À propos de la propriété intellectuelle Formation en propriété intellectuelle Respect de la propriété intellectuelle Sensibilisation à la propriété intellectuelle La propriété intellectuelle pour… Propriété intellectuelle et… Propriété intellectuelle et… Information relative aux brevets et à la technologie Information en matière de marques Information en matière de dessins et modèles industriels Information en matière d’indications géographiques Information en matière de protection des obtentions végétales (UPOV) Lois, traités et jugements dans le domaine de la propriété intellectuelle Ressources relatives à la propriété intellectuelle Rapports sur la propriété intellectuelle Protection des brevets Protection des marques Protection des dessins et modèles industriels Protection des indications géographiques Protection des obtentions végétales (UPOV) Règlement extrajudiciaire des litiges Solutions opérationnelles à l’intention des offices de propriété intellectuelle Paiement de services de propriété intellectuelle Décisions et négociations Coopération en matière de développement Appui à l’innovation Partenariats public-privé Outils et services en matière d’intelligence artificielle L’Organisation Travailler avec nous Responsabilité Brevets Marques Dessins et modèles industriels Indications géographiques Droit d’auteur Secrets d’affaires Académie de l’OMPI Ateliers et séminaires Application des droits de propriété intellectuelle WIPO ALERT Sensibilisation Journée mondiale de la propriété intellectuelle Magazine de l’OMPI Études de cas et exemples de réussite Actualités dans le domaine de la propriété intellectuelle Prix de l’OMPI Entreprises Universités Peuples autochtones Instances judiciaires Ressources génétiques, savoirs traditionnels et expressions culturelles traditionnelles Économie Financement Actifs incorporels Égalité des genres Santé mondiale Changement climatique Politique en matière de concurrence Objectifs de développement durable Technologies de pointe Applications mobiles Sport Tourisme PATENTSCOPE Analyse de brevets Classification internationale des brevets Programme ARDI – Recherche pour l’innovation Programme ASPI – Information spécialisée en matière de brevets Base de données mondiale sur les marques Madrid Monitor Base de données Article 6ter Express Classification de Nice Classification de Vienne Base de données mondiale sur les dessins et modèles Bulletin des dessins et modèles internationaux Base de données Hague Express Classification de Locarno Base de données Lisbon Express Base de données mondiale sur les marques relative aux indications géographiques Base de données PLUTO sur les variétés végétales Base de données GENIE Traités administrés par l’OMPI WIPO Lex – lois, traités et jugements en matière de propriété intellectuelle Normes de l’OMPI Statistiques de propriété intellectuelle WIPO Pearl (Terminologie) Publications de l’OMPI Profils nationaux Centre de connaissances de l’OMPI Série de rapports de l’OMPI consacrés aux tendances technologiques Indice mondial de l’innovation Rapport sur la propriété intellectuelle dans le monde PCT – Le système international des brevets ePCT Budapest – Le système international de dépôt des micro-organismes Madrid – Le système international des marques eMadrid Article 6ter (armoiries, drapeaux, emblèmes nationaux) La Haye – Le système international des dessins et modèles industriels eHague Lisbonne – Le système d’enregistrement international des indications géographiques eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Médiation Arbitrage Procédure d’expertise Litiges relatifs aux noms de domaine Accès centralisé aux résultats de la recherche et de l’examen (WIPO CASE) Service d’accès numérique aux documents de priorité (DAS) WIPO Pay Compte courant auprès de l’OMPI Assemblées de l’OMPI Comités permanents Calendrier des réunions WIPO Webcast Documents officiels de l’OMPI Plan d’action de l’OMPI pour le développement Assistance technique Institutions de formation en matière de propriété intellectuelle Mesures d’appui concernant la COVID-19 Stratégies nationales de propriété intellectuelle Assistance en matière d’élaboration des politiques et de formulation de la législation Pôle de coopération Centres d’appui à la technologie et à l’innovation (CATI) Transfert de technologie Programme d’aide aux inventeurs WIPO GREEN Initiative PAT-INFORMED de l’OMPI Consortium pour des livres accessibles L’OMPI pour les créateurs WIPO Translate Speech-to-Text Assistant de classification États membres Observateurs Directeur général Activités par unité administrative Bureaux extérieurs Avis de vacance d’emploi Achats Résultats et budget Rapports financiers Audit et supervision
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Lois Traités Jugements Recherche par ressort juridique

Loi portant modification de la loi relative au droit d'auteur et aux droits voisins du 28 octobre 2013, Macédoine du Nord

Retour
Version la plus récente dans WIPO Lex
Détails Détails Année de version 2013 Dates Publié: 28 octobre 2013 Promulgué: 21 octobre 2013 Type de texte Principales lois de propriété intellectuelle Sujet Droit d'auteur, Mise en application des droits, Organe de réglementation de la PI Notes Article 33 of this Law states that it comes into force on the date of its publication in the Official Gazette, which is October 28, 2013.

