À propos de la propriété intellectuelle Formation en propriété intellectuelle Respect de la propriété intellectuelle Sensibilisation à la propriété intellectuelle La propriété intellectuelle pour… Propriété intellectuelle et… Propriété intellectuelle et… Information relative aux brevets et à la technologie Information en matière de marques Information en matière de dessins et modèles industriels Information en matière d’indications géographiques Information en matière de protection des obtentions végétales (UPOV) Lois, traités et jugements dans le domaine de la propriété intellectuelle Ressources relatives à la propriété intellectuelle Rapports sur la propriété intellectuelle Protection des brevets Protection des marques Protection des dessins et modèles industriels Protection des indications géographiques Protection des obtentions végétales (UPOV) Règlement extrajudiciaire des litiges Solutions opérationnelles à l’intention des offices de propriété intellectuelle Paiement de services de propriété intellectuelle Décisions et négociations Coopération en matière de développement Appui à l’innovation Partenariats public-privé Outils et services en matière d’intelligence artificielle L’Organisation Travailler avec nous Responsabilité Brevets Marques Dessins et modèles industriels Indications géographiques Droit d’auteur Secrets d’affaires Académie de l’OMPI Ateliers et séminaires Application des droits de propriété intellectuelle WIPO ALERT Sensibilisation Journée mondiale de la propriété intellectuelle Magazine de l’OMPI Études de cas et exemples de réussite Actualités dans le domaine de la propriété intellectuelle Prix de l’OMPI Entreprises Universités Peuples autochtones Instances judiciaires Ressources génétiques, savoirs traditionnels et expressions culturelles traditionnelles Économie Financement Actifs incorporels Égalité des genres Santé mondiale Changement climatique Politique en matière de concurrence Objectifs de développement durable Technologies de pointe Applications mobiles Sport Tourisme PATENTSCOPE Analyse de brevets Classification internationale des brevets Programme ARDI – Recherche pour l’innovation Programme ASPI – Information spécialisée en matière de brevets Base de données mondiale sur les marques Madrid Monitor Base de données Article 6ter Express Classification de Nice Classification de Vienne Base de données mondiale sur les dessins et modèles Bulletin des dessins et modèles internationaux Base de données Hague Express Classification de Locarno Base de données Lisbon Express Base de données mondiale sur les marques relative aux indications géographiques Base de données PLUTO sur les variétés végétales Base de données GENIE Traités administrés par l’OMPI WIPO Lex – lois, traités et jugements en matière de propriété intellectuelle Normes de l’OMPI Statistiques de propriété intellectuelle WIPO Pearl (Terminologie) Publications de l’OMPI Profils nationaux Centre de connaissances de l’OMPI Série de rapports de l’OMPI consacrés aux tendances technologiques Indice mondial de l’innovation Rapport sur la propriété intellectuelle dans le monde PCT – Le système international des brevets ePCT Budapest – Le système international de dépôt des micro-organismes Madrid – Le système international des marques eMadrid Article 6ter (armoiries, drapeaux, emblèmes nationaux) La Haye – Le système international des dessins et modèles industriels eHague Lisbonne – Le système d’enregistrement international des indications géographiques eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Médiation Arbitrage Procédure d’expertise Litiges relatifs aux noms de domaine Accès centralisé aux résultats de la recherche et de l’examen (WIPO CASE) Service d’accès numérique aux documents de priorité (DAS) WIPO Pay Compte courant auprès de l’OMPI Assemblées de l’OMPI Comités permanents Calendrier des réunions WIPO Webcast Documents officiels de l’OMPI Plan d’action de l’OMPI pour le développement Assistance technique Institutions de formation en matière de propriété intellectuelle Mesures d’appui concernant la COVID-19 Stratégies nationales de propriété intellectuelle Assistance en matière d’élaboration des politiques et de formulation de la législation Pôle de coopération Centres d’appui à la technologie et à l’innovation (CATI) Transfert de technologie Programme d’aide aux inventeurs WIPO GREEN Initiative PAT-INFORMED de l’OMPI Consortium pour des livres accessibles L’OMPI pour les créateurs WIPO Translate Speech-to-Text Assistant de classification États membres Observateurs Directeur général Activités par unité administrative Bureaux extérieurs Avis de vacance d’emploi Achats Résultats et budget Rapports financiers Audit et supervision
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Lois Traités Jugements Recherche par ressort juridique

Loi sur le droit d'auteur et les droits connexes, Macédoine du Nord

Retour
Texte abrogé 
Détails Détails Année de version 2005 Dates Adopté/e: 12 septembre 1996 Type de texte Principales lois de propriété intellectuelle Sujet Droit d'auteur, Mise en application des droits, Expressions culturelles traditionnelles, Organe de réglementation de la PI

Documents disponibles

Texte(s) principal(aux) Textes connexe(s)
Texte(s) princip(al)(aux) Texte(s) princip(al)(aux) Macédonien Закон за авторското право и сродните права        
 
Télécharger le PDF open_in_new
Закон за авторското право и сродните права (Пречистен текст, Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 12.04.2005 година)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 12.04.2005 година

(Пречистен текст)

ГЛАВА ПРВА ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1

Со овој закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста (во натамошниот текст: авторското право) и правата на изведувачите, на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на радио и телевизиските организации, на издавачите и другите лица утврдени со овој закон, како и на изготвувачите на бази на податоци (во натамошниот текст: сродните права), над нивните изведби и предмети на сродните права, како и остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права.

Член 2

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. "Јавност" е достапност на авторско дело, под еднакви услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот круг на семејството или личните познаници;
2. "Објавување" е достапност на јавноста до авторското дело, со согласност на авторот независно од начинот и формата;
3. "Издавање" е репродукција на авторско дело во доволен број примероци и нивна дистрибуција;
4. "Репродукција" е изработка на примерок од авторско дело или дел од него,
снимено на материјална подлога, директно или индиректно, повремено или трајно, независно од видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците и постапката;
5. "Дистрибуција" е пуштање во промет или понудување на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственичко право, вклучувајќи ги и
изнајмувањето и позајмувањето на оригиналот или примерокот на авторското
дело, како и нивен увоз за натамошен промет, независно дали биле легално направени;
6. "Изнајмување" е користење на определено време на оригиналот или примерокот на авторското дело заради непосредна или посредна економска корист;
7. "Позајмување" е користење на определено време на оригиналот или примерокот на авторското дело, без непосредна или посредна економска корист, кога тоа се врши преку организации до кои јавноста има пристап;
8. "Јавно изложување" е претставување на јавноста на оригинал или примерок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело создадено во постапка слична на фотографската, на дело од областа на применетата уметност, дизајнот, архитектурата, урбанизмот, картографијата, како и на друго дело од научна и техничка природа;
9. "Јавно соопштување" е користења на оригинал или примерок на авторско дело во нематеријална форма, како што се:
- "Јавно изведување" е претставување во живо или со помош на технички

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


средства, вклучувајќи претставување во живо на сцена,
- "Јавно пренесување" е претставување надвор од просторот или местото на изведувањето преку звучник, екран и слично,
- "Ставање на располагање на јавноста" е поединечно користење на оригинал или примерок на авторско дело до која јавноста има пристап, безжично или жично, во место и време коешто корисникот самиот го избира,
- "Јавно прикажување" е претставување преку технички средства на кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело од областа на
фотографијата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничка природа,
- "Радиодифузно емитување" е претставување авторско дело преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично, вклучувајќи сателит или жично,
вклучувајќи кабелски или микробранов систем. Радиодифузно емитување преку
сателит се врши кога под контрола и одговорност на радиодифузна организација се испраќаат сигнали за емитување програма, наменети за јавноста во непрекинат комуникациски синџир што води до сателитот и назад до земјата. Кога програмските сигнали се кодирани, радиодифузното емитување преку сателит се случува под услови средствата за декодирање да се достапни до јавноста преку радиодифузната организација или преку друго лице со нејзина согласност. Под "сателит" се подразбира кој било сателит што работи на фреквенција којашто, согласно со соодветниот пропис за телекомуникации, е резервирана за емитување на сигнали за прием од страна на јавноста или за затворена поединечна комуникација, но условите на приемот на сигнали е соодветен на условите на приемот од страна на јавноста и
- "Радиодифузно реемитување" е истовремено, во целина и непроменето пренесување на радиодифузно емитувано дело доколку го врши друга радио и телевизиска организација или се врши преку кабелско реемитување - пренесување преку кабелски или микробранов систем со повеќе од сто кабелски приклучоци, под услов делото почетно да се емитува од друга држава и
10. "Преработување" е преведување, обработување, приспособување,
аранжирање или на друг начин приспособување на изворното авторско дело.

ГЛАВА ВТОРА АВТОРСКО ПРАВО Oддел 1

Авторско дело

Член 3

Авторско дело, во смисла на овој закон, е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со овој закон не е поинаку определено.
За авторско дело се смета особено:
- пишано дело, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично;
- компјутерска програма, како книжевно дело;
- говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично;
- музичко дело, со или без текст;
- драмско, драмско-музичко и куклено дело;
- кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална подлога;

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;
- кинематографско и друго аудиовизуелно дело;
- ликовно дело, како, слика, графика, скулптура и слично;
- архитектонско дело;
- дело од применетата уметност и дизајнот и
- картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или уметничка природа.

Член 4

Составните делови на авторското дело, како и насловот на авторското дело, доколку сами по себе претставуваат индивидуална и интелектуална творба, уживаат иста заштита како и самото дело.
Не е дозволено, како наслов на авторското дело да се користи наслов што веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиот наслов би создал или би довел до создавање забуна во однос на авторското дело.

Член 5

Како авторско дело во смисла на овој закон, не се смета: идеја, концепција, откритие, како и службен текст од законодавна, извршна и судска област и нивен превод, кога е објавен како службен текст (во натамошниот текст: друго дело).

Член 6

Преработка на авторско дело, на друго дело и на дело од народното творештво, што претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.
Со преработката на авторско дело не е дозволено да бидат засегнати правата на авторот на изворното дело.

Член 7

Збирка на авторски дела, на дела од народното творештво, на други дела или друг материјал, како што е: енциклопедија, антологија, зборник, база на податоци, збирка на документи и други збирки, што според изборот или распоредот на содржината претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.
Заштитата на збирката од ставот 1 на овој член не ја опфаќа нејзината содржина и не влијае на заштитата на правата кои се однесуваат на содржините на збирката.

Член 8

База на податоци во смисла на член 7 од овој закон е збирка од независни авторски дела, дела од народното творештво, други дела, податоци или други материјали подредени на систематски или методичен начин и кон која може да се пристапува индивидуално преку електронски средства или на друг начин. Заштитата на базата на податоци според овој закон не се однесува на компјутерските програми што се користат за создавање или за работење на базите на податоци со електронски пристап.

Член 9

Дела од народното творештво се користат согласно со овој закон.

3

Oддел 2

Автор

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 10

Автор, во смисла на овој закон, е физичко лице кое создало авторско дело.

Член 11

За автор се смета лице чие име, псевдоним или ознака на вообичаен начин е означено на делото или е наведено при неговото објавување, додека не се докаже спротивното.
Во случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото.
Одредбата од став 2 на овој член престанува да важи кога идентитетот на авторот ќе биде утврден. Во тој случај, носителот на авторското право од став 2 на овој член е должен користа од авторското право да му ја пренесе на авторот, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 12

Доколку авторското дело, создадено во соработка на две или повеќе лица, претставува неделива целина, на сите лица (во натамошниот текст: коавтори) им припаѓа неделиво авторско право на тоа дело.
Уделот на одделните коавтори се определува согласно со вистинскиот придонес што секој од нив го дал во создавањето на авторското дело, доколку со меѓусебен договор не е поинаку определено.
За користење на делото од став 1 на овој член заеднички одлучуваат сите коавтори, при што, ниеден од нив нема право да го спречи користењето на делото спротивно на принципите на совесност и чесност.
Доколку авторското дело, во смисла на став 1 од овој член, претставува делива целина, секој коавтор има авторско право на својот придонес во тоа дело.

Член 13

Во случај кога повеќе автори ги здружуваат своите дела заради заедничко користење, соодветно се применуваат одредбите од член 12 на овој закон.

Oддел 3

Содржина на авторското право

Пододдел 1

Oпшти одредби

Член 14

Авторското право му припаѓа на авторот врз основа на самото создавање на делото, независно дали делото е објавено.

Член 15

Авторското право е единствено право и неразделно од авторското дело, што содржи лично-правни овластувања (во натамошниот текст: морални права), исклучиви имотно-правни овластувања (во натамошниот текст: материјални права) и други овластувања на авторот (во натамошниот текст: други права).

4

Пододдел 2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Морални права

Член 16

Моралните права го штитат авторот по однос на неговата индивидуална и интелектуална врска со делото.
Авторот има морално право:

Член 17

- да одлучи дали, кога и како ќе биде прв пат објавено неговото дело;
- на признавање на авторството на своето дело;
- да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се наведе неговото авторство и со каква ознака;
- да бара при секое користење на делото да биде наведено неговото име,
псевдоним или друга ознака;
- на сочувување на целината на делото и да се спротивстави на секакво деформирање, сакатење или менување на неговото дело, односно да се спротивстави на секое користење на делото што може да и наштети на неговата личност, чест и углед;
- да го измени делото, доколку со тоа не се нарушуваат правата стекнати од други лица и
- да го откаже правото на носителот на негово материјално право, согласно со овој закон.

Член 18

Авторот има исклучиво право да му го откаже правото на носителот на неговото материјално право, доколку за тоа има вистински морални причини и доколку претходно на носителот му ја надомести штетата што настанала заради тоа. Носителот од став 1 на овој член, е должен, во рок од три месеци од приемот на откажувањето, да му ја соопшти на авторот висината на штетата што треба да се надомести. Доколку тоа не го стори, по истекот на рокот, откажувањето станува полноважно.
Со откажувањето на правото од став 1 на овој член, материјалното право му се враќа на авторот.
Доколку авторот сака подоцна повторно да го пренесе материјалното право на своето дело, е должен, во рок од три години од полноважноста на правото на
откажување, тој пренос првенствено и под исти услови да му го понуди на носителот од став 1 на овој член.
Одредбите од овој член не се однесуваат на компјутерска програма,
аудиовизуелно дело, сценско дело и бази на податоци.

Пододдел 3

Материјални права

Член 19

Материјалните права ги штитат имотните интереси на авторот.
Користењето на авторското дело е дозволено кога авторот го пренел материјалното авторско право, согласно со овој закон и согласно со условите што ги определил, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 20

Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да

5

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција, дистрибуција вклучувајќи и изнајмување и позајмување, јавно изложување, јавно соопштување и преработување.
Авторот на изворното дело има исклучиво право на користење на своето дело во преработен облик, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено.

