À propos de la propriété intellectuelle Formation en propriété intellectuelle Respect de la propriété intellectuelle Sensibilisation à la propriété intellectuelle La propriété intellectuelle pour… Propriété intellectuelle et… Propriété intellectuelle et… Information relative aux brevets et à la technologie Information en matière de marques Information en matière de dessins et modèles industriels Information en matière d’indications géographiques Information en matière de protection des obtentions végétales (UPOV) Lois, traités et jugements dans le domaine de la propriété intellectuelle Ressources relatives à la propriété intellectuelle Rapports sur la propriété intellectuelle Protection des brevets Protection des marques Protection des dessins et modèles industriels Protection des indications géographiques Protection des obtentions végétales (UPOV) Règlement extrajudiciaire des litiges Solutions opérationnelles à l’intention des offices de propriété intellectuelle Paiement de services de propriété intellectuelle Décisions et négociations Coopération en matière de développement Appui à l’innovation Partenariats public-privé Outils et services en matière d’intelligence artificielle L’Organisation Travailler avec nous Responsabilité Brevets Marques Dessins et modèles industriels Indications géographiques Droit d’auteur Secrets d’affaires Académie de l’OMPI Ateliers et séminaires Application des droits de propriété intellectuelle WIPO ALERT Sensibilisation Journée mondiale de la propriété intellectuelle Magazine de l’OMPI Études de cas et exemples de réussite Actualités dans le domaine de la propriété intellectuelle Prix de l’OMPI Entreprises Universités Peuples autochtones Instances judiciaires Ressources génétiques, savoirs traditionnels et expressions culturelles traditionnelles Économie Financement Actifs incorporels Égalité des genres Santé mondiale Changement climatique Politique en matière de concurrence Objectifs de développement durable Technologies de pointe Applications mobiles Sport Tourisme PATENTSCOPE Analyse de brevets Classification internationale des brevets Programme ARDI – Recherche pour l’innovation Programme ASPI – Information spécialisée en matière de brevets Base de données mondiale sur les marques Madrid Monitor Base de données Article 6ter Express Classification de Nice Classification de Vienne Base de données mondiale sur les dessins et modèles Bulletin des dessins et modèles internationaux Base de données Hague Express Classification de Locarno Base de données Lisbon Express Base de données mondiale sur les marques relative aux indications géographiques Base de données PLUTO sur les variétés végétales Base de données GENIE Traités administrés par l’OMPI WIPO Lex – lois, traités et jugements en matière de propriété intellectuelle Normes de l’OMPI Statistiques de propriété intellectuelle WIPO Pearl (Terminologie) Publications de l’OMPI Profils nationaux Centre de connaissances de l’OMPI Série de rapports de l’OMPI consacrés aux tendances technologiques Indice mondial de l’innovation Rapport sur la propriété intellectuelle dans le monde PCT – Le système international des brevets ePCT Budapest – Le système international de dépôt des micro-organismes Madrid – Le système international des marques eMadrid Article 6ter (armoiries, drapeaux, emblèmes nationaux) La Haye – Le système international des dessins et modèles industriels eHague Lisbonne – Le système d’enregistrement international des indications géographiques eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Médiation Arbitrage Procédure d’expertise Litiges relatifs aux noms de domaine Accès centralisé aux résultats de la recherche et de l’examen (WIPO CASE) Service d’accès numérique aux documents de priorité (DAS) WIPO Pay Compte courant auprès de l’OMPI Assemblées de l’OMPI Comités permanents Calendrier des réunions WIPO Webcast Documents officiels de l’OMPI Plan d’action de l’OMPI pour le développement Assistance technique Institutions de formation en matière de propriété intellectuelle Mesures d’appui concernant la COVID-19 Stratégies nationales de propriété intellectuelle Assistance en matière d’élaboration des politiques et de formulation de la législation Pôle de coopération Centres d’appui à la technologie et à l’innovation (CATI) Transfert de technologie Programme d’aide aux inventeurs WIPO GREEN Initiative PAT-INFORMED de l’OMPI Consortium pour des livres accessibles L’OMPI pour les créateurs WIPO Translate Speech-to-Text Assistant de classification États membres Observateurs Directeur général Activités par unité administrative Bureaux extérieurs Avis de vacance d’emploi Achats Résultats et budget Rapports financiers Audit et supervision
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Lois Traités Jugements Recherche par ressort juridique

