关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 金融 无形资产 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

Law on Amendments to the Law on Copyright and Related Rights of August 27, 2015, 北马其顿

返回
WIPO Lex中的最新版本
详情 详情 版本年份 2015 日期 公布: 2015年9月4日 颁布: 2015年8月27日 文本类型 主要知识产权法 主题 版权与相关权利(邻接权), 知识产权及相关法律的执行, 知识产权监管机构 Article 14 of this Law states that it comes into force on September 4, 2015, the date of its publication in the Official Gazette; except for Article 4 which comes into force on October 1, 2015.

可用资料

主要文本 相关文本
主要文本 主要文本 马其顿语 Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните праваод 27 август 2015 година        
Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права (Службен весник на Република Македонија број 154/2015)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.154 од 04.09.2015 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република
Македонија“ брoj 115/10, 51/11 и 147/13) по членот 1 се додаваат нов наслов и нов член 1-а, кои гласат:
„Јавност и јавно користење

Член 1-а

(1) Јавност, во смисла на овој закон опфаќа поголем број лица надвор од потесниот круг на роднини или лични познанства.
(2) Јавно користење означува секое користење на авторското дело, односно на
предметот на сродните права, достапно на јавноста или користење на авторско дело односно предмет на сродните права во простор до кој јавноста има пристап, како и овозможување на достапност на припадник на јавноста до авторско дело односно предмет на сродните права во време и место кое самиот ќе го избере.“

Член 2

Насловот пред членот 2 се менува и гласи:
„Објавување и издавање“.
Во член 2 ставот (1) се брише.

Член 3

Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (1) и (2).

Член 4

Во членoт 137 став (1) точка 3) по зборовите: „од видот на авторското дело, односно предметот на сродните права“ се додаваат зборовите: „и во зависност од
видот на програмата, односно сегментот на програмската шема на радио-
телевизиската организација, согласно прописите со кои се уредува вршењето на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“.
По точката 3) се додаваат три нови точки 4), 5) и 6) кои гласат:
„4) Во случаите од точката 3) на овој член за организации кои вршат колективно управување со авторски музички права надоместокот на годишно ниво не може да
изнесува повеќе од:
-18 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за Јавното-радиодифузно претпријатие- Македонската радио-телевизија и за радио-телевизиските организации кои емитуваат програмски сервиси на државно ниво,
-12 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за радио-телевизиските организации кои емитуваат
програмски сервиси на регионално ниво, во зависност од подрачјето на регионот
за кое е издадена дозволата за емитување,
-6 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за радио-телевизиските организации кои емитуваат
програмски сервиси на локално ниво.
5) Во случаите од точката 3) на овој член за организации кои вршат колективно управување на правата на произведувачи на фонограми и уметниците музички
изведувачи, надоместокот на годишно ниво не може да изнесува повеќе од:

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


-12 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за Јавното-радиодифузно претпријатие- Македонската радио-телевизја и за радио-телевизиските организации кои емитуваат програмски сервиси на државно ниво,
- 4 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за радио-телевизиските организации кои емитуваат
програмски сервиси на регионално ниво, во зависност од подрачјето на регионот
за кое е издадена дозволата за емитување,
- 2 месечни просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година за тековната година за радио-телевизиските организации кои емитуваат
програмски сервиси на локално ниво.
6) кога користењето на авторското дело односно предметот на сродните права се врши од страна на непрофитна радио-телевизиска организација, надоместот за
користењето не се плаќа;“.
Точките 4), 5), 6), 7) и 8) стануваат точки 7), 8), 9), 10) и 11).
Во точката 4) која станува точка 7) зборовите: „вокално и/или вокално-
инструментални музички дела на македонски јазик или на јазиците на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“ се
заменуваат со зборовите: „инструментална музика од македонски автори и автори
на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик или на јазиците на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“.
По точката 8) која станува точка 11) се додава нова точка 12) која гласи:
„12) По исклучок од точката 11) на овој став не се плаќа надомест за користење
на авторското дело односно предметот на сродните права во:
- простории во кои занаетчиска дејност врши физичко лице-занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии,
- музеи, галерии, и други простории во кои се врши организирање и јавно
изложување на оригинали или примероци на дела од ликовната и применетата уметност, оригинали на книжевни или музички дела и други уметнички предмети,
- одморалишта и планинарски домови,
- трговски и други производствени погони и
- превозни средства во јавен линиски превоз на патници и авто-такси превоз на патници.

Член 5

Во членот 182 став (1) зборовите: „од 10.000 до 15.000“ се заменуваат со зборовите: „од 5.000“, а по зборовите: „правното лице“ се додаваат зборовите:
„односно трговец поединец“. Ставот (2) се менува и гласи:
„ Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно
трговецот-поединец ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице, односно одговорното лице во трговецот поединец.“
Ставот (3) се брише.
Во ставот (4) кој станува став (3) зборовите: „3.000 до 4.000“ се заменуваат со зборовите: „500 до 750“.
Ставовите (5) и (6) кои стануваат ставови (4) и (5) се бришат.

Член 6

Во членот 183 став (1) зборовите: „од 20.000 до 30.000“ се заменуваат со зборовите: „од 5.000“.
Ставот (2) се менува и гласи:

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.“

Член 7

Во членот 184 став (1) зборовите: „од 20.000 до 50.000“ се заменуваат со зборовите: „од 5.000“.
Ставот (2) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.“

Член 8

Во членот 185 став (1) зборовите: „од 10.000 до 15.000 “ се заменуваат со зборовите: „од 5.000“.
Ставот (2) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.“

Член 9

Во член 186 зборовите: „7.500 до 15.000 “ се заменуваат со зборовите: „700 до
1.000“.

Член 10

Во членот 187 зборовите: „7.500 до 15.000“ се заменуваат со зборовите: „1.500 до 2.000“.

Член 11

По членот 187 се додаваат нов наслов и нов член 187-a кои гласат:
“Oдмерување на висината на глобата за правно лице

Член 187-a

Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице, оносно трговец поединец се врши согласно со Законот за прекршоците.“

Усогласување на тарифите

Член 12

Организациите за колективно управување со авторското право и сродните права се должни да ги усогласат тарифите во рок од три месеци од денот на отпочнувањето на примената на одредбата од членот 4 од овој закон.

Обезбедување на систем за електронска евиденција

Член 13

Организациите за колективно управување со авторското право и сродните права кои во рокот утврден со член 30 од Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ број 147/13) не го обезбедиле системот за електронска евиденција, се должни истиот да го обезбедат најдоцна до 30 септември 2015 година.
Доколку организациите од ставот (2) на овој член не го обезбедат системот за електронска евиденција во рокот од став (2) на овој член, Министерството за култура со решение ќе ја одземе дозволата за колективно управување.

3

npes3eMeHo OtJ. w w w. p ra v o.o rg. m k

Bnerysatbe so cMna

"''neH 14

0BOj 3aKOH BneryBa BO Clllna CO AeHOT Ha o6jaByBal-beTO BO ,CJly>K6eH BeCHIIIK Ha Peny6nl11Ka MaKeAOHlllja", OCBeH OApeA6aTa OA 4neHOT 4 OA OBOj 3aKOH KOja Ke OTn04He Aa ce npliiMeHyBa OA 1OKTOMBplll 2015 rOAIIIHa.

4


立法 修正 (1 文本) 修正 (1 文本)
无可用数据。

WIPO Lex编号 MK041