Пододдел 4

Други права на авторот

Член 21

Авторот има право на пристап до оригиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг, заради остварување на правото на репродукција или правото на преработка на делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес на имателот.
Авторот има право да побара, имателот да му го предаде оригиналот на ликовното или фотографското дело заради јавно изложување или друг вид
објавување, доколку за тоа постои оправдан интерес.
Предавањето на оригиналот од став 2 на овој член, може да се услови со полагање соодветна кауција или со осигурување во висина на пазарната вредност на оригиналот.
Авторот е должен пристапот и предавањето од ставовите 1 и 2 на овој член да го стори со што е можно помалку непријатности за имателот и на своја сметка. Во случај на оштетување на делото, одговорен е авторот, независно од неговата вина.

Член 22

Доколку оригиналот на уметничко дело е продаден или на друг начин отуѓен, неговиот автор има право да биде известен и да добие надомест од секоја наредна продажба (во натамошниот текст: право на следство).
Правото на следство од ставот 1 на овој член не може да биде предмет на
откажување, располагање и судско извршување.

Член 23

"Оригинал на уметничко дело" во смисла на член 22 од овој закон, е дело од ликовната, графичката или пластичната уметност, како што се: платна, колажи, слики, цртежи, графики, гравури, литографии, скулптури, керамика, резби, таписерии, дела на стакло, фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската, како и примероци на наведените дела што се сметаат за оригинали.
Примероци на наведените дела коишто ги создал самиот автор или биле направени со негово одобрение во ограничен број, ќе се сметаат за оригинали и тие обично авторот ги нумерира, потпишува или на друг начин соодветно ги одобрува.

Член 24

Авторскиот надомест од правото на следство се утврдува според следните стапки:
- 4% од продажната цена до 50.000 евра во денарска противвредност;
- 3% од продажната цена од 50.000,01 до 200.000 евра во денарска противвредност;
- 1% од продажната цена од 200.000,01 до 350.000 евра во денарска противвредност;
- 0,5% од продажната цена за делот на цената од 350.000,01 до 500.000 евра во

6

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


денарска противвредност и
- 0,25% од продажната цена за делот на цената над 500.000 евра во денарска противвредност.
Надоместот од ставот 1 на овој член се пресметува во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на продажбата. Продажната цена од став 1 на овој член е нето вредноста без данок. Највисокиот износ на надоместот не смее да надмине 12.500 евра во денарска
противвредност.
Авторскиот надомест од став 1 на овој член го плаќа продавачот, односно галеристот, организаторот на јавна продажба, уметничка галерија или друг посредник што врши продажба на уметнички дела.

Член 25

Авторот, наследниците или здруженијата за колективно остварување имаат право да побараат во рок од три години од денот на продажбата на авторското дело од субјектите од член 24 став 4 на овој закон информации неоопходни да се обезбеди наплатата на авторскиот надоместок од препродажбата, особено: за насловите на оттуѓените дела, за сопственикот и посредникот, за договорите за продажба, за продажната цена и слично.

Член 26

Доколку оригиналот (ракописот) на книжевното или музичкото дело е продаден или на друг начин оттуѓен, неговиот автор има право да биде известен и да добие надомест во износ од 3% од продажната цена изразена како нето вредност без данок од секоја наредна продажба.
Одредбите од членовите 24 став 4 и 25 на овој закон соодветно се применуваат и на делата од став 1 на овој член.

Член 27

По исцрпувањето на правото на дистрибуција од член 36 на овој закон, авторот има право на правичен надомест од позајмувањето.
Правото на позајмување од став 1 на овој член не се однесува на архитектонски објекти и оригинали и примероци на дела од применетата уметност и дизајнот.
Од плаќањето надомест од став 1 на овој член изземени се следниве јавни установи:
- библиотеките за оригинали или примероци на пишани дела и библиотеките за примероците на фонограмите;
- галериите и музеите за оригиналите и примероците на ликовните и фотографските дела;
- кинотеките и установите од областа на образованието за оригиналите или примероците на видеограмите со снимени кинематографски и други
аудиовизуелни дела.
Надоместот од став 1 на овој член не се плаќа и при позајмување на дела меѓу јавните установи, односно други непрофитни институции.

Член 28

Авторот има право на правичен надомест за тонско или визуелно снимање и фотокопирање на своето дело кое се врши за приватно користење од член 42 од овој закон.
Надоместот од став 1 на овој член за тонско и визуелно снимање се плаќа при прва продажба или увоз на апарати за тонско и визуелно снимање и нови неснимени носачи на тон и на тон и слика.
Надоместот од став 1 на овој член за фотокопирање се плаќа и при прва
продажба или увоз на апарати за фотокопирање и од изработка на фотокопии,

7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


наменети за продажба, месечно, а согласно со бројот на фотокопии.
Со фотокопирање, во смисла на овој член, се изедначени и други техники за репродуцирање, а со средствата за тонско и визуелно снимање се изедначени сите други средства кои овозможуваат постигнување на ист ефект.
Правото на надомест од став 1 на овој член не може да биде предмет на откажување, располагање или судско извршување.

Член 29

Обврска за плаќање на надомест од членот 28 на овој закон имаат произведувачите и увозниците на апарати за тонско и визуелно снимање, на апарати за фотокопирање, на неснимени носачи на тон и на тон и слика, како и лица коишто вршат услуги на фотокопирање.
Лицата од ставот 1 на овој член се должни, на барање на здружението на авторите да му доставуваат податоци за видот и бројот на продадените или увезените апарати и носачи на тон и на тон и слика, како и податоци за направените фотокопии.

Член 30

Висината на вкупниот надоместок од членот 28 на овој закон којшто припаѓа на сите носители на правото од овој закон ја утврдува Владата на Република Македонија.
Надоместокот од ставот 1 на овој член се утврдува посебно за секој вид апарати за тонско и визуелно снимање, за секој апарат за снимање, што поради својата конструкција не е потребен посебен материјал за неговата работа (во двоен износ од вообичаениот), за секој носач на тон и на тон и слика врз основа на неговото времетраење на снимање, за секој апарат за фотокопирање врз основа на можноста за фотокопирање на број примероци во минута и врз основа на можноста за фотокопирање во боја (во двоен износ од црнобелото фотокопирање), како и за секоја поединечна фотокопија наменета за продажба. Владата на Република Македонија ги усогласува износите на надоместоците од членот 28 на овој закон во зависност со движењето на цените на животните трошоци во Република Македонија.

Член 31

Висината на надоместокот од членот 28 став 2 на овој закон за апарати за тонско снимање не може да биде повисок од 30,00 денари за увезен, односно продаден апарат, а за апаратите за визуелно снимање не може да биде повисок од 250,00 денари за увезен, односно продаден апарат.
Висината на надоместокот од членот 28 став 2 на овој закон за нови неснимени носачи на тон во траење до 120 минути не може да биде повисок од 1,20 денари за увезен, односно продаден носач на тон, а за нови неснимени носачи на тон во траење над 120 минути не може да биде повисок од 2,40 денари за увезен, односно продаден носач на тон.
Висината на надоместокот од членот 28 став 2 на овој закон за нови неснимени носачи на тон и слика во траење до 180 минути не може да биде повисок од 2,40
денари за увезен, односно продаден носач на тон и слика, а за нови неснимени носачи на тон и слика во траење над 180 минути не може да биде повисок од 3,60 денари за увезен, односно продаден носач на тон и слика.

Член 32

Висината на надоместокот од членот 28 став 3 на овој закон за апарати за фотокопирање со учинок до 12 примерока во минута не може да биде повисок од
500,00 денари за увезен, односно продаден апарат, за апарати за фотокопирање со учинок од 13 до 36 примерока во минута не може да биде повисок од 750,00

8

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


денари за увезен, односно продаден апарат, а за апарати за фотокопирање со учинок над 36 примерока во минута не може да биде повисок од 1.250,00 денари за увезен, односно продаден апарат.
Висината на надоместот од членот 28 став 3 на овој закон за секој фотокопиран примерок не може да биде повисок од 3% од продажната цена за секој фотокопиран примерок.
Висината на надоместокот од ставовите 1 и 2 на овој член за секој апарат за фотокопирање во боја, односно за секоја фотокопија во боја наменет за продажба на физички лица е во двоен износ.

Пододдел 5

Oднос меѓу авторското и сопственичкото право

Член 33

Авторското право е независно и е во согласност со сопственичкото право или други права врз предмет, во кој е содржано авторско дело, доколку со закон не е поинаку определено.

Член 34

Пренесувањето одделни материјални права или други права на авторот на делото не влијае на сопственичкото право на предметот во кој е содржано авторско дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.
Пренесувањето сопственичко право на предметот од став 1 на овој член, не влијае на моралните, материјалните или другите права на авторот на тоа дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.

Член 35

Во заедничкиот имот на брачните другари влегува само имотната корист што потекнува од авторското право.

Член 36

Со првата продажба или друг вид пренесување на правото на сопственост на оригинал или примерок од авторското дело во Република Македонија, што се врши со изречна или премолчена согласност на носителот на правото, се смета дека е исцрпено правото на дистрибуција на тој оригинал или примерок на територијата на Републиката.
Со исцрпувањето на правото на дистрибуција авторот го задржува правото на изнајмување на авторски дела, освен на архитектонските објекти и на дела од применетата уметност и дизајнот.

Член 37

Доколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, должен е таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и достапен на вообичаен начин.
Доколку авторот неоправдано ја одбие понудата од став 1 на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.

Член 38

Доколку сопственикот на оригиналот на авторското дело, имајќи ги предвид околностите на случајот, претпостави дека авторот има интерес за негово сочувување, е должен таквиот оригинал да не го уништи, пред да му го понуди на авторот, а овој да му ја плати вредноста на материјалот од кој е изработен

9

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


оригиналот.
Доколку враќањето на делото на авторот од став 1 на овој член не е можно, сопственикот е должен, на соодветен начин, да му овозможи на авторот изработка на копија од оригиналот.
Во случај кога авторското дело, во смисла на став 1 на овој член, е архитектонски објект, авторот има право да го фотографира делото, да му се овозможи пристап
до делото за картографско снимање, односно премер на објектот и да побара на своја сметка да му бидат доставени фотокопии од проектите.

Оддел 4

Oграничувања на материјалното право

Член 39

Користење авторско дело без пренесување соодветно материјално право може да се врши само над објавено авторско дело, во случаи определени со овој закон, во вид на законски дозволено користење со надомест како законски дозволи и во вид на законски дозволено користење без надомест како слободно користење. Користењето од ставот 1 на овој член се врши во извесни посебни случаи што не се во судир со редовното користење на авторското дело и што не ги повредуваат легитимните интереси на авторот.
При користењето од став 1 на овој член, во случаи определени со одредбите од членовите 40, 44, 45, 46 став 1 алинеја 1, 48 и 58 на овој закон, се наведува изворот и авторот на делото, доколку тоа е наведено на користеното дело, освен во случаи кога тоа го оневозможува начинот на користење.

Пододдел 1

Законски дозволи

Член 40

Законски е дозволено репродуцирање во учебници, читанки и други публикации од слична природа авторски дела во делови или во целина кога се работи за кратки авторски дела и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, исклучиво заради илустрирање во настава со некомерцијална цел.
Законски е дозволено и репродуцирање во целина на актуелни написи од дневен и периодичен печат, како и на коментари од радиодифузни емисии во кои се расправа за прашања од поширок интерес од областа на економијата, политиката, религијата, уметноста, науката и слично, освен доколку правото на таквото користење не е изречно задржано од страна на авторот.
Користењето од ставовите 1 и 2 на овој член, аналогно се применува и за јавното соопштување.

Член 41

Законски е дозволено радио и телевизиски организации да вршат радиодифузно емитување на авторски дела од сопствена продукција, освен на играни филмови.

Член 42

Законски е дозволено репродуцирање авторско дело, најмногу до три копии од страна на физичко лице за приватно користење, за цели кои не се комерцијални, ниту непосредно ниту посредно.
Репродуцирањето, во смисла на ставот 1 од овој член, не се однесува во обем на цело дело, и тоа: на книжевно дело, освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку

10

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


две години; на графичко издание на музичко дело, освен со рачно препишување; на бази на податоци во неелектронски облик, како и на архитектонски објект, доколку со овој закон или со договор поинаку не е определено.

Пододдел 2

Слободно користење

Член 43

Во слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од општо значење, за целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање, цитирање и други случаи согласно со овој закон.

Член 44

Заради стекнување информации од општо значење слободно е репродуцирањето и јавното соопштување на:
- дела што се гледаат или слушаат во текот на известување за дневни настани;
- јавни политички говори и извадоци од јавни говори и предавања или слични дела пред државни, верски и други органи.

Член 45

Слободно е јавното изведување на авторско дело заради илустрирање во непосредна некомерцијална настава и на некомерцијални училишни приредби, доколку учесниците на приредбите не добиваат надомест.
Слободно е репродуцирање и јавно прикажување на радио и телевизиски емитувани авторски дела заради илустрирање во непосредна некомерцијална настава.
Слободно е јавното изведување на авторско дело на манифестации од добротворен карактер, доколку учесниците на манифестациите не добиваат надомест.

Член 46

Слободно е репродуцирање најмногу во три копии, авторско дело без комерцијална цел за:
- научни цели, во обем оправдан со целта на користењето и
- за користење од страна на лицата со посебни потреби, под услов користењето да е директно поврзано со нивните потреби.
Репродуцирањето, во смисла на ставот 1 од овој член, не се однесува во обем на цело дело, и тоа: на книжевно дело, освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку
две години; на графичко издание на музичко дело, освен со рачно препишување; на бази на податоци во неелектронски облик; на компјутерска програма, како и на архитектонски објект, доколку со овој закон или со договор поинаку не е определено.

Член 47

Слободно е репродуцирање без комерцијална цел на авторско дело, но најмногу во три примероци за сопствено користење од непрофитни установи (архиви, библиотеки, кинотеки, музеи, други културни, образовни, научни и слични установи) под услов репродукциите да се направени од сопствен примерок или примерок на друга сродна установа заради зачувување и заштита на делото. Репродуцирањето во смисла на ставот 1 од овој член, не се однесува во обем на цело дело и тоа на книжевно дело, освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку две години; на графичко издание на музичко дело, освен со рачно препишување; на бази на податоци во неелектронски облик; на компјутерска програма, како и

11

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


на архитектонски објект, доколку со овој закон или со договор поинаку не е определено.
Слободно е јавно соопштување или ставање на располагање на јавноста на авторско дело заради истражување или лично усовршување од поединци на определени места во организациите од ставот 1 на овој член, доколку делата не можат да се купат или за нив не е потребна дозвола за користење, а се дел од
колекциите на овие организации.

Член 48

Заради појаснување, илустрација, полемика и упатување, слободно е цитирање авторско дело во обем што одговара на намената и целта на користењето.

