About Intellectual Property IP Training Respect for IP IP Outreach IP for… IP and... IP in... Patent & Technology Information Trademark Information Industrial Design Information Geographical Indication Information Plant Variety Information (UPOV) IP Laws, Treaties & Judgments IP Resources IP Reports Patent Protection Trademark Protection Industrial Design Protection Geographical Indication Protection Plant Variety Protection (UPOV) IP Dispute Resolution IP Office Business Solutions Paying for IP Services Negotiation & Decision-Making Development Cooperation Innovation Support Public-Private Partnerships AI Tools & Services The Organization Working with WIPO Accountability Patents Trademarks Industrial Designs Geographical Indications Copyright Trade Secrets WIPO Academy Workshops & Seminars IP Enforcement WIPO ALERT Raising Awareness World IP Day WIPO Magazine Case Studies & Success Stories IP News WIPO Awards Business Universities Indigenous Peoples Judiciaries Genetic Resources, Traditional Knowledge and Traditional Cultural Expressions Economics Finance Intangible Assets Gender Equality Global Health Climate Change Competition Policy Sustainable Development Goals Frontier Technologies Mobile Applications Sports Tourism PATENTSCOPE Patent Analytics International Patent Classification ARDI – Research for Innovation ASPI – Specialized Patent Information Global Brand Database Madrid Monitor Article 6ter Express Database Nice Classification Vienna Classification Global Design Database International Designs Bulletin Hague Express Database Locarno Classification Lisbon Express Database Global Brand Database for GIs PLUTO Plant Variety Database GENIE Database WIPO-Administered Treaties WIPO Lex - IP Laws, Treaties & Judgments WIPO Standards IP Statistics WIPO Pearl (Terminology) WIPO Publications Country IP Profiles WIPO Knowledge Center WIPO Technology Trends Global Innovation Index World Intellectual Property Report PCT – The International Patent System ePCT Budapest – The International Microorganism Deposit System Madrid – The International Trademark System eMadrid Article 6ter (armorial bearings, flags, state emblems) Hague – The International Design System eHague Lisbon – The International System of Appellations of Origin and Geographical Indications eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Mediation Arbitration Expert Determination Domain Name Disputes Centralized Access to Search and Examination (CASE) Digital Access Service (DAS) WIPO Pay Current Account at WIPO WIPO Assemblies Standing Committees Calendar of Meetings WIPO Webcast WIPO Official Documents Development Agenda Technical Assistance IP Training Institutions COVID-19 Support National IP Strategies Policy & Legislative Advice Cooperation Hub Technology and Innovation Support Centers (TISC) Technology Transfer Inventor Assistance Program WIPO GREEN WIPO's Pat-INFORMED Accessible Books Consortium WIPO for Creators WIPO Translate Speech-to-Text Classification Assistant Member States Observers Director General Activities by Unit External Offices Job Vacancies Procurement Results & Budget Financial Reporting Oversight
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Laws Treaties Judgments Browse By Jurisdiction

Law on Customs Measures for Protection of Intellectual Property Rights, North Macedonia

Back
Repealed Text 
Details Details Year of Version 2013 Dates Entry into force: May 26, 2005 Adopted: May 19, 2005 Type of Text IP-related Laws Subject Matter Copyright and Related Rights (Neighboring Rights), Enforcement of IP and Related Laws, IP Regulatory Body, Industrial Property

Available Materials

Main Text(s) Related Text(s)
Main text(s) Main text(s) Macedonian Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост        
 
Download PDF open_in_new
Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (Службен весник на Република Македонија број 38/05, 107/07, 135/11 и 69/13)

ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА �
З А К О Н �
ЗА ЦАРИНСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД �
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ �
­Неофицијална верзија­
(„Службен весник на Република Македонија“ број 38/05, 107/07 ,135/11 и �
69/13) �
ГЛАВА 1 �
Општи одредби �
Член 1 �
(1) Со овој закон се регулира постапката за преземање дејствија од царинските органи кога постојат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува правото од интелектуална сопственост во случаите кога таа стока:
1) е декларирана за пуштање во слободен промет, извоз или повторен извоз во согласност со царинските прописи и
2) е откриена при контрола на стока која се внесува во или се изнесува од
царинското подрачје на Република Македонија, која е ставена во постапка на транзит, царинско складирање, увоз за облагородување, преработка под царинска контрола или привремен увоз, или која е ставена во слободна зона или слободен склад во согласност со царинските прописи.