Loi portant modification de la loi sur le droit d'auteur et les droits connexesdu 10 février 2016, Macédoine du Nord

Retour
Version la plus récente dans WIPO Lex
Détails Détails Année de version 2016 Dates Publié: 15 février 2016 Promulgué: 10 février 2016 Type de texte Principales lois de propriété intellectuelle Sujet Droit d'auteur, Mise en application des droits, Organe de réglementation de la PI Notes Article 21 of this Law states that it comes into force on the date of its publication in the Official Gazette, which is February 15, 2016.

Documents disponibles

Texte(s) principal(aux) Textes connexe(s)
Texte(s) princip(al)(aux) Texte(s) princip(al)(aux) Macédonien Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните правао д 10 февруари 2016 година        
 
Télécharger le PDF open_in_new
Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права (Службен весник на Република Македонија број 27/2016)

превземено од www . p r a v o . o r g . mk

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.27 од 15.02.2016 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република
Македонија“ број 115/10, 51/11, 147/13 и 154/15), во член 130 ставот (2) се менува и гласи:
„(2) Колективното управување може да се остварува и за исклучиви права што се
остваруваат индивидуално, доколку со договор тоа право и е пренесено на организацијата за колективно управување од авторот односно носителот на правото.“. По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
„(3) Авторот односно носителот на правото може со изјава за иземање (забрана) од колективно управување заверена кај нотар доставена до организацијата за
колективно управување да забрани организацијата за колективно управување да го управува неговото право.“.

Член 2

Во членот 135 став (1) зборовите: „точки 1 и 6“ се заменуваат со зборовите: „точки 1,
3, 4, 5 и 8“.
По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) Радио-телевизиските организации во случаите од членот 137 точки 3, 4 и 5 од овој закон, пред започнување со вршење на дејноста, односно емитување на програма која содржи авторски дела односно предмети на сродни права се должни да побараат дозвола од организацијата за колективно управување.“.
Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (3) и (4).
По ставот (4) кој станува став (5) се додаваат три нови става (6), (7) и (8), кои гласат:
„(6) По исклучок од став (5) на овој член, во случај кога системот за електронска евиденција не е инсталиран поради тоа што радио-телевизиската организација не го
овозможила инсталирањето на системот, како и во случај на прекин на работата на системот за електронска евиденција кој не бил предизвикан од организацијата за
колективно управување, радио-телевизиската организација е должна во рок од 30 дена од денот на прекинот на работа на системот за електронска евиденција до организацијата за колективно управување да ја достави во електронски облик
дневната датотека на користени авторски дела односно предмети на сродни права емитувани на програмата на радио-телевизискaта организација.
(7) Со договор склучен меѓу организацијата за колективно управување и радио- телевизиската организација може да се утврди и друга форма, различна од формата утврдена во став (6) на овој член на доставување на податоци за емитувани авторски
дела односно предмети на сродни права.
(8) Во случaјот од став (6) на овој член, во рок од најмногу 60 дена од денот на прекинот во работата на системот за електронска евиденција, организацијата за
колективно управување може да побара и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни
медиумски услуги да и ја достави дневната евиденција на емитуваната програма на радио- телевизиската организација во форма и на начин утврдени со прописите со кои се уредува вршењето на аудио и аудиовизуелните услуги.“
Ставовите (5), (6) и (7) стануваат ставови (9), (10) и (11).
Членот 135-а се менува и гласи:

Член 3

„(1) Заради електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела, односно предмети на сродни права, организациите за колективно управување се должни да обезбедат и да инсталираат кај радио- телевизиските организации систем за електронско евидентирање на емитуваните
1
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

авторски дела, односно предмети на сродни права (во натамошниот текст: систем за електронска евиденција).
(2) Системот за електронска евиденција е интегрирано информациско-комуникациско решение со обезбеден степен на заштита преку кое се врши електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски
дела односно предмети на сродни права.
(3) Радио-телевизиските организации се должни да обезбедат сопствен компатибилен систем со кој се овозможува приклучување на системот за електронска евиденција и
да им овозможат на организациите за колективно управување инсталирање на
системот за електронска евиденција.
(4) Организациите за колективно управување и радио-телевизиските организации кај кои е инсталиран системот за електронска евиденција се должни да го одржуваат во употреба системот за електронска евиденција.
(5) Взаемните права и обврски на организациите за колективно управување и радио-
телевизиските организации во одржувањето во употреба на системот за електронска евиденција можат да се уредат и со меѓусебен договор, согласно овој закон.
(6) Системот за електронска евиденција обезбедува особено:
- идентификување на емитуваните авторски дела односно предмети на сродни права
во времето кога тие се емитуваат на програмата на радио-телевизиската организација, со дозволено временско отстапување согласно актот од член 135-д став
(2) од овој закон;
- записи од емитуваните авторски дела односно предмети на сродни права;
- дневни, месечни и годишни извештаи и други периодични извештаи за емитуваните авторски дела односно предмети на сродни права по одредени параметри (број на емитувања на авторското дело, односно предметот на сродно право, временски период на емитување, времетраење на емитување, идентификување на радио- телевизиските организации на кои е емитувано делото, дневен извештај за радио- телевизиските организации кои евидентирале податоци за емитувани авторски дела односно предмети на сродни права во системот за електронска евиденција);
- известување по електронски пат до лицето во организацијата за колективно управување и лицето во радио-телевизиската организација за прекинот во работата
на системот за електронска евиденција; и
- чување на податоците од системот за електронска евиденција во рок од пет години
од денот на нивното евидентирање.“.

Член 4

По членот 135 –а се додаваат четири нови наслови и четири нови члена 135-б, 135-
в, 135-г и 135-д, кои гласат:
„Дозвола за употреба на системот за електронска евиденција

Член 135-б

(1) Дозвола за употреба на системот за електронска евиденција, на барање на организацијата за колективно управување издава Министерството за информатичко општество и администрација по претходно мислење на Министерството за култура. (2) Доколку Министерството за култура издало дозволи за колективно управување на две или повеќе организации за колективно управување со ист или различен вид на права, кои вклучуваат и прибирање надоместоци од радиодифузно емитување на авторски дела и/или предмети на сродни права, организациите се должни во рок од
60 дена од денот на издавањето на последната дозвола за колективно управување, да склучат договор со кој ќе го регулираат начинот на заедничко обезбедување и инсталирање на системот за електронска евиденција.
(3) Со договорот од став (2) на овој член се регулираат меѓусебните права и обврски
на организациите, особено сразмерното учество на секоја организација во трошоците за обезбедување, инсталирање и одржување на системот за електронска евиденција,
2
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

