关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 金融 无形资产 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

集成电路布图设计保护法, 北马其顿

amended up to March 14, 2006

返回
被取代文本。  转至WIPO Lex中的最新版本 该文本已被修正,WIPO Lex中尚无合并版本  见 相关立法/被以下文本修正 见下文
详情 详情 版本年份 2006 日期 最新修正: 2006年3月14日 公布: 1998年1月30日 颁布: 1998年1月22日 文本类型 主要知识产权法 主题 集成电路布图设计

可用资料

主要文本 相关文本
主要文本 主要文本 马其顿语 Закон за заштита на топографијата на интегралните кола         
 
下载PDF open_in_new
Закон за заштита на топографијата на интегралните кола (Службен весник на РМ бр. 05/1998 и 33/2006)

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА
ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ
(Службен весник на РМ бр. 05/1998 и 33/2006) I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува правото на заштита на топографијата на интегрални кола.
Член 2
Во смисла на овој закон:
1. "интегрално коло", значи готов производ или меѓупроизвод во кој се звршува електронска функција и во кој има елементи, од кои најмалку еден е активен, и некои или сите од меѓуврските се интегрално формирани во дел на материјалот или на дел од материјалот, односно и во дел и на дел од материјалот.
2. "топографија на интегрални кола" (во понатмошниот текст: топографија), значи на било кој начин прикажан тродимензионален распоред на елементите, од кои најмалку еден е активен, и меѓуврската во интегралното коло, или таков тродимензнонален распоред подготвен за производство на определено интегрално коло.
З. "комерцијална експлоатација" на топографијата значи изработка, продажба, изнајмување,
лизинг или некој друг метод на комерцијална дистрибуција, директно проврзана со топографијата или со интегралните кола, произведени врз основа на таа.
II. СУБЈЕКТИ НА ЗАШТИТА Член З
Право на заштита на топографијата има нејзиниот конструктор. Кога топографијата е производ на повеќе конструктори, правото на заштита е заедничко за сите конструктори.
Кога топографијата е создадена за времe на работен однос на конструкторот или врз основа на нарачка, право на заштита има работодавачот на конструкторот или лицето кое извршило нарачка, освен ако со условите на вработувањето или нарачката не е поинаку определено.
Член 4
Странските лица, во поглед на заштитата на топографијата ги уживаат истите права како и домашните лица, ако тоа произлегува од меѓународни договори и конвенции или од применувањето на начелото на реципроцитет.
Постоењето на реципроцитет го докажува лицето кое се повикува на реципроцитетот.
III. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ НА ПОСТАПКАТА
ЗА ЗАШТИТА
Член 5
Работитe во врска со стекнувањето и заштитата на топографијата ги извршува Државниот заводот за индустриска сопственост (во понатамошниот текст: Завод)
Член 6
Во управната постапка што се однесува на заштитата на топографијата во прв степен решава
Заводот.
Против првостепеното решение донесено од Заводот, жалба може да се поднесе до Комисија на
Владата на Република Македонија.
Член 7
Заводот води регистар на пријави на топографии и регистар на заштитени топографии. Регистрите од став 1 на овој член се јавни.
Член 8
Топографијата се заштитува доколку е оригинална.
За оригинална топографија се смета онаа која е резултат на сопствениот интелектуален обид на нејзиниот конструктор и која не била во општа употреба во индустријата за полупроводници тогаш кога била создадена.
Кога топографијата се состои од елементи кои се во употреба во индустријата, се заштитува само
комбинацијата на тие елементи, при што се претпоставува дека ги исполнува условите кои се однесуваат на оригиналноста, како што е предвидено во ставот 2 на овој член.
IV. СОДРЖИНА, ТРАЕЊЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕ
НА ПРАВОТО
1. Содржина на правото
Член 9
Носителот на заштитената топографија има исклучиво право на комерцијална експлоатација, вклучувајќи го и правото на овластување или забрана во следните случаи:
- репродукција на топографијата со секое средство или во
секоја форма;
- увоз, продажба или друга форма на дистрибуција на топографија или на интегрално коло во кое се содржи заштитената
топографија или производите кои содржат интегрално коло, а ја вклучуваат заштитената
топографија.
Правото наведено во ставот 1 нема да се проширува на некој концепт, процес, систем или техника на кои се заснова топографијата, освен на заштитената топографија.
Правото од ставот 1 алинеа втора, не може да се ужива откако заштитената топографија или интегралните кола се ставени во употреба на пазарот од страна на носителот на правото или со негово одобрение.
2. Траење на правото
Член 10
Топографијата се смета дека е заштитена кога е запишана во регистарот на топографии. Со исклучивото право носителот на заштитената топографија се стекнува:
- од датата на поднесување на пријавата согласно членот 12 на овој закон; или
- од денот кога предметната топографија за прв пат е комерцијално експлоатирана некаде во светот.
Исклучивото право престанува по истекот на периодот од 10 години од најраната дата на слeдните дати:
- на крајот од календарската година во која топографијата е прв пат комерцијално експлоатирана
некаде во светот; или
- на крајот од календарската година во која пријавата била поднесена.
Исклучивото право истекува пред периодот предвиден во ставот 3 на овој член, доколку
административните такси не се платени согласно законот со кој се уредуваат административните такси, или доколку носителот на правото на заштитената топографија ја откаже заштитата во писмена форма.
Доколку топографијата не била комерцијално експлоатирана, исклучивото право истекува по 15 години од нејзиното фиксирање или декодирање.