Documents disponibles

Texte(s) principal(aux) Textes connexe(s)
Texte(s) princip(al)(aux) Texte(s) princip(al)(aux) Macédonien Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните праваод 28 октомври 2013 година        
 
Télécharger le PDF open_in_new
Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права (Службен весник на Република Македонија број 147/2013)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.147 од 28.10.2013 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република
Македонија“ број 115/10 и 51/11), во членот 52 по ставот (2) се додава нов став
(3), кој гласи:
„(3) Јавно соопштување на наслов од напис, статија и друго слично дело за актуелни стопански, политички, религиозни и други слични теми, во електронска публикација преземена од друга електронска публикација или од друг извор заради известување на јавноста е без плаќање надоместок, освен ако тоа не е посебно забрането од страна на авторот, односно носителот на правото, под услов да се наведе изворот, како и името на авторот доколку тоа е возможно.“

Член 2

Во членот 94 зборовите: „став (1)“ се заменуваат со зборовите: „став (2)“.

Член 3

Во членот 109 ставот (2) се менува и гласи:
„Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци од изведба или други звуци или звучни појави, освен во форма на снимка вградена во аудиовизуелно дело. Правата над фонограмот на кој било начин не се ограничени со вградувањето на фонограмот во видеограм.“

Член 4

Во членот 115 се додава нов став (1), кој гласи:
„(1) Радио-телевизиска организација, во смисла на овој закон, е правно лице што презема иницијатива, организација, финансирање и одговорност за прво
радиодифузно емитување на своите програми.“
Ставот (1) станува став (2).

Член 5

Во членот 131 воведната реченица се менува и гласи: „Права што колективно се управуваат по правило се:“.
Точката 10 се менува и гласи:
„10) право на кабелско реемитување авторски дела и предмети на сродни права кое, како исклучиво право, задолжително се управува колективно, освен правото
на емитување од радио-телевизиска организација, независно дали се работи за нејзиното сопствено право или правото и е пренесено од друг носител на
правата.“

Член 6

Во членот 135 став (1) зборовите: „точки 1, 3 и 4“ се заменуваат со зборовите:
„точки 1 и 6“.
Ставот (4) се менува и гласи:
“Евидентирањето на емитуваните авторски дела и предмети на сродни права, радио-телевизиските организации го вршат на начин утврден во членот 135-а од
овој закон.“

Член 7

По членот 135 се додава нов наслов и нов член 135-а, кои гласат:

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


„Систем за електронска евиденција

Член 135-а

(1) Заради електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела, односно предмети на сродни права,
организациите за колективно управување се должни да обезбедат и инсталираат кај радио-телевизиските организации систем за електронско евидентирање на
емитуваните авторски дела, односно предмети на сродни права.
(2) Дозвола за употреба на системот од ставот (1) на овој член на барање на организацијата за колективно управување дава министерот за култура, по
претходно мислење на министерот за информатичко општество и администрација. (3) Радио-телевизиските организации се должни да и го овозможат на
организацијата инсталирањето на системот од ставот (1) на овој член и да обезбедат сопствен компатибилен систем со кој се овозможува приклучување на
системот од ставот (1) на овој член.
(4) Надзор над работата на системот од ставот (1) на овој член врши
Министерството за култура во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
(5) Организациите за колективно управување, заради контрола и надзор, се
должни да му овозможат на Министерството за финансии - Управа за јавни приходи пристап до системот од ставот (1) на овој член.
(6) Обликот, содржината и техничките карактеристики на систeмот од ставот (1)
на овој член ги пропишува министерот за култура, по претходно мислење на
Министерството за информатичко општество и администрација.“

Член 8

Во членот 136 став (3) по зборовите: „државната управа“ се става запирка и се додават зборовите: „локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните
установи, независните регулаторни тела и организации кои вршат јавни
овластувања согласно со закон“.

