关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 金融 无形资产 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

Law on Amendments and Supplements to the Law on Copyright and Related Rights, 北马其顿

返回
废止文本 
详情 详情 版本年份 2002 日期 生效: 2002年12月27日 议定: 2002年12月24日 文本类型 主要知识产权法 主题 版权与相关权利(邻接权) This Law consists of amendment provisions with regards to limitations and exemptions to copyright, copyright protection to foreign rights holders, and protection of performers, and producers of phonograms and films.

Article 16 of this Law states that it came into force on the day of its publication in the Official Gazette, which was December 27, 2002.

可用资料

主要文本 相关文本
主要文本 主要文本 马其顿语 Закон изменување и дополнување на законот за Авторското право и сродните права        
 
下载PDF open_in_new
Закон Изменување И Дополнување На Законот За Авторското Право И Сродните Права ('Службен весник на Република Македонија' број 98/2002)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА

АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл.Весник на Р.Македонија бр.98 од 27.12.2002 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права ("Службен весник на Република Македонија" број 47/96 и 3/98), во членот 2 точка 2 по зборот "направено" точката и запирката се бришат и се додаваат зборовите: "и се изразува во материјална форма и во нематеријална форма. Објавувањето во материјална форма содржи: репродукција, дистрибуција, издавање, изнајмување и јавно изложување. Објавувањето во нематеријална форма (во натамошниот текст: јавно соопштување) содржи: јавно изведување, јавно пренесување, јавно прикажување и радиодифузно емитување и радиодифузно реемитување."
Точката 10 станува точка 7, а точките 7, 8 и 9 стануваат точки 8, 9 и 10.

Член 2

Во членот 28 ставот 2 се менува и гласи:
"Користењето од став 1 на овој член се врши во обем оправдан од конкретните намени и цели, определени со овој закон, но да не е повеќе од нужно спротивно на вообичаеното користење на делото и на законските интереси на авторот."
Членот 29 се менува и гласи:

Член 3

"Законски е дозволено репродуцирање авторски дела, освен компјутерски програми, во учебници, читанки и други публикации од слична природа, делови од авторски дела, кратки авторски дела и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата во целина, заради настава со непрофитна цел. Законски е дозволено репродуцирање во цел обем на актуелни написи од дневен и периодичен печат, како и на коментари од радиодифузни емисии во кои се расправа за прашања од општ карактер од областа на економијата, политиката, религијата, уметноста, науката и слично, доколку тоа авторот изречно не го забранил.
Користењето од ставовите 1 и 2 на овој член, аналогно се применува и за јавното соопштување."

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


Членот 30 се менува и гласи:

Член 4

"Законски е дозволено радио и телевизиски организации да вршат радиодифузно емитување на авторски дела од сопствена продукција, освен на играни филмови."

Член 5

Во членот 32 зборот "објавувањето" се заменува со зборовите: "репродуцирањето или јавното соопштување".
Алинејата 3 се менува и гласи:
"- изјави за мас медиуми и извадоци од вести".
Членот 33 се менува и гласи:

Член 6

"Слободно е јавно изведување на авторско дело во непосредна настава и на непрофитни училишни приредби, доколку учесниците на приредбите не добиваат надомест.
Слободно е репродуцирање и јавно прикажување на радио и телевизиски емитувани авторски дела во настава со непрофитна цел.
Слободно е јавно изведување на авторско дело на манифестации од добротворен карактер, доколку учесниците на манифестациите не добиваат надомест."
Членот 34 се менува и гласи:

Член 7

"Слободно е репродуцирање без профитна цел на авторско дело, но најмногу во три примероци за:
- приватно користење од физичко лице заради лично усовршување, освен дела во електронски облик, за научни цели и за потреби на хендикепирани лица, под услов примероците да не и се достапни на јавноста и
- сопствено користење од непрофитни установи (архиви, библиотеки, кинотеки, музеи, други културни, образовни, научни и слични установи) под услов репродукциите да се направени од сопствен примерок или примерок на друга сродна установа, заради зачувување и заштита на делото.
Репродуцирањето во смисла на став 1 од овој член, не се однесува во обем на цело дело и тоа на книжевно дело, освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку две години; на графичко издание на музичко дело, освен со рачно препишување; на бази на податоци во неелектронски облик, освен за приватно користење во неелектронски облик; на компјутерска
програма, како и на архитектонски објект, доколку со овој закон или со договор поинаку не е определено."

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 8

Во членот 38 зборот "објавување" се заменува со зборот "издавање".
Член 9 Во членот 41 зборот "објавување" се заменува со зборовите: "јавно соопштување".

Член 10

Bо членот 116 втората реченица се менува и гласи:
"Доколку во тој период снимката од неговата изведба била прв пат законски издадена или јавно соопштена, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од првото законско објавување."

Член 11

Во членот 120 втората реченица се менува и гласи:
"Доколку во тој период фонограмот бил прв пат законски издаден, правата на продуцентот траат 50 години сметано од издавањето. Доколку во тој период фонограмот не бил законски издаден, туку бил законски јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години, сметано од соопштувањето."

Член 12

Во членот 123 втората реченица се менува и гласи:
"Доколку во тој период видеограмот бил прв пат законски издаден или јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години сметано од првото законско објавување."

Член 13

Во членот 128 бројот "20" се заменува со бројот "50".

Член 14

Во членот 171 ставот 2 се менува и гласи:
"Странски автори и странски носители на сродните права уживаат еднаква заштита како и лицата од став 1 на овој член, согласно со меѓународните договори, ратификувани од Република Македонија."
По ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4, кои гласат:
"Странски автори и странски носители на сродните права кои не уживаат заштита согласно со став 2 на овој член, уживаат заштита според членовите 172, 173, 174, 175, 176 и 177 од овој закон.
Странски автори и странски носители на сродните права кои не уживаат заштита од ставовите 2 и 3 на овој член, можат да уживаат еднаква заштита како и лицата од став 1 на овој член врз основа на фактички реципроцитет."
Ставовите 3 и 4 стануваат ставови 5 и 6.

Член 15

Во членот 184 ставот 2 се менува и гласи:
"Овој закон се применува на заштитата на правата на изведувачите на нивните снимени изведби на фонограми, доколку до денот на влегувањето

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


во сила на овој закон не изминале 50 години од првото законско издавање или јавно соопштување, сметано од првото законско објавување."
По ставот 2 се додаваат четири нови става 3, 4, 5 и 6, кои гласат:
"Овој закон се применува на заштитата на правата на фонограмските продуценти на нивните фонограми, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 50 години од извршеното снимање. Доколку во тој период фонограмите биле прв пат законски издадени, заштитата трае 50 години сметано од првото издавање, а доколку не биле законски издадени, туку биле законски јавно соопштени, заштитата трае
50 години сметано од првото соопштување.
Начинот и условите за заштита на правата на авторите, определени во член 18 од Бернската конвенција за заштита на книжевни и уметнички дела, аналогно се применуваат и на заштитата на правата определени во ставовите 2 и 3 на овој член.
Овој закон се применува на заштитата на правата на радиодифузните организации на нивните емисии, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале 20 години од нивното прво радиодифузно емитување.
Овој закон се применува и на заштитата на другите предмети на сродни права, доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон не изминале
20 години од нивното прво законско објавување."

Член 16

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија".

4


立法 修正 (3 文本) 修正 (3 文本) 被以下文本废止 (1 文本) 被以下文本废止 (1 文本)
条约 关联 (1 条记录) 关联 (1 条记录) 世贸组织文件号
IP/N/1/MKD/1
IP/N/1/MKD/C/1
无可用数据。

WIPO Lex编号 MK001