смисла на членот 142 став 1 на овој закон и дали приговорот е поднесен во пропишаниот рок.
(2) Ако не се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Бирото донесува заклучок за отфрлање на приговорот.
(3) Ако се исполнети условите од ставот 1 на овој член, Бирото го известува подносителот на пријавата на трговска марка за причините наведени во приговорот и го повикува во определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена да се изјасни за наведените причини.
(4) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок од ставот (3) на овој член не се изјасни за причините наведени во приговорот, Бирото ќе одлучи врз основа на наводите во приговорот.

Одлучување по приговорот

Член 144

(1) Ако подносителот на пријавата се изјасни за причините наведени во приговорот, Бирото ја испитува оправданоста на приговорот, земајќи ги предвид причините по приговорот и одговорот по приговорот.
(2) Ако Бирото утврди дека приговорот е неоснован, приговорот со решение се одбива.
(3) Решението од ставот (2) на овој член се доставува до подносителот на пријавата и до подносителот на приговорот.
(4) Ако бирото во постапката на испитување на приговорот утврди дека приговорот е основан, ја одбива пријавата на трговска марка и за тоа

45

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


му доставува решение на подносителот на пријавата и на подносителот на приговорот.

Донесување на одлука и упис во регистарот на трговски марки

Член 145

(1) Ако се исполнети условите предвидени во членот 126 став (1) и членот 127 ставови од (1) до (6) на овој закон, Бирото донесува заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на трговска марка и го повикува подносителот на пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на заклучокот да ја плати таксата за одржување на правото на трговска марка во важност за првиот десетгодишен период, трошоците за објавување на трговската марка во гласилото на Бирото и трошоците за издавање на исправа на трговска марка.
(2) Ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати таксата и трошоците од ставот (1) на овој член, Бирото донесува решение за признавање на правото на трговска марка и признаеното право се запишува во регистарот на трговски марки.
(3) Ако подносителот на пријавата не ги плати таксата и трошоците од ставот (1) на овој член, Бирото ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.

Стекнување на право на трговска марка

Член 146

(1) Правото на трговска марка се стекнува со донесување решение за признавање на правото и со упис на трговската марка во регистарот.
(2) Датумот на уписот на трговската марка во регистарот е ист со датумот на донесување на решението за признавање на трговската марка.

Објавување на трговската марка

Член 147

(1) Податоците за трговската марка се објавуваат во службеното гласило на Бирото најдоцна во рок од 90 дена од датумот на запишување на трговската марка во регистарот.
(2) Податоците кои се објавуваат во службеното гласило на Бирото се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Исправа за трговска марка

Член 148

(1) На носителот на правото на трговска марка, Бирото му издава исправа најдоцна во рок од шест месеци од датумот на донесувањето на решението за признавање на правото на трговска марка.
(2) Податоците кои ги содржи исправата за трговската марка се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

46

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Материјални права

Член 149

(1) Носителот на трговската марка има исклучително право да ја користи марката во прометот за означување на своите стоки, односно услуги.
(2) Носителот на трговската марка има право покрај трговската марка да го употребува симболот “®”.
(3) Носителот на трговската марка има право да забрани користење во прометот од страна на трети лица без негова согласност, знак кој:
1) е идентичен со трговската марка за идентични производи или услуги;
2) е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги доколку таквата сличност може да го доведе во заблуда просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација меѓу знакот и трговската марка и
3) е идентичен или сличен со трговската марка за различни производи или услуги, доколку трговската марка е позната во Република Македонија и доколку употребата на тој знак без оправдана причина се смета за нелојална конкуренција или му штети на дистинктивниот карактер или репутацијата на трговската марка.
(4) Забраната од ставот (3) на овој член опфаќа и:
1) ставање на знакот на производите или на нивните пакувања;
2) давање услуги или пуштање во промет производи одбележани со тој знак или складирање на производи со таква намера;
3) увоз или извоз на производи под тој знак и
4) користење на знакот при кореспонденција, огласување и рекламирање.

Исклучоци од забраната за користење

Член 150

(1) Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица употреба во стоковиот промет на нивните имиња, презимиња, знаци или трговски имиња, адреси, престојувалишта, податоци кои се однесуваат на видот, квалитетот, количеството, намената, вредноста, географското потекло, датумот на производство на стоките или давањето на услугите, или било кое друго обележје на стоките, без оглед на фактот што тие податоци се идентични или слични со трговската марка, или претставуваат нејзини делови, под услов да се користат во согласност со добрите деловни обичаи и да не доведуваат до нелојална конкуренција.
(2) Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица употреба во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка, ако е тоа потребно заради одбележување на намената на производите, особено на нивните резервни делови или видот на услугите кои се даваат согласно со добрите деловни обичаи и да не

47

доведуваат до нелојална конкуренција.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Право по основа на претходно користење

Член 151

(1) Носителот на порано регистрирана трговска марка нема да има право да бара поништување на подоцнежна трговска марка врз основа на своето поранешно право на првенство ниту да забрани употреба на подоцнежна трговска марка во однос на стоките и услугите за кои подоцнежната марка била користена, ако за време од пет последователни години свесно ја трпел таа употреба, освен ако подоцнежната трговска марка е заштитена несовесно.
(2) Носителот на трговска марка со подоцнежно право на првенство нема право да му ја забрани нејзината употреба на носителот на порано регистрираната трговска марка.

Исцрпување на правото

Член 152

Носителот на правото на трговска марка нема право да забрани употреба на трговска марка за стоки или услуги кои тој сам ги ставил на домашниот пазар или тие се ставени на пазарот со негово одобрение, освен ако дошло до битни промени на стоките или до влошување на својствата, или промена на карактерот на стоките или услугите по нивното ставање во промет.

Репродукција на трговската марка во публикации

Член 153

Доколку репродукцијата на регистрираната трговска марка во речници, енциклопедии или слични публикации создава впечаток дека е генеричко име на производите или услугите за кои марката е регистрирана, издавачот на публикацијата, на барање на носителот на правото на регистрираната трговска марка, ќе овозможи во првото наредно издание на публикацијата, репродукцијата на трговската марка да биде придружена со ознака дека марката е регистрирана.