(2) Со овој закон се определуваат и мерките за заштита на правата од интелектуална сопственост кои ги преземаат царинските органи кога со стоката од ставот (1) на овој член се повредува правото од интелектуална
сопственост.
Овој закон не се применува за:
Член 2
1) стока заштитена со патент или индустриски дизајн, стока на која стои трговска марка со согласност на носителот на трговската марка, стока на која стои ознака на потекло или географска ознака, стока која е за­ штитена со авторско право или сродно право и која е изработена со согласност на носителот на правото, а која без негова согласност се наоѓа во еден од случаите од членот 1 на овој закон.
2) стока од точката 1 на овој член која е изработена под услови спротивни на договорените со носителот на правото и стока која е дел од личниот
багаж на еден патник, предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои покрај предметите од личниот багаж ги внесува патник од странство и предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство, кои се ослободуваат од плаќање на увозни давачки согласно со царинските прописи, кога не постојат оправдани причини за сомневање дека таквата стока е дел од комерцијален промет.
Член 3 �
Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење: �
1. “Право од интелектуална сопственост” е право од индустриска сопственост и авторско право и друго сродно право пропишано со закон.
2. “Стока со која се повредува право од интелектуална сопственост” е: �
1) “фалсификувана стока” : �
а) стока, вклучувајќи го и пакувањето, на која без согласност од � носителот на правото стои трговска марка идентична со важечката трговска марка регистрирана за ист вид на стока која е во важност, или која не може да се разликува во суштинските обележја од таквата трговска марка и со тоа ги повредува правата на носителот на трговската марка согласно со закон;
б) секој знак од кој се состои трговската марка (вклучувајќи и: лого зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми); форми на стоката или нејзиното пакување; комбинации на напред наведените знаци; налепница, брошура, упатство за употреба или гарантен документ кои носат таков знак), дури и да се наоѓа одделен од стоката, под истите услови како од точката 1 потточка а) на овој став и
в) пакување на кое стои трговска марка на фалсификувана стока, дури и да се наоѓа одделено од стоката, под истите услови како од точката 1 потточка а) на овој став;
2) “пиратска стока” која е направена, или која содржи примероци направени, без согласност на носителот на авторското право или сродното право, ако со нејзина изработка се повредува авторско право или сродно право согласно со закон и
3) стока со која се повредува правото на патент, индустриски дизајн, ознака на потекло или географска ознака согласно со закон.
Стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост е и секој калап или матрица посебно дизајнирани или прилагодени за изработка на таков вид на стока, доколку со употребата на таквите калапи
или матрици се повредуваат правата на носителот на правата во � Република Македонија, средства, производи, компоненти или делови за избегнување или изигрување на заштита (смарт картички, декодери, компјутерски програми, системи за пресметнување или друг вид на промена и слично) или на контрола на копирање;
3. “Носител на право” е:
1) секое домашно и странско, правно и физичко лице кое, согласно со закон, е носител на правото од патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло, географска ознака, авторско право или сродно право или
2) секое друго домашно и странско, правно и физичко лице кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост од точката 1 на овој став или застапник на носителот на правото или на лицето кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост;
4. “Работен ден” е работен ден на Централната управа на Царинската управа и
5. “Царински орган” е организациона единица на Царинската управа согласно со закон.
(1) Доколку со овој закон поинаку не е определено, царинскиот орган што ја води постапката го применува Законот за општата управна постапка.
(2) Одредбите од овој закон не ја исклучуваат примената на прописите со кои се регулира заштитата на правата од индустриска сопственост и авторското право и други сродни права.
ГЛАВА 2 �
Постапување по службена должност и барање за преземање на �
дејствија од страна на царинските органи �
Дел 1 �
Постапување по службена должност �
Член 5 �
(1) Кога царинските органи, во случаите од членот 1 став (1) на овој закон, а пред поднесување на барање од страна на носителот на правото или пред негово прифаќање кога такво е поднесено, имаат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува правото од интелектуална сопственост го одложуваат пуштањето на стоката или истата ја задржуваат.