Во време на траењето на заштитата, носителот на правото има право да го означува предметното интегрално коло со големата буква "Т".
3. Ограничување на правото
Член 11
Пријава не може да се поднесе по истек на 2 години од денот кога топографијата била прв пат комерцијално експлоатирана.
V. ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА И РЕГИСТРАЦИЈА
1. Пријава
Член 12
Постапката за заштита на топографијата се поведува со пријава која содржи барање за признавање на правото и упис во соодветниот регистар (во натамошниот текст: пријава). Пријавата мора да содржи податоци за подносителот и
конструкторот,приказ на топографијата со податоци од секвенците, апстракт кој се однесува на
карактеристиките на електронската функциа или функциите на интегралното коло, изработен врз основа на заштитената топографија, доколку топографијата веќе е комерцијално експлоатирана, изјава во писмена форма и наведување на денот кога предметната топографија за прв пат е експлоатирана.
За секоја топографија се поднесува посебна пријава.
Директорот на Заводот поблиску ќе ги пропише формата и содржината на пријавата за регистрација на топографијата.
2. Испитување на пријавата
Член 1З
Заводот испитува дали пријавата ги содржи сите податоци за упис во регистарот на топографии, како што е предвидено со членот 12.
Барањето ќе се отфрли доколку пријавата не ги содржи предвидените податоци. Доколку пријавата не ги содржи сите податоци од член 12 на овој закон, се известува подносителот на пријавата за утврдентите недостатоци и се повикува да ја уреди пријавата во рок од 2 месеци. Доколку подносителот не ја уреди пријавата во предвидениот рок, со заклучок пријавата ќе се отфрли.
Доколку пријавата е уредна во смисла на член 12 од овој закон, со решение се признава правото и
Заводот го запишува во соодветниот регистар.
Запишувањето во соодветниот рсгистар се објавува во службеното гласило на Заводот.
VI. НИШТОВНОСТ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА Член 14
Регистрацијата се смета за ништовна доколку се утврди дека:
- заштитената топографија не е оригинална; или пријавата не е поднесена од овластено физичко или правно лице; или
- пријавата е поднесена по датата предвидена со членот 10 став 5 или со членот 11 на овој закон;
или
- приказот на заштитената топографија не овозможува негова идентификација.
VII. ПОВРЕДА НА ПРАВОТО И НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
1. Повреда на правото
Член 15
Доколку повредата на правото предизвикала и настанување на штета, лицето чие право е повредено може да бара на лицето кое го повредило правото да му биде забрането да продолжи со дејствата кои можат да ја зголемат штетата.
Секое лице кое го повредува правото на заштитена топографија е одговорно за настанатата штета
согласно општите правила за надомест на штета.
Следните случаи нема да се сметаат за повреда на правото на заштитената топографија:
- репродукција на заштитена топографија за некомерцијални цели; или
- репродукција на заштитена топографија за анализа или разработка на нејзиниот концепт, процеси, системи и техники, содржани во топографијата, или за истражување или за образовни цели; или
- комерцијална експлоатација на нова топографија која била изработена врз основа на анализи и разработка на заштитената топографија, но, која се смета за оригинална и е резултат на сопствените интелектуални напори на конструкторот и не е општо прифатена во индустријата на полупроводници.
2. Надомест на штета
Член 16
Нема да одговара за надомест на штета лицето, кое комерцијално експлоатира интегрално коло кое вклучува заштитена топографија, и кое тоа не го знаело, или не можело да знае дека топографијата на производот е заштитена.
Носителот на правото на топографија има право на надомест на штета од денот кога лицето кое комерцијално ја експлоатира заштитената топографија, дознало дека топографијата е заштитена. Висината на надоместот наведен во ставот 2 на овој член ќе биде взаемно договорен помеѓу носителот на правото на заштитената топографија и лицето наведено во ставот 2 на овој член. Доколку не се постигне договор, надлежниот суд ќе ја утврди висината на надоместот. Одредбите од ставот 2 исто така се применуваат на сукцесорите на лицето наведено во ставот 2. Правото на комерцијална експлоатација е ограничено на увоз, продажба или дистрибуција на производите на интегрирани кола или други производи кои ја вклучуваат заштитената топографија, и ова право се применува на топографијата или производите во времето кога барањето според ставот 2 на овој член било примено.
VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 17
Само топографиите конструирани по денот на влегување во сила на овој закон можат да бидат заштитени, согласно овој закон.
Член 18
Одредбите за застапување и застапување на странци, составот на Комисијата по жалби на Владата на Република Македонија, достапност на документацијата и информациите на Заводот, начинот
на поднесување на пријава, роковите за продолжување на постапката, впишување на промени во
регистарите, општите одредби за судска заштита, мерките на обезбедување, пренесување на правата и договор за лиценца, огласување за ништовно на решение за признавање на правата од индустриска сопственост, инспекцискиот надзор од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр. 47/02, 42/03, 09/04 и 39/06) ќе се применуваат и на топографиите на интегрални кола.
Член 19
Прописот предвиден со членот 12 од овој закон ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон.
Член 20
Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во “Службен весник на
Република Македонија”.


立法 取代 (1 文本) 取代 (1 文本) 被以下文本取代 (1 文本) 被以下文本取代 (1 文本)
无可用数据。

WIPO Lex编号 MK053