Важење на трговската марка

Член 154

(1) Трговската марка важи десет години од денот на поднесување на пријавата.
(2) Важењето на трговската марка може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по десет години, под услов носителот на правото во текот на последната година од десетгодишното важење или најдоцна шест (девет) месеци од истекот на важењето до Бирото да поднесе барање за продолжување на важењето на трговската марка и да ги уплати соодветните такси и трошоци на постапката.

48

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(3) Новиот период на заштита започнува наредниот ден по истекот на последниот ден на претходниот период на десетгодишната заштита
(4) Податоците кои треба да ги содржи барањето за продолжување на важењето се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Обврска за користење на трговската марка

Член 155

(1) Носителот на трговската марка е должен заради одржување на трговската марка во важност, да ја користи во прометот на стоките и услугите за кои таа е регистрирана, освен ако постојат сериозни причини за некористењето, независно од волјата на носителот.
(2) Под користење на трговската марка во смисла на ставот (1) од овој член се подразбира и употребата на трговската марка на средствата за пакување, каталозите, проспектите, упатствата, огласите, фактурите, кореспонденцијата, средствата за електронска трговија и друго.
(3) Користењето на трговската марка во незначително изменет облик со кој не се менува динстиктивниот карактер на трговската марка и употребата на марката на производите и опремата исклучиво со цел да се извезува исто така се смета за употреба.
(4) Користењето на трговската марка од страна на друго лице со одобрение од носителот на правото ќе се смета за употреба од самиот носител.

Престанок на важење на право на трговска марка

Член 156

(1) Трговската марка престанува да важи:
1) ако истече рокот на важењето а носителот на правото во предвидениот рок не поднесе барање за продолжување на важењето на марката и не го плати пропишаниот надоместок;
2) врз основа на писмена изјава на носителот на правото со која се одрекува од правото на трговската марка и тоа наредниот ден од денот на поднесувањето до Бирото;
3) ако престанало правното лице кое е носител на правото на трговска марка - со денот на престанувањето, односно ако умрело физичкото лице кое е носител на правото на трговска марка - со денот на смртта, или ако исчезнато лице кое е носител на право на трговска марка е прогласено за умрено - со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници, односно врз наследниците на физичкото лице и
4) врз основа на судска одлука, односно акт на Бирото во случаите предвидени со овој закон - со денот определен во таа одлука, односно актот.
(2) Изјавата од ставот (1) точка 2) на овој член е без правно дејство, ако во регистарот определено право е запишано во полза на трети лица, а носителот на правото претходно не обезбедил писмена согласност од тие

49

лица.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Предмет на заштита на колективна марка

Член 157

(1) Со колективна марка се штити знак кој е наменет за заедничко означување на производите или услугите од страна на здружение или друга асоцијација на правни и физички лица.

Подносител на пријава на колективна марка

Член 158

(1) Подносител на пријавата на колективна марка може да биде домашно здружение или друга асоцијација на правни и физички лица.
(2) Под условите од овој закон, а согласно со меѓународните конвенции кои ги потпишала или кон кои пристапила Република Македонија, подносител на пријава на колективна марка може да биде и странско правно лице.

Содржина на пријавата на колективна марка

Член 159

(1) Кон пријавата на колективната марка се приложува општ акт или договор за колективната марка.
(2) Општиот акт, или договор од ставот (1) на овој член мора да содржи: фирма односно назив на подносителот на пријавата и назив на органот, односно лицето овластено да го претставува подносителот, одредби за изгледот на знакот и за производите, односно услугите на кои се однесува знакот, одредби за тоа кој има право на употреба на колективната марка и под кои услови, одредби за правата и обврските на корисниците на колективната марка во случај на повреда на трговската марка, одредби за мерките и последиците во случај на повреда на трговската марка, како и одредби за мерките и последиците во случај на непридржување кон одредбите од општиот акт или договорот.

Промени во регистарот на колективна марка

Член 160

(1) На барање на подносителот на пријавата или на носителот на колективната марка, Бирото во регистарот ја запишува секоја промена или дополнение на договорот со кој се одредува употребата на колективната марка.
(2) Правата кои произлегуваат од колективната марка не можат да се пренесуваат ниту можат да бидат предмет на лиценца.

50

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Предмет на заштита на сертификатна марка

Член 161

(1) Со сертификатна марка се штити знак кој го користат неколку трговски друштва под надзор на носителот на трговската марка и служи за заштита на квалитетот, потеклото, начинот на производство или други заеднички одлики на стоките или услугите на тие трговски друштва.
(2) Одредбата од членот 126 став 4 на овој закон нема да се применува на сертификатните марки, освен за земјоделски или прехранбени производи.

Содржина на пријавата на сертификатна марка

Член 162

(1) Кон пријавата на сертификатната марка се приложуваат правила за користење на сертификатната марка кои содржат одредби за: квалитетот, својствата и другите карактеристики на стоките или услугите, мерките за контрола кои подносителот на пријавата на сертификатната марка ќе ги користи и санкциите кои ќе ги применува.
(2) Носителот на правото на сертификатната марка не може да ја користи таа марка за означување на производите и услугите кои тој самиот ги произведува.

Меѓународна регистрација

Член 163

(1) Носителот на трговска марка, односно подносителот на пријавата за признавање на трговска марка, може да поднесе барање за меѓународна регистрација на трговската марка согласно со меѓународните договори и конвенции кон кои пристапила Република Македонија.
(2) За сите прашања кои не се уредени со тие договори ќе се применуваат одредбите од овој закон.
(3) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува преку Бирото, во постапка утврдена со прописот кој го донесува министерот за економија.
(4) За потребите на меѓународните регистрации на трговските марки, според Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на марки, објавата на пријавата пропишана во членот 141 на овој закон се заменува со објава на меѓународната регистрација во службеното гласило на Светската организација за интелектуална сопственост.
(5) Рокот за поднесување приговор против признавањето на меѓународно регистрирана трговска марка за Република Македонија тече
од првиот ден во месецот кој следува по месецот на издавањето на службеното гласило на Светската организација за интелектуална сопственост во кое таа трговска марка е објавена.