(2) За мерката од ставот (1) на овој член царинскиот орган веднаш го
известува носителот на правото, за да може да поднесе барање за преземање на дејствија во согласност со членот 6 на овој закон, како и декларантот или лицето кое ја поседува стоката.
(3) Царинските органи, без откривање на други податоци, освен податоците за стварната или претпоставената количина и вид на предмети, а пред известувањето на носителот на правото за можната повреда, може од носителот на правото да побараат да им ги даде сите податоци кои им се потребни за потврдување на нивните причини за сомневање.
(4) Доколку во рок од три работни дена од известувањето, носителот на правото не поднесе барање за преземање на дејствија во согласност со членот 6 на овој закон, пуштањето на стоката се одобрува или нејзиното задржување престанува под услов да се завршат сите царински
формалности.
Дел 2 �
Поднесување и обработка на барања за преземање на царински �
дејствија �
Член 6 �
(1) Носителот на право може во писмена форма да поднесе барање до Централната управа на Царинската управа за преземање на царински дејствија од страна на царинските органи за стоката од членот 1 став (1) на овој закон.
(2) Барањето за преземање дејствија се изготвува на образец чија форма и содржина ја пропишува министерот за финансии. Барањето мора да ги содржи сите податоци кои се потребни за лесно препознавање на предметната стока од страна на царинските органи, а особено:
1) прецизен и детален технички опис на стоката;
2) секоја посебен податок кој носителот на правото може да го има за видот на измамата и
3) име и презиме и точна адреса и телефонски број на лицето за контакт назначено од страна на носителот на правото.
(3) Кон барањето за преземање дејствија мора да се достави и изјава
која барателот е должен да ја даде во согласност со членот 7 на овој закон и доказ дека барателот е носител на правото за предметната стока.
(4) Носителот на правото треба, исто така, да ги до­стави сите други податоци кои ги има во врска со:
1) царинската вредност во Република Македонија на оригиналната стока;
2) локацијата на стоката или нејзиното одредиште;
3) карактеристики кои ја одликуваат пратката;
4) очекуван датум на пристигнување или поаѓање на стоката;
5) податоци за користените транспортни средства;
6) податоци за увозникот, извозникот или лицето кое ја поседува стоката;
7) земјата или земјите на производство и користените рути на пренесување и
8) техничките разлики, доколку се познати, меѓу оригиналната стока
и стоката за која постои сомневање дека е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост.
(5) Покрај податоците од ставовите (2), (3) и (4) на овој член царинскиот орган може да побара посебни податоци карактеристични за видот на предметното право од интелектуална сопственост.
(6) Применото барање за преземање на дејствија, Централната управа на Царинската управа ќе го обработи и во писмена форма ќе го извести подносителот на барањето за својата одлука во рок од 30 работни дена од денот на приемот на барањето.
(7) Царинскиот орган за обработката на барањето наплатува надоместок во износ кој го пропишува министерот за финансии, а кој не смее да биде повисок од стварните трошоци.
(8) Во случаи кога барањето не ги содржи задолжителните податоци од овој член или ако истите не се целосни, Централната управа на Царинската управа со заклучок го отфрла барањето за преземање на дејствија со соодветно образложение. Против заклучокот може да се изјави посебна жалба до министерот за финансии во рок од осум дена од денот на доставувањето.
Член 6­а
(1) Доколку Централната управа на Царинската управа не донесе одлука со која ќе го уважи барањето од член 6 од овој закон, односно не донесе одлука за одбивање на барањето во рокот од членот 6 став (6) од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање за остварување на неговото право до писарницата на директорот на Царинската управа.
(2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.
(3) Директорот на Царинската управа е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од став (1) на овој член до писарницата на директорот на Царинската управа да донесе акт со кој
барањето за преземање на царински дејствија е уважено или одбиено. � Доколку директорот на Царинската управа нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Царинската управа.