Член 49

Авторското дело што не е од битно значење по однос на намената на некој предмет при искористувањето на тој предмет, е во слободно користење, како споредно.

Член 50

Слободно е преработување авторско дело, доколку се работи за:
- приватна или друга сопствена преработка, што не е наменета и не и е достапна на јавноста;
- преработка во пародија или карикатура, доколку тоа не доведува до забуна по однос на изворот на делото и
- преработка при дозволено користење, а спротивставувањето на авторот на преработката е во спротивност со начелото на совесност и чесност.

Член 51

Законскиот корисник на збирка од членот 8 став 2 на овој закон или на примероци од неа, доколку е неопходно за пристапот до составните содржини и за нивно вообичаено користење може слободно да:
- репродуцира, преработува, дистрибуира или на кој било начин јавно соопштува или
- на кој било начин да ги репродуцира, дистрибуира и на друг начин јавно да ги соопшти резултатите од дејствијата на преработката на таа збирка.
Со првата продажба на примероците на збирките од ставот 1 алинеја 1 на овој член се исцрпува правото на контрола на натамошната препродажба на овие
примероци. Секоја одредба од договорот спротивна на ставот 1 од овој член е ништовна.

Член 52

Слободно е користење авторски дела што се наоѓаат на јавни изложби, продажби, наддавања, саеми и слично во обем неопходен за рекламирање на тие настани преку каталози и други форми, од страна на нивниот организатор, исклучувајќи секакво друго комерцијално користење.

Член 53

Слободно е користење авторски дела што трајно се изложени во паркови, на улици, плоштади или други јавни места, освен кога користењето е во тродимензионална форма, за иста цел како и изворното дело и за постигнување економска корист.

Член 54

Слободно е користење авторско дело како архитектонски објект или на цртежот или на планот на објектот заради негова реконструкција.

12

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 55

Слободно е користење авторско дело за целите на јавната безбедност, како и пред арбитражи, судски, управни или други државни органи, во обем што е неопходен за изведување докази, донесување одлуки, нивно образлагање и објавување.
Слободно е користење авторско дело во текот на верски обреди или прослави на државни празници.

Член 56

Слободно е користење авторско дело во обем што е неопходен да се провери работата при производство или продажба на фонограми или видеограми, апарати за нивно репродуцирање или јавно соопштување, како и опрема за прием на програми, во процес на нивно произведување и продавање.

Член 57

Слободно е привремено репродуцирање авторски дела од попатен или случаен карактер, кое е составен и суштински дел на технолошкиот процес, кој како таков нема самостојна економска вредност и е со единствена намена да овозможи:
- пренесување во мрежа меѓу трети лица преку посредник или
- овластено користење, согласно со овој закон.

Член 58

Слободно е користење дело од народното творештво.
При користењето од став 1 на овој член, се наведува изворот и потеклото на делото. Негово сакатење и недостојно користење, не е дозволено.
За остварување на правата од став 2 на овој член е надлежен Институтот за фолклор "Марко Цепенков" - Скопје.

Член 59

Одредбите од членовите 39 до 58 на овој закон не се однесуваат на компјутерските програми, а за истите се применуваат одредбите од членовите 113 и 114 на овој закон.

Oддел 5

Траење на авторското право

Член 60

Авторското право трае до истекот на роковите утврдени со овој закон. По исклучок на став 1 од овој член, одредени морални права траат и по истекот на рокот на траењето на авторското право, согласно со овој закон.

Член 61

Авторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 62

Кога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење од член
61 на овој закон, се смета од смртта на последниот жив автор.
Во случај на коавторство на кинематографско или друго аудиовизуелно дело рокот на траење на заштитата се смета од смртта на последниот жив од следниве лица: главниот режисер, авторот на сценариото, авторот на дијалозите и композиторот на музиката специјално создадена за користење во

13

кинематографско или друго аудиовизуелно дело.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 63

Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото.
Доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот наведен во став 1 на овој член, го открие својот идентитет, се применува рокот од член 61 на овој закон.

Член 64

Кога рокот, според овој закон, не тече од смртта на авторот или авторите, а делото не било законски објавено во рок од 70 години од неговото создавање, авторското право трае 70 години по неговото создавање.

Член 65

Во случај кога рокот на траење на авторското право, според овој закон, се смета според законското објавување на делото, а делото е објавено во збирки, делови, продолженија и слично, рокот се смета посебно за секој составен дел.

Член 66

Роковите на траење на заштитата на авторското право утврдени со овој закон, започнуваат да течат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресметување на роковите.

Член 67

Моралното право на откажување од член 18 на овој закон, трае додека авторот е жив. Моралните права за означување на авторството, за сочувување на целината на делото, како и за спротивставување на неговото сакатење од член 17 алинеи
3, 4 и 5 на овој закон, траат и по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон.

Член 68

Користењето на авторското дело е слободно по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон.

Член 69

За остварување на правата од член 67 став 2 на овој закон, е надлежно соодветно здружение на автори и Македонската академија на науките и уметностите.

ГЛАВА ТРЕТА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО Oддел 1

Oпшт дел

Член 70

Авторското право како целина е непреносливо.

Член 71

Авторот не може да ги пренесе моралните права на други лица.

14

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


За остварување на моралните права на авторот по неговата смрт, покрај наследниците, е надлежно и соодветното здружение на автори.

Член 72

Авторот може да пренесе на други лица одделни материјални права и одделни други права на авторот, доколку со овој закон не е поинаку определено. Пренесувањето на материјалните или другите права на авторот се врши со договор доколку со овој закон поинаку не е определено. Договорот за пренесување што не е склучен во писмена форма, не произведува правно дејство. Договорот за пренесување од став 2 на овој член содржи особено: вид на правата што се пренесуваат, нивниот обем и времетраење, територијата на која важат правата, рокот за објавување на делото и авторскиот надомест.
Спорните или нејасните одредби на договорите од став 2 на овој член, се толкуваат во интерес на авторот.

Член 73

Одредбите од член 72 на овој закон за авторските договори во писмена форма, не се однесуваат на договор за издавање написи, цртежи или текстови во списанија, ревии или друг дневен и периодичен печат.

Член 74

Ништовен е договор, односно одредба на договор, со кој авторот на друго лице му ги пренесува:
- авторското право, како целина;
- моралните права;
- материјалните права врз свои идни дела и
- материјалните права на непознати видови користење на авторските дела.

Член 75

На договорите за пренесување на авторското право се применуваат прописите за облигационите односи, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 76

Судско извршување над авторско право не е дозволено.
Судско извршување е можно само над имотната корист што произлегува од авторското право.
Судско извршување над недовршено авторско дело и над необјавен оригинал на авторско дело не е дозволено.

Член 77

Правата што според овој закон му припаѓаат на авторот, вклучувајќи го и правото на судска заштита, му припаѓаат и на друг носител на авторско право, во oбем што со закон или со друг правен акт му се пренесени, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 78

Со договорот од член 72 на овој закон, се пренесува исклучиво или неисклучиво материјално право.

Член 79

Исклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на авторското право да го користи делото, при што од користење се исклучени авторот и било кое друго лице.
Неисклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на

15

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


авторското право, на договорен начин, да го користи делото покрај авторот или други носители.
Доколку авторот склучи договор за неисклучиво право пред склучувањето договор за исклучиво право, носител на правото е носителот на исклучивото право, доколку меѓу авторот и носителот на неисклучивото право не е поинаку договорено.

Член 80

Доколку со закон или со договор не е поинаку определено, се смета дека со договор е пренесено неисклучиво право, за територијата на Република Македонија и за време што е вообичаено за тој вид дела.
Доколку, во смисла на став 1 од овој член, не е определено кои одделни права се пренесуваат и во колкав обем, ќе се смета дека се пренесени оние права и во оној обем што е неопходен за постигнување на целта на договорот.

Член 81

Пренесувањето материјално право или друго право на авторот не влијае на пренесувањето на другите права, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено.
Пренесувањето на правото на репродукција не го содржи и правото на чување на делото во електронска форма, како и правото за тонско или визуелно снимање, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.
При пренесувањето на правото на изнајмување на фонограми или видеограми, авторот го задржува правото на правичен надомест при секое изнајмување. Од ова право авторот не може да се откаже.

Член 82

При пренесувањето на правото на репродукција, се смета дека е пренесено и правото на дистрибуција на примероците на тоа дело.
При пренесувањето на правото на радиодифузно емитување на дела, се смета дека на радио и телевизиската (во понатамошниот текст: РТВ) организација и се
пренесени и правата на:
- снимање на делото со сопствени средства и за сопствено емитување (ефемерни снимки) и
- доставување на ефемерните снимки до државен архив, доколку имаат исклучителна документарна вредност. За тоа организацијата без одлагање е должна да го извести авторот.

Член 83

Носителот кому му било пренесено материјално право или друго право на авторот, не може без дозвола на авторот, тоа право натаму да го пренесе на трети лица, доколку со закон или договор не е поинаку определено.
Доколку натамошното пренесување на правото е последица на статусните измени на носителот, негов стечај или редовна ликвидација, не е потребна дозволата од став 1 на овој член.
Доколку натамошното пренесување на правото е допуштено без дозвола на авторот, согласно со закон или договор, за авторските побарувања солидарна одговорност сносат претходниот и новиот носител.

Член 84

Во случај кога авторскиот надомест не е определен, надоместот се определува според правичен надомест за определен вид дела, според обемот и времетраењето на користењето и врз основа на други битни околности.
Доколку со користењето на авторското дело се остварува добивка, која е

16

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


значително поголема од договорениот или правичен надомест, авторот има право да побара измена на договорот, што ќе му овозможи поправичен удел во добивката. Од ова право авторот не може да се откаже.

Член 85

Во случај кога надоместот е договорен, односно определен во зависност од остварената добивка од користењето на делото, корисникот на авторското дело е должен да води соодветни книги или друга евиденција, од која може да се утврди висината на остварената добивка.
Корисникот на авторското дело е должен да му овозможи на носителот на авторското право увид во евиденцијата од став 1 на овој член и да му доставува потребни извештаи за остварената добивка во вообичаен рок, доколку не е договорен друг рок.

Член 86

Авторот може да го повлече материјалното право, доколку носителот на исклучивото право во недоволна мера го остварува или воопшто не го остварува, а од тие причини интересите на авторот значително се оштетени.
Авторот не може да го оствари повлекувањето од став 1 на овој член, доколку од него потекнуваат причините за тоа.
Повлекувањето од став 1 на овој член, не може да се оствари пред истекот на две години од пренесувањето на материјалното право на делото, пред три месеци за прилог во дневен весник, односно пред една година за периодичен печат.
Авторот може да го оствари повлекувањето според овој член, доколку му понуди на носителот дополнителен рок за соодветно остварување на правото.
Со остварување на повлекувањето материјалното право се враќа на авторот. Доколку начелото на правичноста го налага тоа, авторот е должен на носителот на правото да му исплати соодветен надомест на штета.
Авторот не може да се откаже од правото на повлекување според овој закон.

Oддел 2

Посебен дел за пренесување на авторското право

Пододдел 1

Издавачки договор

Член 87

Со издавачки договор авторот се обврзува да му го пренесе на издавачот правото на издавање на своето дело преку печатење во книжен облик, а издавачот се обврзува за тоа да му плати надомест и делото да го издаде.
Издавачкиот договор од став 1 на овој член, не го содржи правото на издавање на делото во електронски облик. За издавање на делото во електронски облик се
склучува посебен договор.
Издавачот од став 1 на овој член, има право меѓу еднакви понудувачи, на првенство на издавање на делото во електронски облик. Правото на првенство изнесува три години од договорениот рок за издавање на делото во книжен облик. Издавачот писмено се изјаснува во рок од 30 дена од приемот на понудата од авторот.
Со издавачкиот договор може да се пренесе и правото на џебно издание,
периодично издание, односно издавање во продолженија, преведување и слично.

17

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 88

Издавачкиот договор содржи особено: вид на правата што се пренесуваат, нивниот обем и времетраење, територијата на која важат правата, рокот за издавање на делото и авторскиот надомест.
Во случај кога надоместот е договорен во процент од малопродажната цена на продадените примероци на делото, во договорот се утврдува нивниот минимален број при првото печатење. Оваа обврска не е задолжителна, доколку со
договорот е утврден минимален надомест, што издавачот е должен да го плаќа,
без оглед на бројот на продадените примероци.
Во случај кога надоместот е договорен во паушален износ, во издавачкиот договор се наведува тиражот. Доколку тој не е определен или не може да се утврди според целта на договорот, други околности или обичаи, издавачот може да го издаде делото во тираж од најмногу 500 примероци.
Се смета дека авторот со издавачкиот договор го пренел врз издавачот правото на издавање само на едно библиографско издание, односно правото на само едно умножување, доколку со тој договор поинаку не е определено.

Член 89

Во времето на важење на издавачкиот договор, авторот не може да го пренесе правото на издавање на делото на ист јазик на други лица, доколку со договорот не е поинаку определено.
Правото на издавање новинарски написи на ист јазик, авторот може да го пренесе во исто време на повеќе корисници, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 90

Доколку со издавачкиот договор не е поинаку определено, издавачот е должен, при наредните изданија, да му овозможи на авторот подобрување или измена на делото, под услов, тоа да не предизвика значителен трошок за издавачот и суштински да не го менува делото.

Член 91

Во случај кога делото, по доставувањето до издавачот, е уништено поради виша сила, авторот има право на надомест што би му припаднал, доколку делото било издадено.
Во случај кога поради виша сила е уништено целокупното подготвено издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право да подготви ново издание, а авторот има право на надомест само за уништеното издание.
Во случај кога поради виша сила е уништен дел од подготвеното издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право, без исплата на надомест да отпечати само толку примероци колку што биле уништени.

Член 92

Издавачкиот договор престанува во случај на:
- смрт на авторот пред завршување на авторското дело;
- исцрпување на тиражот на сите договорени изданија;
- истек на рокот на важење на договорот и
- други случаи утврдени со закон или договор.
Авторот може да го раскине издавачкиот договор, доколку издавачот, откако било исцрпено претходното издание, не издаде нови договорени изданија во рок од три години од денот кога авторот го побарал тоа, освен доколку со договор не е поинаку определено.
Се смета дека тиражот е исцрпен во смисла на овој закон, доколку бројот на непродадените примероци е помал од 5% од сите договорени изданија, а во секој

18

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


случај доколку е помал од 100 примероци.
Во случај кога издавачот нема да го издаде делото во договорениот рок, авторот може да го раскине договорот и да бара надомест на штета, а воедно да го задржи добиениот надомест, односно да бара исплата на договорниот надомест.
Во случај кога рокот за издавање на делото не е утврден во договорот, издавачот е должен делото да го издаде во вообичаен рок, но најдоцна во рок од една година од денот на предавањето на ракописот.