51

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

IV. ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО НА ПРОИЗВОДОТ И ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА Предмет на заштита

Член 164

(1) Географскиот назив се штити со ознака на потеклото на производот и географска ознака.
(2) Со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје.

Ознака на потекло

Член 165

Ознаката на потеклото е географскиот назив на земјата, регионот или местото со кој се означува производот кој потекнува од тоа подрачје и чиј квалитет и посебни својства исклучиво или претежно се условени од географската средина вклучително и природните и човечките фактори и чие производство, преработка и подготовка во целина се одвиваат на одредено ограничено подрачје на потеклото.

Географска ознака

Член 166

(1) Географска ознака е географскиот назив на земјата, регионот или местото со кој се означува производот чиј квалитет, угледот или други карактеристики во суштина можат да се припишат на географското потекло.
(2) Географската ознака, за еден производ, може да се штити под услов производството и/или постапката и/или подготовката на производот да се одвива во определено место на потеклото.
(3) Географските називи кои не ги исполнуваат условите за заштита како ознака на потеклото, можат да се заштитат како географски ознаки.

Потекло на суровините

Член 167

Производот може да се одбележува со географска ознака и кога суровините за негово производство потекнуваат од пошироко подрачје или надвор од подрачјето на преработка, под услов:
1) определеното подрачје за производство на суровини да е ограничено или да постојат посебни услови за производство на суровини и
2) за квалитетот и посебните својства на производот да е решавачки традиционалниот начин на производство, односно човечкиот фактор.

52

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Традиционални називи

Член 168

Со ознаката на потеклото, односно со географската ознака може да се штити и географски назив на определена земја, регион или место, кој со долга употреба во прометот станал општопознат како назив за производот кој потекнува од таа територија, како и традиционалниот географски или негеографски назив кој упатува на определено потекло на производот, а ги исполнува условите од членот 165, односно членот 166 став (2) на овој закон.

Подрачје на заштита

Член 169

Географскиот назив може да се употреби за одбележување на природни производи, земјоделски производи, индустриски производи, занаетчиски производи и производи од домашна ракотворба.

Исклучување од заштита

Член 170

(1) Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се штити називот на местото на потеклото на производот:
1) кој не ги исполнува условите пропишани со овој закон;
2) кој е спротивен на законот и моралот;
3) кој со својата содржина може да создаде забуна во поглед на видот, потеклото, квалитетот, начинот на производството или други својства на производот;
4) кој е еднаков на називот на растителна сорта или животинска раса, во случај кога тоа би ја довело јавноста во заблуда во поглед на географското потекло и
5) кој е идентичен или сличен на географскиот назив или трговската марка порано регистрирани за идентични или слични производи, кога постои веројатност потрошувачите да се доведат во заблуда.

Забрана за заштита

Член 171

(1) Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се заштити називот на местото на потекло за производот кој со долга употреба во прометот станал општопознат за обележување на определен вид производи.
(2) Називот на местото на потекло заштитен со географска ознака,
односно со ознака на потеклото, не може да стане генерички.

53

Хомоними

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 172

Ако називите на две или повеќе места на потекло на производите се еднакви или скоро еднакви во пишана форма, заштитата на таквите називи со географска ознака или ознака на потеклото ќе им биде одобрена на сите лица кои ги исполнуваат условите предвидени со овој закон и на начин утврден со прописот кој го донесува министерот за економија, врз принципите на рамноправност на производителите на пазарот и вистинското информирање на потрошувачот, со исклучок кога тоа би довело до заведување на јавноста во поглед на географското потекло.

Еднаков третман на домашни и странски лица

Член 173

(1) Географски назив може да се штити и во полза на странско физичко или правно лице како и да се изврши упис на овластен корисник на заштитениот географски назив само ако тие права им се признаени во земјите на потеклото и ако ги исполнуваат условите предвидени со овој закон.
(2) Правата од ставот (1) на овој член странските физички и правни лица можат да ги уживаат во случај кога тоа произлегува од меѓународните договори кои ги ратификувала Република Македонија или врз основа на билатерален договор за заемна заштита ако е така предвидено со прописите на земјата од која потекнува лицето.
(3) Географскиот назив кој веќе е заштитен со географска ознака, односно ознака на потеклото во Република Македонија може да се штити и во странство врз основа на билатерални договори за заемна заштита или меѓународни договори кои ги ратификувала Република Македонија.
(4) Пријава за заштита надвор од земјата може да поднесат само корисниците на географските називи кои се запишани во соодветниот регистар на Бирото.

Поведување постапка

Член 174

Постапка за заштита на географски назив, односно за признавање на правото на користење на заштитен географски назив се поведува со пријава која содржи барање за заштита на географскиот назив, односно барање за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив и други прилози пропишани со овој закон.

Пријава на странско лице

Член 175

Странските лица кога ја поднесуваат пријавата, во прилог на барањето за признавање на географски назив приложуваат препис на

54

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


јавна исправа или друг правен акт на службениот јазик на земјата на потеклото, како доказ дека географскиот назив е заштитен во таа земја како и заверен превод на македонски јазик.

Единственост на пријавата

Член 176

Со една пријава може да се побара заштита, односно право на користење само на еден географски назив кој се однесува само на еден вид производ.

Подносител на пријава

Член 177

Пријавата за заштита на географскиот назив можат да ја поднесат:
- физички и правни лица кои произведуваат определен производ и форми на здруженија кои можат да стекнуваат право и преземаат обврски во однос на заштитата, односно правото на користење и
- државен орган, единица на локална самоуправа и коморите заинтересирани за заштита на географските називи на подрачјето на нивното дејствување.