(4) Кон барањето од ставот (1) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 6 став (1) од овој закон
(5) Доколку директорот на Царинската управа не постапи по поднесеното барање во пропишаниот рок од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
(6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во Царинската управа дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за превземените мерки.
(7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат од ставот (6) на овој член по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Царинската управа во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по барањето.
(8) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи во рок од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управна инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Царинската управа ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира поднесителот на барањето за превземените мерки.
(9) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи и во дополнителиот рок од став (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки
(10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од
три работни дена да го разгледа приговорот од ставот 10 на овој член и � доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (6) и (7) и /или не поднесе пријава согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Царинската управа дали е спроведена постапката во согласно со законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(12) Доколку инспекторот не постапи во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(13) Во случај на ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(14) Во случај на ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(16) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
(17) Постапката пред Управниот суд е итна.
(18) Подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член министерот за финансии го донесува во рок од 30 дена од денот на влегувањето на сила на овој закон.
(19) по влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за финансии.
Член 7 �
Со изјавата од членот 6 став (3) носителот на правото презема одговорност кон лицата вклучени во еден од случаите од членот 1 став (1) на овој закон кога постапката започната согласно со членот 10 став (1) од овој закон е прекината заради дејствие или пропуст на носителот на правото или кога е утврдено дека предметната стока не повредува право од интелектуална сопственост. Со изјавата носителот, исто така, се согласува да ги поднесе и сите трошоци настанати за чување на стоката под царински надзор согласно со овој закон.
Член 8
Членовите 6 и 7 се применуваат во целост и за барањата за продолжување на рокот од членот 9 на овој закон.
Дел 3
Прифаќање на барање за преземање дејствија
Член 9
(1) Со прифаќање на барањето од членот 6 на овој закон, Централната управа на Царинската управа го определува рокот во кој се преземаат дејствија, кој не може да биде подолг од една година од денот на при­ фаќање на барањето. Пред истекот на определениот рок, доколку претходно е намирен каков било долг на носителот на правото настанат согласно со овој закон, носителот на правото може да побара продолжување на рокот.
(2) Определениот рок може да се продолжи на барање на носителот на правото, доколку претходно се намират долговите кои евентуално можат да настанат согласно со членот 16 на овој закон.
(3) Носителот на правото е должен веднаш да ја извести Централната управа на Царинската управа, доколку неговото право престане да важи.
(4) Одлуката за прифаќање на барањето и одлуката за продолжување на рокот веднаш се испраќаат до царинските органи надлежни за преземање дејствија.
По барање на царинските органи, носителот на правото ќе ги обезбеди сите дополнителни податоци потребни за спроведување на одлуката за прифаќање на барањето.
ГЛАВА 3 �
Постапување по барањето за преземање на дејствија од страна на �
царинските органи
Член 10
(1) Откако царинскиот орган, на кој му е испратена одлука во согласност со членот 9 став (4) од овој закон, утврдил дека стоката од еден од случаите од членот 1 став (1) на овој закон е стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост опфатена со таа одлука, го одложува пуштањето на стоката или ја задржува под царински надзор. За своите дејствија царинскиот орган веднаш ја известува Централната управа на Царинската управа.
(2) Царинскиот орган веднаш го известува носителот на правото и декларантот или лицето кое ја поседува стоката за своите дејствија и може да ги информира за стварната или претпоставената количина и вид на стоката чие пуштање било одложено или која била задржана и за можноста да се спроведе поедноставена постапка за уништување на стоката согласно со членот 11 од овој закон.
(3) Царинскиот орган, во согласност со прописите за заштита на лични податоци, деловна тајна и доверливост, може да го извести носителот на правото, на негово барање, за имињата и адресите на примачот на стоката, испраќачот, декларантот или лицето кое ја поседува стоката и за потеклото на стоката за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост, доколку тие се познати, а со цел да утврди дали некое право од интелектуална сопственост е повредено согласно со закон.
(4) На барање на носителот на правото и на лицата вклучени во еден од случаите од членот 1 став (1) на овој закон, царинскиот орган им одобрува преглед на стоката чие пуштање е одложено или која е задржана, како и земање мостри во согласност со важечките прописи исклучиво за анализа и за водење на натамошна постапка. Овие мостри мора да се вратат по завршување на техничката анализа, а таму каде што е можно, пред пуштањето на стоката или по престанување на нивното задржување.