Член 9

Насловот пред членот 137 и членот 137 се менуваат и гласат:
„Основи за определување надоместоци, корисници и крајни корисници

Член 137

(1) Надоместоците за користење на авторското дело, односно предметот на сродните права се определуваат според следниве основи:
1) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права е
нужно за вршење на дејноста на корисникот, односно приходот во дејноста зависи од нивно користење (јавно изведување на авторски дела и предмети на сродни права, без разлика на намената и просторот во кој се изведуваат како концертна, интерпретаторска, танцова дејност и други видови на користење, како ставање на располагање на јавноста на барање и слично), надоместокот за користење се определува, по правило, во процент од приходот којшто корисникот го остварува со користењето на авторското дело и/или предметот на сродните права;
2) кога со користењето од точката 1 на овој став надоместокот не е можно да се определи во процент од приходот, тогаш тој се определува во паричен износ што соодветствува на придонесот од користењето на авторските дела, односно предметот на сродните права во вршењето на дејноста;
3) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права се врши од страна на радио-телевизиска организација, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се утврдува во зависност од видот на

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


авторското дело, односно предметот на сродните права и се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето согласно со системот за електронска евиденција од членот 135-а став (1) од овој закон или надоместокот се определува во процентот од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данокот за додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити;
4) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права се врши од страна на радио-телевизиските организации кои со закон се обврзани да
емитуваат вокално и/или вокално-инструментални музички дела на македонски јазик или на јазиците на етничките заедници кои не се мнозинство во Република
Македонија, во законски определени периоди и траење, за користењето на авторското дело и/или предметот на сродните права во овие случаи,
надоместокот се определува во износ за десет пати намален од износот што е определен за радиодифузно емитување на авторски дела и/или предмети на сродни права согласно со основите од ставот (1) точка 3 на овој член;
5) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права се врши од страна на кабелските оператори надоместокот за користење по правило
се определува по бројот на претплатници на операторот до кои е овозможена услугата за реемитување на радио и телевизиските програми;
6) кога со јавното користење на авторското дело, односно предметот на сродните
права не се остварува приход (приредби, манифестации и слично), надоместокот се определува во процент од трошоците потребни за користење на авторското дело, односно предметот на сродните права, како што се надоместоците на авторите, односно на носителите на сродните права, трошоците за користење на просторот при користење на авторското дело, односно предметот на сродните права и други соодветни трошоци;
7) при определувањето на надоместоците од точките 1, 2, 3 и 6 на овој став се определува и најнискиот номинален (апсолутен) износ на надоместокот и
8) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права не
е нужно за вршење на дејноста на корисникот, меѓутоа придонесува кон зголемување на пријатноста на крајните корисници на нивните услуги
(сместувачки капацитети, хотели, изложбени простори, угостителски објекти,
превозни средства и други слични дејности), надоместокот се определува во паушални износи и тоа за постојаните и за повремените користења на авторското дело, односно предметот на сродните права.
(2) Корисник, во смисла на ставот (1) на овој член, е физичко или правно лице кое користи авторско дело и/или предмет на сродни права за вршење на дејност
или занимање. Доколку повеќе корисници заеднички користат авторско дело, односно предмет на сродни права, обврските кон организацијата ги исполнуваат солидарно, доколку со претходен меѓусебен договор поинаку не се договориле.
(3) Како краен корисник на услугите на корисниците од ставот (1) на овој член,
во смисла на овој закон, е физичко или правно лице кое како потрошувач занепосредна сопствена потрошувачка за цели што не се наменети за вршење на
негово занимање или за други деловни дејности, користи услуги во кои се
содржани авторски дела, односно предмети на сродни права.
(4) Организацијата нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници од ставот (3) на овој член. Договорите од членот 139 став (1) точки 1 и 2 од овој закон склучени спротивно на овој закон се ништовни.“

Член 10

Во членот 139 по ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат:

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


„(3) Договорите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член задолжително содржат податоци за висината, условите за користење на авторските дела и предметите на сродни права, рокот и начинот на плаќање, околностите поради кои висината на определените надоместоци се зголемува или намалува, доколку таквото зголемување или намалување се предвидува.
(4) За ист вид и обем на користење на авторските дела и предмети на сродни права од страна на субјекти со иста или сродна дејност, во општ или поединечен договор од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член, не може да се утврдат различни износи на надоместоци за користење со кои се нарушува конкуренцијата на пазарот.“
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (5) и (6).

