Propiedad intelectual Formación en PI Respeto por la PI Divulgación de la PI La PI para... La PI y… La PI en… Información sobre patentes y tecnología Información sobre marcas Información sobre diseños industriales Información sobre las indicaciones geográficas Información sobre las variedades vegetales (UPOV) Leyes, tratados y sentencias de PI Recursos de PI Informes sobre PI Protección por patente Protección de las marcas Protección de diseños industriales Protección de las indicaciones geográficas Protección de las variedades vegetales (UPOV) Solución de controversias en materia de PI Soluciones operativas para las oficinas de PI Pagar por servicios de PI Negociación y toma de decisiones Cooperación para el desarrollo Apoyo a la innovación Colaboraciones público-privadas Herramientas y servicios de IA La Organización Trabajar con la OMPI Rendición de cuentas Patentes Marcas Diseños industriales Indicaciones geográficas Derecho de autor Secretos comerciales Academia de la OMPI Talleres y seminarios Observancia de la PI WIPO ALERT Sensibilizar Día Mundial de la PI Revista de la OMPI Casos prácticos y casos de éxito Novedades sobre la PI Premios de la OMPI Empresas Universidades Pueblos indígenas Judicatura Recursos genéticos, conocimientos tradicionales y expresiones culturales tradicionales Economía Financiación Activos intangibles Igualdad de género Salud mundial Cambio climático Política de competencia Objetivos de Desarrollo Sostenible Tecnologías de vanguardia Aplicaciones móviles Deportes Turismo PATENTSCOPE Análisis de patentes Clasificación Internacional de Patentes ARDI - Investigación para la innovación ASPI - Información especializada sobre patentes Base Mundial de Datos sobre Marcas Madrid Monitor Base de datos Artículo 6ter Express Clasificación de Niza Clasificación de Viena Base Mundial de Datos sobre Dibujos y Modelos Boletín de Dibujos y Modelos Internacionales Base de datos Hague Express Clasificación de Locarno Base de datos Lisbon Express Base Mundial de Datos sobre Marcas para indicaciones geográficas Base de datos de variedades vegetales PLUTO Base de datos GENIE Tratados administrados por la OMPI WIPO Lex: leyes, tratados y sentencias de PI Normas técnicas de la OMPI Estadísticas de PI WIPO Pearl (terminología) Publicaciones de la OMPI Perfiles nacionales sobre PI Centro de Conocimiento de la OMPI Informes de la OMPI sobre tendencias tecnológicas Índice Mundial de Innovación Informe mundial sobre la propiedad intelectual PCT - El sistema internacional de patentes ePCT Budapest - El Sistema internacional de depósito de microorganismos Madrid - El sistema internacional de marcas eMadrid Artículo 6ter (escudos de armas, banderas, emblemas de Estado) La Haya - Sistema internacional de diseños eHague Lisboa - Sistema internacional de indicaciones geográficas eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Mediación Arbitraje Determinación de expertos Disputas sobre nombres de dominio Acceso centralizado a la búsqueda y el examen (CASE) Servicio de acceso digital (DAS) WIPO Pay Cuenta corriente en la OMPI Asambleas de la OMPI Comités permanentes Calendario de reuniones WIPO Webcast Documentos oficiales de la OMPI Agenda para el Desarrollo Asistencia técnica Instituciones de formación en PI Apoyo para COVID-19 Estrategias nacionales de PI Asesoramiento sobre políticas y legislación Centro de cooperación Centros de apoyo a la tecnología y la innovación (CATI) Transferencia de tecnología Programa de Asistencia a los Inventores (PAI) WIPO GREEN PAT-INFORMED de la OMPI Consorcio de Libros Accesibles Consorcio de la OMPI para los Creadores WIPO Translate Conversión de voz a texto Asistente de clasificación Estados miembros Observadores Director general Actividades por unidad Oficinas en el exterior Ofertas de empleo Adquisiciones Resultados y presupuesto Información financiera Supervisión
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Leyes Tratados Sentencias Consultar por jurisdicción

Ley que modifica la Ley de Propiedad Industrial, Macedonia del Norte

Atrás
Texto derogado 
Detalles Detalles Año de versión 2006 Fechas Entrada en vigor: 30 de marzo de 2006 Tipo de texto Principal legislación de PI Materia Patentes (Invenciones), Diseños industriales, Marcas, Indicaciones geográficas, Protección de las obtenciones vegetales, Observancia de las leyes de PI y leyes conexas, Recursos genéticos, Organismo regulador de PI, Propiedad Industrial

Documentos disponibles

Textos principales Textos relacionados
Textos principales Textos principales Macedonio Закон за изменување и дополнување на законот за индустриската сопственост        
 
Descargar PDF open_in_new
Закон за изменување и дополнување на законот за индустриската сопственост (Службен весник на Република Македонија број 39/2006)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА

ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

Сл.Весник на Р.Македонија бр.39 од 30.03.2006

Член 1

Во Законот за индустриската сопственост ("Службен весник на Република Македонија" број 47/2002, 42/2003 и 9/2004), во членот 3 став (1) по алинејата 10 се додаваат 14 нови алинеи, кои гласат:
"- "заштитено, регистрирано или признаено право од индустриска сопственост" употребени во овој закон имаат исто значење;
- "биолошки материјал" е материјал кој содржи генетски информации и кој може да се размножува сам или да биде размножуван во биолошки систем;
- "чисто биолошка постапка" е постапка која се состои од природен феномен како што е вкрстување или селекција;
- "медицински производ" е која било супстанција или комбинација на супстанции во фармацевтска дозана форма наменета за лекување, дијагностицирање или сузбивање на болести, односно за спречување, коригирање или модифицирање на физиолошките функции кај луѓето или животните;
- "производ" е фармаколошки активна состојка или комбинација од активни состојки на медицинскиот производ;
- "основен патент" е патент доделен за кој било производ, вклучувајќи ја и постапката за производство на производот или неговата употреба, кој
е назначен во постапката за издавање на сертификат;
- "сертификат" значи дополнителен сертификат за заштита на медицински производи и дополнителен сертификат за заштита на производите за заштита на растенијата;
- "производи за заштита на растенија" се активни супстанции и препарати што содржат една или повеќе активни супстанции во форма во која му се доставуваат на корисникот, наменети за:
- заштитување на растенија или растителни производи од сите штетни организми или за спречување на дејството на таквите организми, доколку таквите супстанции или препарати поинаку не се дефинирани подолу,
- влијание врз животниот процес на растенија, а притоа немаат својство на хранлива состојка (на пример, регулатори на растот на растенијата),
- зачувување на растителните производи.
- уништување непожелни растенија или
- уништување делови од растенија, ограничување или спречување непожелно растење на растенијата;

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- "супстанци" се хемиски елементи и нивни соединенија, кои можат да се јават во природна или преработена форма, вклучително секаква примеса што неизбежно е резултат на производствениот процес;
- "активни супстанции" се супстанции или микроорганизми, вклучително и вируси кои имаат општо или посебно дејство против штетни организми или врз растенијата, делови од растенијата или растителни производи;
- "препарати" се смеси или раствори составени од две или повеќе супстанции, од кои најмалку едната е активна супстанција, наменети за употреба како производ за заштита на растенијата;
- "растенија" се живи растенија или живи делови од растенија,
вклучително и свежо овошје и семиња;
- "растителни производи" се производи во непреработена состојба или кои претрпеле едноставна подготовка: мелење, сушење или пресување, но со исклучок на самите растенија;
- "штетни организми" се штетници на растенијата или растителни производи кои припаѓаат на царството на животните или растенијата, а исто така и вируси, бактерии и микоплазми и други патогени агенси; ". Алинеите 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21 и 22 стануваат алинеи
18, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35 и 36.

Член 2

Во членот 9-в ставот (3) се брише.

Член 3

Во членот 14 став (1) точката се брише и се додаваат зборовите: "за решавање во управна постапка во втор степен од областа на индустриската сопственост (во натамошниот текст: Комисијата)".
Во ставот (2) зборовите: "од став (1) на овој член" се бришат, а по зборовите: "пет члена" се додаваат зборовите: "од кои се именува претседател и".
Во ставот (3) зборовите: "од став (1) на овој член" се бришат.
По ставот (3) се додаваат три нови става (4), (5) и (6), кои гласат:
"(4) Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години со можност за повторен избор.
Владата на Република Македонија избира секретар на Комисијата од редот на научно-стручни лица од областа на индустриската сопственост.
(6) Начинот на работа и одлучување на Комисијата се регулира со
Деловник за работа на Комисијата."

Член 4

Во членот 17 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
"(4) Содржината и видот на информациите кои се однесуваат на пронајдоците за микробиолошки и биолошки материјал се утврдуваат со пропис кој го донесува директорот на Заводот во согласност со меѓународни договори кои ги ратификувала Република Македонија."
Ставот (4) станува став (5).