Член 11
(1) Кога царинскиот орган задржал стока или одложил пуштање на стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост во еден од случаите од членот 1 став (1) на овој закон, која се отстапува за уништување, царинскиот орган може да спроведе поедноставена
постапка, која се применува со согласност на носителот на правото, а со која царинскиот орган може да ја уништи стоката под царински надзор, без да се утврди дали некое право од интелектуална сопственост би­ло повредено согласно со закон и, ако:
­ носителот на правото писмено го извести царинскиот орган во рок од десет работни дена или три работни дена во случај на лесно расиплива стока, од приемот на известувањето од членот 10 на овој закон, дека стоката која е предмет на постапката е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост од членот 3 точка 2 на овој закон и му достави на царинскиот орган писмена согласност од декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката за отстапување за уништување на стоката и
­ уништувањето се врши на трошок и на одговорност на носителот на правото во согласност со царинските прописи за уништување на стока под царински надзор и да биде проследено со земање на мостри кои царинскиот орган ги чува во согласност со царинските прописи и кои можат да се користат како докази.
(2) Во врска со ставот (1) алинеја 1 на овој член декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката може директно да му достави на царинскиот орган согласност за отстапување за уништување на стоката. Се смета дека декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката дал согласност за уништување, доколку во пропишаниот рок недвосмислено не се спротивставил на уништувањето за кое бил известен. Овој рок може, во зависност од околностите да се продолжи за уште десет работни дена.
(3) Царинскиот орган не одговара за штетите кои можат да произлезат од уништувањето на стоката во согласност со овој член.
(4) Во другите случаи, кога не се исполнети условите од ставот (2) на овој член, се применува постапката од членот 13 на овој закон.
Член 12
(1) Носителот на право, добиените податоци од членот 10 став (3) на овој закон ги употребува само во постапката за утврдување дали е повредено правото од интелектуална сопственост, како и за целите од членовите 11 и
13 став (1) на овој закон.
(2) При употребата на податоците спротивно на ставот (1) од овој член Централната управа на Царинската управа ја укинува одлуката за прифаќање на барањето за преземање дејствија, за преостанатиот рок.
(3) Во случај на повеќекратно или особено сериозно прекршување на
одредбите од ставот (1) на овој член, царинскиот орган може да го одбие барањето за продолжување на рокот од членот 9 на овој закон.
Член 13
(1) Носителот на правото во рок од десет работни дена од приемот на известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката од членот 10 став (1) од овој закон, е должен да го извести царинскиот орган дали со стоката е повредено право од интелектуална сопственост, како и да достави доказ дека е започната постапка пред надлежен суд или друг орган или писмена согласност од декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката за отстапување за уништување на стоката. На барање на носителот на правото овој рок, во зависност од околностите може да се продолжи најмногу за десет работни дена.
(2) Во случај на лесно расиплива стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува правото од интелектуална сопственост, рокот од ставот (1) на овој член е три работни дена и истиот не може да се продолжи.
(3) Царинскиот орган ќе ја пушти стоката кога носителот на правото ќе го извести дека предметната стока не повредува право од интелектуална сопственост или кога за истата не постои регистрирано право од интелектуална сопственост, под услов да се завршат сите царински формалности.
Член 14
(1) Носителот на правото го известува царинскиот орган дека е започната постапка за утврдување дали е повредено правото од интелектуална сопственост со поднесување соодветен доказ од надлежен суд или друг надлежен орган дека постапката е започната.
(2) Со започнување на постапката од ставот (1) на овој член, се продолжува рокот за одложување на пуштањето или задржување на стоката сé додека судот или надлежниот орган не се произнесе за стоката.
Член 15
(1) Декларантот, сопственикот на стоката, лицето кое ја поседува стоката, увозникот или примачот на стоката може да побара од царинскиот орган да се пушти стока за која постои сомневање дека е стока со која се повредува право од индустриски дизајн или патенти, а за која е одложено пуштањето или која е задржана под услов да поднесе гаранција,
и доколку: �
а) царинскиот орган е известен во согласност со членот 13 став (1) од овој закон, дека е започната постапка за утврдување дали е повредено правото од интелектуална сопственост согласно со закон;
б) надлежен орган нема донесено мерка за привремено одземање на стоката пред истекот на рокот од членот 13 став (1) на овој закон и
в) сите царински формалности се завршени.