Член 93

Кога издавачот има намера, по рокот од три години од договореното издавање на делото, да ги продаде непродадените примероци на делото како хартија за преработка, а во договорот не е определен подолг рок, е должен, примероците прво да му ги понуди на авторот за откуп, по цена што би ја добил од продажбата на примероците како хартија за преработка.

Пододдел 2

Договор за јавно изведување

Член 94

Со договор за јавно изведување авторот се обврзува да му го пренесе на корисникот правото за јавно изведување на своето дело, а корисникот се обврзува, за тоа, на авторот да му исплати надомест и делото јавно да го изведе.

Член 95

Договорот за јавно изведување содржи особено: вид, обем и времетраење на правата што се пренесуваат, територијата на која важат правата, начинот и рокот за јавното изведување на делото и авторскиот надомест.

Член 96

Корисникот е должен да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото и да обезбеди соодветни технички услови за изведувањето, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 97

Во случај кога корисникот јавно не го изведе делото во договорниот рок, авторот има право да го раскине договорот и да побара оштета, како и да го задржи веќе добиениот надомест, односно да бара исплата на договорениот надомест.

Пододдел 3

Договор за нарачка на авторско дело

Член 98

Со договор за нарачка на авторско дело, авторот се обврзува да го создаде нарачаното авторско дело и да му го достави на нарачателот, а нарачателот се
обврзува за тоа да му исплати надомест.
Нарачателот има право да ја надгледува работата и да дава упатства, доколку со тоа не навлегува во правото на авторот за слободно творештво.
Авторот го задржува авторското право врз нарачаното дело, доколку со закон или договор не е поинаку определено.

19

Пододдел 4

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Авторско дело од работен однос

Член 99

Во случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување на своите работни обврски или по упатство на работодавецот (во натамошниот текст: авторско дело од работен однос), се смета дека материјалните права и другите права на авторот на тоа дело освен на правото на изнајмување, исклучиво му се пренесени на работодавецот за време од пет години по завршувањето на делото, доколку со соодветен колективен договор, односно со договор за работа не е поинаку определено. Исклучокот за правото на изнајмување од овој став не се однесува на пренесување на правото на изнајмување кај филмската продукција. По истекот на рокот од став 1 на овој член, материјалните права и другите права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавецот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати на работникот правичен надомест за секој вид материјално право.
Независно од ставовите 1 и 2 на овој член, авторот има право на правичен надомест за секое изнајмување.
Авторот не може да се откаже од правото од став 3 на овој член.

Член 100

По исклучок на член 99 на овој закон:
- работникот го задржува исклучивото право да го користи авторското дело од работниот однос во рамките на своите собрани дела и
- се смета дека материјалните права и другите права на авторот на бази на податоци се исклучиво и неограничено пренесени на работодавецот, доколку со
договор не е поинаку определено.

ГЛАВА ЧЕТВРТА

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА АВТОРСКИТЕ ДЕЛА Oддел 1

Аудиовизуелно дело

Член 101

Аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, е кинематографски, телевизиски и видео филм, како и друго аудиовизуелно дело изразено во вид на поврзани подвижни слики, со или без тон, без оглед на видот на носачот што ги содржи.

Член 102

Автори на аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, се: писателот на сценариото, главниот режисер и главниот снимател. Во случај кога анимацијата од кој било вид е суштински елемент на делото, за автор се смета и главниот цртач. Во случај кога музиката е суштински елемент на делото, за автор се смета и авторот на музиката посебно создадена за користење во аудиовизуелно дело.

Член 103

Цртачот, односно авторот на музиката, кога не се смета за автор на аудиовизуелното дело според член 102 на овој закон, како и сценографот, костимографот, монтажерот и авторот на маски, имаат авторско право само врз своите придонеси кон аудиовизуелното дело (во натамошниот текст: автори на придонеси).

20

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 104

Право на аудиовизуелно приспособување е исклучиво право, изворното дело да се преработи во аудиовизуелно дело или да се вклучи во аудиовизуелно дело.
Со склучување договор за аудиовизуелно приспособување се смета дека авторот на изворното дело, исклучиво и неограничено му го пренесол на филмскиот продуцент: правото на преработка и вклучување на изворното дело во аудиовизуелно дело, своите материјални права и другите права на тоа аудиовизуелно дело, правото на негово преведување, аудиовизуелни преработки, како и на фотографиите создадени во врска со аудиовизуелното дело, доколку со договорот не е поинаку определено.
По исклучок од став 2 на овој член, авторот на изворното дело го задржува:
- исклучивото право на натамошна преработка на аудиовизуелното дело во друг уметнички вид;
- исклучивото право на нови аудиовизуелни приспособувања на изворното дело по истекот на пет години од склучувањето на договорот од став 2 на овој член и
- правото на правичен надомест од филмскиот продуцент, за секое користење од став 2 на овој член.
Авторот на изворното дело не може да се откаже од правата наведени во став 3
на овој член.

Член 105

Со договор за филмска продукција се уредуваат односот на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното дело и авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори, согласно со овој закон.
Со склучувањето на договорот за филмска продукција, се смета дека авторите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент сите свои материјални права на аудиовизуелното дело, правото на превод, аудиовизуелната преработка, како и на фотографиите создадени во врска со тоа дело, доколку со договор не е поинаку определено.
Со склучување договор за филмска продукција, се смета дека авторите на придонесите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент правата за користење на придонесите за довршување на аудиовизуелното дело. По исклучок на ставовите 1, 2 и 3 од овој член:
- авторите задржуваат исклучиво право на натамошни преработки на аудиовизуелното дело во некој друг уметнички вид;
- авторите на придонесите задржуваат право своите придонеси кон аудиовизуелното дело посебно да ги користат, доколку со тоа не се повредени правата на филмскиот продуцент и
- авторите задржуваат право на правичен надомест од филмскиот продуцент, за секое користење од став 2 на овој член.
Авторите и авторите на придонесите не можат да се откажат од правата наведени во став 4 на овој член.

Член 106

Авторите на аудиовизуелното дело имаат право на авторски надомест, посебно за секое пренесено материјално право или друго право на авторот.
Филмскиот продуцент е должен најмалку еднаш годишно да им доставува на авторите на аудиовизуелното дело извештај за остварениот приход и тоа посебно за секој вид дозволено користење на делото.

Член 107

Аудиовизуелното дело се смета за довршено кога главниот режисер ќе утврди дека е завршена првата стандардна копија на делото, што е предмет на

21

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


договорот.
Уништување на матрицата на копијата од став 1 на овој член не е дозволено. Измени на копијата на аудиовизуелното дело од став 1 на овој член се можни само по претходна согласност на главниот режисер и филмскиот продуцент.
Во случај кога некој од авторите или авторите на придонесите нема да го заврши својот дел кон аудиовизуелното дело или поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивставува дадениот дел да биде користен за
негово довршување. За овој дел авторот ужива соодветно авторско право.

Член 108

Во случај кога филмскиот продуцент нема да го заврши аудиовизуелното дело во рок од пет години од склучувањето на договорот за филмска продукција или доколку не го дистрибуира завршеното аудиовизуелно дело во рок од една година по неговото довршување, авторите можат да го раскинат договорот, доколку не бил договорен друг рок.
Во случајот од став 1 на овој член авторите и авторите на придонесите го задржуваат правото на исплата на надомест.

Член 109

На договорот за аудиовизуелно приспособување и на договорот за филмска продукција, не се однесуваат одредбите на овој закон за правото на откажување од член 18 и за пренесување на правата од членовите 80 до 83 на овој закон.

Oддел 2

Компјутерска програма

Член 110

Компјутерска програма во смисла на овој закон, е програма во било која електронска изразна форма, вклучувајќи го и подготвителниот материјал за
негова изработка, доколку е индивидуална и интелектуална творба на нивниот автор.
Идеите и концепциите што претставуваат основа за било кој елемент на компјутерската програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што
овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси), не уживаат заштита според овој закон.

Член 111

Во случај кога компјутерската програма е подготвена од работник при извршувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавецот, се смета дека материјалните права на авторот на програмата, исклучиво и неограничено му се пренесени на работодавецот, доколку со договор поинаку не е определено.

Член 112

Доколку со членовите 113 и 114 од овој закон поинаку не е определено, авторот на компјутерската програма има исклучиво материјално право да ја користи програмата и да дозволува или забранува користење на програмата за:
- репродуцирање, како и внесување, прикажување, користење, пренесување или чување на компјутерска програма, доколку овие дејствија наложуваат таква репродукција;
- преведување, адаптирање или било која друга преработка, како и репродуцирање на резултатите од таа преработка, без да се повредат правата на лицето кое ја извршило таквата преработка и

22

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- дистрибуирање на оригиналот на компјутерската програма или нејзините копии во било каква форма.
Одредбата од членот 36 на овој закон се применува и во случај на компјутерски програми од став 1 алинеа 3 од овој член.
Авторот може со договор да ги пренесе правата од став 1 на овој член на трети лица.

Член 113

Доколку со договор не е поинаку определено, законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да ги врши дејствијата наведени во член 112 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, вклучувајќи и исправка на грешките потребни за користење на компјутерската програма, согласно со нејзината намена за дејствијата од член 112.
Законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да репродуцира најмногу две копии на програмата од кои едната е резервна, доколку е тоа потребно за нејзино користење.
Законскиот корисник на копија на компјутерската програма може без дозвола на авторот да го следи, проучува или тестира работењето на програмата, со цел да ги утврди идеите што се основна карактеристика на било кој елемент на програмата, доколку тоа го прави при внесот, прикажувањето, користењето, пренесувањето или чувањето, за што е овластен.
Одредбите од договорот што се во спротивност со ставовите 2 и 3 на овој член се ништовни.

Член 114

За репродуцирање на кодот и за промена на неговиот облик, во смисла на член
112 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, не е потребна дозвола на авторот, доколку тоа е потребно за добивање информации потребни за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма со други
програми, под услов да се исполнети следниве услови:
- таквите дејствија да ги врши носител на дозвола или друг законски корисник или во нивно име, од нив, за таа цел, овластено лице;
- информациите потребни за постигнување интероперабилност да не биле претходно достапни на лицата од став 1 алинеја 1 на овој член и
- таквите дејствија да се ограничени само на оние делови од изворната програма што се потребни за постигнување интероперабилност.
Не е дозволено информациите добиени преку примена на став 1 од овој член да се:
- користат за други намени, освен за постигнување на интероперабилност на
независно креирана компјутерска програма;
- отстапуваат на трети лица, освен кога тоа е потребно за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма и
- користат за развивање, производство или трговија со друга компјутерска програма, што во својот израз е слична во суштина или да се користат за било какво друго дејство со кое се повредува авторското право.
Одредбите од овој член не можат да се применуваат на начин кој во неразумна мера би го повредил авторското право или би бил спротивен на вообичаеното користење на компјутерската програма.
Одредби од договор што се во спротивност со овој член, се ништовни.

Член 115

Се смета дека некое лице ги повредува исклучивите права според овој закон, кога знаело или можело да знае дека дистрибуира или поседува за комерцијални цели недозволени копии на компјутерски програми.

23

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 116

Се смета дека некое лице ги повредува исклучивите права според овој закон, кога знаело или можело да знае дека дистрибуира или поседува за комерцијални цели која било технологија, средства или нивни составни делови чијашто цел е неовластено остранување или менување на технолошки мерки од член 184 став 3 на овој закон, користени да ја заштитат компјутерската програма.

Член 117

За компјутерските програми не важат одредбите за правото на откажување од член 18 од овој закон.
Одредбите од членовите 110 до 116 на овој закон, се применуваат независно од другите правни прописи за компјутерска програма (прописите за правата од индустриска сопственост, заштита на конкуренцијата, деловна тајна и слично).

ГЛАВА ПЕТТА СРОДНИ ПРАВА Oддел 1

Општи одредби

Член 118

Сродни права, во смисла на овој закон, се правата на уметниците-изведувачи над своите изведби и правата на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на РТВ организации и на издавачите (во натамошниот текст: продуценти), како и на изготвувачите на бази на податоци над нивните фонограми, видеограми, сценски дела, емисии, изданија и бази на податоци (во натамошниот текст: предмети на сродни права) определени со овој закон.

Член 119

Одредбите од овој закон за деловите на авторското дело, за дефинициите на материјалните права, за пресметување на траењето на авторското право, како и за пренесување на авторското право, соодветно се применуваат и на сродните
права.
Одредбите од членовите 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 38 став 1 и 2, 39, 40,
42, 44, 45, 46, 47, 48, 49, 50, 55, 56 и 57 на овој закон се применуваат во обем и во случаи соодветно на одделни видови сродни права.
Ограничувањето на материјалните права на изготвувачите на базите на податоци со "суи генерис" заштита се врши според членот 154 на овој закон.

Член 120

Остварувањето и заштитата на сродните права, според овој закон, не влијае врз остварувањето и заштитата на авторското право.

24

Oддел 2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Содржина на сродните права

Пододдел 1

Права на изведувачите

Член 121

Уметници-изведувачи (во натамошниот текст: изведувачи), во смисла на овој закон, се: артисти, артисти-куклари, пеачи, музичари, играорци и други лица кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин, изведуваат авторски или фолклорни дела.
Како изведувачи, во смисла на овој закон, се сметаат и режисери на драмски претстави, диригенти на оркестри, раководители на хорови, мајстори на тон, како и вариететски и циркуски уметници.

Член 122

Изведувачи во состави, односно групи како, на пример: членови на оркестар, хор, танцов или драмски ансамбл или друг вид група, се должни да овластат еден од членовите за свој застапник, за давање дозволи потребни за изведување. Овластувањето од став 1 на овој член, се дава во писмена форма и важи, доколку е дадено од мнозинството изведувачи во составот, односно групата од став 1 на овој член.
Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, не се однесуваат на режисери на драмски претстави, диригенти и солисти.

Член 123

Изведувачите имаат морално право, при најавата на изведбата, односно на секоја снимка и обвивка на снимка од тоа изведување, на вообичаен начин, да се наведе нивното име, псевдоним или друга ознака, и тоа за:
- индивидуална изведба, името на изведувачот и
- изведба на состав, односно група, името на составот, односно групата, на уметничкиот раководител и на солистот, кога тоа го овозможува начинот на користење.

Член 124

Изведувачите имаат морално право да се спротивстават на секакво деформирање, сакатење или менување на нивната изведба, односно да се спротивстават на секое користење на нивната изведба што може да наштети на нивната личност, чест и углед.

Член 125

Изведувачите имаат исклучиви материјални права да ја користат или да дозволуваат или забрануваат користење на својата изведба за:
- радиодифузно емитување на изведбата, освен кога изведбата сама по себе е радиодифузна, односно се емитува како снимка;
- пренесување на живата изведба преку звучник, екран или слична направа,
надвор од просторот или местото на изведување;
- снимање на изведбата во живо;
- репродуцирање на снимката на изведбата на фонограми и видеограми;
- дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување на фонограми и видеограми со изведбата и
- ставање на располагање на јавноста на снимката.

