About Intellectual Property IP Training Respect for IP IP Outreach IP for… IP and... IP in... Patent & Technology Information Trademark Information Industrial Design Information Geographical Indication Information Plant Variety Information (UPOV) IP Laws, Treaties & Judgements IP Resources IP Reports Patent Protection Trademark Protection Industrial Design Protection Geographical Indication Protection Plant Variety Protection (UPOV) IP Dispute Resolution IP Office Business Solutions Paying for IP Services Negotiation & Decision-Making Development Cooperation Innovation Support Public-Private Partnerships AI Tools & Services The Organization Working with WIPO Accountability Patents Trademarks Industrial Designs Geographical Indications Copyright Trade Secrets WIPO Academy Workshops & Seminars IP Enforcement WIPO ALERT Raising Awareness World IP Day WIPO Magazine Case Studies & Success Stories IP News WIPO Awards Business Universities Indigenous Peoples Judiciaries Genetic Resources, Traditional Knowledge and Traditional Cultural Expressions Economics Finance Intangible Assets Gender Equality Global Health Climate Change Competition Policy Sustainable Development Goals Frontier Technologies Mobile Applications Sports Tourism PATENTSCOPE Patent Analytics International Patent Classification ARDI – Research for Innovation ASPI – Specialized Patent Information Global Brand Database Madrid Monitor Article 6ter Express Database Nice Classification Vienna Classification Global Design Database International Designs Bulletin Hague Express Database Locarno Classification Lisbon Express Database Global Brand Database for GIs PLUTO Plant Variety Database GENIE Database WIPO-Administered Treaties WIPO Lex - IP Laws, Treaties & Judgments WIPO Standards IP Statistics WIPO Pearl (Terminology) WIPO Publications Country IP Profiles WIPO Knowledge Center WIPO Technology Trends Global Innovation Index World Intellectual Property Report PCT – The International Patent System ePCT Budapest – The International Microorganism Deposit System Madrid – The International Trademark System eMadrid Article 6ter (armorial bearings, flags, state emblems) Hague – The International Design System eHague Lisbon – The International System of Appellations of Origin and Geographical Indications eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Mediation Arbitration Expert Determination Domain Name Disputes Centralized Access to Search and Examination (CASE) Digital Access Service (DAS) WIPO Pay Current Account at WIPO WIPO Assemblies Standing Committees Calendar of Meetings WIPO Webcast WIPO Official Documents Development Agenda Technical Assistance IP Training Institutions COVID-19 Support National IP Strategies Policy & Legislative Advice Cooperation Hub Technology and Innovation Support Centers (TISC) Technology Transfer Inventor Assistance Program WIPO GREEN WIPO's Pat-INFORMED Accessible Books Consortium WIPO for Creators WIPO Translate Speech-to-Text Classification Assistant Member States Observers Director General Activities by Unit External Offices Job Vacancies Procurement Results & Budget Financial Reporting Oversight
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Laws Treaties Judgments Browse By Jurisdiction

Law on Amendments to the Law on Industrial Property, North Macedonia

Back
Repealed Text 
Details Details Year of Version 2004 Dates Entry into force: February 28, 2004 Adopted: February 27, 2004 Type of Text Main IP Laws Subject Matter Enforcement of IP and Related Laws, Industrial Property

Available Materials

Main Text(s) Related Text(s)
Main text(s) Main text(s) Macedonian Закон за изменување и дополнување на законот за индустриската сопственост        
Закон за изменување и дополнување на законот за индустриската сопственост (Службен весник на Република Македонија број 9/2004)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА

ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

“Сл. весник на Р Македонија” бр. 9/04 27.02.2004 година

Член 1

Во Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 47/2002 и 42/2003) во членот 3 алинеја 13 кратенката “ПСТ” се заменува со кратенката “Д С П”.
Алинеите 14, 15 и 16 се менуваат и гласат:
“-Мадридски договор за меѓународно регистрирање на трговските марки од
14 април 1891 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст:
Мадридски договор);
-”меѓународна класификација на производи и услуги” е класификацијата според Договорот од Ница за меѓународна класификација на производите и услугите заради регистрирање на трговските марки од 15 јуни 1957 година, изменет и дополнет;
-”локарнска класификација” е класификација според Локарнскиот договор за меѓународна класификација на индустриски дизајн, од 8 октомври 1968 година, изменет и дополнет;”.
По алинејата 16 се додаваат шест нови алинеи 17, 18, 19, 20, 21 и 22, кои гласат:
“-”Париска унија” е унија заснована на Париската конвенција;
-”Хашки договор за меѓународно пријавување на индустриски дизајн “ хашки документ од 28 ноември 1960 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: Хашки договор);
-Договор за соработка на полето на патентите меѓу Владата на Република Македонија и Европската патентна организација и Одредбите кои важат при проширувањето на европските патенти од 24 јуни 1997 година (во натамошниот текст: Договор за проширување);
- Протокол на Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на трговските марки од 27 јуни 1989 година ( во натамошниот текст: Мадридски протокол );
-Светска трговска организација, меѓународна организација создадена со
Маракешката спогодба ( во натамошниот текст: СТО ) и
-Конвенција за меѓународни изложби потпишана во Париз на 22 ноември
1928 година, последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година (во натамошниот текст: Конвенција за меѓународни изложби ).

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Членот 9 се менува и гласи:

Член 2

“Надлежна институција

Член 9

(1) За вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост се основа Државен завод за индустриска сопственост (во натамошниот текст: Завод).
(2) Заводот е управна организација со статус на самостоен орган на државна управа со надлежности утврдени со овој и друг закон.
(3) Заводот има својство на правно лице. (4) Седиштето на Заводот е во Скопје.”

Член 3

По членот 9 се додаваат шест нови члена 9-а, 9-6, 9-в, 9-г, 9-д и 9-ѓ,
кои гласат:

“Раководење

Член 9-а (1)Со Заводот раководи директор. (2)Директорот има заменик.

(3)Директорот на Заводот и заменикот ги именува и разрешува Владата на
Република Македонија.
(4)Директорот го застапува и претставува Заводот.