создавањето на заедничката датотека на податоци на авторски дела односно предмети на сродни права и други прашања поврзани со функционирањето на системот за електронска евиденција.
(4) Организациите од ставот (2) на овој член се должни во рок од пет дена од денот
на склучувањето на договорот од ставот (2) на овој член, договорот да го достават до
Министерството за култура.
(5) Доколку во рок од 60 дена од денот на издавањето на дозволата од ставот (2) на овој член, организациите не го склучат договорот од ставот (2) на овој член,
Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со
Комисијата за посредување во авторското право и сродните права, на барање на
Министерството за култура, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ќе даде мислење по предметот на несогласување на организациите.
(6) Организациите од ставот (2) на овој член во рок од 30 дена од денот на доставување на мислењето од став (5) на овој член се должни да го склучат договорот од ставот (2) на овој член согласно мислењето на Министерството за информатичко
општество и администрација.
(7) Доколку организациите од ставот (2) на овој член не го склучат договорот од став
(2) на овој член во рокот од ставот (6) на овој член, Министерството за култура во рок од 15 дена ќе донесе решение за одземање на дозволата на организациите од ставот (2) на овој член.
(8) Во случај од став (2) на овој член, Министерството за информатичко општество и администрација по претходно мислење на Министерството за култура ќе издаде
согласност за заедничка употреба на системот за електронска евиденција.
(9) Барањето од став (1) на овој член се доставува согласно Законот за општата управна постапка.
(10) Формата и содржината на образецот на барањето од став (1) на овој член ги пропишува министерот за култура.

Права и обврски на организацијата за колективно управување за одржување на системот за електронска евиденција

Член 135-в

(1) Организациите за колективно управување се должни да назначат лице за следење
на работата на системот за електронска евиденција.
(2) Во случајот од член 135-б став (2) од овој закон, организациите за колективно управување заеднички го назначуваат лицето од став (1) на овој член.
(3) Лицето од став (1) на овој член е должно да ја провери компатибилноста на
системот на радио-телевизиската организација заради инсталирање на системот за електронска евиденција, да го инсталира системот за електронска евиденција кај радио- телевизиските организации, да го одржува во работа и да ја следи работата на системот за електронска евиденција.
(4) Во случај на прекин на работата на системот за електронска евиденција лицето од став (1) на овој член е должно, веднаш да преземе мерки за отстранување на
причините кои довеле до прекин на работата на системот.
(5) Доколку прекинот на работата на системот за електронска евиденција е предизвикан од пречки во работата на компјутерскиот систем во радио-телевизиската организација, лицето од став (1) на овој член е должно во рок од три часа од почетокот на прекинот на работата на системот на електронска евиденција по писмен пат, електронска пошта или телфонски да ја извести радио-телевизиската организација и да даде насоки за отстранување на пречките во работењето на системот и/или непосредно во просториите на радио-телевизиската организација да ги отстрани пречките во компјутерскиот систем. За преземените дејствија за отстранување на пречките во работата на системот за електронска евиденција лицето е должно да состави записник.
3
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

(6) Организациите за колективно управување се должни да им овозможат на авторите, односно носителите на сродните права увид во податоците од системот за електронска евиденција кои се однесуваат на нивните емитувани авторски дела односно предмети
на сродни права.
(7) Организациите за колективно управување се должни да им овозможат на радио-
телевизиските организации увид во податоците од системот за електронска евиденција кои се однесуваат на нивната емитувана програма во која се содржани авторски дела, односно предмети на сродни права.
(8) Увидот од ставовите (6) и (7) на овој член се овозможува преку посебна корисничка сметка со корисничко име и лозинка.

Права и обврски на радио-телевизиската организација за одржување на системот за електронска евиденција

Член 135-г

(1) Радио-телевизиската организација е должна да назначи лице за следење на работата на системот за електронска евиденција во радио-телевизиската организација.
(2) Лицето од став (1) на овој член е должно да ја следи работата на системот за електронска евиденција и да го одржува инсталираниот систем во радио-
телевизиската организација во комуникација со системот за електронска евиденција во организацијата за колективно управување.
(3) Доколку лицето од став (1) на овој член утврди дека во радио-телевизиската организација системот за електронска евиденција не функционира е должно веднаш да преземе мерки за отстранување на пречките во работата на системот и да го
извести лицето од член 135-в став (1) од овој закон.
(4) Лицето од став (1) на овој член е должно да постапи по насоките за отстранување на пречките во работа на компјутерскиот систем во радио-телевизиската организација
дадени од лицето од член 135-в став (1) од овој закон и да му овозможи пристап до
комјутерскиот систем на радио-телевизиската организација.