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Членот 19 се менува и гласи:

Член 5

"(1) Со патент се штити пронајдок во сите области на технологијата, кој е нов, кој содржи инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата.
(2) Доколку се исполнети условите од ставот (1) на овој член, со патент се штити и пронајдок кој се однесува на:
- производ што се состои или содржи биолошки материјал и
- постапката за добивање на биолошкиот материјал, негова обработка или употреба.
(3) Не се смета за пронајдок во смисла на ставовите (1) и (2) од овој член:
1) откритие, научна теорија и математичка метода;
2) естетска творба;
3) план, правило и постапка за вршење интелектуална дејност, за игри или за вршење на деловни или бизнис активности, како и компјутерска програма;
4) прикажување информации и
5) човечкото тело во различни фази од своето формирање и развој или едноставното откривање на еден од неговите елементи, вклучувајќи секвенца или делумна секвенца на ген.
(4) Исклучок од ставот (3) на овој член е можен единствено ако предметот на пријавата на патент не се однесува на некој од тие пронајдоци сам по себе.
(5) Елемент изолиран од човечкото тело или произведен со помош на технички процес,кој содржи секвенца или делумна секвенца на ген, може да се заштити со патент и тогаш кога структурата на тој елемент е идентична со онаа на природниот елемент при што индустриската применливост мора да биде содржана во описот на пронајдокот содржан во пријавата."

Член 6

Во членот 20 бројот "(1)" се брише, а алинеите 1 и 3 се менуваат и гласат: "- кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто биолошките постапки за добивање на животни и растенија, освен за биотехнолошките пронајдоци чија техничката изводливост не е ограничена на определен вид или доколку се работи за микробиолошки процеси и производите добиени од таквите процеси;
- чија примена е спротивна на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може да се смета како таква единствено заради фактот што е забранета со закон, особено пронајдоците кои се однесуваат на: процесите за клонирање и модификување на генетичкиот идентитет на линијата на наследство на човекот, користењето на човечките ембриони за индустриски и комерцијални цели, процесите за модификување на генетичкиот идентитет на животните кои веројатно ќе им предизвикаат страдање без суштинска медицинска корист за човекот или животното и, исто така, животни кои се резултат на тие процеси."

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Во членот 23 ставот (2) се брише.

Член 7

Член 8

Во членот 42 по зборовите: "содржина на" се додаваат зборовите: "суштината на", а по зборовите: "да даде" се додава зборот "технички".

Член 9

Во членот 44 став (2) бројот "60" се заменува со бројот "30". По ставот (5)
се додава нов став (6), кој гласи:
"(6) Против заклучокот за отфрлање од ставот (5) на овој член е допуштена жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот. "

Член 10

Во членот 50 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
"(4) Против заклучокот за отфрлање од ставот (3) на овој член е допуштена жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

Член 11

Во членот 51 став (1) по зборот "ќе" зборовите: "донесе заклучок" се заменуваат со зборовите: "го извести подносителот" и по зборот "повика" се брише зборот "подносителот".
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
"(3) Против заклучокот за отфрлање од ставот (2) на овој член е допуштена жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

Член 12

Во членот 53 став (1) зборовите: "19 став (2)" се заменуваат со зборовите: "19 став (3)".

Член 13

Во членот 54 став (5) по зборот "решение" се додаваат зборовите: "од членот 58 на овој закон", а зборовите до крајот на реченицата се бришат.

Член 14

Во членот 55 став (2) точката се брише и се додаваат зборовите: "или други патентни заводи со кои се склучени соодветни договори".

Член 15

Во членот 59-а по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
"(2) Промените кои се впишуваат во регистарот на патенти се објавуваат во службеното гласило на Заводот."
Ставот (2) станува став (3).

Член 16

Во членот 62 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:

4

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


"(2) Ако министерот за одбрана во постапката на испитување на поднесената пријава утврди дека пронајдокот не е доверлив, пријавата ќе ја достави до Заводот." Ставот (2) станува став (3).
Во ставот (2) кој станува став (3) зборовите: "на членовите 46, 47, 49, 50 и
51" се бришат.
Ставовите (3), (4), (5) и (6) стануваат ставови (4), (5), (6) и (7).

Член 17

Во членот 63 став (3) зборовите: "подносителот на пријавата" се заменуваат со зборовите: "носителот на правото".
Во ставот (4) зборовите: "подносителот на пријавата на патентот" се заменуваат со зборовите: "носителот на правото".

Член 18

Во членот 66 став (1) по зборот "издавање" се додаваат зборовите: "решение за сертификат", а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Ставот (2) се менува и гласи:
"Содржината и формата на барањето и другите состојки и прилози кон барањето за издавање на решението за сертификат за заштита на медицински производи и решението за сертификат за заштита на производите за заштита на растенијата подетално се утврдуваат со прописи кои ги утврдува директорот на Заводот."

Член 19

По членот 66 се додаваат девет нови члена 66-а, 66-б, 66-в, 66-г, 66-д, 66-
ѓ, 66-е, 66-ж и 66-з, кои гласат:
"Услови за издавање на сертификатот Член 66-а Сертификат се издава доколку на денот на поднесување на барањето во Република Македонија:
1) постои важечки основен патент за производот;
2) производот е ставен во промет врз основа на одобрение издадено со законот кој го уредува ставањето на лековите во промет, односно со законот со кој се уредува ставањето на производите за заштита на растенијата во промет;
3) производот не бил претходно предмет на сертификат или не постои претходно издаден сертификат за истиот производ како медицински производ, односно како производите за заштита на растенијата и
4) одобрението од точката 2 од овој член е прво одобрение за ставање на производот во промет во Република Македонија како медицински производ, односно како производите за заштита на растенијата.