Надлежности

Член 9-б

Заводот ги извршува следниве задачи:
- врши прием на пријави за заштита на правата од индустриска сопственост;
-спроведува управна постапка за стекнување на правата од индустриска сопственост;
- води регистри на стекнати права и други регистри утврдени со овој закон;
-објавува службено гласило во кое ќе се содржат податоци за пријавени и признаени права на индустриска сопственост;
- спроведува испит за застапници во областа на индустриската сопственост;
- ја промовира заштитата на индустриската сопственост;
- ја претставува Република Македонија и ги застапува нејзините интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост;
- поведува иницијативи за ратификување на меѓународни договори и се грижи за извршување на обврските од областа на индустриската

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


сопственост кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори кои ги склучила Република Македонија;
- соработува со други субјекти вклучени во системот за заштита на правата на индустриска сопственост во земјата и странство и
- врши други работи утврдени со закон.

Финансирање

Член 9-в

(1)Заводот се финансира од сопствени приходи.
(2)Приходите остварени од работењето на Заводот се користат за покривање на трошоците за тековното работење, развој и плати на вработените.
(3)Вишокот на приходи кои ќе ги оствари Заводот ги уплаќа во Буџетот на
Република Македонија .

Приходи

Член 9-г

Сопствените приходи Заводот ги остварува за работите кои ги врши според Мадридскиот договор, Мадридскиот протокол, Хашкиот договор, Договорот за проширување, како и од наплата на трошоците на постапката и од надоместоците за давање информациони услуги.

Односи на Заводот со другите органи и корисници

Член 9-д

Заводот во остварувањето на својата дејност соработува со другите државни органи, правни и физички лица и здруженија на граѓани од областа на индустриската сопственост и разменува информации со други заводи од странство, освен ако за определен вид размена на информации со закон поинаку не е определено.

Извештај

Член 9-ѓ

Заводот поднесува најмалку еднаш годишно извештај за својата работа до
Владата на Република Македонија.”

Член 4

Во називот на членот 10 зборот “Бирото” се заменува со зборот “Заводот”.

Член 5

Во членот 10 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
“(2) Во регистрите се впишуваат и подоцнежните промени кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.”
Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (3) и (4).

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 6

Во членот 13 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
“(2) Во управна постапка Заводот постапува согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, а за се што не е предвидено со овој закон се применува Законот за општа управна постапка.”

Член 7

Во членот 15 зборот “согласноста” се заменува со зборот “согласно”.

Член 8

Во членот 18 ставот (2) се менува и гласи: “Висината на посебните трошоци на постапката од ставот (1) на овој член и на трошоците за давање информациони услуги од членот 17 став (4) на овој закон, ја утврдува директорот на Заводот со тарифа на која Владата на Република Македонија дава согласност.”

Член 9

Во членот 21 став (3) алинеја 1 по зборот “повлечени” се става точка и зборовите: “пред датумот на објавување “ се бришат.
Алинејата 2 се менува и гласи:
“- европските патенти, онака како што ги признал Европскиот патентен завод, во согласност со Европската патентна конвенција, за коишто е побарана заштита на територијата на Република Македонија согласно со Договорот за проширување”.
Во алинејата 3 зборовите: “Договор за соработка во областа на патентите”
се заменуваат со кратенката “Д С П”.
Во ставот (4) бројките: “(1) и (2)” се заменуваат со бројките: “(2) и (3)”.

Член 10

Во членот 22 став (1) алинеја 2 зборовите: “Конвенција за меѓународни изложби потпишана во Париз на 22 ноември 1928 година, последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година” се заменуваат со зборовите: “Конвенција за меѓународни изложби”.

Член 11

Во членот 23 став (1) по бројот “21” зборовите: “ставови (2) и (3)” се бришат.

Член 12

Во членот 28 ставот (2) се менува и гласи: “Постапка за признавање на патент може да се поведе и со поднесување на пријави во согласност со ДСП и пријави поднесени во согласност со Договорот за проширување.” Ставот (3) се брише.

Член 13

Во членот 29 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


“(3) Содржината на пријавата за пронајдоците кои го исполнуваат условот за единство на пронајдокот се утврдува со пропис кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 14

Во членот 31 ставови (1) и (2) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 15

Во членот 32 став (1) зборовите: “унијата заснована на Париската конвенција (во натамошниот текст: Париска унија) или на Светската трговска организација” се заменуваат со зборовите: “Париската унија или на СТО”.
Во ставот (2) зборовите: “Светска трговска организација” се заменуваат со кратенката “СТО”.

Член 16

Во членот 33 по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 17

Во членот 34 став (1) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 18

Називот на членот 36 се менува и гласи: “Уверение за право на првенство”.

Член 19

Во членот 36 став (1) зборовите: “документ за приоритетот кој” се заменуваат со зборовите: “уверение за право на првенство кое”.
Ставот (2) се менува и гласи:
“Содржината на барањето и на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 20

Во членот 38 ставот (2) се менува и гласи: “Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.”
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3) Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 21

Во членот 39 став (1) зборовите: “два месеци” се заменуваат со зборовите: “60 дена”.

Член22

Во членот 40 ставовите (2) и (3) се бришат.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 23

Во членот 43 во воведната реченица зборот “признавање” се заменува со зборот “утврдување”.

Член 24

Во членот 44 ставот (3) се менува и гласи: “Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.”

Член 25

Во членот 45 став (1) зборовите: “на која со заклучок е утврден датумот на поднесување,” се бришат.
Ставот (2) се менува и гласи:
“Содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на патенти и на изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 26

Во членот 46 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4) Содржината и формата на разделената пријава се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 27

Називот на членот 47 се менува и гласи: “Формално испитување на пријавата”.

Член 28

Во членот 47 став (2) бројот “90” се заменува со бројот “60”.

Член 29

Во членот 49 точката 2) се менува и гласи: “дали е побарано признавање на правото на првенство согласно со членовите 31 и 32 од овој закон;”. Точката 3) се брише, а точките 4), 5) и 6) стануваат точки 3), 4) и 5).
Во точката 4) зборовите: “членот 38 став (2)” се заменуваат со зборовите: “членовите 38, 39,40,41 и 42”. Во точката 5) зборот “членот 22” се брише.

Член 30

Во членот 51 став (1) се бришат зборовите: “и патентен спис”.

Член 31

Во членот 53 став (1) зборовите: “19 ставови (2) и (3), членот 20 и членот
24 од овој закон” се заменуваат со зборовите: “19 став (2), членот 20,
членот 21 став (3), членот 22 и членот 24 од овој закон”.
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
“(3) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање на подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеци.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 32

Во членот 54 став (1) зборот “еден” се заменува со зборот “една”.
По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
“(6) Содржината на доказот од потполното испитување се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 33

Во членот 55 став (1) бројот “52” се заменува со бројот “56”.
Во ставот (2) зборовите: “Договорот за соработка на полето на патентите
(ПЦТ)” се заменуваат со кратенката “Д С П”.