25

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Со првата продажба на оригиналот или копија на снимена изведба во Република Македонија, направени со изрична или премолчана согласност на изведувачот, се смета дека правото на дистрибуција на тој оригинал или примерок на територија на Република Македонија е исцрпено, со исклучок на изнајмувањето на снимката на изведбата.

Член 126

Изведувачот има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за користење на фонограмот со неговата изведба, во согласност со
член 134 од овој закон.

Член 127

Со склучување договор за производство на фонограми, се смета дека изведувачот, по однос на својата изведба има право на надомест посебно за секое пренесено материјалано право.
Независно од договорот од ставот 1 на овој член, изведувачот има право на правичен надомест од фонограмскиот продуцент за секое користење.
Изведувачот не може да се откаже од правото утврдено во ставот 2 на овој член.

Член 128

Со склучување договор за производство на видеограми, се смета дека изведувачот, по однос на својата изведба, му ги пренел на филмскиот продуцент правото на снимање, репродуцирање и дистрибуирање, доколку со договор не е поинаку определено.
Независно од договорот од став 1 на овој член, изведувачот има право на соодветен надомест од филмскиот продуцент за секое користење.
Изведувачот не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.

Член 129

Во случај кога некој од изведувачите нема да го доврши своето учество кон аудиовизуелното дело или доколку поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивстави делот од учеството да биде користен за негово довршување. За овој дел изведувачот ужива соодветни права утврдени со овој закон.

Член 130

Во случај кога изведба реализира работник при исполнувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавец (изведба од работен однос), односите во врска со изведбата се уредуваат со соодветен колективен договор, односно договор за работа.

Член 131

Правата на изведувачот траат 50 години од денот на изведбата. Доколку во тој период снимката од неговата изведба била прв пат законски издадена или јавно соопштена, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од првото законско објавување.

Пододдел 2

Права на фонограмските продуценти

Член 132

Фонограмски продуцент, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице што ќе преземе иницијатива и одговорност за прво снимање фонограм.

26

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци од некоја изведба, други звуци или звучни појави, освен снимките содржани во аудиовизуелно дело. Снимка, во смисла на овој став, е забележување на звуците на носач на тон од кои тие можат да бидат восприемени, репродуцирани или соопштени со помош на технички средства.

Член 133

Фонограмскиот продуцент има исклучиви материјални права да користи или да дозволува или забранува користење на своите фонограми за: репродуцирање, дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување, издавање, како и ставање на располагање на јавноста. За правото на дистрибуција соодветно се применува членот 125 став 2 на овој закон.

Член 134

Примерок или репродукција на фонограм може да се користи без дозвола на фонограмскиот продуцент, доколку е издаден за комерцијална цел и тоа за: јавно пренесување, радиодифузно емитување и радиодифузно реемитување. Во тој случај, корисникот е должен при секое користење да му плаќа на фонограмскиот продуцент правичен надомест во единствен износ за правата на фонограмскиот продуцент и за правата на изведувачот, доколку со овој закон поинаку не е определено.
Фонограм ставен на располагање на јавноста со дозвола на фонограмскиот продуцент се смета за издаден за комерцијални цели и се користи под услови определени во ставот 1 на овој член.
Фонограмскиот продуцент е должен на изведувачот на фонограмот да му исплати половина од надоместот од ставот 1 на овој член, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 135

Правата на фонограмскиот продуцент траат 50 години од денот на извршеното снимање. Доколку во тој период фонограмот бил прв пат законски издаден, правата на продуцентот траат 50 години, сметано од издавањето. Доколку во тој период фонограмот не бил законски издаден, туку бил законски јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години, сметано од соопштувањето.

Пододдел 3

Права на филмските продуценти

Член 136

Филмски продуцент, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице што води или организира изработка на видеограм и е одговорно за неговото довршување.
Видеограм, во смисла на овој закон, е првата стандардна копија (аудиовизуелно дело) или прва аудиовизуелна снимка. Аудиовизуелна снимка, во смисла на овој
став, е забележување на подвижни слики, со или без тон, односно звуци или звучни појави на носач на тон и слика од кои тие можат да бидат восприемени,
репродуцирани или соопштени со помош на технички средства.

Член 137

Филмскиот продуцент од член 136 од овој закон има исклучиво право на репродуцирање, дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување, издавање, како и соодветен вид јавно соопштување на своите видеограми. За правото на дистрибуција соодветно се применува членот 125 став 2 на овој закон.

27

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 138

Правата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот бил прв пат законски издаден или јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години, сметано од првото законско објавување.

Пододдел 4

Права на сценските продуценти

Член 139

Сценски продуцент, во смисла на овој закон, е правно или физичко лице кое во свое име организира подготвување и изведување на сценско дело.

Член 140

Сценскиот продуцент, доколку со договор не е поинаку определено, има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на сценското дело за:
- радиодифузно емитување на сценското дело;
- пренесување на сценското дело преку звучник, екран или слична направа надвор од просторот или местото на изведување;
- снимање на сценското дело во живо;
- преработка на снимка на фонограм или видеограм;
- репродуцирање на снимката на сценското дело на фонограми или видеограми;
- дистрибуирање фонограми и видеограми на сценското дело и
- изнајмување фонограми и видеограми со сценското дело.

Член 141

Сценскиот продуцент има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за објавување на фонограмот со сценското дело.

Член 142

Со склучување договор за производство на фонограми или видеограми, се смета дека сценскиот продуцент, по однос на делото, му ги пренел на фонограмскиот
продуцент, односно на филмскиот продуцент правото на снимање,
репродуцирање, дистрибуирање и правото на изнајмување, доколку со договор не е поинаку определено.
Независно од договорот од став 1 на овој член, сценскиот продуцент има право на соодветен надомест од фонограмскиот продуцент и од филмскиот продуцент за секое изнајмување.
Сценскиот продуцент не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.

Член 143

Правата на сценскиот продуцент траат 50 години од денот на првото јавно изведување на сценското дело.

Пододдел 5

Права на радио и телевизиските организации

Член 144

Радио и телевизиската организација (во натамошниот текст: РТВ организација)

28

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на своите емисии за:
- радиодифузно емитување и реемитување;
- јавно пренесување, доколку истото е направено во места достапни на јавноста со наплата на влез;
- ставање на располагање на јавноста, вклучувајќи и дистрибуција преку електронски комуникациски мрежи (кабелско реемитување);
- снимање, репродуцирање на снимките и дистрибуирање на снимките и
- дистрибуирање сигнали на програмата пренесени преку комуникациски сателити од страна на други емитувачи, кабелски и други дистрибутери.
Со првата продажба на снимка или копија на снимка на програма во Република Македонија, пренесено со изрична или премолчана согласност на РТВ организација, се смета дека правото на дистрибуција на таквата снимка или копија на снимката на територија на Република Македонија е исцрпено.

Член 145

Правата на РТВ организации траат 50 години од денот на првото радиодифузно емитување.

Пододдел 6

Права на издавачите и другите лица

Член 146

Правно или физичко лице што законски ќе издаде авторско дело во книжен облик (во натамошниот текст: издавач) има исклучиви права на своето издание, согласно со овој закон.
Издавачот има исклучиво право да дозволува или забранува неговите изданија да бидат репродуцирани од друго правно или физичко лице, под име на лицето по пат на фотографирање, копирање и било кој друг начин на умножување. Во случај да дозволи репродуцирање, на репродуцираното издание задолжително се наведува името, псевдонимот или ознаката на издавачот на користеното издание. Ова право не влијае на остварувањето на правото на авторот.

Член 147

Издавач што прв пат законски ќе издаде или лице кое прв пат јавно ќе соопшти необјавено авторско дело врз кое истекло авторското право, ужива заштита еднаква на материјалните права на авторот, утврдени со овој закон.

Член 148

Физичко лице кое ќе создаде научен или критички коментар или осврт на претходно објавено авторско дело врз кое истекло авторското право, ужива заштита еднаква на материјалните права на авторот, утврдени со овој закон.

Член 149

Правата од членовите 146 став 2 и 148 на овој закон траат 25 години од законското издавање.
Правата од член 147 на овој закон траат 25 години од првото законско издавање или законско јавно соопштување.

29

Пододдел 7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Права на изготвувачи на бази на податоци со "суи генерис" заштита

Член 150

Изготвувачот на базата на податоци има право да го спречи извлекувањето и/или повторното користење на целината или битните делови на базата на податоци, доколку презентира дека извршил квалитативно и/или квантитативно суштинско вложување во прибирање, верификација или презентација на нејзината содржина (во натамошниот текст: "суи генерис" заштита).
"Суи генерис" заштитата се применува независно од тоа дали базата на податоци или нејзините составни делови уживаат авторско-правна заштита според овој закон или според други прописи.
"Суи генерис" заштитата ќе се применува без да се повредат постојните права во однос на содржината на базата на податоци.

Член 151

"Суи генерис" заштитата на базата на податоци ја опфаќа:
- целата содржина на базата на податоци;
- суштинските делови од нејзината содржина, проценети квалитативно и/или квантитативно и
- несуштинските делови од нејзината содржина, кога тие се користат повторувано и систематично и спротивно на редовното користење или во неразумна мерка ги повредуваат законските интереси на изготвувачот на базите на податоци.
"Суи генерис" заштитата на базата на податоци не се применува на компјутерски програми користени за изработка или за работа на базите на податоци достапни преку електронски средства.

Член 152

Изготвувачот на базата на податоци има исклучиво право да дозволува или забранува извлекување и повторно користење.
"Извлекување", во смисла на овој закон, претставува трајно или времено пренесување на целата содржина или на суштински дел од содржината на базите на податоци на друга материјална подлога на било кој начин или форма. "Повторно користење", во смисла на овој закон, претставува која било форма на објавување на целата содржина или на суштински дел од содржината на базите на податоци преку дистрибуирање на примероци, ставање на располагање на јавноста или други форми на јавно соопштување. Со првата продажба на примерок од базата на податоци од страна на носителот на правото или со негова согласност, се исцрпува правото на контрола на натамошната продажба на примероците.
Јавното позајмување, во смисла на овој закон, не претставува користење во смисла на ставовите 2 и 3 од овој член.

Член 153

Изготвувач на објавена база на податоци не смее да го спречи законскиот корисник од користење на несуштинските делови од нејзината содржина проценета квалитативно и/или квантитативно за какви било цели. Кога законскиот корисник е овластен да користи само дел од базите на податоци, овој став ќе се применува само за тој дел.
Законски корисник на објавена база на податоци не смее да презема какви било дејства спротивни на редовното користење и/или дејства што во неразумна мерка ги повредуваат законските интереси на изготвувачот на базите на податоци. Законскиот корисник на објавена база на податоци не смее да предизвика штета

30

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


на носителот на авторското право или сродните права во однос на делата или предметите на сродните права што се содржани во базата на податоци.
Одредбите од договорот спротивни на овој член се ништовни.

Член 154

Користењето на суштинските делови од содржината на базата на податоци од страна на законскиот корисник е слободно како:
- извлекување од неелектронска база на податоци за приватни цели;
- извлекување заради илустрирање во наставата или за научни истражувања,
доколку изворот е наведен и во обем оправдан со некомерцијалната цел;
- извлекување и/или повторно користење за цели на јавна безбедност, во управни и судски постапки.
Одредбите од членовите 39 до 58 на овој закон не се применуваат на "суи генерис" заштитата.

Член 155

Правата на изготвувачот на базата на податоци траат 15 години по завршувањето на изработката на базата на податоци. Доколку во тој период таа законски е објавена, правата ќе траат 15 години од првото такво објавување.
Начинот на пресметувањето на траењето на заштитата утврден во членот 66 од овој закон соодветно се применуваат на "суи генерис" заштитата.
Рокот за заштита утврден во ставот 1 од овој член почнува одново да тече со секоја значителна измена, проценета квалитативно и/или квантитативно, на содржините на базата на податоци вклучително и секоја суштинска измена што произлегува од кумулацијата на последователни дополнувања, бришења или менувања што ја квалификува базата на податоци како суштински ново вложување проценето квалитативно или квантитативно.

ГЛАВА ШЕСТА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА Oддел 1

Oпшти одредби

Член 156

Авторот може своите морални, материјални или други права да ги остварува лично или преку застапник.
Одредбите од оваа глава што се однесуваат на остварување на авторското право,
односно авторот, соодветно се применуваат и на сродните права, односно на носителот на сродното право.

Член 157

Авторското право се остварува одделно за секое авторско дело (во натамошниот текст: индивидуално остварување) или доколку со овој закон е определено, заедно за повеќе авторски дела од повеќе автори (во натамошниот текст: колективно остварување).

Член 158

Остварувањето на авторското право преку застапник, го опфаќа застапувањето на авторот во:
- правните работи и односите со носителите на правата, односно корисниците на

31

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


неговото дело, вклучувајќи го и прибирањето авторски надомест и
- постапките пред судовите и други органи заради заштита на неговото авторско право.

Оддел 2

Колективно остварување

Член 159

Колективното остварување на авторско право се врши само за објавено авторско дело. Колективното остварување на авторско право содржи:
- пренесување неисклучиви права за користење авторско дело;
- прибирање и распределба авторски надоместоци од користењето на авторското дело и
- остварување заштита на правото пред судови и други органи.

Член 160

Колективно се остваруваат следниве права:
- јавно соопштување несценско музичко и несценско книжевно дело (мали права);
- репродуцирање за приватно користење;
- надомест од секоја наредна продажба на оригинал на уметничко дело во смисла на член 23 од овој закон како право на следство и
- кабелско реемитување на авторски дела, освен емитување од РТВ организации,
независно дали се работи за нивните сопствени права или правата им се пренесени од други носители на права.

Член 161

Колективно може да се остваруваат и следниве права:
- надомест од позајмување;
- репродуцирање музички и книжевни дела на фонограми и видеограми
(механички права);
- изнајмување фонограми и видеограми;
- репродуцирање или јавно соопштување во учебници, читанки и други публикации од слична природа авторски дела во делови или во целина кога се работи за кратки авторски дела и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, исклучиво заради илустрирање во настава со некомерцијална цел;
- репродуцирање или јавно соопштување во целина на актуелни написи од
дневен и периодичен печат, како и на коментари од радиодифузни емисии во кои се расправа за прашања од поширок интерес од областа на економијата, политиката, религијата, уметноста, науката и слично, освен доколку правото на таквото користење не е изречно задржано од страна на авторот;
- репродуцирање, јавно прикажување и друго јавно соопштување на авторски дела во пропагандни пораки во траење до 60 секунди и
- репродуцирање на авторски дела изложени на јавни места, за комерцијални цели. Колективно може да се остваруваат и други видови на користење на
авторските дела, доколку е во интерес на авторите.