Надзор над работата на системот за електронска евиденција

Член 135–д

(1) Министерството за информатичко општество и администрација врши технички надзор над работата на системот за електронска евиденција согасно членовите 135 – а, 135- б, 135-в и 135-г од овој закон.
(2) Описот и техничките карактеристики на системот за електронска евиденција, услугите кои ги обезбедува, мерките за обезбедување заштита, минималните
технички услови кои треба да ги исполни радио-телевизиската организација заради обезбедување компатибилност со системот за електронска евиденција и другите прашања од важност за работата на системот ги пропишува министерот за култура,
во согласност со министерот за информатичко општество и администрација.“.

Член 5

Во членот 137 став (1) точките 3), 4) и 5), се менуваат и гласат:
„3) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права се врши од страна на радио-телевизиска организација во која е инсталиран системот за
електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален
износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евиндентирано во системот за електронска евиденција.
4) кога користењето на авторското дело, односно предметот на сродните права се
врши од страна на радио-телевизиска организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процентот
од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата,
4
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данокот на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.
5) Организацијата за колективно управување и радио-телевизиската организација во случајот од точката 3) на овој став на барање на радио-телевизиската организација
со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторско дело односно предмет на сродно право да се определи во процент од приход согласно точката 4) на
овој став“.
Точката 7) се брише.
Точките 8) и 9) стануваат точки 7) и 8).
Во точката 10) која станува точка 9) зборовите: „точките 1, 2, 3 и 6“ се заменуваат со зборовите: „точките 1, 2, 3, 4, 5 и 8“
Точката 11) станува точка 10).
Во точката 12) која станува точка 11) зборовите: „од точка 11)“ се заменуваат со зборовите: „од точка 10)“.

Член 6

Во членот 141 став (1) зборовите: „членовите 140 и 140-а“ се заменуваат зборовите:
„членовите 135-б став (5), 140 и 140-а“.

Член 7

Во член 144 ставовите (4) и (5) се менуваат и гласат:
„(4) Средствата на организацијата остварени од камати на вложени средства во банка и други приходи, во износ од 30% се распределуваат меѓу авторите односно носителите на сродните права, сразмерно на исплатата на надоместокот кои тие го оствариле согласно со податоците за користени дела од членот 135 став (1) од овој закон, а во износ од 70% се распределуваат меѓу авторите односно носителите на сродните права, во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција, односно во согласност со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од овој закон.
(5) Средствата кои организацијата ги прибира од корисниците, а се пресметуваат во паушални износи и средствата кои организацијата ги прибира од кабелско
реемитување авторски дела и предмети на сродни права, се распределуваат меѓу авторите односно носителите на сродните права сразмерно на исплатата на
надоместокот кои тие го оствариле во согласност со податоците за користени дела од системот за електронска евиденција односно во согласност со податоците од член 135 ставови (6) и (7) од овој закон.“.

Член 8

Во член 146 по ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3) , кои гласат:
„(2) Барањето од ставот (1) на овој член се доставува согласно Законот за општата управна постапка.
(3) Формата и содржината на образецот на барањето од став (1) на овој член го пропишува министерот за култура“.
Ставот (2) кој станува став (4) се менува и гласи:
„(4) Кон барањето од ставот (1) на овој член организацијата приложува статут, односно договор за основање и друга документација определена со овој закон, а
решението за упис во Централниот регистар на Република Македонија го обезбедува
Министерството за култура по службена должност.“.
Во ставот (3) кој станува став (5) зборовите: „ ставот (2)“ се заменуваат со зборовите:
„ставот (4)“.

Член 9

Во членот 150 став (3) по зборот „закон“ точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „во постапка и на начин утврдени во член 135-б од овој закон.“.
5
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

Член 10

Насловот на членот 151-а и членот 151-а се бришат.