Член 34

Во членот 57 став (1) по зборовите: “став (1)” се додаваат зборовите: “и
(2)”.
Во ставот (2) точка 1) по зборот “кој” се додава зборот “не” и по зборовите: “став (2)” се додаваат зборовите: “и членот 20”.
По ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: “(3)Решението од ставот (1) на овој член, Заводот не може да го донесе ако претходно по писмен пат не го запознал носителот на патентот за причините поради кои не може да го признае бараното право во целост или делумно и ако претходно не го повикал во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(4) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање на носителот на патентот, да се продолжи до шест месеци.”

Член 35

Називот на членот 58 се менува и гласи:
“Решение врз основа на доказ од потполното испитување”.

Член 36

Во членот 58 став (1) зборовите: “сите услови од членовите 19, 20 и 21” се заменуваат со зборовите: “условите од членовите 21, 23 и 24”.
Во точката 1) броевите: “19, 20, 21 и 22” се заменуваат со броевите: “21,
23 и 24”.
Во точката 2) броевите: “19, 21 и 22” се заменуваат со броевите: “21, 23 и
24”.
Во точката 3) зборовите: “за патентна заштита” се заменуваат со зборовите: “од членовите 21, 23 и 24 на овој закон”.

Член 37

Називот на членот 59 се менува и гласи: “Регистар на патенти”.

Член 38

Во членот 59 ставот (3) се менува и гласи: “Содржината и начинот на водење на регистарот на патенти и на изводот од регистрите се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 39

По членот 59 се додава нов член 59-а, кој гласи:

“Впишување на промени во регистрите

Член 59-а

(1) Во регистарот на пријави на патенти и во регистарот на патенти се впишуваат промените кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.
(2) Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката на впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 40

Во членот 60 по ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат:
“(2) Заедно со податоците од решението издадено согласно со членот 52
на овој закон се објавува и апстрактот на пронајдокот.
(3) Кон податоците на решението издадено согласно со членот 58 на овој закон се објавува првото патентно барање и се наведува бројот на другите патентни барања.”
Во ставот (2) кој станува став (4) зборовите: “донесен од министерот за економија” се заменуваат со зборовите: “кој го донесува директорот на Заводот”.

Член 41

Во членот 61 ставот (2) се менува и гласи: “На барање на носителот на патент, Заводот издава патентен спис.”
Во ставот (3) зборовите: “и формата” се бришат.

Членот 63 се менува и гласи:

Член 42

“Користење на доверлив пронајдок

Член 63

(1)Министерството за одбрана има исклучително право да го користи доверливиот пронајдок и да располага со тој пронајдок.
(2)За доверлив пронајдок заштитен со патент, на носителот на правото му припаѓа еднократен надоместок, без оглед на тоа дали пронајдокот се искористува за потребите на одбраната и во кој обем.
(3)Висината на надоместок од ставот (2) на овој член спогодбено ја утврдуваат подносителот на пријавата и министерот за одбрана.
(4)Ако не се постигне спогодба, подносителот на пријавата на патентот може според правилата на вонпроцесната постапка да бара од судот тој да ја утврди висината на надоместокот.”

Членот 64 се менува и гласи:

Член 43

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

“Особености на доверливиот патент

Член 64

(1)Патентот за доверлив пронајдок не се објавува.
(2)Заштита на доверлив пронајдок во странство, домашните правни и физички лица можат да бараат само врз основа на писмено одобрение на министерот за одбрана.
(3)Одредбите од членовите 62 и 63 на овој закон сообразно се применуваат на пријавите на патент за признавање на пронајдоци кои се од интерес за безбедноста на државата.
(4)За решавање по пријавите од ставот (3) на овој член е надлежен министерот за внатрешни работи.
(5)Владата на Република Македонија, со уредба пропишува кои пронајдоци се сметаат за доверливи во смисла на членовите 62 и 63 од овој закон, како и начинот за признавање на патент за таквите пронајдоци.”

Член 44

Во членот 68 став (1) точка 1) зборовите: “и трошоци” се бришат, а зборовите: “дополнителните рокови” се заменуваат со зборот “рокот”,

Член 45

Во членот 69 ставот (3) се менува и гласи: “Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице судот може, ако тоа е неопходно за обезбедување на тие права, да одлучи правото на патент да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.”
Ставот (4) се брише. .

Член 46

Во членот 72 став (4) по зборовите: “ставот (2)” се додаваат зборовите: “на овој член”

Член 47

Во членот 74 став (2) по зборот “подготвувало” зборот “од” се заменува со зборот “до”.

Членот 75 се менува и гласи:

Член 48

Член 75

“Не се смета за повреда на исклучивите права. на носителот на патент доколку предметот на пронајдокот се однесува на производите изработени според патентот употребени во конструкција или опрема за бродови, авиони или копнени возила кои припаѓаат на некоја од земјите на Париската унија или на СТО кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 49

Називот на членот 77 и членот 77 се менуваат и гласат:

“Барање за присилна лиценца

Член 77

(1)Барање за давање присилна лиценца не може да се поднесе пред истекот на рокот од четири години од денот на поднесувањето на пријавата на патент, односно пред истекот на рокот од три години од денот на признавањето на патент, ако овој рок истекува подоцна.
(2)Ако ползата од заштитениот пронајдок е од јавен интерес, како на пример: здравство, одбрана, заштита, унапредување на човековата околина или е од особен интерес за одделна гранка на стопанството, присилната лиценца може да се додели и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член.”

Членот 78 се менува и гласи:

Член 50

Член 78

“По барањето за давање присилна лиценца решава судот во парнична постапка, врз основа на претходно прибавено мислење од орган на државната управа надлежен за работите од областа за која се однесува лиценцата.”

Член 51

По членот 81 се додаваат три нови члена 81-а, 81-6 и 81-в, кои гласат:

“Пријави кои се поднесуваат преку Заводот како приемен завод согласно со ДСП

Член 81-а

(1)На пријавите кои меѓународно се поднесуваат преку Заводот како приемен завод се применуваат одредбите од ДСП и одредбите од овој закон.
(2)Пријавите од ставот (1) на овој член се поднесуваат на англиски јазик. (3)Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Пријави во кои Заводот е избран или назначен завод согласно со

ДСП

Член 81-б

(1)На пријавите кои се поднесуваат до Заводот како избран или назначен завод се применуваат одредбите од ДСП и одредбите од овој закон.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(2)Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Пријави кои се поднесуваат согласно со Договорот за проширување

Член 81-в

(1)На пријавите кои се поднесуваат согласно со Договорот за проширување се применуваат одредбите од Договорот за проширување и одредбите од овој закон.
(2)Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 52

Во членот 82 ставови (1) и (2) зборовите: “надворешна форма” се заменуваат со зборовите: “нова форма на тело”.