(2) Гаранцијата од ставот (1) на овој член мора да биде доволна за да ги заштити интересите на носителот на правото. Плаќањето на гаранцијата нема да влијае на користењето на други правни лекови кои му се на располагање на носителот на правото.
(3) Во случај на продолжување на рокот од членот 13 став (1) на овој закон , тој може да се продолжи најмногу до 30 работни дена.
(4) Видот, постапка и начинот на поднесување на гаранцијата, нејзината наплата и враќање ги пропишува министерот за финансии.
Член 16
(1) Чувањето на стоката за време на одложување на пуштањето или задржувањето се спроведува на начин кој е во согласност со одредбите од царинските прописи кои го регулираат привременото чување на стока.
(2) Трошоците за чување и одржување на стоката ги сноси подносителот на барањето за преземање на дејствија.
ГЛАВА 4 �
Поблиски прописи �
Член 17
Поблиските прописи за спроведување на овој закон ги носи министерот за финансии.
ГЛАВА 5 �
Стока за која е утврдено дека го повредува правото од интелектуална �
сопственост �
Член 18
Стоката за која по завршување на постапката од членот 10 на овој закон е утврдено дека повредува правото од интелектуална сопственост, не смее да се:
­ внесе во царинското подрачје на Република Македонија, �
­ пушти во слободен промет, �
­ изнесе од царинското подрачје на Република Македонија, �
­ извезе, �
­ повторно извезе, �
­ стави во одложувачка постапка или �
­ внесе во слободна зона или слободен склад. �
ГЛАВА 6 �
Одговорност на царинските органи и на носителот на правото �
Член 19 �
(1) Прифаќањето на барање не му дава право за надомест на штета на носителот на правото кога стоката со која се повредува правото од интелектуална сопственост не е откриена од царинскиот орган и била пу­ штена или не е задржана во согласност со членот 10 став (1) на овој закон.
(2) Спроведувањето на надлежностите и преземените дејствија од страна на царинскиот орган, во согласност со овој закон, не предизвикуваат одговорност на царинскиот орган за надомест на штета предизвикана на лицата вклучени во случаите од членот 1 став (1) на овој закон или лицата од членот 5 на овој закон.
(3) Доколку носителот на правото не постапува согласно со членот 13 став (1) од овој закон, Царинската управа може да ја укине одлуката за прифаќање на неговото барање за преземање на царински дејства. Во овој случај носителот на правото го губи правото да поднесе ново барање за преземање на царински дејства за истото право од интелектуална сопственост, во рок од една година од денот на правосилноста на одлуката за укинување.
Глава 6­а �
Бесплатно отстапување на одземени стоки кои повредуваат право од �
интелектуална сопственост �
Член 19­а �
(1) По исклучок на членот 11 од овој закон, Владата на Република Македонија може да донесе одлука стоката за која е утврдено дека повредува право од интелектуална сопственост, бесплатно да се отстапи на државен орган, во случаи на ублажување на последиците од елементарни непогоди, како и за помош на приматели на социјална помош и на семејствата чиј вкупен месечен приход не надминува 1,5 минимална плата, утврдена за минатата година.
(2) Стоката од ставот (1) на овој член се текстилни производи и обувки што се распоредуваат во главите 61, 62 и 64 на царинската номенклатура од Законот за царинската тарифа.
(3) Одлуката од ставот (1) на овој член Владата на Република Македонија ја донесува врз основа на предлогот на Царинската управа, по предходно добиена согласност од носителот на правото, како и доколку се исполнети условите од членот 247 став (1) точка в) од Царинскиот закон и има потврда од надлежен орган дека предметната стока не е во спротивност со прописите за безбедност на производите.
(4) Државниот орган од ставот (1) на овој член е должен, пред преземањето на стоката, да ги покрие сите трошоци во врска со складирање на задржаната стока, како и трошоците за отстранување под царински надзор на обележјата на трговската марка, чие право е утврдено дека е повредено.