Содржина на пријавата

Член 178

(1) Пријавата за заштита на географски назив содржи барање за заштита на географскиот назив со назнака дека се бара заштита со ознака на потеклото или со географска ознака.
(2) Пријавата за заштита на географски назив со ознака на потеклото покрај барањето за заштита на географски назив содржи елаборат за производот кој ќе се означува со географскиот назив.
(3) Пријавата за заштита на географскиот назив со географска ознака покрај барањето за заштита на географскиот назив содржи спецификација за производот кој ќе се означува со географски назив.
(4) Содржината на барањето за заштита на географскиот назив елаборатот и спецификацијата се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Елаборат

Член 179

(1) Елаборатот го изработува институција која ги исполнува условите предвидени со прописот кој го донесува министерот за економија.
(2) Контролата на посебните својства на производот може да ја врши институцијата која го изработила елаборатот или друга институција која ги исполнува условите предвидени со прописот кој го донесува министерот за економија, за што издава доказ.
(3) Подносителот на пријавата за заштита на географски назив со

55

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


географска ознака ја изработува спецификацијата и гарантира за податоците внесени во истата.

Регистар на пријави

Член 180

(1) Бирото води регистар на пријави за заштита на географските називи и регистар на пријави за користење на заштитените географски називи, регистар на заштитени географски називи и регистар на корисници на заштитени географски називи.
(2) Содржината на регистрите од ставот (1) на овој член е утврдена со пропис кој го донесува министерот за економија.
(3) Заинтересираните лица можат да ги разгледаат заштитените географски називи и овластените корисници на тие називи, само во присуство на службено лице.
(4) На писмено барање од заинтересираните лица и уплата на определена такса, Бирото издава извод од регистрите.

Стекнување на правото

Член 181

(1) Заштита на називот на местото на потеклото за производите со географската ознака, односно со ознака на потеклото се врши со донесување на решение и упис на географскиот назив на производот и видот на производот на кој се однесува тој назив во регистарот на заштитени географски називи.
(2) Правото на користење заштитени географски називи се стекнува со издавање решение за признавање на правото и со упис во регистарот на корисници на заштитени географски називи.

Траење на правото

Член 182

(1) Заштитата на географските називи трае неограничено.
(2) Правото на користење на заштитените географски називи трае пет години и може да се продолжува на секои пет години без ограничување. Носителот на правото е должен пред истекот на петтата година да поднесе барање за продолжување на правото на начин утврден со прописот кој го донесува министерот за економија.
(3) Правото за користење на заштитени географски називи ќе се продолжи ако се исполнети условите за признавање на тоа право, во спротивно правото престанува да важи на денот кога ќе истече петтата година од неговото траење. Уписот на продолженото право во регистар се врши на начин утврден со прописот кој го донесува министерот за економија.

56

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Право на користење

Член 183

(1) Ознаката на потеклото е колективно право и можат да го користат исклучиво правни и физички лица, кои:
1) имаат производ чиј географски назив е заштитен со ознака на потеклото;
2) производниот процес во целост го извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во елаборатот и
3) се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа ознака на потеклото.
(1) Географската ознака е колективно право и може да ја користат правни и физички лица, кои:
1) имаат производ чиј географски назив е заштитен со географска ознака;
2) производството и/или преработката и/или подготовката на производот ја извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во спецификацијата и
3) се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа географска ознака.

Содржина на пријавата за признавање на правото на користење

Член 184

(1) Пријавата за признавање на правото на користење (во натамошниот текст: “пријава”) содржи:
1) барање за признавање на правото на користење на заштитен географски назив,
2) доказ за вршење определена дејност и
3) доказ за извршена контрола, кога се бара заштита со ознака на потеклото, односно изјава од подносителот, кога се бара заштита со географска ознака.
(2) Содржината на Барањето за признавање на правото на овластен корисник на заштитениот географски назив, како и доказите и изјавата од ставот (1) на овој член, се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Испитување на пријавата

Член 185

(1) Ако пријавата не ги содржи сите потребни состојки и прилози согласно со овој закон и прописот кој го донесува министерот за економија, Бирото го повикува подносителот на пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци.
(2) На образложено барање од подносителот на пријавата може од оправдани причини рокот од ставот (1) на овој член да се продолжи

57

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


најмногу уште за 30 дена.
(3) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ја уреди пријавата или не ги плати трошоците кои е должен да ги плати за уредување на пријавата, Бирото со заклучок ќе ја отфрли пријавата за заштита на географскиот назив, односно пријавата за признавање на правото на овластен корисник.

Исполнување на условите

Член 186

Ако согласно со овој закон и прописот кој го донесува министерот за економија, Бирото утврди дека пријавата е уредна, продолжува со испитување на пријавата во смисла дали таа ги исполнува со законот предвидените услови за заштита на географскиот назив, односно за признавање на правото на овластен корисник.

Постапка по пријавата и одлучување

Член 187

(1) Ако Бирото утврди дека пријавата не ги исполнува условите за заштита на географскиот назив, односно за признавање на правото на овластен корисник на заштитениот географски назив, писмено ќе го извести подносителот на пријавата за причините заради кои не може да го заштити географскиот назив, односно да го признае правото на овластен корисник и ќе го повика подносителот на пријавата во рок од 90 дена од денот на приемот на известувањето да се изјасни за причините.
(2) На образложено барање од подносителот на пријавата може, од оправдани причини, рокот од ставот (1) на овој член да се продолжи најмногу уште за 90 дена.
(3) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок воопшто не се изјасни или ако се изјасни, а Бирото утврди дека не може да се заштити географскиот назив, односно да се признае правото на овластен корисник на заштитениот географски назив, со решение ќе го одбие барањето за заштита на географскиот назив, односно барањето за признавање на правото на овластен корисник на географскиот назив.
(4) Ако во случајот од ставот (3) на овој член е во прашање пријава за ознака на потеклото која ги исполнува условите да биде признаена како географска ознака, односно пријава за признавање на правото на користење на ознаката на потеклото која ги исполнува условите за признавање на право на користење на географската ознака, Бирото ќе го извести подносителот на пријавата и со негова согласност географската ознака ќе се регистрира, односно ќе се признае правото на користење на географската ознака.