Член 53

Во членот 83 ставот (3) се менува и гласи:
“Дизајнот пренесен на производ, што е наменет да се вклопи во сложен производ, може да се штити како индустриски дизајн ако вградениот дел за кој се бара заштита останува видлив при нормална употреба на сложениот производ и кога видливиот дизајн на вградениот дел, самостојно ги задоволува барањата за новост и особеност.”

Член 54

Називот на членот 85 се менува и гласи: “Особеност”.

Член 55

Во членот 85 ставови (2) и (3) зборот “различен” се заменува со зборот
“особен”.

Член 56

Во членот86 став (1) точките 6) и 7) се бришат. По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: “(2) Надлежен орган за давање на дозволата од ставот (1) точки 4) и 5) на овој член за Република Македонија е Министерството за правда.”

Член 57

Во членот 87 став (2) по зборот “право” се става точка, а зборовите до крајот на ставот се бришат.

Член 58

Во членот 91 став (2) зборовите: “за меѓународно пријавување на мостри и модели (Хашки документ од 28 ноември 1960 година) и Дополнителниот

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


акт од Стокхолм од 14 јули 1967 година (изменет и дополнет на 28
септември 1979 година)” се бришат.
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3) Постапката за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн, согласно со одредбите од Хашкиот договор, се поведува со поднесување пријава за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн директно до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост.”

Членот 92 се менува и гласи:

Член 59

Член 92

“(1) За секој дизајн за кој се бара заштита се поднесува одделна пријава. (2)Со една пријава за признавање на правото на индустриски дизајн, може да се бара заштита на повеќе дизајни на производи (повеќекратна пријава).
(3)Ако е поднесена повеќекратна пријава, сите дизајни од пријавата мора да се наменети за да се применуваат на производи класифицирани во иста класа според Локарнската класификација.
(4)Повеќекратната пријава може да содржи најмногу сто дизајни.”

Член 60

Во членот 93 став (2) броевите: “88 и 90” се заменуваат со броевите: “94 и
95”.

Член 61

Во членот 94 став (1) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.
Во ставот (2) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”, а зборовите: “Меѓународната конвенција за меѓународни изложби склучена во Париз на 28 ноември 1928 година и последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година” се заменуваат со зборовите: “Конвенцијата на меѓународни изложби”.

Член 62

Во членот 95 став (1) зборовите: “унијата заснована на Париската конвенција (во натамошниот текст: Париска унија) или на Светската трговска организација” се
заменуваат со зборовите: “Париската унија или на СТО”, а бројот “12” се заменува со бројот “6”.
Во ставот (2) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 63

Во членот 96 став (1) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 64

Во членот 97 став (1) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 65

Во членот 98 ставот (2) се менува и гласи: “Содржината на барањето и содржината на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Членот 99 се менува и гласи:

Член 66

Член 99

“(1) Пријавата на индустриски дизајн мора да содржи:
1) барање за признавање на правото на индустриски дизајн;
2) податоци за подносителот на пријавата;
3) приказ на дизајнот за кој се бара заштита и
4) опис на дизајнот, доколку е неопходен за утврдување на новоста.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.
(3) Ако е поднесено барање за одложување на објавувањето на пријавата за дводимензионалниот индустриски дизајн, во смисла на членот 107 став (2) од овој закон, кон барањето можат да бидат приложени и примероци на предметот на кој дизајнот е применет, наместо прикази на дизајнот.
(4) Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата, подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 67

Во членот 100 став (2) бројот “30” се заменува со бројот “60”.
Ставот (3) се менува и гласи:
“Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок,
Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.”

Член 68

Во членот 101 став (1) зборовите:
“на која со заклучок и е утврден датумот на поднесување” се бришат.
Ставот (2) се менува и гласи:
“Содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на индустриски дизајн и изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 69

Во членот 102 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4) Содржината на барањето за поделба на пријавата на индустриски дизајн се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 70

Во членот 103 ставот (2) се брише.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 71

Во членот 104 став (3) зборовите:
“два месеци” се заменуваат со зборовите: “60 дена”.

Член 72

По членот 104 се додава нов член 104-а, кој гласи: “Испитување на условите за признавање на правото

Член 104-а

Ако пријавата е уредна во смисла на членот 104 став (1) од овој закон, Заводот испитува дали се исполнети условите за признавање на правото на индустриски дизајн.”

Членот 105 се менува и гласи:

Член 73

“Решение за одбивање на пријавата

Член105

(1)Ако пријавениот индустриски дизајн не може да се признае поради некои од причините наведени во членот 86 на овој закон, Заводот донесува решение за целосно или делумно одбивање на пријавата. (2)Заводот не може да донесе решение за одбивање на пријавата на индустриски дизајн ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата за причините поради кои не може да се признае бараното право, односно не може да го признае правото во бараниот обем и ако не го повикал подносителот на пријавата во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(3)Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање од подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеци. (4)Подносителот на пријавата при изјаснувањето не може дополнително да го менува дизајнот.”