Член 162

Колективно остварување вршат здруженија на автори, односно здруженија на носители на сродните права, основани за таа цел, согласно со овој и друг закон (во натамошниот текст: здружение).
Здружението од став 1 на овој член, работи со непрофитна цел и може да врши

32

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


само колективно остварување.
Со здружението управуваат членовите, во согласност со овој и друг закон.

Член 163

Статутот на здружението содржи особено одредби за:
- име, што не може да биде идентично со име на друго здружение;
- видови права што се остваруваат;
- услови за стекнување и престанок на членство;
- управување со здружението, во зависност од категориите на носители на авторски права (автори на изворно дело по видови и жанрови, автори на преработката, автори на преводот и слично, наследници, издавачи, работодавци), како и видови членство (редовно, вонредно, времено, почесно и друго);
- членарина според категории права и видови членства;
- права, должности и одговорности на членовите;
- органи на здружението, нивна надлежност, избор и разрешување;
- процедурални прашања;
- основни начела за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите,
односно носителите на правата;
- надзор врз финансиското и материјалното работење и
- начин на распределба на имотот на здружението во случај на негов престанок.

Член 164

Здружението се регистрира во надлежен орган, а почнува со работа по издадена дозвола од Министерството за култура.
Министерството за култура ја издава дозволата од став 1 на овој член, доколку
здружението ги исполнува следниве услови:
- да има седиште во Република Македонија;
- да е отворено за сите автори;
- статутот да е во согласност со овој закон и
- да се обезбедува ефикасно и економично остварување на правата на целата територија на Републиката.
При утврдувањето на условите за ефикасно остварување на правата од став 2 алинеја 4 на овој член, Министерството за култура ги има предвид особено: бројот на авторите кои склучиле договор со здружението, обемот на користењето на авторските дела, односно бројот на можните корисници, начинот и средствата со кои здружението има намера да ги постигне своите цели, начинот и учеството на членовите во органите и одлучувањето, начелата за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите, како и можностите за остварување на правата во странство.

Член 165

Министерството за култура издава дозвола на здружението врз основа на јавен конкурс што се објавува во "Службен весник на Република Македонија".
За колективно остварување на утврдените права од членовите 160 и 161 на овој закон, за ист вид авторски дела, по правило се издава дозвола само на едно
здружение.
Доколку врз основа на конкурсот од став 1 на овој член не издаде дозвола, Министерството за култура може да издаде привремена дозвола за колективно остварување на определени права, на правно лице што не ги исполнува условите од овој закон. Во привремената дозвола се определува рокот и условите за привремено колективно остварување.
Министерството за култура издава дозвола, односно привремена дозвола со решение, против кое е дозволена жалба. По жалбата одлучува второстепена комисија на Владата на Република Македонија. Жалбата по решението за

33

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


привремена дозвола не го одлага извршувањето на решението и неговото објавување во "Службен весник на Република Македонија".
Конечните решенија од ставовите 3 и 4 на овој член се објавуваат во "Службен весник на Република Македонија".

Член 166

Министерството за култура ќе ја одземе издадената дозвола, доколку здружението не ги остварува обврските утврдени со статутот и овој закон. Во тој случај Министерството за култура прво писмено го опоменува здружението и му определува рок од најмалку 30 дена за отстранување на утврдените неправилности.
Министерството за култура ќе ја одземе издадената привремена дозвола, доколку здружението не постапило во согласност со рокот и условите определени со решението.
За одземање на дозволата во случаите од ставовите 1 и 2 на овој член, Министерството за култура донесува решение, против кое е дозволена жалба до второстепената комисија на Владата на Република Македонија. Одземањето почнува да важи по истекот на 30 дена од денот на објавувањето на конечното решение во "Службен весник на Република Македонија".

Член 167

Надоместоците за користење на делата првенствено се утврдуваат со договор меѓу здружение за колективно остварување и националниот радиодифузен сервис, како и со договор меѓу здружение за колективно остварување и соодветно здружение на корисниците, односно нивна комора. Под соодветно здружение на корисниците, односно нивна комора во смисла на овој став, се подразбира здружение, односно комора основано согласно со закон која го претставува мнозинството на корисниците од определената дејност, дел од дејност или збир на дејности.
Доколку надоместот не е определен согласно со ставот 1 на овој член, тој се плаќа согласно со правилникот за користење на авторските дела со тарифата за висината на надоместоците на здружението за колективно остварување, на кој согласност дава Министерството за култура.
Договорите од ставот 1 на овој член се склучуваат за определено време, не подолго од четири години.
Ниедна од договорните страни не смее да одбие преговори за договорите во смисла на ставот 1 од овој член. Доколку корисникот или соодветните здруженија
на корисниците, односно нивните комори од ставот 2 на овој член одбијат да преговараат, ќе се смета дека по истекот на времетраењето на договорот од
ставот 1 на овој член се применува правилникот со тарифата на здружението. Доколку здружението за колективно остварување одбие да преговара со корисникот или соодветните здруженија на корисници, односно нивните комори,
претставува основа за одземање на дозволата за колективно остварување.
До склучувањето на договор од ставот 1 на овој член се пресметува и се наплаќа авторски надомест во аконтативен износ, пресметан под услови, начин и висина определена во правилникот со тарифата. Аконтативниот износ од овој став се засметува во масата на средствата за исплата на надоместоци, определна со договорот од ставот 1 на овој член.

Член 168

Здружението за колективно остварување е должно пред утврдувањето на правилникот со тарифата за користење на авторски дела од член 167 на овој закон, да побара мислење за предлог-правилникот со тарифата од соодветните здруженија на корисниците, односно нивните комори од член 167 став 1 од овој

34

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


закон, националниот радиодифузен сервис и Советот за радиодифузија.
Доколку субјектите од став 1 на овој член во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето не достават свои мислења и предлози, ќе се смета дека се согласни со предлог-правилникот со тарифата.
Доколку здружението не ги прифати во целина или делумно мислењата и предлозите на субјектите од став 1 на овој член, во рок од 15 дена од денот на приемот на истите, тоа е должно да побара мислење од Комисијата за
посредување во авторското право и сродните права од член 170 од овој закон во
врска со предметот на несогласување. Комисијата за посредување во авторското право и сродните права ќе даде мислење во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Мислењето на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права содржи оценка за тоа дали тарифата на здружението ги опфаќа правата за кое тоа здружение има дозвола, како и тоа дали надоместот во тарифата е определен во согласност со член 169 од овој закон. Доколку Комисијата за посредување во авторското право и сродните права не даде мислење во определениот рок се смета дека е согласна со предлог - правилникот со тарифата.
По спроведување на постапката според одредбите од овој член, здружението во рок од три месеци од денот на објавувањето на дозволата, односно привремената
дозвола за колективно остварување го доставува правилникот со тарифата до
Министерството за култура на согласност. Правилникот со тарифата за која е дадена согласност, здружението за колективно остварување ја објавува во "Службен весник на Република Македонија".
Недоставувањето на правилникот со тарифата во рокот од став 4 на овој член претставува услов за одземање на дозволата, односно привремената дозвола.
Изменување и дополнување на правилникот со тарифата се врши на ист начин како и за негово донесување.

Член 169

Доколку користењето на авторското дело е нужно за вршење на дејноста на корисникот на начин што дејноста на корисникот зависи од користењето на делата, како во случај на радио-дифузното користење, концертните, танчерските и другите користења, висината на надоместот во правилникот со тарифата се определува, по правило, во процент од приходот, односно добивката којашто корисникот ја остварува со користењето на авторското дело.
Доколку со користењето на авторското дело не се остварува приход, односно добивка, висината на надоместот во правилникот со тарифата може да се определи во процент од трошоците потребни за користење на делото, како што се: надоместоците или платите на уметниците, трошоците за користење на просторот при користење на делата или други соодветни трошоци.
Со надоместоците што се определуваат во проценти се определува и најнискиот износ на надоместот.
Доколку користењето на авторското дело не е нужно за вршење на дејноста на корисникот, меѓутоа е корисно или пријатно за корисниците на нивните услуги, како во случај на: хотелските објекти или другите објекти за сместување, изложбените простори, угостителските објекти, превозните средства и другите јавни објекти, висината на надоместокот во правилникот со тарифата се определува во паушален износ, и тоа како за постојаните така и за повремените користења на делата.
При определување на висината на паушалниот надомест во правилникот со тарифата, како и во случај на надоместот од став 3 на овој член се земаат предвид околностите на користењето, како што се: видовите на користење,
подрачјето на користење (бројноста на потенцијалните корисници), категоријата
и големината на просторот, траењето и бројот, како и разликата во висината на

35

цените во работењето на корисникот.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 170

Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за култура именува Комисија за посредување во авторското право и сродните права (во натамошниот текст: Комисија) што има задача да посредува во преговорите од член 167 од овој закон, како и да даде мислење од член 168 став 3 на овој закон. Комисијата задолжително посредува во преговорите за висината на надоместоците за кабелското реемитување на авторските дела и предметите на сродните права. Комисијата ја сочинуваат претседател и четири членови со мандат од четири години. Претседателот и членовите на Комисијата се именуваат од редот на истакнатите независни стручњаци коишто со својата работа и познавање на примената на авторското право и сродните права можат да придонесат за остварување на целите за коишто се формира.
Комисијата донесува деловник за работа и начинот на одлучување во случаите определени со овој закон.
Комисијата од став 1 на овој член на своја седница може да покани на седницата да присуствуваат по еден овластен претставник од договорните страни и други стручни лица од соодветна област. Претставниците на договорните страни и поканетите стручњаци рамноправно учествуваат во работата на Комисијата, без право на глас.
Предлогот од член 171 став 1 на овој закон и мислењето од став 1 на овој член, Комисијата го донесува со мнозинството гласови од вкупниот број на членови. Членовите на Комисијата и другите стручњаци од став 4 на овој член имаат право на надомест. Висината на надоместот ја определува министерот за култура, а средствата за надоместот го обезбедуваат договорните страни во подеднакви износи.

Член 171

Доколку договорните страни од член 167 став 1 од овој закон не се спогодат во врска со одредбите на договорот и не го склучат истиот, било која од договорните страни може да побара посредување од Комисијата. Комисијата во својство на посредник во преговорите е овластена на договорните страни да им помогне во водењето на преговорите и може по барање на страните да дава предлози за уредување на меѓусебните односи за склучување на договорот од член 167 на овој закон. Предлозите на договорните страни им се доставуваат лично или преку препорачана пошта.
Предлозите на Комисијата се сметаат за прифатени, доколку ниедна од договорните страни не изрази писмено спротивставување на предлозите во рок од три месеци од приемот на предлозите, а спротивставувањето се доставува до Комисијата лично или со препорачана пошта.

Член 172

Здружението донесува правилник за распределба на авторските надоместоци во рок од три месеци од издавањето на дозволата за колективно остварување, усогласен со статутот и со овој закон.
Правилникот од став 1 на овој член содржи одредби, особено за:
- видови дела и видови права, како и нивна категоризација и видови на носители на права;
- утврдување на удели на одделни носители на правата во наплатените
надоместоци;
- утврдување на износите за исплата на надоместоците по одбивањето на трошоците за остварување на правата;
- издвојување на износите и нивно распределување по класи и фондови;

36

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- издвојување на определени износи во резервни фондови утврдени со статутот или произлегуваат од меѓународните договори за взаемно застапување на здруженијата за колективно остварување на правата и
- рокови во кои се вршат пресметките и исплатите на распределените надоместоци. Здружението го доставува правилникот од став 1 на овој член до Министерството за култура за согласност. Правилникот, за кој е дадена согласност, здружението го објавува во "Службен весник на Република Македонија".
Средствата од наплатените надоместоци можат да се користат само во согласност со одредбите од правилникот од став 1 на овој член.
За покривање на трошоците на здружението може да се користат најмногу 30%
од прибраните авторски надоместоци.
Поединечните пресметки и исплатите на надоместоците мораат да се вршат најмалку еднаш годишно.
Финансискиот план за прибраните средства за распределба и исплата на надоместоците ја утврдува собранието на здружението. Здружението е должно да го достави на увид финансискиот план до Министерството за култура во рок од 15
дена од нејзиното утврдување.
Непочитувањето на одредбите од став 1, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член се основа за одземање на дозволата на здружението за колективно остварување.

Член 173

При распределбата на надоместоците прибрани за приватно репродуцирање од член 42 на овој закон, авторите примаат 40%, изведувачите 30%, а фонограмските или филмските продуценти 30 %.
Надоместоците прибрани за приватно репродуцирање од член 42 на овој закон,
се распределува меѓу авторите и издавачите во сооднос од по 50%.

Член 174

Здружението го остварува авторското право врз основа на договор со авторот. Договорот од став 1 на овој член ги содржи особено: овластувањето за остварување на правата, видот на делото, правото што се остварува, времетраењето на договорот и посебните права во случај на неостварување на договорот.
За времето, за кое, колективното остварување на авторското право според закон или со договор е пренесено на здружението, авторот нема право индивидуално да ги остварува тие права.
Правата од член 160 на овој закон, надлежното здружение ги остварува по сила на закон и независно дали е склучен договор со авторот.

Член 175

Здружението води постапки за остварување на авторското право пред судовите и други органи во свое име, а за сметка на авторот и за тоа е должно да го известува авторот.

Член 176

Доколку автор побара остварување авторско право од здружението, согласно со овој закон и со статутот на здружението, здружението не може да го одбие барањето.

Член 177

Здружението е должно, секогаш, на барање на авторот, да му дава податоци за остварување на неговото право.
На барање на корисникот, здружението е должно, согласно со своите акти, да

37

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


склучува договори за пренесување неисклучиви права за кои е овластено да ги остварува.
Доколку странките од став 2 на овој член не се договорат за висината на надоместот, се смета дека соодветното право е пренесено, доколку оној којшто го бара, уплати на сметка на здружението или во судот, износ што здружението го пресметува според своја тарифа.

Член 178

Организаторот на културно-уметнички и забавни приредби, како и другите корисници на авторските дела се должни во рок од најмалку 15 дена пред денот на јавното изведување, односно јавно соопштување на авторското дело да го известат соодветното здружение и да добијат дозвола за соодветното користење, а во рок од 15 дена од денот на изведувањето, односно јавното соопштување, на здружението да му достават преглед на сите изведени, односно јавно соопштени дела со податоци за користеното дело, времето, местото и начинот на користењето и да уплатат износ, согласно со тарифата на здружението.
На барање на авторот или здружението, надлежниот суд определува привремена мерка - забрана на изведувањето, односно јавното соопштување на авторското дело, доколку организаторот претходно не добил дозвола согласно со став 1 на овој член.
Продавачот, односно галеристот, организаторот на јавната продажба, уметничката галерија или друг посредник што врши продажба на уметнички дела во смисла на член 22 од овој закон и оригиналите (ракописите) на книжевни и музички дела од член 26 на овој закон е должен да му доставува на надлежното здружение податоци за оттуѓените дела, за сопственикот и посредникот, за договорите за продажба и за потврдите за оригиналноста на делата, за продажната цена во рок од 30 дена по извршеното продавање.
Произведувачите и увозниците на апарати за тонско и визуелно снимање, на апарати за фотокопирање, на неснимени носачи на тон и на тон и слика, како и лица кои вршат услуги на фотокопирање се должни на барање на соодветното здружение да му доставуваат податоци за видот и бројот на продадените или увезените апарати и носачи на тон и на тон и слика, како и податоци за направените фотокопии во текот на определен месец.
РТВ организациите се должни еднаш месечно да му доставуваат на надлежното здружение прегледи на емитуваните авторски дела.