58

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Донесување решение и известување

Член 188

(1) Ако пријавата за заштита на географскиот назив ги исполнува условите предвидени со овој закон, Бирото ќе донесе решение за заштита на географскиот назив и истиот го запишува во регистарот на заштитени географски називи.
(2) Ако пријавата за признавање на правото на овластен корисник на географскиот назив ги исполнува, условите предвидени со овој закон, Бирото со заклучок ќе го повика подносителот на пријавата, во рок од 30 дена од денот на приемот на заклучокот да ја плати таксата за признавање на правото за овластен корисник на географскиот назив за првите пет години, трошоците за објавување на податоците за признаеното право на користење на заштитениот географски назив, како и за издавање исправа и да достави доказ за извршените уплати.
(3) Ако подносителот на пријавата во определениот рок од ставот (2) на овој член не достави доказ за извршените уплати, Бирото со заклучок ќе ја отфрли пријавата за признавање на правото на овластен корисник на заштитениот географски назив.

Запишување во регистарот

Член 189

Ако подносителот на пријавата достави докази за извршената уплата од членот 188 став (2) на овој закон, Бирото донесува решение за признавање на правото на овластен корисник и го запишува во регистарот на корисници на заштитените географски називи и во регистарот за заштитени географски називи.

Објавување на заштитениот географски назив

Член 190

(1) Објавувањето на заштитениот географски назив во службеното гласило на Бирото се врши по службена должност.
(2) Податоците за заштитениот географски назив кои се објавуваат во службеното гласило се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Објавување на податоците за овластен корисник

Член 191

(1) По извршената уплата на трошоците за објавување од страна на носителот на правото за овластен корисник, Бирото ги објавува податоците за признаеното право на овластен корисник во службеното гласило.
(2) Податоците за признаеното право на овластен корисник кои се објавуваат во службеното гласило се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

59

Исправа

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 192

(1) На овластениот корисник на географската ознака на потеклото, Бирото му издава исправа за признаено право на овластен корисник, во рок од шест месеци од денот на донесувањето на решението.
(2) Податоците кои ги содржи исправата од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Права на корисникот

Член 193

(1) Корисникот на заштитениот географски назив има право истиот да го користи за означување исклучиво за оној вид производ кој е запишан во регистарот на заштитени географски називи на Бирото.
(2) Правото на користење се однесува и на употребата на заштитениот географски назив врз средствата за пакување, деловните исправи и рекламните материјали.
(3) Начинот на означување на производите чии географски називи се заштитени се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Непрометност

Член 194

(1) Заштитениот географски назив со договор не може да се пренесува, да се отстапува на користење, да се заложува и слично.
(2) Ако заштитениот географски назив е предмет на порано пријавена или регистрирана трговска марка, таквата трговска марка не може да се пренесува, отстапува, дава во залог и друго.

Забрана

Член195

(1) Корисниците на географските називи можат да поднесат барање да се забрани:
1) директно или индиректно неовластено користење на заштитениот географски назив за исти или слични производи заради стекнување имотна корист;
2) означување на производите кои не потекнуваат од местото на потеклото назначено со заштитениот географски назив дури и кога е назначено вистинското потекло, кога е употребен нејзиниот превод или кога се користи во придружба на дополнителни изрази, како род, вид, тип, имитација и друго;
3) секоја форма на користење на заштитениот географски назив која нанесува штета на угледот или го искористува угледот на заштитениот географски назив;

60

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


4) секое користење на невистинита информација која би го довела во заблуда потрошувачот во поглед на географското потекло, квалитетот или својствата на производот, а се става на пакувањето, деловните исправи или на други документи, со што остава погрешен впечаток за вистинското потекло и
5) секоја друга примена која би можела да го доведе потрошувачот во заблуда во врска со географското потекло на производот.

Слободно користење

Член 196

(1) Овластените корисници на заштитените географски називи не можат да бараат забрана заради повреда на правото кога заштитениот географски назив се користи со цел за известување и едуцирање на јавноста на начин кој не им штети на нивните интереси.
(2) Употребата на географските називи за целите од ставот (1) на овој член се врши без надоместок.

Промени во регистарот

Член 197

(1) На барање на подносителот на пријавата или на овластениот корисник на заштитениот географски назив, Бирото ги впишува во соодветниот регистар сите промени кои се во врска со признаеното право на овластен корисник, кои настанале по поднесувањето на пријавата или по признавањето на правото, под услов тие да соодветствуваат на вистинската состојба.
(2) Доколку барањето се однесува на значајни промени во обемот на производството, со барањето се доставува и доказот од членот 178 ставови (2) и (3) на овој закон, не постар од 90 дена.
(3) Промените запишани во регистарот на овластените корисници се објавуваат во службеното гласило на Бирото.
(4) Податоците кои треба да ги содржи барањето за впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува министерот за економија.

Услови за укинување на правото на користење

Член 198

Решението за признавање на правото на користење на заштитениот географски назив може да се укине ако се утврди дека престанале да постојат условите за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив предвидени со овој закон. Во постапката, по барањето за укинување на решението за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив, овластениот корисник на заштитениот географски назив е должен да докаже дека постојат услови за признавање на правото.

61

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Барање за укинување на решението

Член 199

(1) Решението за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив може да се укине по службена должност, на барање на заинтересирано лице или јавен обвинител.
(2) Барањето за укинување решение од ставот (1) на овој член се поднесува во писмена форма до Бирото.
(3) Кон барањето од ставот (2) на овој член, подносителот е должен да ги достави потребните докази.
(4) Бирото е должен во рок од 15 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото на користење и да го повика да се изјасни во рок од 30 дена од приемот на известувањето.

Продолжување на постапката за укинување на решението

Член 200

(1) Ако подносителот на барањето за укинување на решението за признавање на правото за користење на заштитен географски назив во текот на постапката се откаже од барањето, Бирото може да продолжи со постапката по службена должност.
(2) На лицето кое е запишано како овластен корисник во соодветните регистри му престанува правото за користење на заштитениот географски назив следниот ден од денот на правосилното решение за укинување на тоа право.