Член 74

Во членот 106 ставот (1) се менува и гласи:
“Ако пријавата на индустриски дизајн ги исполнува условите во смисла на членот 104 став (1) од овој закон и ако дизајнот не е исклучен од заштита во смисла на членот 86 од овој закон, Заводот со заклучок ќе го повика подносителот на пријавата, во рок од 30 дена, да ги плати трошоците за објавување на податоците од пријавата во службеното гласило на Заводот.”
Ставот 3 се брише.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 75

Во членот 107 по ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат:
“(2)Објавата назначена во ставот (1) од овој член, на барање на подносителот на пријавата, може да биде одложена за периодот кој не може да биде подолг од 12 месеци сметајќи од датумот на поднесување на пријавата, односно од датумот на правото на првенство.
(3)Податоците од пријавата кои се објавуваат во службеното гласило на
Заводот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Членот 108 се менува и гласи:

Член 76

Член 108

“(1)Приговор на објавената пријава за индустриски дизајн, во рок од 90 дена, сметајќи од денот на објавувањето на пријавата до Заводот може да поднесе:
1)подносител на порано пријавен индустриски дизајн и носител на порано признато право на индустриски дизајн;
2)носител на поранешното право на индустриска сопственост, ако предметот на тоа право е ист со објавениот индустриски дизајн, или објавениот индустриски дизајн е сличен на него;
3)секое лице кое има авторско право на дело кое е исто со објавениот индустриски дизајн или објавениот индустриски дизајн е сличен на него и
4)секое заинтересирано лице кое смета дека објавениот индустриски дизајн не ги исполнува барањата за новост и особеност или исклучиво е условен од функционалните карактеристики на производот во смисла на членот 87 став (1) од овој закон.
(2)Рокот за поднесување на приговорот пропишан во ставот (1) од овој член не може да се продолжи.
(3)За секоја објавена пријава на индустриски дизајн се поднесува посебен приговор.
(4)Содржината на приговорот и условите за поднесување приговор се
утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 77

Во членот 111 став (1) зборовите: “Ако се исполнети условите предвидени во членовите 86 и 87 на овој закон” се заменуваат со зборовите: “Ако причините предвидени во членот 86 и членот 87 став (1) на овој закон не претставуваат пречка за признавање на правото”.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4) Содржината и начинот на водење на регистарот на индустриски дизајн и изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 78

По членот 111 се додава нов член 111-а, кој гласи: “Впишување промени во регистрите

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 111-а

(1)Во регистарот на пријави на индустриски дизајн и во регистарот на индустриски дизајни се впишуваат промени кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право. (2)Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката за впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 79

Во членот 115 ставот (2) се менува и гласи: “Содржината на исправата за индустриски дизајн се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 80

Во членот 118 став (1) бројот “116” се заменува со бројот “117”.

Членот 119 се менува и гласи:

Член 81

Член 119

“Не се смета за повреда на исклучивите права на носителот на индустриски дизајн доколку производи изработени според индустрискиот дизајн се употребени во конструкција или опрема за бродови, авиони или копнени возила кои припаѓаат на некоја од земјите на Париската унија или на СТО кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.”

Член 82

Насловот на членот 121 се менува и гласи: “Трпење на употребата”.

Член 83

Во членот 121 ставот (1) се менува и гласи: “Носителот на порано признаениот индустриски дизајн нема да има право да бара поништување на подоцна признаениот индустриски дизајн, врз основа на своето право на првенство, ниту да забрани употреба на подоцна признаениот ист или сличен индустриски дизајн, ако за време од пет години свесно ја трпел таа употреба, освен ако подоцна признаениот индустриски дизајн е заштитен со злоупотреба.” Ставот (3) се брише.

Член 84

Во членот 122 ставот (4) се менува и гласи: “Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на индустрискиот дизајн се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 85

Во членот 123 ставот (2) се брише. Ставот (3) станува став (2).

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 86

По членот 123 се додава нов член 123-а, кој гласи:

“Права на трети лица

Член 123-а

(1)Ако во регистарот на индустриски дизајни е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на индустриски дизајн не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2)Ако носителот на индустриски дизајн во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, Заводот ќе го извести тоа лице дека таксата не е платена и дека може да ја плати во рок од шест месеци од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.
(3)Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице судот може, ако тоа е неопходно за обезбедување на тие права, да одлучи правото на индустриски дизајн да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.”

Член 87

Во членот 126 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
“(3)Надлежен орган за давање на дозволата од став (1) точки 8) и 9) на овој член за Република Македонија е Министерството за правда.”

Член 88

Во членот 127 по став (5) точката 1) се менува и гласи:
“носителот на трговската марка регистрирана во некоја земја членка на Париската унија или на СТО, за која во Република Македонија неговиот застапник, односно претставник поднел пријава без негова согласност.”
Во ставот (7) зборот “заштитеното” се менува со зборот “стекнатото”.

Член 89

Во членот 129 ставот (1) се менува и гласи:
“Постапката за признавање на правото на трговска марка се поведува со поднесување пријава на трговска марка до Заводот.”
По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
“(2) Постапката за признавање на правото на трговска марка може да се поведе и со поднесување пријава согласно со Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол.”
Ставот (2) станува став (3).
Во ставот (3) кој станува став (4) по зборовите: “трговска марка за” се додаваат зборовите: “еден ист”.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Членот 130 се менува и гласи:

Член 90

Член 130

“(1) Пријавата на трговска марка мора да содржи:
1)барање за признавање на правото на трговска марка;
2)податоци за подносителот на пријавата;
3)изглед на знакот за кој се бара заштита и
4)список на стоките и услугите за кои се бара заштита.
(2)Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.
(3)Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 91

Во членот 131 ставот (3) се менува и гласи: “Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.”

Член 92

По членот 131 се додаваат два нови члена 131-а и 131-6, кои гласат:

“Промени во пријавата на трговска марка

Член 131-а

Во пријавата на трговска марка на која и е утврден датумот на поднесување, не може дополнително да се измени знакот, ниту да се дополни списокот на производите, односно услугите.

Регистар на пријави на трговски марки

Член 131-б

(1)Пријавата на трговска марка се впишува во регистарот на пријави на трговски марки.
(2)Содржината и начинот на водењето на регистарот на пријави на трговски марки и на изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 93

Во членот 132 став (2) зборот “Поделените” се заменува со зборот
“Разделените”.
Ставот (4) се брише.
Ставот (5) станува став (4).
По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
“(5) Содржината на барањето за поделба на пријавата се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 94

Во членот 134 ставот (1) се менува и гласи: “На правно или физичко лице кое во некоја од земјите членки на Париската унија или на СТО уредно поднело пријава, во Република Македонија ќе му се признае правото на првенство од денот на поднесување на првата пријава, ако тоа го побара во рок од шест месеца од денот на поднесување на првата пријава.”
Во ставот (2) зборовите: “Светска трговска организација” се заменуваат со кратенката “СТО”.

Член 95

Во членот 135 ставови (1) и (2) по зборовите: “Париската унија” се додаваат зборовите: “или на СТО”.

Член 96

По членот 136 се додава нов член 136-а, кој гласи:

“Уверение за право на првенство

Член 136-а

(1)Заводот на барање на подносителот на пријавата издава уверение за правото на првенство, кое се смета од датумот утврден како датум на поднесување на пријавата на трговската марка.
(2)Содржината на барањето и на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 97

Во членот 137 став (2) воведната реченица се менува и гласи:
“По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, подносителот на пријавата може да бара пријавата да се земе во постапка веднаш:”
Во точката 1) по зборовите: “трговска марка” се додаваат зборовите: “според Мадридскиот договор”.
Ставот (4) се брише.