Член 66-б

Предмет на заштита на сертификатот
(1) Заштитата за издаден сертификат се однесува само на производот заштитен со основниот патент за кој постои одобрение за ставање во промет и за која било употреба на медицински производ или производ за заштита на растенијата одобрена пред истекот на сертификатот.

5

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(2) Правото од издаден сертификат е идентично со правото од основниот патент и подлежи на истите ограничувања и обврски како и основниот патент.

Член 66-в

Субјекти на правото од сертификатот
(1) Субјекти на правото од сертификатот се носителот на основниот патент или неговиот
правен следбеник.
(2) Доколку постојат повеќе носители на основниот патент, постапка за издавање на сертификатот може да поведе заедничкиот претставник или кој било од носителите по претходна согласност на другите носители или нивните правни следбеници.

Член 66-г

Поведување на постапката за издавање на сертификат
(1) Постапката за издавање на сертификат од членот 66 став (2) на овој закон се поведува со поднесување на барање за издавање на сертификат до Заводот.
(2) Барањето за издавање на сертификат се поднесува во рок од шест месеца од датумот кога било издадено првото одобрение за ставање во промет на производот во Република Македонија или во рок од шест месеца од датумот на признавањето на основниот патент доколку одобрението да се стави производот во промет е издадено пред признавањето на основниот патент.
(3) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува на образец.
Содржина на барањата за издавање на сертификат
Член 66-д (1) Образецот од членот 66-г став (3) содржи:
1) назначување дека се бара издавање на дополнителен сертификат за заштита на медицински производи или издавање на дополнителен сертификат за заштита на производите за заштита на растенијата;
2) податоци за подносителот на барањето име, презиме и адреса за физички лица, или фирма и седиште за правни лица; доколку постојат повеќе подносители потребно е да се достави писмена изјава за заедничкиот представник;
3) назив на производот за кој се бара заштита односно назначување на активната супстанција или компонента и доколку е можно да се наведе нејзината структурна формула, хемиско име и/или генеричко име;
4) назначување на бројот на патентот, назив на патентот, датум на признавањето и датум на истекување на важноста;
5) број и датум на одобрението за ставање во промет на производот во
Република Македонија и
6) наведување на податоците за првото одобрение за ставање во промет на производот, со назначување на државата, бројот и датумот на издавањето, производот и законската одредба според која е издадено.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.

6

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 66-ѓ

Формално испитување на барањето за издавање на сертификат
(1) Во постапката на формално испитување Заводот проверува:
1) дали барањето ги содржи елементите од членот 66-д став (1) на овој закон;
2) дали барањето е поднесено во рокот од членот 66-г на овој закон и
3) дали се доставени прилозите од членот 66-д став (2) на овој закон. (2) Ако барањето не е поднесено во согласност со ставот (1) на овој член, Заводот ќе го повика подносителот во рок што не може да биде подолг од 60 дена, сметајќи од денот на приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на барањето, рокот од ставот (2) на овој член може од оправдани причини да се продолжи најмногу за уште 60 дена.
(4) Ако подносителот на барањето во определениот рок не ги отстрани недостатоците од ставот (2) на овој член, Заводот со заклучок ќе го отфрли барањето.
(5) Против заклучокот за отфрлање од ставот (4) на овој член е допуштена жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.

Член 66-е

Постапка на испитување на барањето за издавање на сертификат.
Во постапката на испитување за издавање сертификат Заводот испитува дали на денот на поднесување на барањето биле исполнети условите за издавање сертификат предвидени во членот 66-а на овој закон.
Одобрување на барањето

Член 66-ж

(1) Ако Заводот утврди дека се исполнети условите од членот 66-а на овој закон, ќе го повика подносителот во рок од 30 дена да ги плати пропишаните трошоци за објавување на податоците од сертификатот во гласилото на Заводот и таксата за одржување во важност.
(2) Ако подносителот на барањето во определениот рок ги плати трошоците и таксата од ставот (1) на овој член, Заводот ќе издаде решение за дополнителен сертификат.
(3) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член,
Заводот со заклучок ќе го отфрли барањето.
(4) Против заклучокот за отфрлање од ставот (3) на овој член е допуштена жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.
Одбивање на барањето

Член 66-з

(1) Ако се утврди дека не се исполнети условите предвидени во членот
66-а на овој закон или доколку барањето не е поднесено од лице предвидено во членот 66-в од овој закон, Заводот, по писмен пат го известува подносителот на барањето за причините поради кои не може

7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


да се издаде сертификат и го повикува во определен рок што не може да биде подолг од шест месеца да се изјасни за тие причини.
(2) Доколку подносителот на барањето не се изјасни во определениот рок,
Заводот со решение ќе го одбие барањето."