Член 11

По членот 139 се додава нов пододдел кој гласи: „Пододдел 1. Постапка за донесување на тарифа“.

Член 12

Насловот пред членот 140 и членот 140 се менуваат и гласат:
„Јавен повик

Член 140

(1) Организацијата е должна пред донесување на тарифата од членот 139 став (1) точка 3 од овој закон, со објавување јавен повик да побара мислење од корисниците, односно од соодветните здруженија на корисници, односно нивните комори.
(2) Јавниот повик од ставот (1) на овој член се објавува во средствата за јавно информирање и на веб страницата на организацијата и трае 30 дена од денот на
објавувањето. Јавниот повик го содржи текстот на предлог-тарифата. Доколку
субјектите од ставот (1) на овој член за времетраењето на јавниот повик не достават свои писмени мислења до организацијата ќе се смета дека се согласни со предлог-тарифата.
(3) По истекот на рокот од јавниот повик од ставот (2) на овој член организацијата во рок од 15 дена утврдува предлог-тарифа и ја доставува на
мислење до Комисијата за посредување во авторското право и сродните права (во натамошниот текст: Комисијата за посредување).
(4) Кон барањето за мислење од ставот (3) на овој член организацијата е должна
да ги достави писмените мислења од корисниците со образложение за причините за нивното прифаќање, односно неприфаќање.“

Член 13

По членот 140 се додава нов наслов и нов член 140-а, кои гласат:
„Донесување на тарифа

Член 140-а

(1) Комисијата за посредување во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлог-тарифата од членот 140 став (3) од овој закон до организацијата и до
корисниците кои доставиле мислења по предлог-тарифата од членот 140 став (2)
од овој закон, доставува мислење по предлог-тарифата.
(2) Мислењето од ставот (1) на овој член содржи оценка за тоа дали предлог тарифата на организацијата ги опфаќа правата за кои таа има дозвола, оцена за
тоа дали надоместоците во предлог-тарифата се определени во согласност со
одредбите на овој закон, оцена за висината на надоместоците, како и став по

4

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


однос на предметот на несогласувањето по предлог-тарифата меѓу организацијата и корисниците.
(3) Организацијата е должна во рок од десет дена од денот на приемот на мислењето од ставот (1) на овој член да го усогласи текстот на предлог-тарифата со мислењето на Комисијата за посредување и усогласениот текст на предлог
тарифата да го достави до Комисијата за посредување.
(4) Комисијата за посредување, во рок од десет дена од денот на доставувањето
на предлог-тарифата од ставот (3) на овој член, предлог-тарифата со мислење од Комисијата за посредување по предлог-тарифата ја доставува до Владата на Република Македонија за добивање на согласност.
(5) Владата на Република Македонија донесува одлука за давање на согласност, односно одлука со која не се дава согласност на предлог-тарифата од ставот (4)
на овој член.
(6) Тарифата за која Владата на Република Македонија донела одлука за давање
на согласност, организацијата ја доставува за објавување во „Службен весник на
Република Македонија“.
(7) Доколку Владата на Република Македонија донесе одлука со која не дава согласност на предлог-тарифата од ставот (4) на овој член, Министерството за
култура во рок од 30 дена со решение на организацијата и ја одзема дозволата за
колективно управување.
(8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд.“
Пододделот 1 станува Пододдел 2.

Член 14

Во членот 141 став (1) зборовите: „посредувањето од членот 140“ се заменуваат со зборовите: „надлежностите утврдени во членовите 140 и 140-а“.

Член 15

Во членот 142 став (1) запирката по зборот „Македонија“ и зборовите: „по предлог на министерот за култура“ се бришат.
Ставот (3) се менува и гласи:
„Претседателот и членовите на Комисијата за посредување се именуваат од редот
на истакнатите независни и непристрасни стручњаци од областа на авторското право и сродните права, економијата, заштитата на конкуренцијата и
комуникациските услуги.“
Членот 144 се менува и гласи:

Член 16

„(1) Организацијата донесува општ акт за распределба на надоместоците во согласност со закон и статутот, односно со договорот за основање.
(2) Распределбата на надоместоците од ставот (1) на овој член се врши согласно
со евиденциите и податоците за користење на делата, односно предметите на сродните права, а паушално кога не е можно или предизвикува неразумни трошоци, според принципот на правичност.
(3) Надоместоците од радиодифузно емитување на авторски дела и/или предмети
на сродни права се распределуваат меѓу авторите, односно носителите на сродни права врз основа на податоците за исплата добиени од системот за електронска
евиденција на емитувани авторски дела, односно предмети на сродни права од
членот 135-а од овој закон.
(4) Средствата на организацијата остварени од камати на вложени средства во банка и други приходи, во износ од 50% се распределуваат меѓу авторите и
носителите на сродните права, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие
го оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од

5

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


овој закон и согласно со електронската евиденција од членот 135-а став (1) од овој закон, а останатите 50% од средствата на организацијата остварени од камати на вложени средства во банка и други приходи се распределуваат на начин што 70% се распределуваат меѓу авторите и носителите на сродните права, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од овој закон и согласно со електронската евиденција од членот 135-а став (1) од овој закон, а 30% се распределуваат подеднакво на сите автори и носители на сродни права кои се застапени во евиденцијата на автори и носители на сродни права на организацијата.
(5) Средствата кои организацијата ги прибира од корисниците, а се пресметуваат
во паушални износи, во износ од 70% се распределуваат меѓу авторите и носителите на сродните права сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го
оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од
овој закон и согласно со електронската евиденција од членот 135-а став (1) од овој закон, а останатите 30% се распределуваат подеднакво на сите автори и носители на сродни права кои се застапени во евиденцијата на автори и носители на сродни права на организацијата.
(6) За покривање на вкупните трошоците за работа на организацијата може да се користат средства од прибраните надоместоци во износ определен во статутот,
односно во договорот за основање, но не повеќе од 15%.
(7) Поединечните пресметки и исплатите на надоместоците на авторите и носителите на сродните права се вршат најмалку еднаш годишно најдоцна до
крајот на март во тековната за претходната година.
(8) Општиот акт за распределба, по неговото донесување од надлежен орган на организацијата, се објавува во „Службен весник на Република Македонија“.“

Член 17

Во членот 149 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат:
„(3) Доколку по исклучок од ставот (2) на овој член за ист вид на права се издадени дозволи за колективно управување на две или повеќе организации, организациите се должни во рок од 60 дена од денот на издавањето на последната дозвола за колективно управување, да склучат меѓусебен договор со кој ќе го регулираат начинот на кој заеднички ќе вршат колективно управување со правата.
(4) Организациите од ставот (3) на овој член се должни во рок од пет дена од денот на склучувањето на договорот од ставот (3) на овој член договорот да го
достават до Министерството за култура.
(5) Доколку во рок од 60 дена од денот на издавањето на дозволата од ставот (3)
на овој член организациите не склучат меѓусебен договор, Министерството за култура на предлог на Комисијата за посредување, во рок од 30 дена со решение ќе определи која организација се смета за овластена за прибирање на надоместоците за користење на авторски дела, односно предмети на сродни права и за нивна распределба, имајќи ја предвид документацијата од членот 148 од овој закон.“
Ставот (3) станува став (6).
Ставот (4) кој станува став (7) се брише.

Член 18

Во членот 150 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
„(3) Организација која согласно со дозволата прибира надоместоци од радиодифузно емитување на авторски дела и/или предмети на сродни права е
должна во рок од осум месеци од денот на влегувањето во сила на решението за
давање дозвола согласно со ставот (1) на овој член да го обезбеди и да го

6

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


инсталира кај радио-телевизиските организации системот за електронско евидентирање на емитувани авторски дела, односно предмети на сродни права од членот 135-а став (1) од овој закон.“
Ставот (3) кој станува став (4) се менува и гласи:
„(4) Организацијата почнува со работа најдоцна 30 дена од денот на објавувањето на актите од ставот (2) на овој член, односно во случај на
организација која прибира надоместоци од радиодифузно емитување на авторски
дела и/или предмети на сродни права во рок од 30 дена од денот на обезбедувањето и инсталирањето на системот за електронско евидентирање на емитувани авторски дела, односно предмети на сродни права од членот 135-а став (1) од овој закон.“
Ставот (4) кој станува став (5) се менува и гласи:
„(5) Не донесувањето на актите во рокот од ставот (2) на овој член, односно не обезбедувањето на системот за електронско евидентирање на емитувани авторски дела, односно предмети на сродни права од членот 135-а став (1) од овој закон во рокот од ставот (3) на овој член е основа за одземање на дозволата за колективното управување.“
Членот 154 се менува и гласи:

Член 19

„(1) Организацијата е должна за секоја календарска година во која се вршела распределба на надоместоците, во рок од шест месеци по завршувањето на календарската година да:
1) обезбеди независен ревизорски извештај за финансиската состојба на организацијата и работењето во смисла на усогласеноста со овој закон, општите
акти на организацијата и склучените договори од членот 139 став (1) точки 1 и 2 од овој закон и
2) достави годишен финансиски извештај до Владата на Република Македонија.
(2) Надлежните органи на организацијата во согласност со статутот, односно договорот за основање можат да побараат:
1) годишни извештаи од извршните и надзорните органи на организацијата за
прибраните средства, нивната распределба, работата на организацијата и примената на актите за надоместоци и спроведување на договорите со
корисниците и со соодветните странски здруженија и
2) предлози за финансискиот план и трошоците за работење за наредната година. (3) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член не влијаат на обврските на организацијата спрема други финансиски извештаи и ревизии преземени врз основа на други прописи.“

Член 20

По членот 156 се додава нов наслов и нов член 156-а, кои гласат:
„Обврски на организацијата

Член 156-а

(1) При вршењето на надзорот од членот 156 од овој закон, организацијата е должна на Министерството за култура да му овозможи пристап до просториите и
опремата од членот 148 точка 3 од овој закон, општите и поединечните акти, целокупната финансиска документација, деловните книги, сметководствените
документи и друга документација од која било форма и на кој било формат.
(2) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член не смее да биде повредена тајноста на личните податоци на авторите, односно носителите на
сродните права содржани во документацијата од ставот (1) на овој член.“

7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Членот 158 се менува и гласи:

Член 21

„Организацијата е должна на својата интернет страница да ги објавува:
1) податоците за бројноста на членството;
2) категориите на корисниците на предметот за заштита кои се должни да плаќаат надоместок на организацијата;
3) општите акти на организацијата (статутот и правилниците);
4) склучените општи и поединечни договори;
5) билатералните договори склучени со странски организации;
6) податоците за застапниците на организацијата;
7) извештаите за работа и за прибраните надоместоци од користењата на делата, односно предметите на сродните права;
8) податоци за десет најкористени авторски дела, односно предмети на сродни права;
9) извештаите за распределба на прибраните надоместоци и
10) наодот од ревизорскиот извештај од членот 154 став (1) точка 1 од овој закон.“
Членот 182 се менува и гласи:

Член 22

„(1) Глоба во износ од 10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице кое:
- на недостоен начин го користи народното творештво и не го наведува изворот и потеклото (член 53 став (2)),
- не ја известува и не доставува информации, документи и податоци, не уплати соодветен износ на надоместоци на соодветната организација за колективно управување во пропишани рокови и не овозможи увид во документацијата (член
135 ставови (1), (2) и (3)),
- без одлагање не ја известува соодветната организација за колективно управување за секоја промена на околностите на користењето или за негово
престанување (член 135 став (5)) и
- не овозможи пристап и користење на делото преку отстранување на технолошките мерки или други средства на лице кое има законски при¬стап во
случај на исклучоци и ограничувања на правото, определени во Главата втора
дел 4 од овој закон (член 164).
(2) Глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на
овој член.
(3) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на физичкото лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.
(5) За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице може да му се изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од една до две години.
(6) За прекршокот од ставот (1) на овој член на трговецот поединец може да му се изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од
една до две години.“

Член 23

Насловот пред членот 183 и членот 183 се менуваат и гласат:

8

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


“Глоба за РТВ организација

Член 183

(1) Глоба во износ од 20.000 до 30.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на радио-телевизиска организација која нема да и овозможи
на организацијата инсталирање на системот од членот 135-а став (1) од овој закон (член 135-а став (3)).
(2) Глоба во износ од 10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.“

Член 24

Насловот пред членот 184 и членот 184 се менуваат и гласат: “Глоба за организацијата