Член 98

Во членот 138 ставот (1) се брише
Во ставот (2) кој станува став (1) точка 1) зборовите: “став (2)” се заменуваат со зборовите: “став (3)”.
Точката 3) се менува и гласи:
“составена така што ги содржи сите потребни состојки и прилози предвидени во членот 130 на овој закон и прописот кој го донесува директорот на Заводот и”.

Член 99

Називот на членот 139 се менува и гласи: “Формално испитување на пријавата”.

Член 100

Во членот 139 се додава нов став (1), кој гласи:

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


“(1) По уписот на пријавата на трговската марка во регистарот на пријави, Заводот испитува дали таа е уредна, во смисла на членот 138 од овој закон.”
Ставот (1) кој станува став (2) се менува и гласи:
“Ако утврди дека пријавата не е уредна, Заводот го повикува подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 60 дена сметајќи од денот на приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.”
Во ставот (2) кој станува став (3) бројот “90” се заменува со бројот “60”.
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).

Член 101

По членот 139 се додава нов член 139-а, кој гласи:

“Испитување на условите за признавање на правото

Член 139-а

Ако пријавата е уредна во смисла на членот 138 од овој закон, Заводот испитува дали се исполнети условите за признавање на правото на трговска марка.”

Член102

Во членот 140 ставот (3) се менува и гласи: “Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање од подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеци.”

Член 103

Во членот 141 став (1) зборот “задоволува” се заменува со зборот
“исполнува”.

Член 104

Во членот 142 став (1) точката 2) се менува и гласи: “носителот на трговската марка регистрирана во некоја земја членка на Париската унија или на СТО, за која во Република Македонија неговиот застапник, односно претставник поднел пријава без негова согласност;”.
По точката 5) се додава нова точка 6), која гласи: “6) носителот на трговската марка чија важност престанала поради изминатиот рок на важење во смисла на членот 127 став (6) од овој закон.”
Ставот (3) се менува и гласи:
“За секоја објавена пријава на трговска марка се поднесува посебен приговор.”
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4)Содржината на приговорот и начинот за поднесување на приговорот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 105

Во членот 145 став (1) зборовите: “Ако се исполнети условите предвидени во членот 126 став (1) и членот 127 ставови од (1) до (6) на овој закон” се заменуваат со зборовите: “Ако причините предвидени во членот 126 став

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(1) и членот 127 ставови (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој закон не претставуваат пречка за признавање на правото на трговска марка”.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: “(4) Содржината и начинот на водење на регистарот на трговски марки, како и содржината и формата на изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 106

По членот 145 се додава нов член 145-а, кој гласи:

“Впишување промени во регистрите

Член 145-а

(1)Во регистарот на пријави на трговски марки и во регистарот на трговски марки се впишуваат промени кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.
(2)Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката за впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 107

Во членот 148 ставот (2) се менува и гласи: “Содржината на исправата за трговска марка се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член108

Насловот на членот 150 се менува и гласи: “Ограничување на правото”.

Член109

Насловот на членот 151 се менува и гласи: “Трпење на употребата”.

Член 110

Во членот 154 став (2) зборовите: “шест (девет)”, се заменуваат со зборот
“девет”.
Ставот (4) се менува и гласи:
“Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на трговската марка се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 111

Во членот 156 ставот (2) се менува и гласи: “Трговската марка престанува да важи и кога поради неактивноста на носителот на правото станала вообичаено име во прометот за производите, односно услугите за кои е регистрирана.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член112

По членот 156 се додава нов член 156-а, кој гласи:

“Права на трети лица

Член 156-а

(1)Ако во регистарот на трговски марки е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на трговска марка, не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2)Ако носителот на трговска марка во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, Заводот ќе го извести тоа лице дека таксата не е платена и дека може да ја плати во рок од шест месеци од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.
(3)Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице судот може, ако тоа е неопходно за обезбедувањето на тие права, да одлучи правото на трговската марка да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.”

Член 113

Називот на членот 160 се менува и гласи: “Впишување на измените на договорот за колектив на марка”.
Во ставот (1) зборот “запишува” се заменува со зборот “впишува”.

Член 114

Во членот 161 став (1) зборот “трговската” се заменува со зборот “сертификатната”, а зборот “одлики” се заменува со зборот “карактеристики”.
Во ставот (2) зборовите: “освен за земјоделски и прехранбени производи”
се бришат.

Член 115

Во членот 163 став (1) зборот “барање” се заменува со зборот “пријава”.
Во ставот (3) зборот “Барањето” се заменува со зборот “Пријавата”.
Во ставот (4) зборовите: “за меѓународна регистрација на марки” се заменуваат со зборовите: “и Мадридскиот протокол”.

Член 116

Во членот 167 воведната реченица се менува и гласи: “Со исклучок на виното и другите алкохолни пијалаци производот може да се обележува со ознака на потекло и кога суровините за негово производство потекнуваат од поширокото подрачје или надвор од подрачјето на преработка под услов:”.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 117

Во членот 175 по зборовите: “географски назив” се додаваат зборовите: “односно на барањето за признавање на правото на користење” и по зборовите: “во таа земја” се додаваат зборовите: “односно дека е признаено правото на овластен корисник”.

Член 118

Во членот 178 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4)Ако пријавата за заштита на географскиот назив со географска ознака се однесува на производите вино и други алкохолни пијалаци, наместо спецификација содржи елаборат за производот.”
Ставот (4) кој станува став (5) се менува и гласи:
“(5)Содржината и формата на пријавата од ставот (1) на овој член, елаборатот, спецификацијата и другите состојки и прилози подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 119

Називот на членот 180 се менува и гласи: “Регистри”.

Член120

Во членот 180 ставот (2) се менува и гласи: “Содржината и начинот на водење на регистрите се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”
Ставот (3) се брише.
Во ставот (4) кој станува став (3) зборовите: “и уплата на определена такса” се бришат.