V. СУДСКА ЗАШТИТА

Повреда на правата

Член 201

(1) Лицето кое ќе ги повреди правата од индустриска сопственост уредени со овој закон, одговара за штета според општите правила за надоместување на штетата.
(2) Лицето чиешто право е повредено, покрај надоместокот на штетата, може да бара судот да му наложи на лицето кое ги повредило неговите права да се воздржи од натамошна повреда, да му ги одземе и уништи производите кои се произведени или ставени во промет со кои се врши повреда на правото, да бара доставување на документацијата и податоците од лицето кое го повредило правото и да се објави пресудата со која се утврдува повредата во средствата за јавно информирање, на трошок на тужениот.

62

Тужба

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 202

(1) Тужба за повреда на правата уредени со овој закон може да поднесе подносителот на пријавата, носителот на правото како и стекнувачот на исклучителна лиценца, овластениот корисник на географската ознака, односно ознаката на потеклото на производот и овластениот корисник на колективната и сертификатната (гарантната) трговска марка.
(2) Постапката поради повреда на правото од пријавен патент, индустриски дизајн, трговска марка и користење на географска ознака, односно ознака на потеклото на производот, судот може да ја прекине до донесувањето на решение за признавање на соодветното право од Бирото.
(3) Како повреда на пријавените и признаените права уредени со овој закон се смета секое неовластено користење, располагање, ограничување, имитирање, асоцијација, вознемирување на правата и слично, спротивно на одредбите од овој закон.
(4) За имитирање, во смисла на ставот (3) од овој член се смета ако просечниот купувач на стоки односно услуги, без оглед на видот на производите може да ја согледа разликата само ако обрне посебно внимание, односно ако кај трговската марка се работи за превод или транскрипција, односно транслитерација.
(5) Со тужбата која се однесува на повреда на правото од патент, тужителот е должен да достави соодветен писмен доказ, согласно со членот 54 од овој закон.
(6) Судот може да го определи рокот во кој тужителот треба да го достави доказот од ставот (5) на овој член.
(7) Ако доказот од ставот (5) на овој член не биде поднесен во рокот којшто го определил судот, тужбата ќе се отфрли.

Рок за поднесување тужба

Член 203

Тужба за повреда на правата уредени со овој закон може да се поднесе во рок од три години од денот кога тужителот дознал за повредата и за сторителот, а најдоцна во рок од пет години од сторената повреда.

Итност на постапката

Член 204

Постапката по тужбата за повреда на правата уредени со овој закон е итна.

63

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Огласување на носителот на патент, односно индустриски дизајн

Член 205

Пронајдувачот, односно авторот, неговиот наследник или друг правен следбеник може со тужба кај надлежниот суд да бара за сето време на траењето на патентот односно индустрискиот дизајн, судот да го огласи за носител на патентот, односно индустрискиот дизајн, ако патентот односно индустрискиот дизајн е издаден на име на лице кое не е пронајдувач односно автор, негов наследник или друг правен следбеник.

Запишување во регистарот

Член 206

(1) Во рок од 90 дена од денот на доставувањето на правосилната судска одлука со која е уважено тужбеното барање, тужителот може да бара да се запише во соодветниот регистар како носител на патентот, односно индустрискиот дизајн и за тоа Бирото да му издаде соодветна исправа.
(2) Ако лицето на кое му е уважено тужбеното барање во рокот од ставот (1) на овој член не поднесе барање да се запише во соодветниот регистар како носител на правото што му е признаено, запишаното право ќе се избрише од соодветниот регистар.

Права на трети лица

Член 207

Правата со кои трето лице се стекнало од поранешниот носител на правата, важат и спрема новиот носител на правата, ако биле запишани во соодветен регистар или уредно пријавени за запишување пред започнување на спорот.

Наведување во пријавата и во други исправи

Член 208

(1) Пронајдувачот на патентот, односно авторот на индустрискиот дизајн, може со тужба кај надлежниот суд да бара да биде наведен во пријавата и во сите исправи.
(2) Со смртта на пронајдувачот, односно авторот од ставот (1) на овој член, правото на тужба преминува врз неговите наследници.

Барање за објавување на пресудата

Член 209

(1) Покрај барањето од членот 201 став (2) на овој закон, тужителот може да бара правосилната пресуда со која нему му е признаено правото дека е пронајдувач, односно автор јавно да се објави на трошок на тужениот.

64

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(2) Покрај барањето од ставот (1) на овој член, тужителот може да бара и надомест на нематеријална штета.

До кога може да се поднесе тужба

Член 210

Тужбата за повреда на правото од патент и индустриски дизајн може да се поднесе од денот на поднесувањето на пријавата како и за сето време на траењето на патентот, односно индустрискиот дизајн.

Повреда на морално право

Член 211

При повреда на моралното право судот може да му досуди на пронајдувачот, односно на авторот да му се исплати соодветен надоместок за претрпена повреда на неговата личност, чест и углед, односно за неимотна штета доколку утврди дека околностите на случајот, посебно степенот на повредата и нејзиното траење, тоа го оправдуваат.

Оспорување на правото на трговска марка

Член 212

(1) Правно или физичко лице може со тужба за утврдување да бара од судот да утврди дека знакот што го употребува во прометот за одбележување на своите стоки, односно услуги е идентичен или сличен со трговската марка што ја употребува друго правно или физичко лице за одбележување на своите стоки, односно услуги од ист или сличен вид и дека тој знак бил општопознат како обележје на стоките, односно услугите на тужителот уште пред туженикот да поднесе пријава за трговска марка.
(2) Тужителот може да бара од судот него да го огласи за носител на трговската марка.
(3) Тужбата од ставот (1) на овој член судот нема да ја уважи ако тужениот- носителот на трговската марка докаже дека уште пред поднесувањето на пријавата го употребувал спорниот знак за ист или сличен вид стоки, односно услуги и тоа исто толку колку и тужителот или подолго отколку тужителот.
(4) Тужбата од ставот (1) на овој член не може да се поднесе по истекот на пет години од денот на уписот на трговската марка во регистарот на трговски марки.