Член 11

Во член 157 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
„(3) Доколку во спроведувањето на надзорот над работењето на организацијата, Министерството за култура утврди дека организацијата од средствата прибрани по основ на надоместоци, за трошоци на работењето на организацијата потрошила износ поголем од законски утврдениот максимален износ, Министерството за култура ќе издаде решение за одземање на дозволата за колективно управување.“
Ставот (3) кој станува став (4) се менува и гласи:
“„(4) Против решението за одземање на дозволата од ставовите (2) и (3) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд.“.

Член 12

Во членот 182 став (1) алинеја 2 зборовите: „член 135 ставови (1), (2) и (3)“ се заменуваат со зборовите: „член 135 ставови (1), (2) (3), (4), (5), (6) и (7).“
Во алинејата 3 зборовите: „член 135 став (5)“ се заменуваат со зборовите: „член 135 став (9)“.

Член 13

По членот 183 се додава нов член 183-а, кој гласи:

„Член 183-а

(1) Глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на радио-телевизиската организација ако:
1) не назначи лице за следење на работата на системот за електронска евиденција
(член 135-г став (1));
2) не ја следи работата и не го одржува инсталираниот систем во радио-телевизиската организација во комуникација со системот за електронска евиденција во
организацијата за електронска евиденција (член 135-г став (2));
3) не преземе мерки за отстранување на пречките во работата на системот и не ја извести организацијата за колективно управување за пречките во работата на
компјутерскиот систем во радио-телевизиската организација (член 135-г став (3)); и
4) не постапи по насоките на организацијата за колективно управување за отстранување на пречките во работењето или не овозможи пристап во просториите на радио- телевизиската организација (член 135-г став (4)).
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.“.

Член 14

По членот 185 се додава нов член 185-а, кој гласи:

„Член 185 –а

(1) Глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата ако:
1) не назначи лице за следење на работата на системот за електронска евиденција
(член 135-в став (1));
2) не преземе мерки за отстранување на пречките во функцонирањето на системот за електронска евиденција (член 135-в став (4));
3) не ја извести радио-телевизиската организација за пречки во работата на
компјутерскиот систем во радио-телевизиската организација, не даде насоки на радио- телевизиската организација за отстранување на пречките во работењето или
не пристапи во просториите на радио-телевизиската организација со цел да се
6
превземено од www . p r a v o . o r g . mk

отстранат пречките во работа на системот за електронска евиденција. (член 135-в став (5));и
4) не овозможи увид на авторите и/или носителите на сродните права, односно на радио-телевизиските организации во податоците на системот за електронска евиденција (член 135-в ставови (6) и (7)).
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ке му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.“.

Член 15

(1) Постапките за донесување на тарифите на организациите за колективно управување, започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе
продолжат според одредбите од овој закон.

Член 16

Радио-телевизиските организации кои на денот на влегувањето во сила на овој закон вршат дејност, односно емитуваат програма која содржи авторски дела односно
предмети на сродни права од организацијата за колективно управување ќе побараат
дозвола за користење на авторски дела и предмети на сродни права во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 17

Организациите за колективно управување кои имаат добиено дозвола за употреба на системот за електронска евиденција ќе ја усогласат работата на системот за
електронска евиденција со одредбите од овој закон во рок од четири месеци од денот
на влегувањето во сила на овој закон.

Член 18

(1) Организациите за колективно управување ќе го назначат лицето од член 4 од овој закон со кој се додава нов член 135-в став (1), во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) Радио-телевизиските организации ќе го назначат лицето од член 4 од овој закон со кој се додава нов член 135-г став (1), во рок од четири месеци од денот на
влегувањето во сила на овој закон.

Член 19

Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 20

Одредбите од член 4 од овој закон со кој се додава нов член 135-б став (9) и член 8
од овој закон со кој во член 146 се додаваат ставовите (2), (3) и (4), ќе отпочнат да се применуваат со отпочнувањето на примената на Законот за општата управна
постапка, согласно член 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15).

Член 21

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија“.
7


Législation Modifie (1 texte(s)) Modifie (1 texte(s))
Aucune donnée disponible

N° WIPO Lex MK042