Член 20

Во членот 67 ставот (1) се менува и гласи:
"(1) Годишните такси за одржување во важност на правото на патент и од дополнителните сертификати за заштита се плаќаат сметано од датумот на поднесувањето на пријавата за патент."
Во ставот (2) зборовите: " пријавата, односно од " се бришат.

Член 21

Во членот 68 став (1) точка 1 зборовите: "наредниот ден од истекот на рокот за нивно плаќање" се бришат.
Членот 70 се менува и гласи: "Материјални права Член 70

Член 22

(1) Носителот на патентот има исклучително право:
1) да го користи во производство заштитениот пронајдок;
2) да пушти во промет производи изработени според заштитениот пронајдок и
3) да располага со патентот.
(2) Носителот на патентот има право да забрани користење на заштитениот пронајдок во производство или во прометот на трети лица, кои за тоа користење немаат негова дозвола ако таквото користење се однесува на изработка, нудење на продажба, извоз или увоз и складирање на производи за тие цели.
(3) Носителот на патентот има право да забрани на друго лице без негова согласност да нуди и испорачува производи кои претставуваат битни елементи на пронајдокот, ако на понудувачот и испорачателот му било или од околностите на случајот требало да му биде познато дека тој производ е наменет за примена на туѓ пронајдок.
(4) Правото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се однесува и на патент за постапка и на производот добиен директно од таа постапка."
Член 23 По членот 70 се додава нов член 70-а, кој гласи: "Материјални права на патентите од областа на биотехнологијата

Член 70-а

(1) Правото од членот 70 ставови (1) и (2) на овој закон се однесува на секој биолошки материјал со специфични карактеристики кој е резултат на пронајдокот и се проширува врз биолошкиот материјал кој е изведен од тој биолошки материјал со размножување или мултиплицирање во идентична или дивергентна форма и ги содржи истите карактеристики.
(2) Правото од членот 70 став (4) на овој закон се однесува на постапка за добивање на биолошки материјал со специфични карактеристики, кои се резултат на пронајдокот и се проширува врз биолошкиот материјал

8

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


добиен директно преку таа постапка и врз кој било биолошки материјал изведен од биолошкиот кој материјал со размножување или мултиплицирање во идентична или дивергентна форма и ги содржи истите карактеристики.
(3) Правото од членот 70 став (3) на овој закон се однесува и на производ кој содржи или се состои од генетски информации и се проширува врз сите биолошки материјали во кој генетските информации се содржани и ја вршат својата функција освен врз материјалите од членот 19 став (5) на овој закон."

Член 24

Во членот 71 став (1) точката 2 се менува и гласи:
"2) преземање активности за истражување и развој на предметот на заштитениот пронајдок, а особено: изработка, употреба, нудење на продажба, извоз или увоз на заштитениот пронајдок, вклучувајќи ги и активностите за добивање на одобрение за ставање во промет на лекови за хумана и ветеринарна медицина, или средства за заштита на растенијата."

Член 25

По членот 75 се додава нов член 75-а, кој гласи:
"Исклучок од повреда на правото на патент од областа на биотехнологијата Член 75-а
(1) Лицето кое го користи растителниот материјал за размножување врз основа на согласност на носителот на патентот, не го повредува правото од членот 70-а на овој закон кое се однесува на продажбата или друг вид на комерцијална експлоатација на растителниот материјал за размножување, кога производот на својата берба го користи за размножување или мултиплицирање за свои и за потребите на својот имот.
(2) Лицето кое го користи добитокот или друг животински репродуктивен материјал врз основа на согласност на носителот на патент не го повредува правото од членот 70-а на овој закон кое се однесува на продажбата или друг вид на комерцијална експлоатација,кога заштитениот добиток го користи за земјоделски активности вклучително и за производство на животни и друг животински репродуктивен материјал за целите на својата земјоделска активност, но не и за комерцијални репродуктивни цели."

Член 26

Во членот 78 зборовите: "врз основа на претходно прибавено мислење од орган на државната управа надлежен за работите од областа за која се однесува лиценцата" се бришат.

Член 27

Во членот 86 став (1) точка 1 зборот "законот" се заменува со зборовите: "јавниот поредок".

9

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 28

Во членот 87 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
"(3) Порано пријавен индустриски дизајн ќе биде причина за одбивање само доколку биде регистриран."