VI. МЕРКИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Привремени мерки

Член 213

Лицето кое може да поднесе тужба за повреда на неговите права уредени со овој закон, може да поднесе предлог судот да дозволи

65

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


привремени мерки, под услови и на начин предвидени со одредбите од
Законот за извршната постапка.

Доставување податоци и други документи

Член 214

(1) Носителот на правото може да бара од лицата кои имаат било каква врска со повредата на правата уредени со овој закон (произведувач, печатар, увозник, дистрибутер, консигнатор, сопственик, продавач, имател на примероци, предмети или средства со кои било повредено правото или други лица), без одлагање да му ги достават податоците и документите во врска со повредата.
(2) Доколку лицата од ставот (1) на овој член не ги достават податоците или документите со кои располагаат, одговараат за надоместок на штета што настанува заради недоставувањето.
(3) Доколку носителот на правото од ставот (1) на овој член ги злоупотреби податоците, односно документите кои ги прибавил од лицата од ставот (1) на овој член, а со тоа им причинил штета, должен е да им ја надомести причинетата штета според општите одредби за надоместок на штета.

Царински мерки

Член 215

(1) Доколку носителот па правото пријави дека со увозот на определена стока во Република Македонија се повредуваат правата уредени со овој закон, царинските органи, на негово барање, можат да ги определат следниве мерки:
1) овластеното лице од царината во придружба на носителот на правото или неговиот застапник да ја прегледа стоката што е предмет на увозот и истата да се исклучи од прометот или да се складира на безбедно место, ако увозникот нема соодветен веродостоен доказ за производство на стоката што се увезува.
(2) На барање на царинските органи или на увозникот, носителот на правото е должен да положи кауција за евентуалната штета што би настанала со дозволувањето на мерките од ставот (1) на овој член.
(3) Царинските органи се должни за донесените мерки веднаш да ги известат увозникот и примачот на стоката.
(4) Царинските органи ќе ги укинат донесените мерки од ставот (1) на овој член, доколку носителот па правото во рок од осум дена не поднесе тужба до надлежниот суд за повреда на правото.

Граѓанска казна

Член 216

(1) При повреда на правата стекнати врз основа на овој закон, ако правата се повредени со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара исплата на вообичаениот надоместок, зголемен за

66

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


200%, независно дали заради повредата претрпел имотна штета во тој износ.
(2) При одлучувањето по барањето за плаќање казна од ставот (1) на овој член и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, посебно степенот на вината на тужениот, износот, вообичаениот надомест, како и превентивната цел на казната.
(3) Доколку имотната штета е помала од казната, носителот на правото има право да бара разлика до целосно обесштетување.

VII. ПРОМЕТЛИВОСТ НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ Договор за пренос

Член 217

(1) Подносителот на пријавата на право од индустриска сопственост и носителот на правото, со договор во целина или делумно може да го пренесат своето право под условите предвидени со овој закон и со друга прописи.
(2) Договорот за пренос на правото мора да биде составен во писмена форма и потписите на договорите страни да бидат заверени од нотар.
(3) Договорот од ставот (2) на овој член по барање на една од договорните страни, се запишува во соодветен регистар кој се води во Бирото.
(4) Договорот од ставот (2) на овој член кој не е составен во писмена форма и не е заверен од нотар не произведува правно дејство.

Договор за лиценца

Член 218

(1) Подносителот на пријавата на право на индустриска сопственост и носителот на правото, може со договор за лиценца да го отстапат на користење тоа право.
(2) Договорот за лиценца мора да биде составен во писмена форма. (3) Ако пријава на патент поднеле повеќе лица или ако носители на
патент се повеќе лица, за склучување на договорот за лиценца е потребна согласноста од сите тие лица.
(4) Договорот за лиценца кој не е составен во писмена форма не произведува правно дејство.
(5) Договорот за лиценца што не е запишан во соодветниот регистар на Бирото не произведува дејство спрема трети лица.

Елементи на договорот за лиценца

Член 219

(1) Договорот за лиценца мора да содржи одредби за: времето на траење на лиценцата, обемот на лиценцата, назначување дали лиценцата

67

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


е исклучителна, како и висината на надоместокот за отстапеното користење на правото, ако надоместокот е договорен.
(2) Договорот од ставот (1) на овој член по барање на една од договорните страни се запишува во соодветен регистар кој се води во Бирото.

Ништовност на договорот за лиценца

Член 220

Во договорот за лиценца ништовна е секоја одредба која на корисникот на лиценцата му поставува ограничувања кои не произлегуваат од правото што е предмет на договорот или која е непотребна за зачувување на тоа право.

VIII. ПРЕСТАНОК НА ПАТЕНТ И ТРГОВСКА МАРКА ВО СЛУЧАЈ НА НЕКОРИСТЕЊЕ

Престанок на патент

Член 221

(1) Ако со присилна лиценца не можела да се постигне целта поради која лиценцата била издадена по барање на заинтересирано правно или физичко лице, а по претходно прибавено мислење на органот на управата надлежен за областа во која патентираниот пронајдок треба да се примени, може да се донесе решение за престанок на патентот.
(2) Барањето за престанок на патентот не може да се поднесе пред истекот на две години од денот на давањето на првата присилна лиценца.
(3) Барањето од ставот (2) на овој член се поднесува во писмена форма до Бирото.
(4) Бирото е должно во рок од 15 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото и да го повика да се изјасни во
рок од 30 дена од приемот на известувањето.

Престанок на трговска марка

Член 222

(1) Ако носител на правото на трговската марка без оправдани причини не ја користи трговската марка за означување на производите, односно услугите на кои таа се однесува подолго од пет години непрекинато од денот на уписот на трговската марка во регистарот, односно од денот кога трговската марка била последен пат користена, на барање на заинтересирано лице може да се донесе решение за престанок на таа трговска марка.
(2) Во постапката по барањето за престанок на трговската марка, носителот на правото на трговската марка е должен да докаже дека ја користи трговската марка.
(3) Правото на колективна трговска марка може да престане и ако

68

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


таа се употребува спротивно на општиот акт или договор за колективна трговска марка.
(4) Барањето од ставовите (1) и (3) на овој член се поднесува во писмена форма до Бирото.
(5) Бирото е должно во рок од 15 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото и да го повика да се изјасни во рок од 30 дена од приемот на известувањето.

