20180831500
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост,
што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 3 мај 2018 година.
| Бр. 08-3045/1 | Претседател |
| 3 мај 2018 година | на Република Македонија, |
| Скопје | д-р Ѓорге Иванов, с.р. |
| Претседател | |
| на Собранието на Република | |
| Македонија, | |
| м-р Талат Џафери, с.р | |
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ
Член 1
Во Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ број 21/2009, 24/11, 12/14, 41/14, 152/15 и 53/16), во членот 10 став (5) точка 5) во алинејата 5 сврзникот „и“ се заменува со сврзникот „или“.
По алинејата 5 се додава нова алинеја 6, која гласи:
„- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).“.
Точката 6) се брише.
Член 2
Одредбите од членот 10 став (5) точка 5) од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ број 21/2009, 24/11, 12/14, 41/14, 152/15 и 53/16) и одредбите од членот 1 од овој закон со кој членот 10 став (5) точка 5) се дополнува со нова алинеја 6, нема да се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година.
Член 3
Директорот и заменик директорот кои се именувани во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година, се должни да го исполнат условот за познавање на англиски јазик најдоцна во рок од една година од денот на нивното именување.
На директорот и заменик директорот кои нема да го исполнат условот за познавање на англиски јазик во рокот утврден во ставот 1 на овој член им престанува мандатот.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.