Член 179

Кога вршењето на определената дејност е поврзано со стекнување право од член
160 на овој закон, надлежниот орган за издавање дозвола за вршење на дејноста,
нема да издаде дозвола, доколку вршителот на дејноста претходно не склучил договор со надлежното здружение.

Член 180

Секој член на здружението може, во рок определен со статутот, да побара увид во годишниот финансиски извештај и извештајот на надзорниот орган на здружението.
Мнозинството членови на здружението можат да побараат еден или повеќе надворешни независни стручни лица, да го прегледаат работењето на здружението.

Член 181

Надзор над колективното остварување на авторското право и на сродните права се врши согласно со овој и со друг закон.
Министерството за култура може да бара информации или податоци од

38

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


здруженијата за колективно остварување, може да спроведе инспекциски надзор и е овластено да врши увид во актите, годишниот финансиски извештај и финансиската документација.
Здружението е должно да го известува Министерството за култура за започнувањето и престанокот на функциите на лицата кои, согласно со статутот, раководат и управуваат со него, за склучување договори во смисла на член 167 став 2 на овој закон, за склучување договори со странски здруженија што вршат ист вид заштита, за измените на општите акти, како и за други прашања. За изменувањето и дополнувањето на статутот и другите акти определени со овој закон е потребна согласност од Министерството за култура.
Доколку Министерството за култура не се произнесе во рок од два месеци од доставувањето на актите определени со овој закон за кои е потребна согласност од Министерството, се смета дека согласноста е дадена.

ГЛАВА СЕДМА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА Oддел 1

Oпшти одредби

Член 182

Лице, чии права според овој закон се повредени, може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со овој закон не е поинаку определено. Носителот на правото може да побара заштита од став 1 на овој член и кога се заканува вистинска опасност од повреда на правата според овој закон.

Член 183

Кога постојат повеќе носители на некое право од овој закон, секој од нив може да побара заштита на правото во целост.
Кога постојат повеќе сторители на повредата на некое право од овој закон, секој од нив одговара за повредата во целост.

Член 184

Се смета дека некое лице ги повредува исклучивите права утврдени со овој закон кога знаело или можело да знае дека врши дејствија за изигрување на технолошките мерки кои служат за заштита на тие права од овој закон.
Како повреда на исклучивите права утврдени со овој закон, се смета и кога некое лице произведува, увезува, дистрибуира, продава, изнајмува, рекламира за продажба или изнајмување или поседува во комерцијални цели средства, производи и нивни составни делови или врши (нуди) услуги, на кои било делотворни технолошки мерки, кои:
- се промовирани, рекламирани или се во продажба заради изигрување;
- имаат само ограничено комерцијално значајна цел или користење, освен заради изигрување;
- првенствено се креирани, произведени, прилагодени или функционираат за да се овозможи или олесни изигрување.
Технолошките мерки, во смисла на овој закон, е која било технологија, средства или нивни составни делови, кои во текот на своето редовно работење, се наменети за спречување или за ограничување на повреда на правата, утврдени со овој закон. Овие мерки се сметаат за делотворни, доколку користењето на
авторските дела или на предметите на сродните права или на базите на податоци

39

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


со "суи генерис" заштита е контролирано од носителите на правата заради остварување на заштита преку примена на контрола на пристап, преку процесот на заштита (како што е нивно кодирање, преметнување или друг вид на промена на делата или предметите на сродните права), како и преку механизмите за контрола на копирање.

Член 185

Носителот на правото што ги користи технолошките мерки е должен, без одолговлекување во најкраток можен рок, на барање на лица кои имаат законски пристап до авторските дела, предметите на сродните права и базите на податоци со "суи генерис"заштита, во случај на остварување на законските дозволи и на слободното користење на материјалните права, утврдени со овој закон, преку
отстранување на технолошките мерки или со други средства да им го овозможи
остварувањето на тие права и тоа за:
- користење за цели на наставата (член 40 став 1);
- репродуцирање во книжен формат за приватно користење (член 42);
- репродуцирање во книжен формат за користење за научни цели (член 46 став 1
алинеја 1);
- користење за потребите на лицата со посебни потреби (член 46 став 1 алинеја
2);
- репродуцирање за сопствено користење од непрофитните установи, како библиотеки, кинотека, музеи и други културни, образовни и научни институции (член 47);
- користење за цели на јавната безбедност, како и пред арбитражи, судски,
управни и други органи (член 55);
- репродуцирање на ефемерни снимки создадени од страна на РТВ организации
(член 82 став 2);
- користења на правата на комјутерската програма (член 113 и 114) и
- користење на правата на базите на податоци со "суи генерис" заштита (член
154).
Одредби од договори што се спротивни од став 1 на овој член се ништовни. Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член не се применуваат при исполнување на обврските од договорите за примена на технолошки мерки, вклучувајќи ги и договорите за правото на располагање на јавноста, склучени меѓу носителите на правото од став 1 на овој член и корисниците на авторските дела, предметите на сродните права и базите на податоци со "суи генерис"заштита.

Член 186

Се смета дека некое лице ги повредува исклучивите материјални права кога свесно, без дозвола отстранува или изменува која било електронска информација за управување со правата, репродуцира, дистрибуира, увезува заради дистрибуција, изнајмува или јавно соопштува авторско дело или предмет на сродните права чиишто електронски информации за управување со правата биле
неовластено отстранети или изменети, а знаело или можело да знае дека со тоа предизвикува, овозможува, олеснува или прикрива повреда на правата.
Информациите за управување со правата од став 1 на овој член претставуваат сите информации што ги обезбедуваат носителите на правата, а со кои се препознаваат авторските дела, предметите на сродните права, базите на податоци со "суи генерис" заштита, авторот, други носители на правата, роковите
и условите за нивно користење, како и нивните соодветни бројки и кодови, што
ги претставуваат тие информации.

40

Oддел 2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Граѓанско-правна заштита

Член 187

Носител на правото, за повреда на правата од овој закон, може да побара:
- на тужениот да му се забранат подготовките за повреда, самата повреда што е во тек и идните повреди;
- тужениот да ја отстрани состојбата што настанала со повредата;
- да се уништат или преработат противправните примероци и амбалажата или изведбата и други предмети на заштита според овој закон;
- да се уништат или преработат матриците, негативите, плочите, калапите или други средства со кои повредата била извршена;
- да се уништи или преработи опрема чиешто претежно користење е наменето за повреда на правата според овој закон, што е во сопственост или владение на
тужениот и
- пресудата да се објави на сметка на тужениот во јавните гласила во обем и на начин што ќе ги определи судот.
Одредбите од став 1 алинеи 2 и 3 на овој член не се однесуваат на архитектонски објекти, освен доколку уништувањето или преработката на објектот по однос на
околностите на случајот се оправдани.
Носителот на правото може да побара тужениот или сопственикот, наместо барањата, да му ги отстапи примероците или средствата од став 1 алинеи 3 и 4 на овој член.

Член 188

Доколку материјално или друго право или сродно право, според овој закон, е повредено со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара во граѓанска постапка исплата на договорениот или правичниот надомест за тој вид користење, зголемен за 200%, независно дали заради повредата претрпел имотна штета (граѓанска казна).
При одлучувањето по барањето за плаќање казна од став 1 на овој член и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, посебно степенот на вината на тужениот, износот на договорениот или вообичаениот надомест, како и превентивната цел на казната.
Доколку имотната штета е поголема од казната, носителот на правото има право да побара разлика до целосното обештетување.

Член 189

При повреда на морално право и при непостоење на имотна штета, судот може да пресуди на авторот или на изведувачот да им се исплати праведна парична оштета за претрпена повреда на неговата личност, чест и углед, односно за неимотна штета, доколку утврди дека околностите на случајот, посебно степенот на повредата и нејзиното траење тоа го оправдуваат.

Член 190

Доколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучиво право според овој закон, судот, на негов предлог, може да определи привремени мерки заради обезбедување побарувања според овој закон, а особено:
- да се запленат, исклучат од промет и сочуваат примероци, средства, опрема и документи во врска со нив;
- да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и
- да се донесат други слични мерки.

41

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Доколку постои основано сомнение дека заштитата од став 1 на овој член подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и да ги изврши мерките од истиот став, без претходно известување и сослушување на спротивната страна.
Постапката за привремени мерки е итна.
За постапката за донесување на привремени мерки се применуваат прописите за извршната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 191

Доколку носителот на правото пријави дека неговото исклучиво право од овој закон е повредено и дека постои основано сомнение дека доказите за таа повреда ќе бидат уништени или дека подоцна не ќе може да се обезбедат, судот, на негов предлог, може да ги обезбеди тие докази без претходно известување и сослушување на спротивната страна.
Обезбедувањето на доказите од став 1 на овој член, може да опфати претрес, односно увид на просториите, документацијата, инвентарот, базите на податоци, компјутерските програми или други работи, преглед и одземање документи, сослушување сведоци, наоди и изјави од стручни лица.
Одлуката, со која е прифатен предлогот за обезбедување докази, заедно со предлогот, и се врачува на спротивната страна при самото обезбедување на доказите, а доколку тоа не е можно, тогаш кога ќе биде можно. Приговорот против одлуката не ја одложува одлуката.
Постапката за обезбедување докази е итна.
За постапката за обезбедување докази се применуваат прописите за процесната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Oддел 3

Мерки за обезбедување заштита

Член 192

Носителот на правото може да побара од лицата кои имаат било каква врска со повредата на правата според овој закон (произведувач, печатар, увозник, консигнатор или сопственик, односно имател на примероци, предмети на сродни права или средства со кои било повредено правото), без одлагање да му ги достават податоците и документите во врска со повредата.
Обврската од став 1 на овој член не се однесува на случаи кога се исполнети условите за повлекување изјава или одговор на одделни прашања во процесната постапка.
Доколку лицата од став 1 на овој член, не ги достават податоците или документите со кои располагаат, одговараат за надомест на штета што настанува заради недоставувањето.

Член 193

Доколку носителот на правото пријави дека со увоз на определена стока во државата, неговото исклучиво право според овој закон е повредено, царинските
органи, на негово барање, можат да ги определат следниве царински мерки:
- носителот на правото или неговиот застапник да ја прегледа таа стока и
- стоката да се заплени, да се исклучи од промет или да се складира на безбедно место. Со барањето од став 1 на овој член, носителот на правото е должен да им достави на царинските органи детален опис на стоката, потребни докази за своите исклучиви права и нивната веројатна повреда. На барање на царинските органи, носителот на правото е должен да положи кауција за штетата што би настанала со тие мерки.

42

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Царинските органи се должни, за донесените мерки, веднаш да ги известат увозникот и примачот на стоката. Царинските органи ќе ги укинат донесените мерки, доколку носителот на правото во рок од десет дена не поднесе тужба или не започне некоја друга постапка за извршување на донесените мерки.

Член 194

Заради обезбедување докази или од други причини авторот, односно носителот на право според овој закон, може да регистрира и депонира оригинали или примерок на свое дело, фонограм, видеограм или предмет од некое друго свое право кај застапник, односно здружение.

Член 195

Носителот на исклучиво авторско право од овој закон, може да го означи оригиналот или примероците од своето дело, односно видеограмот, со ознака ©
пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување.
Носителот на исклучиво право на фонограм според овој закон, може да го означи оригиналот или примероците на својот издаден фонограм или обвивките со ознака ® пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување.
Доколку не се докаже спротивното, исклучивите права на делата, односно фонограмите, му припаѓаат на лицето означено согласно со ставовите 1 и 2 на овој член.
Одредбите од овој член немаат влијание врз настанувањето и заштитата на правата според овој закон.

Oддел 4

Казнени одредби

Член 196

Со парична казна од 60.000 до 300.000 денари, ќе се казни за прекршок правно лице кое:
- без пренесување на соодветно материјално право од авторот, во случаи кога таквиот пренос е потребен според овој закон, издава, репродуцира, дистрибуира
вклучувајќи го и изнајмувањето, јавно изложува, јавно соопштува, преработува
или аудиовизуелно приспособува дело, односно примероци на делото или на друг начин неовластено користи авторско дело (член 20);
- без наведување на изворот и потеклото, со сакатење или на друг начин,
недостојно користи дела од народното творештво (член 58 став 2);
- без наведување на името, псевдонимот или друга ознака на авторот, односно изведувачот, освен кога тоа го овозможува начинот на користење или со
нарушување на интегритетот на целината на делото, односно снимената изведба
или со деформирање или со друго користење на делото, односно снимена изведба на начин што може да наштети на личноста, честа и угледот на авторот, односно изведувачот или користи дело, односно изведба на кое истекла заштитата на авторското право, односно сродното право (член 67 во врска со членовите 17 алинеи 4 и 5, 123 и 124);
- не води соодветни книги или друга евиденција за висината на остварената добивка во случај кога надоместот е договорен или определен во зависност од остварената добивка или не овозможи увид во евиденцијата или не доставува извештаи за остварената добивка на носителот на авторското право (член 85);
- нема да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото или нема да му обезбеди соодветни технички услови за изведувањето (член 96);
- без пренесување на соодветно материјално право на авторот, во случаи кога