Решение за престанок на правото

Член 223

(1) Патентот и трговската марка, престануваат да важат со денот на правосилноста на решението за престанок што го донесува Бирото.
(2) Решението од ставот (1) на овој член се објавува во службеното гласило на Бирото.

IX. ОГЛАСУВАЊЕ ЗА НИШТАВНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Ништовност на решение

Член 224

(1) Решение за признавање на правото на индустриска сопственост уредено со овој закон ќе се огласи за ништовно ако се утврди дека со овој закон не се предвидени услови за признавање на тоа право.

Постапка по предлогот

Член 225

(1) Решението за признавање на правото може да се огласи за ништовно за сето време на траење на заштитата и тоа по службена должност, на барање на заинтересирано лице или на предлог од јавниот обвинител.
(2) Предлогот за огласување ништовно решение се поднесува во писмена форма до Бирото.
(3) Кон предлогот од ставот (2) на овој член подносителот е должен да ги достави потребните докази.
(4) Бирото е должно во рок од 15 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото и да го повика да се изјасни во определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена од приемот на известувањето.

Откажување од предлогот

Член 226

Ако подносителот на предлогот се откаже во текот на постапката од својот предлог да се огласи за ништовно решението за признавање на

69

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


правото со кое се штити пронајдок, Бирото може да ја продолжи постапката по службена должност или на барање од носителот на тоа право.

X. ЗАСТАПУВАЊЕ

Член 227

(1) Застанувањето на странките во постапката за заштита на правата од индустриска сопственост пред Бирото за индустриска сопственост можат да го вршат физички и правни лица кои се запишани во регистар што го води Бирото.
(2) Во регистарот од ставот (1) на овој член можат да се запишат:
- физичко лице кое има завршено правен или еден од техничките факултети и положен специјалистички испит од областа на индустриската сопственост или посебен испит од областа што се регулира со овој закон, положен во Бирото и
- правно лице кое има вработено најмалку едно лице со завршен правен или еден од техничките факултети кое ги исполнува и условите од алинеја 1 на овој став.
(3) Министерот за економија го пропишува регистарот на застапниците од ставот (1) на овој член и содржината на стручниот испит од ставот (2) точка 1) на овој член.

XI. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 228

(1) Со парична казна од 150.000,00 до 300.000,00 денари ќе се казни за прекршок правното лице:
1) ако неовластено се занимава со застапување на странски правни и физички лица (член 16 од овој закон);
2) ако неовластено користи пријавен или заштитен пронајдок (член
202 ставови (3) и (4) од овој закон);
3) ако неовластено користи или имитира пријавен или заштитен индустриски дизајн (член 202 ставови (3) и (4) од овој закон);
4) ако неовластено користи или имитира пријавена или заштитена трговска марка (член 202 ставови (3) и (4) од овој закон);
5) ако неовластено користи или имитира добро позната трговска марка (член 202 ставови (3) и (4) од овој закон);
6) ако неовластено користи или имитира заштитен географски назив
(член 202 ставови (3) и (4) од овој закон) и
7) ако на барање на носителот на правото, не ги достави документите и податоците во врска со повреда (член 202 став 5 од овој закон).
(2) За прекршок од ставот (1) на овој член ќе се казни со парична казна од 25.000,00 до 50.000,00 денари и одговорното лице во правното лице.

70

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од шест месеци до една година.
(4) Со парична казна од 10.000,00 до 50.000,00 ќе се казни за прекршок граѓанин кој самостојно врши стопанска или професионална дејност, а нема својство на правно лице, ако стори некое од дејствијата од членот 228 на овој закон.
(5) Со парична казна од 10.000,00 до 50.000,00 ќе се казни за прекршок физичко лице ако стори некое од дејствијата од членот 228 на овој закон.
(6) За прекршокот од ставот (1) на овој член на физичкото лице ќе му се изрече заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од шест месеци до една година.

XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Донесување на подзаконските акти

Член 229

Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Постапки во тек

Член 230

(1) За започнатите постапки за признавање на правата од индустриска сопственост кои до денот на влегувањето во сила на овој закон не завршиле ќе се применуваат прописите коишто важеле до влегувањето во сила на овој закон.
(2) Постапките за повреда на правата од индустриска сопственост кои до денот на влегувањето во сила на овој закон не се завршени, ќе се завршат според прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.
(3) Постапките за огласување за ништовно решение за признавање на правата од индустриска сопственост кои до денот на влегувањето во сила на овој закон не завршиле ќе се завршат според прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.
(4) За пријавите на патент за растителна сорта и хибрид за кои постапката не е завршена до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе се применуваат прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.
(5) Одредбите од членот 66 став (2) на овој закон, за продолжување на рокот на важење за патенти со дополнителен сертификат ќе се применуваат на пријавите поднесени во Бирото по денот на влегувањето во сила на овој закон.
(6) Правата на патент за растителна сорта и хибрид кои се во важност на денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да

71

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


важат според прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.
(7) За правата на моделите, односно мострите кои се во важноста на денот на влегувањето во сила на овој закон, во однос на времетраењето на важноста ќе се применуваат одредбите од овој закон.

Престанок на важење

Член 231

Со денот на отпочнување на примената на овој закон, престанува да важи Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 45/93).

Влегување во сила

Член 232

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јули
2003 година.

72


Législation est modifié(e) par (1 texte(s)) est modifié(e) par (1 texte(s)) est abrogé(e) par (1 texte(s)) est abrogé(e) par (1 texte(s)) Est remplacé(e) par (3 texte(s)) Est remplacé(e) par (3 texte(s))
Traités Se rapporte à (6 documents) Se rapporte à (6 documents)
Aucune donnée disponible

N° WIPO Lex MK033