Член 29

Bо членот 100 став (2) бројот "60" се заменува со бројот "30". По ставот (5)
се додава нов став (6), кој гласи:
"(6) Против заклучокот за отфрлање од ставот (5) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."
Членот 103 се менува и гласи:

Член 30

"Редослед на постапување по пријавите Член 103
(1) Пријавите на индустриски дизајн се земаат во постапка според редоследот определен со датумот на нивното поднесување.
(2) По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, Заводот може пријавата да ја земе во постапка веднаш кога:
1) постои спор во врска со повреда на правото од пријавата;
2) е поднесен приговор, а основот на приговорот е порано пријавен индустриски дизајн и
3) согласно со другите прописи е неопходно да се изврши предвремена регистрација на индустрискиот дизајн.
(3) Во случаите од ставот (2) точки 1 и 3 на овој член, се поднесува барање за земање на пријавата во постапка веднаш и се плаќа такса."

Член 31

Во членот 106 став (1) зборовите: "со заклучок" се бришат, а зборовите: "рок од 30 дена," се заменуваат со зборовите: "определен рок кој не може да биде подолг од 30 дена". По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: "(3) Против заклучокот за отфрлање од ставот (2) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

Член 32

Во членот 107 став (1) зборовите: "ја објави содржината на пријавата" се заменуваат со зборовите: "ги објави податоците од пријавата".

Член 33

Во членот 109 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
"(3) Против заклучокот за отфрлање од ставот (2) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).
Во ставот (3) кој станува став (4) по зборот "Заводот" се додаваат зборовите: "во рок од 15 дена од приемот на приговорот".

10

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 34

Во членот 111 став (1) зборовите: "донесе заклучок" се заменуваат со зборовите: "го извести подносителот", а по зборовите: "ќе го повика" зборот "подносителот" се брише.

Член 35

Bо членот 111-а по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
"(2) Промените кои се впишуваат во регистарот на пријави на индустриски дизајн по објавувањето на пријавата и промените кои се впишуваат во регистарот на индустриски дизајн се објавуваат во службеното гласило на Заводот."
Ставот (2) станува став (3).

Член 36

Во членот 126 став (1) точка 1 зборот "законот" се заменува со зборовите: "јавниот поредок".
Точката 5 се менува и гласи:
"5) кој станал вообичаен во секојдневниот говор или во востановената трговска пракса за означување на определен вид стоки, односно услуги;".

Член 37

Во членот 127 став (1) точка 2 зборовите: "го доведе во заблуда" се заменуваат со зборовите: "создаде забуна кај".

Член 38

Во членот 132 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
"(6) Одредбите за поделба на пријавата од овој закон, соодветно ќе се применуваат и на поделба на регистрираната трговска марка."

Член 39

Во членот 137 став (2) зборовите: "подносителот на пријавата може да бара пријавата" се заменуваат со зборовите: "пријавата може".
Во ставот (2) точка 2 зборовите: "повреда на" се бришат.
По точката 2 се додава нова точка 3, која гласи:
"3) кога е поднесен приговор на објавена пријава на трговска марка, а основот на приговорот е порано пријавена трговска марка;".
Точката 3 станува точка 4.
Во ставот (3) зборовите: "точки 2 и 3" се заменуваат со зборовите: "точки
2 и 4 ".

Член 40

Во членот 138 став (1) точката 1 се брише. Точките 2, 3 и 4 стануваат точки 1, 2 и 3.

Член 41

Во членот 139 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
"(6) Против заклучокот за отфрлање од ставот (5) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

11

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 42

Називот на членот 141 и членот 141 се менуваат и гласат: "Плаќање трошоци и објавување на пријавата Член 141
(1) Ако пријавата на трговска марка ги исполнува сите услови во смисла на членот 138 на овој закон, ако знакот не е исклучен од заштита во смисла на членот 126 на овој закон,
Заводот ќе го повика подносителот на пријавата во определен рок, кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на заклучокот, да ги плати трошоците за објавување на податоците од пријавата во службеното гласило на Заводот.
(2) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член,
Заводот ќе донесе заклучок за отфрлање на пријавата.
(3) Против заклучокот за отфрлање од ставот (2) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.
(4) Ако подносителот постапи согласно со ставот (1) од овој член, Заводот најдоцна во рок од 90 дена ќе ги објави податоците од пријавата во службеното гласило на Заводот.
(5) Податоците од пријавата кои се објавуваат во службеното гласило на
Заводот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот."

Член 43

Во членот 143 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
"(3) Против заклучокот за отфрлање од ставот (2) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот." Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).

Член 44

Членот 145 став (1) се менува и гласи:
"Ако причините предвидени во членот 126 став (1) и членот 127 ставови од (1) до (6) на овој закон, не претставуваат пречка за признавање на правото на трговска марка, Заводот ќе го извести подносителот на пријавата дека се исполнети условите за признавање на правото и ќе го повика во рок од 30 дена да ја плати таксата за одржување на правото на трговската марка во важност за првиот десетгодишен период, трошоците за објавување на трговската марка во гласилото на Заводот и трошоците за издавање исправа за трговска марка."
Во ставот (2) зборот "донесува" се заменува со зборовите: "ќе донесе", а зборовите: "се запишува" се заменуваат со зборовите: "ќе го запише".
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
"(4) Против заклучокот за отфрлање од ставот (3) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."
Ставот (4) станува став (5).

