关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 在产权组织任职 问责制 专利 商标 外观设计 地理标志 版权 商业秘密 知识产权的未来 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 青年 审查员 创新生态系统 经济学 金融 无形资产 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 前沿技术 移动应用 体育 旅游 音乐 时尚 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 全球无形资产投资精要 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 重建基金 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 工作人员职位 附属人员职位 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

Law Amending the Law on Industrial Property of February 10, 2020, 北马其顿

返回
WIPO Lex中的最新版本
详情 详情 版本年份 2020 日期 公布: 2020年2月10日 颁布: 2020年2月4日 文本类型 主要知识产权法 主题 知识产权及相关法律的执行

可用资料

主要文本 相关文本
主要文本 主要文本 马其顿语 Закон за изменување и дополнување на Законот за индустриска сопственост од 10 февруари 2020 година        
 
開啟 PDF open_in_new
Закон за изменување и дополнување на Законот за индустриска сопственост од 10 февруари 2020 година
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

20200310586

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

Се прогласува Законот за изменување на Законот за индустриската сопственост,

што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 4 февруари 2020 година.

Бр. 08-1105/1 Претседател на Република
4 февруари 2020 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

Член 1

Во Закон за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ брoј 21/2009, 24/11, 12/14, 41/14, 152/15, 53/16 и 83/18), членот 321 се менува и гласи:

„(1) Глоба во износ од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, кое е микро трговец доколку:

1) неовластено се занимава со застапување на правни и физички лица (членови 22 и 279);

2) неовластено користи пријавен или заштитен пронајдок (член 291 став (2));

3) неовластено користи или имитира пријавен или заштитен индустриски дизајн (член 291 став (2));

4) неовластено користи или имитира пријавена или заштитена трговска марка (член 291 ставови (2) и (3)) и

5) неовластено користи или имитира добро позната трговска марка (член 291 ставови (2) и (3)).

(2) Глоба во износ од 100 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е мал трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е среден трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(4) Глоба во износ од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е голем трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(5) Глоба во износ од 50 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член.

(6) Глоба во износ од 15 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршок од ставот (1) на овој член.

(7) За прекршоците од ставот (1) на овој член, на правното лице кое е микро трговец, правното лице кое е мал трговец, правното лице кое е среден трговец, правното лице кое е голем трговец, одговорното лице во правното лице и физичкото лице, Државниот пазарен инспектор ќе му издаде прекршочен платен налог.

(8) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати изречената глоба согласно со ставовите (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член, во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог.

(9) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (8) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука.

(10) Во постапката која ќе заврши со плаќање на прекршочен платен налог не се плаќаат трошоци на постапката.

(11) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од ставот (8) на овој член, државниот пазарен инспектор поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд.

(12) Покрај глобата од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член, на правното лице му се изрекува прекршочна санкција забрана за вршење дејност од една до две години.

(13) Покрај глобата од ставот (5) на овој член, на одговорното лице во правното лице му се изрекува санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење до една година.

(14) Покрај глобата од ставот (6) на овој член на физичкото лице му се изрекува санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење до една година.

(15) За сите прекршоци од членот 318 на овој закон и ставот (1) на овој член, на правното лице кое е микро трговец, правното лице кое е мал трговец, правното лице кое е среден трговец, правното лице кое е голем трговец, одговорното лице во правното лице и физичкото лице, ќе им се изрече посебна санкција за одземање предмети.

(16) Доколку се утврди дека прекршоците од ставот (1) на овој член се сторени од организирана група лица, составена од најмалку три лица, надлежниот суд може да изрече глоба во трикратен износ.

(17) При повторување на прекршоците од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да изрече глоба во петкратен износ.

(18) За прекршоците од ставот (1) на овој член со кои се предизвикува поголема имотна штета, во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, надлежниот суд може да изрече глоба до дваесеткратен износ од утврдената штета.“.

Член 2

Членот 322 се менува и гласи:

„(1) Глоба во износ од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, кое е микро трговец доколку:

1) неовластено користи ® за трговска марка што не е регистрирана;

2) неовластено користи или имитира заштитен географски назив (член 291 став (2)) и

3) на барање на носителот на правото не ги доставил документите и податоците во врска со повреда (членови 297 став (2) и 314).

(2) Глоба во износ од 100 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е мал трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е среден трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(4) Глоба во износ од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, кое е голем трговец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(5) Глоба во износ од 50 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член.

(6) Глоба во износ од 15 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршок од ставот (1) на овој член.

(7) За прекршоците од ставот (1) на овој член на правното лице кое е микро трговец, правното лице кое е мал трговец, правното лице кое е среден трговец, правното лице кое е голем трговец, одговорното лице во правното лице и физичкото лице, Државниот пазарен инспектор ќе му издаде прекршочен платен налог.

(8) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати изречената глоба согласно со ставовите (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член, во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог.

(9) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (8) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука.

(10) Во постапката која ќе заврши со плаќање на прекршочен платен налог не се плаќаат трошоци на постапката.

(11) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од ставот (8) на овој член, државниот пазарен инспектор поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд.“.

Член 3

Членот 322-а се менува и гласи:

„(1) Државните пазарни инспектори се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.

(2) Во евиденцијата од ставот (1) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.

(3) Личните податоци од ставот (2) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.

(4) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за економија.“.

Член 4

Членот 322-б се брише.

Член 5

Во членот 322-в зборовите: „правното лице, односно на трговецот поединец“ се заменуваат со зборовите: „правното лице кое е микро трговец, правното лице кое е мал трговец, правното лице кое е среден трговец, правното лице кое е голем трговец, одговорното лице во правното лице и физичкото лице.“.

Член 6

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


立法 修正 (1 文本) 修正 (1 文本)
无可用数据。

WIPO Lex编号 MK060