43

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


таквиот пренос е потребен според овој закон, репродуцира, вклучувајќи и репродуцирање при внесување, прикажување, користење, пренесување или чување на компјутерска програма, доколку наведените дејствија наложуваат таква репродукција, преведува, адаптира или врши било која друга преработка на компјутерска програма, како и репродуцира резултати од таа преработка, без да се повредат правата на лицето кое ја извршило таквата преработка, како и го дистрибуира оригиналот на компјутерската програма или нејзините копии во било каква форма, освен доколку со овој закон поинаку не е определено (член 112 во врска со член 115);
- без пренесување на соодветно исклучиво право од носителот на сродно право, во случаи кога пренесувањето е потребно според овој закон, изведува во живо, снима жива изведба, снима, репродуцира, дистрибуира, изнајмува, става на располагање на јавноста, јавно пренесува, радиодифузно емитува, радиодифузно реемитува или на друг начин користи изведба, снимки од изведбата, сценското дело, фонограмите, видеограмите од изведбата или изданијата (членови 122, 123,
125, 133, 137, 140, 146, 147 и 148);
- не плаќа правичен надомест во единствен износ за правата на фонограмскиот продуцент и за правата на изведувачот за користење фонограми што биле издадени за комерцијални цели или нивната репродукција се користи за јавно пренесување, радиодифузно емитување или радиодифузно реемитување (член
134);
- без пренесување на соодветно исклучиво право од РТВ организација, во случај, кога таквиот пренос е потребен според овој закон, радиодифузно емитува и реемитува, јавно пренесува со наплата на влез, става на располагање на јавноста, снима, репродуцира и дистрибуира на снимки на РТВ емисии или дистрибуира сигнали на програмата пренесени преку комуникациски сателити од страна на други емитувачи, кабелски и други дистрибутери (член 144);
- без пренесување на соодветно исклучиво право од изготвувач на бази на податоци извлекува или повторно користи бази на податоци со "суи генерис" заштита (член 152);
- одбие колективно остварување на авторско право и сродно право кога тоа ќе го побара носителот на авторско право или сродно право (член 176);
- не склучува договори за пренесување неисклучиви права за кои е овластено да ги остварува, на барање на корисникот, односно здруженијата на корисниците (член 177 став 2);
- нема да го извести соодветното здружение за користењето, ниту од него ќе добие дозвола за соодветно користење (член 178 став 1);
- нема на надлежно здружение да му достави во определен рок преглед, односно податоци за користените дела или нема да го уплатат определениот надомест (член 178 ставови 3, 4 и 5);
- врши дејствија за изигрување на технолошките мерки кои служат за заштита на правата од овој закон или произведува, увезува, дистрибуира, продава, изнајмува, рекламира за продажба или изнајмување или поседува во комерцијални цели средства, производи и нивни составни делови или врши (нуди) услуги кои се промовирани, рекламирани или се во продажба заради изигрување или имаат само ограничено комерцијално значајна цел или користење освен заради изигрувањето или првенствено се креирани, произведени, прилагодени или функционираат за да се овозможи или олесни изигрување на ефективни технолошки мерки (член 184 во врска со 116);
- одбие или неоправдано одолговлекува овозможување остварување на правата преку отстранување на технолошки мерки или со други средства на лицата кои имаат законски пристап до авторско дело или предмет на сродните права заради спроведување на ограничувањето на материјалните права од овој закон (член
185) и

44

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- отстранува или изменува секоја електронска информација за управување со правата или репродуцира, дистрибуира, увезува заради дистрибуција, изнајмува или јавно соопштува авторско дело или предмет на сродните права чиишто електронски информации за управување со правата биле неовластено отстранети или изменети, а со намера или небрежност предизвикало, овозможило, олеснило или прикривало повреда на правата (член 186).
Со парична казна од 1.700 до 50.000 денари ќе се казни и одговорното лице во правното лице и поединец кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од став 1 на овој член.
Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари, ќе се казни и физичко лице за прекршокот од став 1 на овој член.
За прекршоците од став 1 на овој член сторени од користољубие или користење со кое е предизвикана поголема имотна штета, физичките лица од ставовите 2 и 3 на овој член ќе се казнат со парична казна до двојниот износ од максималната казна определена во наведените членови.
За прекршокот од став 1 на овој член, на правното лице, односно на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, ќе му се изрече и зашитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од три месеци до една година, а на соодветното здружение ќе му се одзема дозволата за колективното остварување на авторското право и сродните права и заштитна мерка одземање на примероците на авторското дело од алинеја 1, примероците на компјутерската програма од алинеја 6, снимките на изведбата, односно сценското дело, како и фонограмите и видеограмите од алинеја 7, снимките на програмите од алинеја 9, средствата од алинеите 15 и 17 на овој член , како и другите средства што биле користени или наменети за извршување на прекршокот од овој член.
За прекршокот од став 1 на овој член, на физичко лице ќе му се изрече и заштитна мерка одземање на предметите од став 5 на овој член.
Запленетите предмети настанати со прекршок од овој член, по конечната судска одлука се уништуваат.

Член 197

За прекршоците од член 196 на овој закон не може да се поведе постапка ниту таа да се води доколку поминат пет години од денот кога е сторен прекршокот.

Oддел 5

Надзор

Член 198

Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон врши Министерството за култура, согласно овој и друг закон.
Инспекцискиот надзор за остварување на одредбите од овој закон за репродукција и дистрибуција на компјутерски програми, како и на музички и аудиовизуелни дела и компјутерските програми снимени на носачи на тон и на тон и слика, ги врши орган на државна управа надлежен за надзор во областа на прометот со стоки и услуги, согласно со овој и друг закон.
Инспекцискиот надзор за остварување на одредбите од овој закон може да вршат и други надлежни државни органи, согласно со овој и друг закон.
Кога овластено лице (во натамошниот текст: инспектор) при вршењето на надзорот основано се посомнева дека е сторено кривично дело или прекршок, како привремена мерка ги одзема примероците на авторските дела или примероците на предметите на сродните права или средствата што биле користени или наменети за извршување на кривичното дело односно прекршокот или биле создадени со кривичното дело односно прекршокот, за што е должен да

45

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


издаде потврда со точен опис и количина на одземените предмети.
Во пријавата за поведување на постапка за сторено кривично дело, односно барањето за поведување на прекршочна постапка, инспекторот е должен да ја наведе и преземената мерка од став 4 на овој член.

Член 199

Инспекторот од член 198 став 2 на овој закон има легитимација. Инспекторот е должен пред вршењето на инспекцијата да се легитимира. Образецот на легитимацијата и начинот на нејзиното издавање ги пропишува министерот за култура.

ГЛАВА ОСМА ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ Член 200

Заштита според овој закон уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Република Македонија односно имаат свое седиште во Републиката.
Странски автори и странски носители на сродните права уживаат еднаква
заштита како и лицата од став 1 на овој член, согласно со меѓународните договори, ратификувани од Република Македонија.
Странски автори и странски носители на сродните права кои не уживаат заштита согласно со став 2 на овој член, уживаат заштита според членовите 201, 202, 203,
204, 205 и 206 од овој закон.
Странски автори и странски носители на сродните права кои не уживаат заштита од ставовите 2 и 3 на овој член, можат да уживаат еднаква заштита како и лицата од став 1 на овој член врз основа на фактички реципроцитет.
Независно од другите одредби од Глава осма на овој закон, странците уживаат заштита по овој закон во однос на моралните права во сите случаи, а во однос на
правото на следство, под услов на фактички реципроцитет.
Реципроцитетот го докажува оној којшто се повикува на него.

Член 201

Заштита според овој закон уживаат странски автори:
- кои имаат престојувалиште во Република Македонија;
- на дела што прв пат се објавени во Републиката или објавени во Републиката во рок од 30 дена од денот кога биле прв пат објавени во друга држава;
- на аудиовизуелни дела, чиј продуцент има свое седиште или престојувалиште во Републиката и
- на архитектонско или ликовно дело, кое како недвижност, односно негов составен дел се наоѓа на територијата на Републиката.
Доколку авторското дело го создале повеќе автори, заштита по овој закон
уживаат сите автори, доколку најмалку еден од нив исполнува еден од условите од став 1 на овој член.

Член 202

Заштита по овој закон уживаат странски изведувачи:
- кои имаат престојувалиште во Република Македонија;
- чии изведби се остваруваат на територијата на Републиката;
- чии изведби се снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон и
- чии изведби се преземени во емисиите на РТВ организации, но не со цел да бидат снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон.

46

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Доколку во изведбата учествуваат повеќе изведувачи, заштита според овој закон уживаат сите, доколку најмалку еден од нив е државјанин на Република Македонија или има престојувалиште во Републиката.

Член 203

Заштита, според овој закон, уживаат странски произведувачи на фонограми и филмски продуцент, чиј фонограм или видеограм е прв пат снимен во Република Македонија.
Заштита, според овој закон, ужива странски издавач во однос на своите сродни права, доколку изданието било првпат издадено во Републиката или било издадено во Републиката во рок од 30 дена од денот кога било првпат издадено во друга држава.

Член 204

Заштита, според овој закон, ужива странска РТВ организација што ги пренесува своите програми преку предаватели што се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

Член 205

За странски носители на авторско право и сродни права, кои уживаат заштита според овој закон, важат роковите за времетраење на тие права согласно со овој закон, а истекуваат најдоцна до денот до кога трае заштитата во државата чиишто се државјани или во која имаат седиште, но не подолго од роковите утврдени со овој закон.

Член 206

Заштита, според овој закон, ужива странски автор и странски носител на сродно право, чие дело, изведба или предмет на сродно право е објавено во Република Македонија преку сателит, доколку соодветни програмски сигнали во непрекинат комуникациски синџир, што води до сателитот и назад до земјата во Републиката, се внесени под контрола на надлежна РТВ организација.
Заштита, според овој закон, се остварува независно дали е исполнет условот од став 1 на овој член, доколку:
- во Републиката се наоѓа приемно-отпремна станица, од која се пренесуваат програмските сигнали или
- РТВ организацијата што нарачала емитување преку сателит е со седиште во
Републиката.

Член 207

Авторите и носителите на сродни права, кои немаат државјанство или чие државјанство не може да се утврди - апатриди, уживаат еднаква заштита според овој закон како и државјаните на Република Македонија, доколку имаат престојувалиште во Републиката.
Лицата од став 1 на овој член кои немаат престојувалиште во Републиката или доколку тоа не може да се утврди, но имаат нужно сместување во Републиката, уживаат еднаква заштита како државјаните на Републиката.
Лицата од став 1 на овој член кои немаат ниту престојувалиште ниту нужно сместување во Република Македонија, во Републиката уживаат еднаква заштита како државјаните на државата во која имаат престојувалиште или нужно сместување.
Одредбите од овој член се однесуваат и на странски автор и на странски носител на сродни права, кои според меѓународните договори или прописите на Република Македонија, има статус на бегалец.

47

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ГЛАВА ДЕВЕТТА ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 208

Министерството за култура го распишува конкурсот од член 165 на овој закон заради издавање дозвола за колективно остварување на авторското право и сродните права, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Доколку врз основа на конкурсот од став 1 на овој член не издаде дозвола, Министерството може да издаде привремена дозвола за колективно остварување на определени права, на правно лице што не ги исполнува условите од член 163 на овој закон. Во привремената дозвола се определува рокот и условите за привремено колективно остварување.

Член 209

Здружение што пред донесувањето на овој закон колективно ги остварувало авторските права од членовите 91 и 93 на Законот за авторското право ("Службен
лист на СФРЈ" број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90), може да продолжи со работа без дозвола на Министерството за култура, сé додека Министерството за култура не издаде дозвола за колективно остварување на истите права на друго здружение што ги исполнува условите од овој закон.
Тарифите, односно правилниците на здружението од став 1 на овој член донесени
пред влегувањето во сила на овој закон врз основа на членот 91-а од Законот за авторското право ("Службен весник на СФРЈ" број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и
21/90), се доставуваат до Министерството за култура во рок од 30 дена по влегувањето во сила на овој закон, заради согласност.

Член 210

Одредбите на овој закон за надомест за јавно соопштување фонограми (членови
126 и 134) ќе се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 211

Одредбите на овој закон не се однесуваат на договори или дејствија за користење што биле склучени или извршени пред неговото влегување во сила, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 212

Одредбите на овој закон за компјутерски програми и бази на податоци се применуваат и за компјутерски програми и бази на податоци создадени пред денот на неговото влегување во сила, доколку со тоа не се посега во договорите и правата склучени или стекнати до тој ден.

Член 213

Овој закон се применува за сите авторски дела и изведби на изведувачи, што во моментот на неговото влегување во сила уживале заштита врз основа на Законот за авторското право ("Службен лист на СФРЈ" број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и
21/90).
Овој закон се применува на заштитата на правата на изведувачите на нивните снимени изведби на фонограми, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 50 години од првото законско издавање или јавно соопштување, сметано од првото законско објавување.

48

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Овој закон се применува на заштитата на правата на фонограмските продуценти на нивните фонограми, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 50 години од извршеното снимање. Доколку во тој период фонограмите биле прв пат законски издадени, заштитата трае 50 години сметано од првото издавање, а доколку не биле законски издадени, туку биле законски јавно соопштени, заштитата трае 50 години сметано од првото соопштување.
Начинот и условите за заштита на правата на авторите, определени во член 18 од Бернската конвенција за заштита на книжевни и уметнички дела, аналогно се применуваат и на заштитата на правата определени во ставовите 2 и 3 на овој член.
Овој закон се применува на заштитата на правата на радиодифузните организации на нивните емисии, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 20 години од нивното прво радиодифузно емитување.
Овој закон се применува и на заштитата на другите предмети на сродни права, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 20 години од нивното прво законско објавување.
Одредбите од овој член се применуваат само до степен потребен за исполнување на меѓународните обврски што произлегуваат од меѓународните договори кои Република Македонија ги ратификувала. Во спротивно, овој закон се применува на авторските дела и на предмети на сродни права кои биле заштитени во времето на влегувањето во сила на овој закон.
Доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон корисниците законски ги користат авторските дела и предметите на сродните права на коишто им истекнала заштитата до денот на влегувањето во сила на овој закон, овие дела, односно предмети на сродни права, не уживаат заштита согласно овој закон.

Член 214

Актот од член 199 на овој закон, министерот за култура ќе го донесе во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 215

Одредбите од член 28 до 32 на овој закон ќе се применуваат по три години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Владата на Република Македонија го донесува актот за висината на утврдување на вкупниот надомест од приватното копирање од член 30 од овој закон, во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон.

Член 216

Овој закон се применува на заштитата на базите на податоци со "суи генерис"
заштита, доколку до денот на влегување во сила на овој закон не изминале 15
години од завршувањето на нивната изработка.
Одредбите од членот 213 од овој закон се применуваат и на базите на податоци со "суи генерис" заштита.

Член 217

Здруженијата за колективно остварување на авторското право и сродните права се должни во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да ја усогласат својата работа со одредбите од овој закон и во тој рок да ги достават до Министерството за култура општите акти определени со овој закон на согласност донесени на начин и постапка определена со овој закон.

Член 218

Постапките за издавање дозволи за колективно остварување што на денот на влегување во сила на овој закон не се завршени продолжуваат според одредбите

49

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


од овој закон. Постапките за согласност на општите акти од овој закон што на денот на влегување во сила на овој закон не се завршени се прекинуваат.

Член 219

Владата на Република Македонија ја именува Комисијата од членот 170 од овој закон, во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 220

Со денот на влегување во сила на овој закон, престанува да важи Законот за авторското право ("Службен лист на СФРЈ" број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и
21/90).

50


Législation Remplace (3 texte(s)) Remplace (3 texte(s)) est modifié(e) par (4 texte(s)) est modifié(e) par (4 texte(s)) est abrogé(e) par (1 texte(s)) est abrogé(e) par (1 texte(s))
Aucune donnée disponible

N° WIPO Lex MK038