Член 45

Во членот 145-а по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:

12

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


"(2) Промените кои се впишуваат во регистарот на пријави на трговски марки по објавувањето на пријавата и промените кои се впишуваат во регистарот на трговски марки се објавуваат во службеното гласило на Заводот."
Ставот (2) станува став (3).

Член 46

Во членот 149 став (3) точка 2 зборовите: "го доведе во заблуда" се менуваат со зборовите: "создаде забуна кај".

Член 47

Bо членот 150 став (2) зборовите: "согласно со добрите деловни обичаи и да не доведуваат", се заменуваат со зборовите: "под услов знакот да се користи согласно со добрите деловни обичаи и да не доведува".

Член 48

Во членот 155 ставот (2) се брише. Ставовите (3) и (4) стануваат ставови
(2) и (3).

Член 49

Во членот 156 став (1) точка 1 зборот "марката" се заменува со зборовите: "трговската марка", а по зборовите: "пропишаниот надоместок" се додаваат зборовите: "согласно со членот 154 од овој закон;".

Член 50

Насловот на четврти дел се менува и гласи: "ГЕОГРАФСКИ НАЗИВ".

Член 51

Во членот 185 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
"(4) Против заклучокот за отфрлање од ставот (3) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

Член 52

Во членот 188 став (2) по зборот "Заводот" зборовите: "со заклучок" се бришат и по зборовите: "триесет дена" зборовите: "од приемот на заклучокот" се бришат. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
"(4) Против заклучокот за отфрлање од ставот (3) на овој член допуштена е жалба до Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот."

Член 53

Во членот 202 став (1) зборот "(гарантната)" се брише.

Член 54

Во членот 212-а по зборовите: "носителот на трговската марка" запирката се брише и се додаваат зборовите: "кој бил совесен".

13

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Членот 213 се менува и гласи:

Член 55

"(1) Лицето кое може да поднесе тужба за повреда на неговите права уредени со овој закон, доколку достави докази со кои ќе стори веројатно дека неговото право е повредено или ќе биде повредено, судот на негов предлог може да определи привремени мерки заради обезбедување на неговите побарувања, и тоа:
- да се запленат, исклучат од промет и соочуваат примероци,
средства, опрема и документи во врска со нив;
- да се забранат сите дејства на повреда и нивно продолжување и
- да се донесат други слични мерки.
(2) Доколку постои основано сомневање дека заштитата од ставот (1) на овој член подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и изврши мерките од ставот (1) на овој член без претходно известување и сослушување на спротивната страна.
(3) Предлог за дозволување на привремена мерка може да се поднесе и пред поднесувањето на тужба, под услов во рок од 30 дена од денот на извршувањето на привремената мерка да се поднесе тужба.
(4) Предлог за дозволување на привремена мерка може да се поднесе во текот на судската или управната постапка, како и по завршувањето на тие постапки, се додека извршувањето нема да биде спроведено.
(5) Постапката за привремени мерки е итна.
(6) Со привремената мерка не се стекнува заложно право.
(7) Судот може на предлог од лицето од ставот (1) на овој член, да дозволи привремена мерка и тогаш кога истото не го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасност, ако претходно го положи во рокот што му е оставен, износот што судот ќе го определи како гаранција за штетата што на должникот би можела да му биде нанесена со дозволувањето и спроведувањето на привремена мерка.
(8) За постапката по привремени мерки, се применуваат одредбите од законот со кој се уредуваат мерките на обезбедување, односно привремените мерки, доколку со овој закон поинаку не е определено."

Член 56

По членот 213 се додава нов член 213-а, кој гласи: "Обезбедување докази Член 213-а
(1) Лицето кое може да поднесе тужба за повреда на неговите права уредени со овој закон, доколку достави докази со кои ќе го стори веројатно дека доказите за таа повреда ќе бидат уништени и дека подоцна не ќе можат да се обезбедат судот, на негов предлог, може да ги обезбеди тие докази без претходно известување и сослушување на спротивната страна.
(2) Обезбедувањето на доказите од ставот (1) на овој член може да опфати претрес, односно увид на просториите, документацијата, инвентарот, базите на податоци, компјутерските програми или други работи, преглед и одземање на документи,сослушување на сведоци, наоди и изјави од стручни лица.