Член 121

Називот на членот 182 и членот 182 се менуваат и гласат:

“Важење на правото

Член 182

(1)Заштитата на географскиот назив важи неограничено.
(2)Правото на користење на заштитениот географски назив важи пет години, сметајќи од денот на донесувањето на решението.
(3)Важењето на правото на користење може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по пет години, под услов носителот на правото во текот на петтата година од важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на правото на користење на заштитениот географски назив.
(4)Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.
(5)Правото на користење на заштитениот географски назив ќе се продолжи ако се исполнети условите за признавање на тоа право, во спротивно правото престанува да важи наредниот ден од денот на истекот на петтата година од неговото важење.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 122

Во членот 183 став (1) точка 1) зборот “имаат” се заменува со зборот
“произведуваат”.
Бројот “(1)” пред ставот (2) се заменува со бројот “(2)”, а во точката 1)
зборот “имаат” се заменува со зборот “произведуваат”.
Членот 184 се менува и гласи:

Член 123

“(1) Пријавата за признавање на правото на користење содржи:
1)барање за признавање на правото на користење на заштитен географски назив;
2)доказ за вршење на определена дејност;
3)доказ за извршена контрола ако се бара признавање на право на користење на ознаката на потеклото, односно изјава од подносителот ако се бара признавање на правото на користење на географската ознака и
4)доказ за извршена контрола ако се бара признавање на право на користење на географската ознака во случаите за вино и други алкохолни пијалаци.
(2)Содржината и формата на пријавата од ставот (1) на овој член и другите состојки и прилози се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 124

Во членот 185 став (3) зборовите: “овластен корисник” се заменуваат со зборовите: “користење на заштитениот географски назив”.

Член 125

Во членот 187 став (3) зборовите: “го одбие барањето” се заменуваат со зборовите: “ја одбие пријавата”, додека зборовите: “односно барањето” се заменуваат со зборовите: “односно пријавата”.
Ставот (4) се менува и гласи:
“Ако во случајот од ставот (3) на овој член во прашање е пријава за заштита на географски назив со ознака на потекло која ги исполнува условите да биде заштитена со географска ознака, Заводот ќе го извести подносителот на пријавата и со негова согласност географскиот назив ќе го заштити со географска ознака.”

Член 126

Во називот на членот 188 зборовите: “и известување” се бришат.

Член127

Во називот на членот 189 зборот “регистарот” се заменува со зборот
“регистрите”.
Членот 192 се менува и гласи:

Член 128

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 192

“(1) На овластениот корисник на заштитениот географски назив, Заводот му издава исправа за признаеното право на овластен корисник, во рок од шест месеци од денот на донесувањето на решението.
(2)Содржината на исправата од ставот (1) на овој член се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 129

Називот на членот 194 се менува и гласи: “Непроменливост”.

Член 130

Во членот 194 ставот (1) се менува и гласи: “Правото на користење на заштитениот географски назив со договор не може да се пренесува, отстапува и да се дава во залог,”
Во ставот 2 зборовите: “и друго” се бришат.

Член 131

Во членот 197 став (1) пред зборот “барање” се додава зборот “писмено”. Во ставот (2) зборовите: “90 дена” се заменуваат со зборовите: “шест месеци”.
Ставот (4) се менува и гласи:
“Содржината и формата на барањето за впишување на промените се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 132

Во членот 199 се додава нов став (5), кој гласи: “(5) Содржината на барањето за укинување на решението од ставот (1) на овој член се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 133

Називот на членот 205 се менува и гласи: “Огласување за носител на патент, односно индустриски дизајн”.

Член 134

Во членот 206 став (1) зборовите: “патентот, односно индустрискиот дизајн” се заменуваат со зборовите: “соодветното право”.

Член135

Називот на членот 208 се менува и гласи: “Спор за признавање на авторство”.

Член136

Во членот 210 зборовите: “за повреда на правото на патент и индустриски дизајн” се заменуваат со зборовите: “од членот 208 на овој закон”.

Член 137

По членот 212 се додава нов член 212-а, кој гласи:

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

“Други случаи на оспорување на правото на трговска марка

Член 212-а

Лицето кое во времето на поднесување на пријавата за признавање на правото на трговска марка има фирма, односно назив идентичен со трговската марка на друго Лице, може да ја оспори таа трговска марка за истиот или сличен вид на стоки, односно услуги, освен ако носителот на трговската марка во моментот на поднесувањето на пријавата имал иста фирма, односно назив.”

Член138

Во членот 216 став (3) зборот “помала” се заменува сo зборот “поголема”.

Член139

Во членот 217 по ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
“(5)Договорот за пренос на право што не е запишан во соодветниот регистар на Заводот не произведува дејство спрема трети лица.”

Член 140

Во членот 218 став (1) по зборовите: “тоа право” се додаваат зборовите: “под услови предвидени со овој закон и со други прописи”.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
“(4) Доколку не постои согласност за склучување на договор за лиценца од ставот (3) на овој член за отстапување на правото на користење, се применуваат правилата за сосопственост.”
По ставот (4) кој станува став (5) се додава нов став (6), кој гласи:
“(6) Договорот за лиценца по барање на една од договорните страни се запишува во соодветниот регистар кој се води во Заводот.”
Ставот (5) станува став (7).

Член 141

Во членот 219 став (1) по зборовите: “одредби за:” се додава зборот
“предметот,”.
Ставот (2) се брише.

Член142

Во член 221 став (4) зборовите: “рок од 30 дена” се заменуваат со зборовите: “определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена”.
По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
“(5) Содржината на барањето за престанок на важење на патент поради некористење се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 143

Во членот 222 став (1) по зборот “регистарот” се додаваат зборовите: “на трговски марки”.
Во ставот (5) зборовите: “рок од 30 дена” се заменуваат со зборовите: “определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена”.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: “(6) Содржината на барањето за престанок на важење на трговска марка поради некористење се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 144

Во членот 223 став (2) по зборовите: “овој член се” се додаваат зборовите: “впишува во соодветниот регистар и се”.
Членот 224 се менува и гласи:

Член 145

“Решението за признавање на правото на индустриска сопственост ќе се огласи за ништовно ако се утврди дека не постоеле услови предвидени со овој закон за признавање на тоа право.”

Член146

Во членот 225 став (1) зборот “барање” се заменува со зборот “предлог”.
Во ставот (4) зборот “барањето” се заменува со зборот “предлогот”.
По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
“(5) Содржината на предлогот за огласување на решението за ништовно се утврдува со пропис кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 147

По членот 225 се додава нов член 225-а, кој гласи:

“Член 225-а

Решението со кое се огласува за ништовно решението за признавање на правото од индустриска сопственост се впишува во соодветниот регистар и се објавува во службеното гласило на Заводот.”