Член 184

(1) Глоба во износ од 20.000 до 50.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на организацијата, ако:
- изврши наплата на надоместок од правно или физичко лице кое е краен корисник во смисла на членот 137 став (3) од овој закон (член 137 став (4)),
- за ист вид и обем на користење на авторските дела и предметите на сродните
права од страна на субјекти со иста или сродна дејност, во општ договор утврди повисоки износи на надоместоци за користење од оние што се утврдени во Тарифата, односно со поединечен договор утврди повисоки износи на надоместоци за користење од оние што се утврдени во општиот договор, односно Тарифата (член 139 став (2)),
- за ист вид и обем на користење на авторските дела и предметите на сродните права од страна на субјекти со иста или сродна дејност, во општ договор или поединечен договор утврди различни износи на надоместоци за користење со што се нарушува конкуренцијата на пазарот (член 139 став (4)) и
- најмалку еднаш годишно не врши исплата на надоместоците (член 144 став (7)). (2) Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на
овој член.“

Член 25

Насловот пред членот 185 и членот 185 се менуваат и гласат:
„Глоба за организацијата за необезбедување отчетност и јавност во работата

Член 185

(1) Глоба во износ од 10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на организацијата, ако:
- не обезбеди независен ревизорски извештај (член 154 став (1) точка 1),
- не достави годишен финансиски извештај до Владата на Република Македонија
(член 154 став (1) точка 2) и
- на својата веб страница не ги објави податоците и актите од членот 158 од овој закон (член 158).
(2) Глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.“

9

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 26

Насловот пред членот 186 и членот 186 се менуваат и гласат:
„Глоба за претседателот и членовите на Комисијата за посредување

Член 186

Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на претседателот и на членовите за Комисијата за посредување во авторското право и сродните права доколку не постапат во роковите од членот 140-а ставови (1) и (4) од овој закон.“

Член 27

Насловот пред членот 187 и членот 187 се менуваат и гласат:
„Глоба за одговорното лице во Министерството за култура

Член 187

Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во Министерството за култура доколку
не постапи во рокот од членот 140-а став (7) од овој закон.“

Член 28

По членот 195 се додава нов наслов и нов член 195-а, кои гласат:
„Евиденција на автори и носители на сродните права

Член 195-а

(1) Министерството за култура води евиденција на автори и на носители на сродните права кои се државјани на Република Македонија, односно имаат свое
седиште во Република Македонија.
(2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член се води врз основа на барање на авторот, односно носителот на сродното право доставено до Министерството за
култура.
(3) Начинот за прибирање и обработка на податоците, образецот на барањето од ставот (2) на овој член и содржината и начинот на водењето на евиденцијата од ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот за култура.“
Преодни и завршни одредби Именување на Комисија за посредување во авторското право и сродните права

Член 29

Владата на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ја именува Комисијата за посредување во авторското право и
сродните права. Комисијата за посредување во авторското право и сродните
права именувана согласно со Законот за авторското право и сродните права
(„Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и 51/11), продолжува со работата до именувањето на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права во согласност со овој закон.

10

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Усогласување на работата на организациите

Член 30

Организациите за колективно управување со авторското право и сродните права кои имаат дозвола за колективно управување и започнале со работа согласно со
членот 150 став (3) од Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и 51/11) се должни во рок од 30
дена сметано од денот на влегувањето во сила на овој закон да го објават јавниот повик од членот 12 став (1) од овој закон и во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат актите и работата со
одредбите од овој закон.
Доколку организациите од ставот (1) на овој член во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон не го објават јавниот повик од членот 12 од
овој закон и во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој
закон не ги усогласат актите и работата со одредбите на овој закон Министерството за култура со решение ќе ја одземе дозволата за колективно управување.
Организациите од ставот (1) на овој член се должни во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го обезбедат системот за
електронска евиденција од членот 7 став (1) од овој закон.
Доколку организациите од ставот (3) на овој член не го обезбедат системот за електронска евиденција во рокот од ставот (3) на овој член, Министерството за
култура со решение ќе ја одземе дозволата за колективно управување.
Започнати постапки

Член 31

Постапките за добивање на дозвола за колективно управување со авторското право и сродните права започнати согласно со Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и 51/11) ќе завршат во согласност со одредбите од овој закон.
Постапките за донесување на статутот, тарифата и општиот акт за распределба на надоместоците на организацијата за колективно управување со авторското право
и сродните права започнати согласно со Законот за авторското право и сродните
права („Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и 51/11) ќе завршат во согласност со одредбите од овој закон.
Подзаконски акти

Член 32

Министерството за култура ќе ги донесе подзаконските акти од овој закон во рок од два месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 33

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

11


Législation Modifie (1 texte(s)) Modifie (1 texte(s))
Aucune donnée disponible

N° WIPO Lex MK040