14

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(3) Одлуката со која е прифатен предлогот за обезбедување докази, заедно со предлогот и се врачува на спротивната страна при самото обезбедување на доказите, а доколку тоа не е можно, кога ќе биде можно. (4) Приговорот против одлуката од ставот (3) на овој член не го одложува извршувањето на одлуката.
(5) Постапката за обезбедување докази е итна.
(6) За постапката за обезбедување докази се применуваат одредбите за процесна постапка, односно обезбедување докази, доколку со овој закон поинаку не е определено."

Член 57

Во членот 224 по зборот "предвидени" зборовите до крајот на реченицата се заменуваат со зборовите: "со членот 19 став (3), членот 20, членот 21 став (3), членот 24, членот 66-а, членот 86, членот 87, членот 126, членот
127, членот 170 и членот 171 став (1) од овој закон".

Член 58

Bо членот 225 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
"(2) По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, предлог за огласување за ништовно решение за признавање на правото на трговска марка не може да поднесе носителот на порано регистрирана трговска марка, доколку во текот на пет години последователно пред поднесување на предлогот знаел за користењето на подоцнежната трговска марка чиј носител бил совесен и на тоа не се противел."
Ставовите (2), (3), (4) и (5) стануваат ставови (3), (4), (5) и (6).

Член 59

Во членот 227 став (1) по зборот "вршат" се додава зборот "домашни". Во ставот (2) алинеја 2 по зборовите: "правно лице" се додаваат зборовите: "регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост" .

Член 60

Во членот 227-б по зборот "инспекторат" се додаваат зборовите: "(во натамошниот текст: Инспекторат)".

Член 61

По членот 227-б се додаваат два нови члена 227-в и 227-г, кои гласат: "Член 227-в
"(1) Ако Инспекторатот утврди дека се повредени правата од индустриска сопственост, а особено:
регистрирана;
5) неовластено се користи или имитира добро позната трговска марка и

15

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


6) неовластено се користи или имитира заштитен географски назив, ќе донесе решение со кое ќе нареди да се повлечат производите од промет, односно опремата и средствата и документи во врска со нив, односно ќе определи соодветни мерки за спречување на натамошна повреда и ќе определи рок за нивно повлекување од промет.
(2) Доколку правното или физичкото лице не постапи по наредбата од ставот (1) на овој член Инспекторатот ќе донесе решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена, ќе ги запечати просториите во кои се врши дејноста и ќе ги одземе производите, опремата, средствата и документите во врска со нив.
(3) Ако Инспекторатот утврди дека со сторениот прекршок е остварена незаконска противправна имотна добивка должен е во барањето за покренување на прекршочна постапка да ја наведе висината на таа добивка и да бара да се одземе од сторителот.
(4) При секое наредно повторување во текот на годината со кое правното или физичкото лице ќе стори повреда на правата од индустриска сопственост, утврдени со овој закон, Инспекторатот ќе донесе решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 60 дена и ќе ги запечати просториите во кои се врши дејноста.
(5) Против решението од ставовите (1), (2) и (4) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот за економија.
(6) Жалбата изјавена против решението од ставот (5) на овој член, не го одлага неговото извршување.

Член 227-г

(1) Носителот на правото може во писмена форма да поднесе барање до Инспекторатот за преземање на дејствија за заштита на правото од индустриска сопственост.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член, носителот на правото е должен да достави до Инспекторатот доказ дека соодветното право од индустриска сопственост е заштитено и изјава дека во целост презема одговорност кон лицата вклучени во постапката заради дејствие или пропуст на носителот на правото, или кога е утврдено дека предметната стока не повредува право од индустриската сопственост."

Член 62

Во членот 228 став (3) по зборот "дејноста" се додаваат зборовите: "односно должноста".
Во ставот (4) по зборот "закон" точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: "и ќе му се изрече мерка забрана на вршење на дејност односно должност во траење од шест месеца до една година".
Во ставот (6) по зборот "дејноста" се додаваат зборовите: "односно должноста".
По ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи:
"(7) За сите прекршоци од членот 227-в и ставот (1) на овој член на правното лице, одговорното лице во правното лице, граѓанин кој

16

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


самостојно врши стопанска или професионална дејност и на физичкото лице ќе им се изрече мерка одземање на предмети."

Член 63

Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 64

(1) Мандатот на именуваните членови на Комисијата од членот 14 на овој закон, продолжува до истекот на мандатот за кој е именувана.
(2) Постапките за спроведување на инспекциски надзор од членот 227-б, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон не се завршени, ќе се завршат според прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 65

Одредбите од членовите 213 и 213-а на овој закон ќе се применуваат од
27 мај 2006 година.

Член 66

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија".

17


Legislación Enmienda (1 texto(s)) Enmienda (1 texto(s)) Es derogado por (1 texto(s)) Es derogado por (1 texto(s)) Referencia del documento de la OMC
IP/N/1/MKD/I/2/Add.1
Datos no disponibles.

N° WIPO Lex MK007