Член 148

Во членот 226 зборовите: “со кое се штити пронајдокот” се бришат.

Член 149

Во членот 227 став (1) по зборовите: “за индустриска сопственост” се додаваат зборовите: “и пред органите на државната управа”.
Ставот (3) се менува и гласи:
“Условите за полагање на стручниот испит за застапници за заштита на правата од индустриска сопственост; одржувањето, содржината и Програмата на стручниот испит; испитната комисија за спроведување на стручниот испит; постапката за спроведување на стручниот испит; содржината, формата, како и постапката по барањето за впишување во регистарот на застапници кој го води Заводот за заштита на индустриската сопственост; содржината на регистарот на застапници; објавување на податоци од регистарот на застапници во службеното гласило на Заводот; потврда за редовен застапник; содржината, формата, како и постапката по барањето за впишување промени во регистарот на застапници; рокот за поднесување на барање за обновување на впишувањето во регистарот на

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


застапници; содржината, формата, како и постапката по барањето за обновување на впишувањето во регистарот на застапници и бришењето од регистарот на застапници, се утврдуваат со пропис кој го донесува директорот на Заводот.”

Член 150

По членот 227 се додава нов дел “ДЕСЕТТИ ДЕЛ -а”, наслов “НАДЗОР”
и два нови члена 227-а и 227-6, кои гласат:

“НАДЗОР Член 227-а

Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите
донесени врз основа на овој закон, врши Министерството за економија.

Член 227-б

Инспекцискиот надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон по однос на прометот и употребата на заштитените права од индустриска сопственост го врши Државниот пазарен инспекторат.”

Член 151

Во членот 228 став (1) по точката 4) се додава нова точка 5), која гласи: “5) ако неовластено користи ознака ®, за трговска марка што не е регистрирана; “.
Точките 5) и 6) стануваат точки 6) и 7).
Во точката 7) која станува точка 8), зборовите: “(член 202 став 5 од овој закон)” се заменуваат со зборовите: “(член 201 став (2) и член 214 од овој закон)”.

Член 152

Во членот 229 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
“(2) Прописот од членот 66 став (2) на овој закон ќе се донесе во рок од една година од денот на отпочнувањето на примената на овој закон.”

Член 153

Во членот 230 ставот (1) се менува и гласи: “Во постапките за признавање на правата од индустриска сопственост за пријави поднесени пред примената на овој закон, ќе се применуваат одредбите од овој закон, освен за пријавите по кои Заводот преземал одредени дејства пред примената на овој закон.”
Во ставовите (2), (3), (4), (5), (6) и (7) зборовите: “влегувањето во сила”
се заменуваат со зборот “примената”.
По ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: “(8) Поднесувањето на пријави за стекнување на права од индустриска сопственост по електронски пат, ќе се применува од моментот на создавање услови за примена.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 154

Во членовите 10 ставови (1) и (3); 11 ставови (1) и (2); 13; 14 став (1);
15; 16; во називот на член 17; 17 став (1); 21 став (3) алинеја 1 и 3; 28 став (1); 30 став (1); 36 став (1); 44 ставови (1), (2) и (3); 47 ставови (1), (2), (4), (5) и (6); 48 став (1); 50 ставови (1), (2) и (3); 51 ставови (1) и (2); 52 ставови (1) и (2); 53 ставови (1) и (2); 54 ставови (1), (2) и (5); 57 ставови (1) и (2) точка 2); 58 став (1); 59 став (1); 60 ставови (1) и (2); 61 став (1); 62 ставови (3), (4), (5) и (6); 67 став (1); 68 став (1) точка 2) и
3); 69 став (2); 91 ставови (1), (2), (4) и (5); 93 став (1); 98 став (1); 100
ставови (1) и (2); 103 став (1); 104 ставови (1), (2), (4) и (5); 106 став (2);
107 став (1); 109 ставови (1), (2), (3) и (4); 110 ставови (1), (2) и (4); 111 ставови (1), (2) и (3); 114 ставови (1) и (2); 115 став (1); 120 став (1); 122 став (2); 123 став (1) точка 2); 131 ставови (1), (2) и (3); 140 ставови (1), (2) и (3); 141 ставови (1) и (2); 142 став (1); 143 ставови (1), (2), (3) и (4); 144 ставови (1), (2) и (4); 145 ставови (1), (2) и (3); 147 ставови (1) и (2); 148 став (1); 154 став (2); 156 став (1) точки 2) и 4); 160 став (1);
163 став (3); 173 став (4); 180 ставови (1) и (4); 185 ставови (1) и (3);
186; 187 ставови (1) и (3); 188 ставови (1), (2) и (3); 189; 190 став (1);
191 став (1); 193 став (1); 197 ставови (1) и (3); 199 ставови (2) и (4); 200 став (1); 202 став (2); 206 став (1); 217 став (3); 218 став (5); 221 ставови (3) и (4); 222 ставови (4) и (5); 223 ставови (1) и (2); 225 ставови (2) и (4); 226; 227 ставови (1) и (2) алинеја 1 и 230 став (5) зборот “Бирото” се заменува со зборот “Заводот”.

Член 155

Во членовите 61 став (3); 66 став (2); 114 став (2); 141 став (2); 147 став
(2); 163 став (3); 172; 179 ставови (1) и (2); 185 став (1); 186 став (1);
190 став (2), 191 став (2) и 193 став (2) зборовите: “министерот за економија” се заменуваат со зборовите: “директорот на Заводот”.

Член 156

По членот 230 се додава нов член 230-а, кој гласи:

“Продолжување со работа

Член230-а

(1)Со денот на влегувањето во сила на овој закон, Бирото за заштита на индустриската сопственост продолжува да работи како Државен завод за индустриска сопственост.
(2)Директорот на Бирото за заштита на индустриската сопственост продолжува да ја извршува функцијата директор на Заводот. (3)Вработените, опремата, инвентарот и другите работи, архивата, документацијата, средствата за работа и други средства од Бирото за заштита на индустриската сопственост преминуваат во Државниот завод за индустриска сопственост.”

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 157

Се овластува Законодавно- правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за индустриската сопственост.

Член 158

Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.


Legislation Amends (1 text(s)) Amends (1 text(s)) Is repealed by (1 text(s)) Is repealed by (1 text(s))
Treaties Relates to (8 records) Relates to (8 records)
No data available.

WIPO Lex No. MK044