(5) Царинскиот орган во соработка со државниот орган од ставот (1) на овој член и носителот на правото писмено потврдуваат дека се отстранети сите обележја на стоките и предметите чие право е докажано дека е повредено, пред стоката да биде предадена.
(6) Државниот орган од ставот (1) на овој член е должен, во рок од 15 дена од распределбата на стоката од овој член да достави извештај до Владата на Република Македонија.
(7) Застапникот на носителот на правото од интелектуална сопственост не подлежи на обврска за определување на примателите на стоката што е предмет на бесплатно отстапување.
(8) Начинот на распределбата на стоките од страна на државниот орган од ставот (1) на овој член, како и образецот на извештај од ставот (6) на овој член, на предлог на министерот за финансии, го пропишува Владата на Република Македонија.
ГЛАВА 7 �
Прекршочни одредби �
Член 20 �
(1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако постапува спротивно на членот 9 став (3) од овој закон, така што веднаш ќе ја извести Централната управа на Царинската управа за престанокот на неговото право.
(2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствија од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 21
(1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако постапува спротивно на членот 12 став (1) од овој закон, така што добиените податоци од царинскиот орган во смисла на членовите 11 и 13 став (1) од овој закон, ги употреби надвор од постапка и целите за утврдување на повреда на право од интелектуална сопственост.
(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствијата од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 22
(1) Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако внесе или изнесе или се обиде да внесе или изнесе во и од царинското подрачје на Република Македонија, стока која повредува право на иста трговска марка која ја имала и стоката што од него веќе еднаш била одземена во спроведена постапка согласно со членот 11 од овој закон, или таквата стока ја стави или се обиде да ја стави во цариснска постапка со економски ефект, или ја внесе или изнесе во слободна зона или слободен склад.
(2) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствијата од ставот (1) на овој член и одговорното лице во
правното лице.
Член 22­а
Согласно со Законот за прекршоците водењето на прекршочна постапка и изрекување на прекршочна санкција за сторен прекршок од членовите
20, 21 и 22 на овој закон, е во исклучива надлежност на прекршочниот орган утврден со Законот за Царинска управа.
Член 22­б
(1) По утврдување на сторен прекршок од овој закон царинскиот службеник на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање
на глоба или платен налог во износ од 200 евра во денарска противвредност за правно лице, односно во износ 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, кога вредноста на стоките кои се предмет на прекршокот не надминува 500 евра во денарска противвредност.
(2) Ако сторителот не ја плати доброволно глобата од ставот (1) на овој член, царинскиот орган ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до царинскиот прекршочен орган.
ГЛАВА 8 �
Завршни одредби �
Член 23 �
Со денот на влегување во сила на овој закон престанува да важи членот
215 од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 47/2002, 42/2003 и 9/2004) и членот 165 од Законот за авторски и други сродни права (“Службен весник на Република Македонија” број 47/96, 3/98, 98/2002 и 4/2005).
Член 24
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.

Завршни одредби од измените и дополнувањата на законот
(„Службен весник на Република Македонија“ број 107/07)
Член 6
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот наобјавувањето во "Службен весник на Република Македонија", освен одредбите од членот 5 на овој закон, кои ќе отпочнат со примена од 1 септември 2007 година.
(„Службен весник на Република Македонија“ број 135/11)
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен весник на Република Македонија“.
(„Службен весник на Република Македонија“ број 69/13) Член 3
Подзаконскиот пропис утврден во овој закон ќе се донесе најдоцна во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 4
Стоките, текстилни производи и обувки што се распоредуваат во главите 61, 62 и 64 на царинската номенклатура од Законот за царинската тарифа, за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е добиена согласност за уништување од носителот на правото, можат да бидат предмет на бесплатно отстапување на начин и под услови утврдени во овој закон.
Член 5
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.


Legislation Supersedes (1 text(s)) Supersedes (1 text(s)) Is implemented by (1 text(s)) Is implemented by (1 text(s)) Is repealed by (1 text(s)) Is repealed by (1 text(s))
No data available.

WIPO Lex No. MK050